Доколку ви се чини дека останувате без батерија побрзо отколку што ви требало време за да ја наполните, тогаш внимавајте на овие неколку работи кои можеби се причините за тоа. Погледнете кои може да бидат.rnrn
rn
1. Зголемена ви е светлината на телефонот
rnКолку повеќе е зголемена светлината, толку повеќе батеријата се троши. Затоа наместете ја светлината на вашиот телефон така што ќе ја намалите до степен да не ви влијае на видливоста, а воедно ќе ви овозможи подолго траење на батеријата.rn
2. Апликациите коишто ги користите
rnАпликациите коишто ги користите на телефонот може да имаат поголемо влијание на трошење на батеријата за разлика од некои други. Затоа најдобро е во поднесувањата да проверите кои апликации повеќе ја празнат вашата батерија и да ги затворите доколку не ги користите.rn
3. Известувања
rnВерувале или не, постојаните известувања кои ги добивате од Фејсбук или Инстаграм може да влијаат на брзото празнење на батеријата. Затоа исклучете ги, бидејќи и така немате потреба да го проверувате вашиот телефон на секои 5 минути.rnrn
rn
4. Вибрации
rnВибрацијата ја троши вашата батерија повеќе, отколку ако вашиот телефон е ставен на нечујно или пак на звук. Затоа користете некоја од овие две опции за да не морате да го полните вашиот телефон на секој час.rn
5. Не го исклучувате wi-fi сигналот
rnДоколку вашето wi-fi е константно вклучено, немојте да се чудите зошто вашата батерија побрзо се празни. Најдобро е да го вклучувате само тогаш кога навистина ви е потребен.rn
6. Не го вклучувате авионскиот режим
rnДоколку знаете дека ќе треба да го користите вашиот телефон подолго време, а нема да ви бидат потребни праќањето и добивањето пораки и повици, тогаш одберете го авионскиот режим. Тој ќе ја зачува вашата батерија на подолго време.rnrn
rn
7. Автоматско надградување на апликациите
rnСекој кој има паметен телефон знае дека некои апликации одвреме-навреме самите се надградуваат, но тоа истовремено влијае на батеријата. Затоа исклучете ја оваа опција за да немате проблеми со траењето на вашата батерија.rn
8. Вклучена ви е опцијата за пронаоѓање локации
rnДоколку опцијата за пронаоѓање на локацијата каде што моментално се наоѓате ви е постојано вклучена, ете ви уште една причина за батеријата побрзо да ви се испразни. Исклучувајте ја оваа опција во моментите кога воопшто не ви е потребна.