КАФЕ ПАУЗА

Секси е да се биде паметен: 9 апликации кои ќе го раздрмаат вашиот мозок

Written by

in

Тренирањето на мозокот никогаш не било полесно и подостапно одошто е денес. Благодарение на интернетот и постојаните иновации во полето на технологијата кои еволуираат, сѐ ни е достапно на допир. Затоа, фаќајте се за смартфонот и спуштете некоја од овие апликации која ќе ви го истренира мозокот.rn

1. Lumоsity

rnЦена: Бесплатна (ограничен пристап), надградување за 12 долари месечноrnДостапна на: iOS и Androidrnrn1-seksi-e-da-se-bide-pameten-9-aplikacii-koi-kje-go-razdrmaat-vashiot-mozok-kafepauza.mkrnrnОва е популарна апликација која во една сесија дава по три игри од одредена категорија, во зависност од она на што би сакале да работите – меморија, внимание, решавање проблеми, брзина или флексибилност на размислување.rnrnСите игри се со временско ограничување. Творците на оваа апликација тврдат дека барем една сесија дневно може значајно да ви ги подобри менталните вештини и менталните способности. Исто така, корисниците можат да го следат нивниот напредок и да го споредуваат нивниот перформанс со други корисници.rn

2. Personal Zen

rnЦена: БесплатнаrnДостапна на: iOSrnrn2-seksi-e-da-se-bide-pameten-9-aplikacii-koi-kje-go-razdrmaat-vashiot-mozok-kafepauza.mkrnrnВелат дека мирниот мозок е силен мозок. Personal Zen е апликација која ќе ви помогне да постигнете зен состојба без разлика на проблемите со кои се соочувате. Оваа апликација била создадена од страна на истражувачи од Градскиот универзитет во Њујорк и колеџот Хантер.rnrnНејзините творци велат дека оваа игра го намалува нивото на анксиозност така што го тренира корисникот повеќе да се фокусира на позитивните нешта во животот, а помалку на негативните. Важно да се напомене е дека оваа апликација е одлична за користење пред стресен настан или барем 10 минути дневно за комплетна релаксација.rn

3. Happify

rnЦена: БесплатнаrnДостапна на: iOS и Андроидrnrn3-seksi-e-da-se-bide-pameten-9-aplikacii-koi-kje-go-razdrmaat-vashiot-mozok-kafepauza.mkrnrnHappify го тренира мозокот да биде среќен така што му помага да се справи со негативните мисли и да ви овозможи посреќен и поисполнет живот. Овде се вклучени квизови, анкети и дневник за благодарност. Уште поважно, апликацијата стана позната по активната и позитивна заедница која ги поддржува меѓусебните цели така што ги учи корисниците на животни лекции кои го променуваат животот за сите да бидат инспирирани и мотивирани да продолжат да се смеат секој ден без разлика на негативните случки околу нив.rnrn