Јапонски научници успеаја да создадат нов вид технологија со холограми кои можат да се допрат. Ваквите трoдимензионални проекции се наречени „Fairy Lights“.rnrn
rnrnСистемот, при големи брзини, произведува ласерски зраци со висока резолуција кои траат многу кратко (милионити дел од милијардитиот дел од секундата). Кога раката ја попречува проекцијата, таа може да манипулира со холограмските пиксели.rnrnНаучниците веруваат дека оваа технологија може да има широка примена во медицината, архитектурата и секако во забавната индустрија.rn
„Сегашната состојба на светлечката технологија не им овозможува на луѓето да имаат некаква интеракција со неа, ниту пак да ја почувствуваат светлоста како материјал, но ‘опипливиот холограм’ има потенцијал да го промени тоа. Вие не можете да ги почувствувате видеата и фотографиите кои ги емитува класичниот проектор. Но кога би проектирале 3Д слика која може да се допре, чувството би било неверојатно“ – изјави д-р Јоичи Очиаи од универзитетот Сукуба.
rnТој верува дека ваквата технологија, во редовна употреба, би го променила човечкото секојдневие.rnrnНаучниот портал „Pulse Headlines“, проценува дека со развојот на оваа технологија, ќе може да се креира холограмска тастатура, со чија помош би можеле да ја допреме другата личност која е на голема оддалеченост од нас, во текот на еден видео разговор.rnrn
