КАФЕ ПАУЗА

Category: Музика

  • Музички хитови што полнат 20 години во 2018 година

    Музички хитови што полнат 20 години во 2018 година

    1998 е година кога беа популарни „бој“ бендовите и групите со девојки. Многу фактори имаа влијание на популарноста на овие хитови. Во 2018-та година, сите овие песни полнат 20 години. Па што слушале луѓето во тој период? Сметате ли дека овие хитови се подобри од денешниве?rnrnМузички хитови што полнат 20 години во 2018 годинаrn

    1. „The Boy Is Mine“ – Моника и Бренди

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=jBmkCoiHC2crnrnВо оваа соработка Моника Арнолд и Бренди Норвуд се расправаат за едно момче. Песната стана вистински поп хит и го освои првото место на многу топ листи. Она што е интересно е што и двете пејачки се расправале во тој период. Наводно тие не сакале да се наоѓаат во иста просторија, па дошло дури и до физичка пресметка.rn

    2. „I Don’t Want to Miss a Thing“ – Aerosmith

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=JkK8g6FMEXErnrnСтанува збор за песна каде што татко пее за љубовта кон своето дете. Таа е направена за познатиот филм „Армагедон“ (Armageddon). Фактот дека песната е отпеана од Стивен Тајлер додека неговата ќерка, Лив Тајлер, ја имаше главната улога во филмот, ја прави уште посентиментална.rn

    3. „One Week“ – Barenaked Ladies

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=fC_q9KPczAgrnrnОвој хит раскажува приказна за момче кое се расправа со девојка. Бидејќи песната е навистина „заразна“, се појавуваше на многу места, вклучувајќи ги и филмовите „Американска пита“ (American Pie) и „10 работи што ги мразам кај тебе“ (10 Things I Hate About You).rn

    4. „Ghetto Supastar“ – Прас, Миа и Ol’ Dirty Bastard

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=RtIGCGu9L90rnrnОвој платински сингл е соработка во вистинска смисла на зборот. Песната е изведена од Pras, Mya и Ol’ Dirty Bastard. Во спотот се појавуваат Хали Бери, Ворен Бити, Оливер Плат и Џошуа Малина.rn

    5. „This Kiss“ – Faith Hill

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=dls_cBmUt7QrnrnОвој хит го освои првото место на 12 топ листи и се наоѓаше таму 28 недели. Песната доби и 2 номинации за Греми награда.rn

    6. „Doo Wop (That Thing)“ – Лорин Хил

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=T6QKqFPRZSArnrnОваа раперка ја промени играта со својот дебитантски сингл. Песната освои прво место на Билборд топ 100 и го држеше рекордот како песна која најдолго се наоѓала таму. Понатаму, песната освои и 2 Греми награди.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 10-те најдобри песни од The Cranberries во чест на извонредната Долорес О’Риордан

    10-те најдобри песни од The Cranberries во чест на извонредната Долорес О’Риордан

    The Cranberries е ирски рок бенд кој се состои од Долорес О’Риордан како главен вокал, Ноел Хоган на гитара, Мајк Хоган на бас гитара и Фергал Лолер на тапани. Овој бенд веднаш ја освои музичката сцена благодарение на неговиот остар звук и моќен ритам. Иако, најчесто се смета дека му припаѓаат на жанрот алтернативен рок, талентираните музичари од The Cranberries дефинитивно успеаја да ги преминат сите музички граници и да направат оригинални песни со примеси на дрим поп, џенгл поп, пост панк и ирски фолк.rnrn10-те најдобри песни од The Cranberries во чест на извонредната Долорес О’РиорданrnrnThe Cranberries се еден од најуспешните бендови во 90-тите години кој има продадено повеќе од 40 милиони албуми ширум светот. Откако музичарот Најал Квин го напуштил бендот во 1990-та година, О’Риордан настапила на сцена и отишла на аудицијата со нејзини авторски музички композиции. Оттогаш, нејзиниот моќен глас уникатен рокерски стил фасцинираше милиони фанови.rnrnМеѓутоа сјајот на оваа ирска ѕвезда ненадејно згасна кога била најдена мртва во Лондон. Прекрасната талентирана пејачка имаше само 46 години. Иако причината за нејзината смртта сѐ уште не е позната, медиумите сметаат дека се должи на нејзините проблеми со депресијата и биполарното нарушување.rnrnВо чест на оваа иновативна музичка генијалка, ние составивме листа на 10-те најдобри песни од The Cranberries. Дури и никогаш да не сте го слушале овој бенд, вреди да им дадете шанса на следниве неверојатни музички дела кои добија сосема ново значење по смртта на Долорес О’Риордан…rn

