Мрачни, порочни и автентични, Black & Vice Social Club е бенд чија музика содржи строго оригинални стихови, ноти и мисли. Тие не се преправаат во нешто што не се, а нивната искреност е видлива во сите нивни песни од првиот албум „Until The Road Is A Dead End“ како и во нивните моќни настапи и концерти. Публиката имаше можност да ги чуе во живо на голем број настани и фестивали, од кои последниот се одржа на главната сцена на Д Фестивал во Дојран. Кој чул – знае. Кој не – не смее да ја пропушти можноста да стане дел од овој социјален клуб во наредна прилика.rnrn
rnrnБендот го сочинуваат докажани имиња што сигурно ви се веќе познати. Станува збор за Ади Имери како главен вокал и гитара, Горјан Стојменовски на гитара, Симон Пеоски на гитара, Стефан Стојчев на бас гитара и Благоја Антовски на тапани. Главниот музички жанр со кој се одликува оваа група е рок и алтернативен рок. Свеченото отворање на „клубот“ се одржа на 15-ти декември во 2015 година и оттогаш неговата мисија е да „обезбеди прибежиште“ за сите негови членови. Најголемо влијание на нив имаат извршено сите искуства што ги доживеале во текот на животот.rnrn
rnrnСе сеќавам кога за прв пат го сретнав името на тогаш непознатиот бенд. Налетав на настан на Фејсбук за некаква свирка/концерт/промоција во Маракана насловена со Black & Vice Social Club. Немав поим за што станува збор. Во Маракана се отвора нов клуб кој ќе работи од 21.00 до 24.00? Какво е ова необично долгометражно име? Морам да признаам дека мистеријата со која беше обвиен настанот ме привлече и тоа ми беше доволна причина за да ѕирнам и да дознаам за што станува збор. Музичката интуиција не ме излажа и одлуката се покажа како правилна!rnrn
rnrnДенес, Black & Vice Social Club можат да се пофалат со музичко видео за песната „Црна црква“, а новиот спот е најавен за септември оваа година и ние ви препорачуваме психички да се подготвите за нешто изопачено и невидено. Ќе ви откриеме само дека главната улога ја толкува актерот Рубенс Муратовски кој ќе можете да го видите во едно поинакво и поженствено издание. Членовите од бендот пред некое време се вратија од нивниот тим-билдинг во Лефкада чии убавини го поттикнале Ади да „изнапише гадни песни“. Тие ни открија дека имаат многу материјал и дека по краткиот одмор неуморно „работат на случајот“.rnrn
rnrnСо оглед на тоа што станува збор за екстремно талентирани музичари, ние решивме да им поставиме малку потежок предизвик и не побаравме да состават обична плејлиста туку целосна музичка абецеда! По една песна за секоја буква од латиничната азбука! Звучи како невозможна мисија, се согласувате? Не и за Black & Vice Social Club! Не беше никакво изненадување тоа што оваа задача сепак не беше толку тешка колку што мислевме и слободно можеме да кажеме дека членовите од бендот успешно ја извршија без никакви потешкотии.rnrn
rnrnПроследете го часот по музичко на Black & Vice Social Club и научете ја нивната музичка абецеда! Задржете го вниманието до самиот крај, бидејќи ве очекува вистинско изненадување помеѓу последните неколку песни…rnrnПродолжете на следната страница за да ја слушнете нивната музичка плејлиста…rnrn
Category: Музика
-

Научете ја моќната музичка абецеда на Black & Vice Social Club!
-

Најдобрите песни од Линкин Парк што добија сосема ново значење по трагичната смрт на Честер Бенингтон
Многу фанови на бендот Линкин Парк сѐ уште не можат да се соземат по ненадејното самоубиство на пејачот Честер Бенингтон не само затоа што тој е уште една позната рок ѕвезда која прерано згасна, туку и поради тоа што неговата музика директно зборуваше за болката со која се бореше сиот негов живот. Честер, исто како и неговата музика, беше реален и брутално искрен за животот, борбата со зависноста од дрога, неговата уметност и состојбата на депресија.rnrn
rn„Тоа сум јас, за тоа пишувам, тоа го правам и поголемиот дел од моите дела се одраз на периодите низ кои сум минувал на еден или друг начин“, изјавил Честер во едно интервју.