    1. Zombie

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=6Ejga4kJUtsrn

    2. Linger

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=G6Kspj3OO0srn

    3. Dreams

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=Yam5uK6e-bQrn

    4. Promises

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=hUFPooqKllArn

    5. Ode To My Family

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=Zz-DJr1Qs54rn

    6. When You’re Gone

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=RUmdWdEgHgkrn

    7. Analyse

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=DaBWlBknNgsrn

    8. Animal Instinct

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=ky4CdN0x58Arn

    9. Go Your Own Way

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=q_Xxj2UNB84rn

    10. Salvation

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=KotlCEGNbh8rnrnСлушнете ги и најдобрите песни од Линкин Парк што добија сосема ново значење по трагичната смрт на Честер Бенингтон.

  • Новогодишна музичка плејлиста: Што слушаат македонските музичари за време на празниците?

    Новогодишна музичка плејлиста: Што слушаат македонските музичари за време на празниците?

    Новогодишните честички се чувствуваат во воздухот. За неколку дена со нетрпение ќе чекаме стрелките на часовникот да отчукаат 00.00. Некои возбудено се подготвуваат за дочекот на Новата година, некои сѐ уште не ни знаат каде и со кого ќе прославуваат. За други, пак, новогодишната прослава е иста како и сите останати денови и излегувања со друштвото, па не ѝ придаваат големо значење.rnrnНовогодишна музичка плејлиста: Што слушаат македонските музичари за време на празниците?rnrnБез разлика каков е вашиот став во врска со оваа вечер, сигурни сме дека наредниве денови ќе ви бидат исполнети со многу музика. Наместо да ги слушате едните исти песни одново и одново, ние ве советуваме да си ги проширите хоризонтите, а во тоа ќе ви помогнат дел од најпознатите македонски музичари. Слушнете ја новогодишната музичка плејлиста што тие ја составија за вас и уживајте во новогодишната атмосфера…rn

    1. Александар Ристовски – Принц

    rnАвангардниот Принц секогаш ќе остане запаметен по познатите „Сања Лазања“ и „Фројд е жив“, но и по неговиот необичен стил што отсекогаш ја „убивал“ монотонијата на македонската музичка сцена. Од 2013 година тој е активен како дел од урбаниот бенд „Барбарела“ и неуморно продолжува да работи во своето студио на нови, интересни проекти. Неговиот музички предлог е „World In My Eyes“ од Depeche Mode.rnrnНовогодишна музичка плејлиста: Што слушаат македонските музичари за време на празниците?rn

    „На дочекот кај еден другар во 1991 година, доминираа Depeche Mode на забавата. Оваа песна беше и остана мојата омилена од нив. Има нешто мистично и секси во грувот, играш додека не се онесвестиш.“

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=nhZdL4JlnxIrn

    2. Сара Мејс

    rnСребрената космонаутка беше многу активна периодов. Таа направи дури 2 приземјувања од вселената и го издаде својот прв албум „Floating Through Space with Sarah Mace“. Сара ги поминува празниците слушајќи класични новогодишни песни како оние на Мајкл Бубле, Френк Синатра и Нет Кинг Кол. А зошто? Причината е многу едноставна!rnrnНовогодишна музичка плејлиста: Што слушаат македонските музичари за време на празниците?rn

    „Секогаш китам елка слушајќи ги нивните албуми!“

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=QJ5DOWPGxwg&list=PLWOP54w8bbgM2Qlyks0Bt6GQOODjjfJY-rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=dwpBHCZ9DBMrn

    3. Гаро Тавитјан

    rnГаро Тавитјан е еден од нашите докажани џез музичари на светско ниво. Тој неодамна ја објави прекрасната песна „Ocean Dream“ во соработка со Американката Паула Си, по чие слушање дефинитивно ќе се почувствувате како да сте побегнале на некој изолиран остров со извонредни убавини. Иако оваа летна песна е соодветна за секој временски период, Гаро има поинаков предлог за вас. Според него, музиката може да биде прекрасен додаток на божиќната атмосфера, а со оглед на тоа што Гаро е од школата на постарите музички дела, тој се одлучи за компилација од Дин Мартин и Френк Синатра.rnrnНовогодишна музичка плејлиста: Што слушаат македонските музичари за време на празниците?rn

    „Мојот престој во Њујорк ми ги отвори сетилата и затоа препорачувам да се ужива во добра музика која е резултат на многу љубов, добар вкус, дисциплина и посветеност. Сите овие критериуми се и оние кои стојат зад христијанските вредности, а доказ за тоа е и самата терминологија. Зборот ’Christmas’ потекнува од името ’Christ’, што значи дека сме Христови следбеници. Сѐ што е направено со љубов е убаво, а оваа музика ќе може убаво да ве згрее.“

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=auYWhqM-he8rn

    4. Јана Бурческа

    rnНашата евровизиска претставничка оваа година ќе ги прославува празниците во придружба на нов член во семејството, нејзината ќеркичка Дона. Иако сега е мајка, Јана јасно се сеќава на своето детство и празниците секогаш ѝ ги враќаат спомените од периодот кога била маѓепсана од светот што го создаде Џ. К. Роулинг преку авантурите на Хари Потер. Малата Јана секогаш знаела што сака од Дедо Мраз: Секоја година најновото продолжение од книгата. Па така, не е ни чудо што нејзиниот музички предлог е токму „Hedwig’s Theme“.rnrnНовогодишна музичка плејлиста: Што слушаат македонските музичари за време на празниците?rn

    „Сликовитоста со која авторот ги опишува новогодишните празници во Хогвортс и Хогсмид, прекриени со снежна покривка и опоени во мирис на крем-пиво и сок од тиква до ден денес ме наежува, а често знам и да избегам од секојдневието токму низ тие страници. Оваа мелодија е совршена за приказната. Секој инструмент или група инструменти толку прецизно ги претставува ликовите и сцените од приказната што можете да ги разберете само со ушите и затворени очи. Најволшебно е да ја слушате додека паѓа снег затоа што тогаш дури и снегулките танцуваат во ритамот на мелодијата.“

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=1Li0SWlwe34rn

    5. Пеперминт

    rnСлободно можеме да кажеме дека Пеперминт е најоткачениот македонски бенд кој не престанува да нѐ изненадува со уникатните, забавни песни. Членовите од бендот имаат малку поинакво сфаќање за овој период и не му придаваат толкаво значење на новогодишниот дочек. Можеби нема да се согласите дека нивниот музички предлог е во „духот на празниците“, но ние тврдиме дека вреди да го чуете.rnrnНовогодишна музичка плејлиста: Што слушаат македонските музичари за време на празниците?rn

    „Времето е ирелевантно, измислена категорија. Сите се подготвуваат за Нова година како да ќе нема утре. Подобро е секој ден да уживаме и празнуваме отколку тоа да го потрошиме за еден измислен ден како што е Нова година!“

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=gxAOL_w2UjornrnПродолжете на следната страница за да ги чуете останатите песни од новогодишната музичка плејлиста…rnrn

  • 10 музички хитови од минатото на кои сигурно сте заборавиле

    10 музички хитови од минатото на кои сигурно сте заборавиле

    Поп музиката е навистина непостојана. Дури ни најдобрите продуценти и артисти не знаат која песна би можела да стане огромен хит. Многу често бендовите и артистите кои прават еден голем хит, наскоро потоа се распаѓаат или исчезнуваат. Ако се доволно среќни, може да доживеат уште еден слично добар хит пред да бидат заборавени. На оваа листа погледнете ги најпознатите хитови од бендовите и артистите кои имале само „5 минути слава“.rnrn10-hitovi-od-minatoto-za-koi-sigurno-ste-zaboravile-kafepauza.mkrn

    1. „Take on Me“ – A-ha

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=djV11Xbc914rnrnНорвешкиот бенд покрај чудното име, имаше и одличен звук, барем кога станува збор за „Take on Me“. Овој хит од 1985 година брзо ги освои топ листите благодарение на речиси совршената комбинација од синтисајзерски поп со акустични гитари и клавијатури. Заедно со незаборавниот видео спот, оваа песна од 80-тите им овозможи место на A-ha во историјата.rn