rnТекстовите на неговите песни се тешки и вистински, но длабокото значење на неговите зборови сега ни станува многу појасно. Слушнете ги најдобрите песни од Линкин Парк во кои се зборува за депресија, самоубиствени мисли, зависност и сексуално злоупотребување…rn
1. „Heavy“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=5dmQ3QWpy1QrnrnТекстот на оваа песна ја опишува емоционалната тежина и просветлувањето што се јавува кога еден човек ќе застане и ќе сфати дека самиот си го предизвикува најголемиот дел од емоционалното страдање. Бендот споделил дека текстот бил напишан врз основа на нивните разговори поврзани со проблемите со кои се соочиле во текот на нивните животи. Честер изјавил дека му било тешко дури и кога деновите му биле убави.rn
2. „Somewhere I Belong“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=zsCD5XCu6CMrnrnОваа песна зборува за проблемот низ кој минуваат луѓето кои не можат да се пронајдат себеси и местото каде што припаѓаат. Но, подоцна кога ќе сфатат дека не се единствените што минуваат низ егзистенцијална криза, посакуваат да заздрават и да почувствуваат вистински емоции.rn
3. „Breaking The Habit“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=v2H4l9RpkwMrnrnМеѓу фановите владее погрешното мислење дека Честер ја напишал песнава врз основа на неговата борба со зависноста од дрога. Вистината е дека друг член од бендот, Мајк Шинода, почнал да ја пишува песнава уште пред да го запознае Честер поттикнат од зависноста од дрога на негов близок пријател.rn
4. „Numb“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=kXYiU_JCYtUrnrnИ оваа песна обработува многу чест проблем што се јавува кај сите луѓе во некој период од животот, а тоа е губење на личниот идентитет. Луѓето постојано се под притисок да бидат нешто што не се, само за да исполнат нечии очекувања. Тоа доведува до истоштеност и рамнодушност што ги прави луѓето неспособни да доживеат вистинска емоција.rn
5. „Leave Out All The Rest“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=yZIummTz9mMrnrnВо едно интервју, Бенингтон изјавил дека бендот знаел дека оваа песна ќе биде сингл уште од самиот почеток, па затоа многу се потрудиле да напишат одличен текст. Честер ги пее зборовите „Се преправам дека некој друг може да ме спаси од самиот себе“ за да се добие чувство дека се работи за писмо во кое тој се извинува и кажува дека продолжува понатаму и сака луѓето да ги запаметат неговите добри страни, а не лошите. Во песната исто така се зборува и за скромноста.rnrnПродолжете на следната страница за останатите песни…rnrn
-

Талентирани и оригинални: Планктонс ќе ви го раскажат нивниот „Сон“ и ќе ве запознаат со сурф рок музиката
The Planktons се надежни музичари од Скопје кои многу ветуваат! Можеби сте чуле за нив, а можеби сте биле на некоја нивна свирка. Во саботата на 15 јули настапија и на познатиот Д Фестивал во Дојран.rnrn
rnrnБендот постои веќе 2 години, а го сочинуваат Марко Трендафиловски на тапани, Кристијан Караџовски на гитара и Дарко Поповски на бас гитара. Тие се опишуваат како сурф рок бенд. Се збунивте? Станува збор за инструментален рокенрол кој се појавил во 60-тите години. Но, ќе им дозволиме на членовите од бендот да ни објаснат повеќе за овој музички правец во краткото интервју што следува…rnrn
rnrn1. Да почнеме со најактуелните случувања, а тоа е вашиот настап на Д Фестивал. Како би го опишале целото искуство со неколку збора?rnrnД фест е ептен супер настан. Супер си поминавме. Го поздравуваме Филип Попов кој е најзаслужен за нашиот настап на Д фестивал. Без него немаше да свириме таму. Нашиот првичен гитарист Кристијан Караџовски беше болен тој период и мораше да му најдеме замена, па затоа капа долу и почит за Филип Попов.rnrn 2. Драго ни е што на македонската музичка сцена секојдневно се појавуваат нови рок бендови со квалитетни и оригинални звуци. Кажете ни повеќе за музиката што ја создавате. Што е тоа сурф рок и на кој начин е застапен во вашите песни?rnrnПред сѐ, свириме инструментална музика која се создава благодарение на различната инспирација што спонтано ни доаѓа. Сурф рок е само еден од епитетите со коишто се карактеризира овој правец во рок музиката, со други зборови, карактерот на „планктонот“, т.е. првичните звуци на бендот. Сурфот не нѐ става во рамка, не ни ги ограничува размислувањата и пристапот кон музиката што ја правиме. Додека трае – среќни сме, после тоа – пак сме среќни.rnrn