    2. „Tainted Love“ – Soft Cell

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=XZVpR3Pk-r8rnrnОваа песна е од период кога британскиот њу вејв се трансформирал во поп музиката која ги дефинирала 80-тите. Во 1981 година овој необичен кавер со забавено темпо го освоил 8-мото место на топ листите.rn

    3. „Na Na Hey Hey Kiss Him Goodbye“ – Steam

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=QaG2Acg8n60rnrnПонекогаш потребно е малку за една песна да стане класика. Steam всушност бил фиктивен бенд, создаден од текстописецот Пол Лека, кој подоцна навистина создал група по успехот на синглот. Бендот се распаднал пред да може да направи нешто, па Пол направил нов.rn

    4. „Bitter Sweet Symphony“ – The Verve

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=HgS0o2-ZYW4rnrnБританскиот алтернативен бенд не е многу познат, освен овој хит кој ја позајмил централната музичка тема од оркестарска верзија на „The Last Time“ од Rolling Stones. Овој хит добро се држи и денес и многу често се смета за најдобрата песна од 90-тите. За жал, на бендот му беше тешко да го повтори успехот по ова.rn

    5. „99 Luftballons“ – Nena

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=La4Dcd1aUcErnrnКој може да одолее на оваа весела песна од 1983? Заразната песна покрај интересниот звук, има и германски текст кој всушност е за меѓународна војна и нуклеарна апокалипса. Познатите црвени балони по грешка се забележани како НЛО, и се срушени од пилот предизвикувајќи конфликт кој водел до 99-годишна војна. Германската верзија стигнала до 2-ро место на топ листите, а англиската верзија стигнала до врвот.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 5 македонски бендови од алтернативната музичка сцена што дефинитивно треба да ги чуете

    5 македонски бендови од алтернативната музичка сцена што дефинитивно треба да ги чуете

    Дали слушате македонска музика? Сигурно сте запознаени со нашите најпознати музички изведувачи и ги знаете нивните најголеми хитови. Но, пред да се пожалите дека не знаеме да извадиме добра песна и дека неуспешно се обидуваме да ги следиме светските комерцијални трендови, запрашајте се дали сте ѕирнале во светот на алтернативната музичка сцена. Не знаевте дека воопшто постои такво нешто во Македонија? Не само што постои, туку и ја сочинуваат многу талентирани музички изведувачи што создаваат неверојатно квалитетна музика.rnrn

    5 македонски бендови од алтернативната музичка сцена што дефинитивно треба да ги чуете
    Filch
    rnrnВо продолжение, запознајте се со 5-те македонски алтернативни бендови кои дефинитивно заслужуваат да станат дел од вашиот редовен музички репертоар…rn

    1. Project Orpheus

    rnProject Orpheus е една возбудлива авантура што ја започна поранешниот вокал на Hideout, Давид Димовски. Станува збор за необичен проект што раскажува своја посебна приказна испреплетена со поезија и разновидни звуци. Project Orpheus моментално се движат кон нови музички хоризонти, бидејќи работат на материјал што звучи доста поинаку од сѐ досега. Нивната наредна цел е освојувањето на меѓународниот музички пазар. Запознајте се одблизу со овој уникатен македонски бенд чија креативност не познава граници…rnrn5 македонски бендови од алтернативната музичка сцена што дефинитивно треба да ги чуетеrnrnИме на бендот: Project OrpheusrnrnЧленови: Давид Димовски како главен вокал, Иван Петровски на гитара, Александар Ванчовски на тапани и други музичари со кои Давид редовно соработуваrnrnЖанр: Project Orpheus сметаат дека жанровските класификации се опасни и можат многу да ограничат.rn

    „Секој артист е конгломерат на своите искуства, својот живот и своите влијанија, и треба да ја раскажува својата приказна, а не да биде ’следната Shakira’, или следниот кој било. Не е лесно да се биде свој, меѓутоа ние отсекогаш сме биле авторски бенд, и тоа е единственото нешто кое сакаме да бидеме. На крајот на краиштата, зошто би сакал да бидеш некој друг освен себе!?“, изјави Давид

    rnАлбум: „Shaping The Static“rnrnОмилена авторска песна: „When The Moon“, иако за Давид сите песни му се како деца.rn

    „Ти доаѓаат на овој свет, ги растеш, созреваш, и потоа кога се спремни ги пушташ да си го пронајдат својот пат низ светот…“, поетски објасни тој.