rnrn3. Месецов ја издадовте и вашата најнова песна „Сон“ со минималистичко музичко видео и 2 реченици од кои едната гласи „Разликата помеѓу мене и градот е тоа што тој никогаш не спие“. Можете ли да ни објасните од каде потекнува идејата за оваа песна и како ја поврзувате со необичното музичко видео?rnrnТака ни дојде. Спотот е креација на нашата несекојдневна инспирација.rnrn4. Можеме слободно да кажеме дека ви претстои блескава иднина, бидејќи очигледно е дека се работи за талентирани музичари со интересни идеи. Кои се вашите планови за понатаму и каде можат да ве најдат луѓето на кои им се допаѓа вашата музика?rnrnНашите планови за понатаму се само да свириме, да работиме на случајот. Сите оние на коишто им се допаѓа нашата музика можат да нѐ слушаат на Јутјуб, да нѐ следат на Фејсбук на нашата фан страна и да се дружиме на нашите концерти, а за истите ќе бидете благовремено известени.rnrn
rnrn5. Покрај вашиот необичен музички стил, бендот може да се пофали и со необично име. Зошто Планктонс или The Planktons?rnrnФала ви на комплиментот за тоа дека нашето име е необично, ние сме скромни дечки. А како дојде до тоа, имавме групен разговор и се одлучивме за тоа име. Планктони се стара жива форма која се јавува во водни средини, во најразлични облици и форми, исто како и нашата музика.rnrn6. За крај, од кои бендови добивате инспирација? Кои песни би им ги препорачале на нашите љубопитни читатели?rnrnИнспирација добиваме од најразлични музички изведувачи од целиот свет. Ја почитуваме македонската сцена и она што би им го препорачале на вашите љубопитни читатели е да ја слушаат, следат и почитуваат прво својата сцена, а потоа светската. За гравче запршка, за македонски бендови поддршка! Благодариме.rn1. Кристо Роџевски – „Кадифе“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=SJpThNnvPPwrn
2. The John – „Тешка категорија“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=SDzh3hDG3Xkrn
3. Bela Fleck & The Flecktones – „Sex In A Pan“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=lzovIJKSYbIrn
4. Soren Reiff – „Funky Mama“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=piSe6Ezkn_8rn
5. Aydio – „Blue Smoke“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=OdzftH4LDekrnrnТоа беше музичкиот избор на Планктонс, а нашиот музички избор за денес е најновата песна на Планктонс која ќе ве опушти и ве одведе во некоја друга димензија. Уживајте!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=_8LmuwEno5Y
-

10 песни од Бијонсе што се химни за жените ширум светот
Со години наназад Бијонсе претставува модел на однесување за многу жени ширум светот. Иако не знаеме многу за нејзиниот приватен живот, сепак можеме многу да научиме од нејзината музика. Затоа и воопшто не изненадува фактот што многу жени нејзините песни ги доживуваат како химни според кои живеат. Во продолжение следуваат 10 од нив, за коишто сме сигурни дека и вие ги обожавате!rnrn
rn1. „Ring the Alarm“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=eY_mrU8MPfIrn
2. „Hold Up“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=PeonBmeFR8orn
3. „Why Don’t You Love Me“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=QczgvUDskk0rn
4. „Freakum Dress“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=ArDXxTsJJoorn
5. „Jealous“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=WQmYVfHrNxArn
6. „Mine“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=IDvu1ehPq0grn
7. „Countdown“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=2XY3AvVgDnsrn
8. „Crazy In Love“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=8SCaWesth9Urn
9. „Rather Die Young“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=FNUxaJ-wi7Ern
10. „Kitty Kat“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=yahNg-mJ4p8rnrnПрочитајте ги и овие 15 работи кои ги дознавме од биографијата на Бијонсе.