    rnПесна што посакуваат да беше нивна: Следната што ќе ја издадат.rn

    „Очекувајте превозбудливи нови творештва, влегуваме во нови музички светови, на кои веќе работиме во студио!“, ни откри Давид.

    rnОмилен македонски бенд/музички изведувач: Леб и солrnrnМалку филозофирање на тема: Дали музичарите треба да се борат за „спасот“ на својата музика исто како што Орфеј се обидел да ја спаси Евридика?rn

    „Не би рекол дека секој млад музичар треба да се бори за ’спасот’ на својата музика, но сигурен сум дека треба да се бори за тоа да ѝ даде што подобро тло и ’полет’. Сметам дека сите песни веќе постојат, само со нивното постоење бираат низ кого од нас музичарите да се отелотворат. Тој чин, танцот помеѓу песната и артистот, кој кулминира со нивната средба – го нарекувам инспирација. Мојата работа како артист е да бидам што почист и поискрен инструмент, за песната да може да заврши како што наумила преку мојата интерпретација. Односно, кога веќе ме почестила известувајќи ме за нејзиното постоење, се трудам да ја удостојам и да возвратам на гестот. Терминот ’борба’ го толкувам како работа. Работата е единствениот мост помеѓу соништата и реалноста. Доколку не ти се исполнуваат соништата – значи дека недоволно работиш на нивното остварување. Толку е едноставно“, одговори Давид.

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=SKuDLFZM1RYrn

    2. Визија

    rnБендот кој добива поголемо внимание од балканските медиуми отколку од македонските и покрај неговата визија. Станува збор за наградуван бенд од Скопје кој има настапено на голем број балкански фестивали како што се Егзит, Заечарската Гитаријада, Таксират, Јелен Демофест, Лејк Фест, Миксер и други. Визија се препознатливи по нивниот оригинален стил, експериментални звуци, моќни текстови и необични спотови. Доколку никогаш претходно не сте слушнале за нив, време е да се смени тоа…rnrn5 македонски бендови од алтернативната музичка сцена што дефинитивно треба да ги чуетеrnrnИме на бендот: ВизијаrnrnЧленови: Марко Гапо на ритам гитара и како главен вокал, Марко Џамбазоски на гитара и како придружен вокал, Лилјана Јанкова на бас гитара и како придружен вокал и Синиша Ѓорѓевиќ на тапаниrnrnЖанр: Генерално, би рекле дека припаѓаат на жанрот алтернативен рок. Иако никогаш не ја класифицирале нивната музика во некој постоечки жанр, досега ги сместувале во многу жанрови, како што се инди, њу вејв, пост панк, експериментален рок и другиrnrnИме на албум: „Гласно!“rnrnОмилена авторска песна: Сите ги сакаат подеднаквоrn

    „Тоа тие како да прашаш мајка кое дете си го сака повеќе“, изјавија членовите од бендот.

    rnПесна што посакуваат да беше нивна: „Despacito“, за никогаш да не ја објавеаrnrnОмилен македонски бенд/музички изведувач: Архангел, Мизар, Падот на Византија иако постојат и многу нови квалитетни македонски бендови кои имаат што да понудат и подеднакво ги почитуваатrnrnМалку филозофирање на тема: Визијата за македонската музичка сценаrn

    „Се надеваме на посилна соработка помеѓу бендовите, подобри услови, поголем медиумски простор за алтернативната сцена и уште поголемо разгорување на жарот кај младите за создавање авторска музика“, одговори бендот.

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=1ckkxb0p_IcrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Ноемвриска плејлиста на песни за вежбање што ќе ви го подигнат спортскиот дух

    Ноемвриска плејлиста на песни за вежбање што ќе ви го подигнат спортскиот дух

    Најпопуларните песни за вежбање овој месец имаат малку необично темпо. Повеќето од нив се побавни од вообичаените песни за вежбање, односно ритамот им е со помалку од 100 битови во минута (BPM). Ова можеби ви звучи лошо, но вистината е поинаква. Овие песни се посебни не само поради темпото, туку и поради многу други работи.rnrnНоемвриска плејлиста на песни за вежбање што ќе ви го подигнат спортскиот духrnrnБез разлика дали ви треба ритам, мелодија или нешто сосема друго за да добиете мотивација, некоја од следниве песни сигурно ќе го подигне вашиот спортски дух. Пуштете ги звучниците на најгласно и почнете со вежбање!rn

    Kelly Clarkson – „Love So Soft“ (130 BPM)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=Zy6vBxqlapwrn

    Maroon 5 & SZA – „What Lovers Do“ (110 BPM)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=3NmGGGlHpxQrn

    Pink – „What About Us (Madison Mars Remix)“ (125 BPM)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=-Y4iWWt3aikrn

    Sam Hunt – „Body Like a Back Road“ (99 BPM)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=Mdh2p03cRfwrn

    Camila Cabello & Young Thug – „Havana“ (105 BPM)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=BQ0mxQXmLskrn

    French Montana, Mariah Carey & Swae Lee – „Unforgettable (Remix)“ (99 BPM)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=5jFwMW5937orn

    Michael Jackson – „Thriller (Steve Aoki Midnight Hour Remix)“ (125 BPM)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=b0RyiTp8gSArn

    J Balvin & Willie William – „Mi Gente“ (105 BPM)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=wnJ6LuUFpMorn

    Imagine Dragons – „Thunder“ (84 BPM)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=fKopy74weusrn

    Lin-Manuel Miranda & Artists for Puerto Rico – „Almost Like Praying“ (95 BPM)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=D1IBXE2G6zwrnrnДоколку не ви е дојдено до вежбање моментално затоа што треба да полагате многу испити, слушнете ги следниве песни за полесно учење.

  • 10 познати песни за кои сигурно не сте знаеле дека се направени според ужасни злодела

    10 познати песни за кои сигурно не сте знаеле дека се направени според ужасни злодела

    Од љубовните балади, до брзите песни за танцување, секој од нас ужива во ритамот на музиката. Најчесто претпоставуваме дека артистите ги користат своите идеи и искуства за да ја прават музиката, но понекогаш реалноста е толку сурова што мора да ја стават во песна. Музичарите „тајно“ црпат инспирација од злоделата уште многу одамна, а оваа листа ќе ви го докаже токму тоа.rn

    1. „Suffer Little Children“ – Smiths

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=b_sVAOxB05ArnrnОваа песна е за ужасните настани кои се случувале во Манчестер помеѓу 1963 и 1965 година. Во тој период Иан Брејди и Мира Хиндли киднапирале и убиле 5 деца. Морисеј, фронтменот на бендот, потекнува од регионот од каде што биле киднапирани децата, но бил и на иста возраст со неколку од жртвите. Насловот на песната бил инспириран од евангелието според Матеј:rn

    „Нека страдаат малите деца, и забранете им да не доаѓаат со мене, бидејќи небесното кралство е такво.“

    rn

    2. „Let Him Dangle“ – Елвис Костело

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=J2hA_Xjr33ErnrnТемата на оваа песна е смртната казна со бесење. Елвис Костело ја вметнува темата за казната во хитот од 1980 година. Станува збор за обвинувањето и бесењето на Дере Бентли, британски тинејџер кој бил учесник во убиството на полицаецот Сини Мајлс. Но, Бентли не го застрелал полицаецот, тоа го направил неговиот партнер, Кристофер Грег.rn

    3. „August 7, 4:15“ – Bon Jovi

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=IoABwDxs9q8rnrnКога помислувате на овој бенд сигурно не мислите дека и тие би обработувале мрачни теми, но со оваа песна го докажаа спротивното. Насловот се однесува на денот кога Кетрин Корзилиус, ќерката на менаџерот на бендот, била убиена. Во песната, приказната за убиството е многу убаво раскажана, но фактите позади настанот се навистина трагични.rnrnУбиството дури било дел и од телевизиското шоу „Нерешени мистерии“ (Unsolved Mysteries) бидејќи убиецот никогаш не бил пронајден. 6-годишното девојче било со мајка ѝ и брат ѝ на овој трагичен ден. Кога се враќале дома, застанале до поштенското сандаче. Девојчето прашало дали може тоа да ја земе поштата бидејќи сакала да покаже дека е веќе голема. Откако ја чекала еден час, мајка ѝ решила да се врати кај сандачето. Кетрин ја немало, а со потрагата во соседството го откриле нејзиното мртво тело.rn

    4. „Nebraska“ – Брус Спрингстин

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=nTtUbWyeyLsrnrnОва е можеби најдобрата песна на Брус. Текстот е обвиен со студенило и недостаток на емпатија и е раскажан од перспективата на 19-годишниот Чарлс Старветер. Заедно со неговата 14-годишна девојка, Чарлс извршил неколку убиства во Вајоминг, Небраска во 1950-тите.rn

    5. „I Don’t Like Mondays“ – The Boomtown Rats

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=-Kobdb37CwcrnrnНа почетокот овој наслов изгледа како изјавата на некој тинејџер кој бунтува против родителите и општеството. Песната дури е и „заразна“. Но, инспирацијата за ова дело е многу помрачна. Во 1970 година Бренда Ан Спенсер почнала да пука на игралиштето на едно основно училиште во Сан Диего, Калифорнија. Таа убила двајца возрасни и повредила неколку деца. Кога на судењето ја прашале зошто го направила тоа, таа одговорила:rn

    „Не сакам понеделници.“

    rnПродолжува на следната страница…rn

  • Сребрената Космонаутка, Сара Мејс, ви ги открива најуникатните женски музички гласови

    Сребрената Космонаутка, Сара Мејс, ви ги открива најуникатните женски музички гласови

    Доколку во последно време постојано забележувате фотографии од вонземјани на Фејсбук, не грижете се, не нѐ напаѓаат суштества од друга планета. Тоа е само екипажот од вселенскиот брод на Сребрената Космонаутка Сара Мејс, кој се подготвува за неговото прво приземјување директно од вселената.rnrnСара Мејс: Музичарката која гледа бои додека слуша музика ви ги открива најуникатните женски музички гласовиrnrnАко сакате да бидете дел од оваа бесплатна вселенска забава и авантура, не го пропуштајте слетувањето на бродот, што ќе се случи утре, на 26-ти септември во 20.00 часот, на плоштадот „Мајка Тереза“, пред платото на МОБ. Подгответе се да поминете 1 час исполнет со креативно бескраен, неуморно уникатен и бескомпромисно футуристички вселенски звук!rnrnОва се зборовите со кои Сара Мејс го најави нејзиниот необичен концерт. Секогаш посебна, креативна и комуникативна, Сара не престанува да нѐ изненадува со нејзината уникатност. Нејзиниот стил, почнувајќи од изгледот па сѐ до музиката што ја создава, се одликува со неверојатна оригиналност и храброст.rnrnСара Мејс: Музичарката која гледа бои додека слуша музика ви ги открива најуникатните женски музички гласовиrnrnЗапочна како „цимерка“, но продолжи непрестајно да го гради и развива својот музички талент, па на крајот стана и космонаутка која утре ќе ни раскаже една поинаква вселенска приказна. Поранешната предвесничка на дождот која нема милост за кретените, го обожува зборот „намбареја“ и признава секогаш кога ќе излаже, доживеа вистинска еволуција со последната песна „Небо“, а сигурни сме дека ќе ни приреди уште многу пријатни музички изненадувања.rnrnМеѓутоа, моќните гласовни способности и впечатливиот изглед не се единствените работи што ја издвојуваат Сара Мејс од останатите македонски пејачки. Таа, исто така е професионална харфистка, а ни покажа и дека одлично танцува во македонското издание на шоуто „Танц со ѕвездите“.rnrnСара Мејс: Музичарката која гледа бои додека слуша музика ви ги открива најуникатните женски музички гласовиrnrnПридавката „уникатна“ е неизбежна кога треба да се опише Сара. Дури и нејзиното сфаќање на уникатноста е уникатно.rn

    „Секој човек е уникатен на свој начин, но најмногу се истакнуваат тие што се знаат себеси и околината и го вадат тоа познавање и разбирање на површината. Тие што се искрени и доволно храбри да се покажат во вистинското светло“, открива Сара.

    rnОсвен тоа, Сара Мејс особено ги почитува луѓето кои редовно доживуваат обединување на сетилата.rn

    „Постои еден тип луѓе за кои сметам дека се различни од сите други. Луѓето кои се прегрнати од музиката и боите во нивните животи. Тоа се луѓето со синестезија кои буквално гледаат бои додека слушаат музика. Тие се синоним на уникатноста, според мене. Сакам да сум како нив и затоа се трудам додека правам, слушам и уживам во музиката да им дозволам на емоциите да ме обвијат на истиот начин на кој тие ги чувствуваат боите“, објаснува Сара.

    rnСара Мејс: Музичарката која гледа бои додека слуша музика ви ги открива најуникатните женски музички гласовиrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 12 музички изведувачи кои отворено ги мразат своите најголеми хитови

    12 музички изведувачи кои отворено ги мразат своите најголеми хитови

    Кога ќе слушнете некоја популарна песна, сигурно си помислувате дека артистот е презадоволен од себе. Но, не е секогаш така. Следнава листа ги содржи музичките изведувачи кои навистина ги мразат своите хитови. Некои од овие имиња и песни навистина ќе ве изненадат.rn

    1. Мадона: Like a Virgin

    rn(1)12-muzichki-izveduvach-koi-otvoreni-gi-mrazat-svoite-pesni-kafepauza.mkrnrnИако оваа песна е можеби најголемиот хит на Мадона, таа веќе е изморена од неа. Сепак Мадона направила и постигнала многу од тогаш, па не треба да нè чуди тоа што сака да ја остави оваа песна во минатото.rn

    2. Oasis: Wonderwall

    rn(2)12-muzichki-izveduvach-koi-otvoreni-gi-mrazat-svoite-pesni-kafepauza.mkrnrnОва е една од најпознатите песни од 90-тите, па навистина е чудно што нејзините креатори мразат сè поврзано со неа. Членовите на бендот имале многу несогласувања во минатото, но за едно се сложни – сите тие ја мразеле песната.rn

    3. Лејди Гага и Бијонсе: Telephone

    rn(3)12-muzichki-izveduvach-koi-otvoreni-gi-mrazat-svoite-pesni-kafepauza.mkrnrnИако двете пејачки направија огромен хит, Лејди Гага изјавила дека не можела да ја поднесе песната, ниту пак видео спотот.rn

    4. Лорд: Royals

    rn(4)12-muzichki-izveduvach-koi-otvoreni-gi-mrazat-svoite-pesni-kafepauza.mkrnrnОваа песна ја прослави Лорд. Иако можеби мислите дека е навистина горда на овој хит, таа всушност воопшто не ја сака. Дури изјавила дека песната ѝ звучи како здодевен рингтон.rn

    5. Канје Вест: Gold Digger

    rn(5)12-muzichki-izveduvach-koi-otvoreni-gi-mrazat-svoite-pesni-kafepauza.mkrnrnРаперот изјавил дека никогаш не ја сакал оваа песна, но ја направил бидејќи знаел дека ќе заработи многу од неа.rn

    6. Менди Мур: Candy

    rn(6)12-muzichki-izveduvach-koi-otvoreni-gi-mrazat-svoite-pesni-kafepauza.mkrnrnМожеби ја знаете како актерка, но Менди всушност била и поп ѕвезда. Нејзиниот прв сингл, Candy, бил успешен но ако ја прашате неа, навистина не ѝ се допаѓал.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Зошто сите зборуваат за видеоспотот на песната „Look What You Made Me Do“ од Тејлор Свифт?

    Зошто сите зборуваат за видеоспотот на песната „Look What You Made Me Do“ од Тејлор Свифт?

    Целиот Интернет е тотално окупиран со новиот спот за песната „Look What You Made Me Do“ од познатата пејачка Тејлор Свифт. По кратка пауза, таа се врати на музичката сцена, но начинот на кој го стори тоа ги крена сите на своите нозе. Во последниве неколку години, нејзината репутација беше многупати нападната, а за да докаже дека е свесна за тоа, но и дека не допира до неа, таа преку секоја сцена од овој видеоспот открива еден (или повеќе) од овие напади.rnrnzoshto-site-zboruvaat-za-videospotot-na-pesnata-look-what-you-made-me-do-od-tejlor-sviftrnrnПа зошто сите се толку возбудени? Повеќе од 24 часа целиот онлајн свет се обидува да го дешифрира нејзиното видео. Секоја сцена се „сечка“ на мали парчиња и ѝ се бара соодветната поврзаност од реалниот живот на пејачката. Мислите дека ја познавате Тејлор? Обидете се да откриете што сè таа сака да ни каже со овој видеоспот! Ви гарантираме дека ќе изгубите барем неколку часа во анализирање на деталите.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=3tmd-ClpJxA