-

Прекрасни приспивни песнички што веднаш ќе го заспијат вашето бебе
Не мора да имате ангелски глас за да му пеете на вашето бебе. Пеењето е наједноставниот начин да го смирите детето, но и да остварите блиска поврзаност со него. Доколку немате идеја кои приспивни песнички да ги пеете, ние можеме да ви помогнеме! Погледнете ги следниве детски песнички и популарни хитови кои со сигурност ќе му помогнат на вашето најмило да потоне во длабок сон…rnrn
rn„Hush, Little Baby“
rnОва е класична приспивна песничка со која ќе му ветите на вашето бебе дека ќе бидете тука за него без оглед на сѐ.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=NOCx4D7KoGorn
„Frѐre Jacques“
rnСигурно ја знаете оваа популарна француска приспивна песничка. Иако текстот повеќе се однесува за будење отколку за заспивање, ако ја пеете тивко и нежно, веднаш ќе му помогнете на вашето бебе да заспие. Исто така, оваа песничка е одлична за децата кои се плашат од темнината, бидејќи зборува за тоа како сонцето наскоро ќе изгрее.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=BC6rvbxdywgrn
„Too Ra Loo Ra Loo Rai“
rnСтанува збор за ирска приспивна песничка која звучи фолклорно иако е напишана во 1913 година. Песничката е многу заразна и сигурни сме дека вашето дете ќе ја обожава.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=aw9B49epS_Mrn
„Cradle Song“
rnКомпозитор на оваа песничка е Јоханес Брамс. Иако сигурно сте ја чуле мелодијата, веројатно не го знаете текстот, така што најдобро би било да се фатите за работа и уште вечерва да му ја испеете на вашето најмило.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=gsFQcQKWgTQrn
„Rock-a-bye Baby“
rnНе, не мислиме на хитот на Шон Пол, иако и таа е подеднакво заразна. Зборуваме за песничка од 18-ти век, која е многу лесна за пеење и памтење.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=eIa3SBFYe_ArnrnПродолжете на втората страница за останатите приспивни песнички…rnrn
-

Артисти кои се во музичката индустрија подолго отколку што мислите
Многу од познатите музичари не почнале како успешни соло изведувачи. Наместо тоа тие ги почнале кариерите пишувајќи песни за други изведувачи или како членови на групи. Погледнете 10 од најпоуларните артисти кои се на музичката сцена подолго отколку што мислите.rn
1. Сиа
rn
rnrnИако Сиа правела музика уште кога имала 17 години, таа почнала да го привлекува вниманието на јавноста во 2005 година, кога нејзината балада „Breathe Me“ се појави во серија на НВО. Дури во 2014 Сиа стана вистинска ѕвезда со хитот „Chandelier“. Песната стана интернационален хит и беше номинирана за Греми награда.rn2. Бруно Марс
rn
rnrnПред да стане познат артист, Бруно работел како музички продуцент и пишувал песни за Адам Левин, Бренди, Фло Рида, Шон Кингстон… Тој почнал да се пробива откако ја извел песната „Billionaire“ што ја напишал за Тревис Мекој. Својот прв албум го објави во 2010 година.rn3. Лана Дел Реј
rn
rnrnЛана почнала со пишување песни кога имала 18 години и првиот договор го потпишала во 2007 година. Албумот бил издаден во 2008 година, но сето завршило со неуспех. Работите се смениле кога таа прикачила неколку од нејзините песни на Јутјуб и сето останато е историја.rn4. Ни-Јо
rn
rnrnНа почетокот тој бил дел од квартет кој се распаднал во 2000 година. Неговата кариера тргнала во нагорна линија дури во 2005 година со хитот „Let Me Love You“. Во 2006 година е издаден неговиот прв албум.rn5. Меган Трејнор
rn
rnrnИако нам ни е позната по хитот „All About That Bass“, 20-годишната пејачка почнала со правење песни уште кога имала 13 години. На 18 години таа прв пат се потпишала како текстописец. Во 2011 го напишала и сама го објавила нејзиниот прв албум, „I’ll Sing With You“.rn6. Џеси Џеј
rn
rnrnПејачката била дел од музичката индустрија долго пред објавувањето на нејзиниот прв албум во 2011. Таа била текстописец за ѕвездите како Крис Браун и Мајли Сајрус. Таа исто така била и членка на женски бенд кој го напуштила за да ја изгради соло кариерата.rn7. Рајан Тедер
rn
rnrnФронтменот на One Republic има долга независна кариера како текстописец и продуцент, и тоа на ѕвезди како Џенфиер Лопез, Адел и Бијонсе. Тој учествувал во натпревар за текстописци и победил. Една година подоцна тој се здружува со Тимбаленд, и оттогаш е главниот вокал на бендот.rn8. Кеша
rn
rnrnОваа ѕвезда била вклучена во музичката индустрија уште кога имала 18 години. Покрај тоа што пишувала текстови и песни за други артисти, почнала да се појавува како придружен вокал. Конечно, во 2009 година ѝ го привлекува вниманието на јавноста откако се појавува во хитот „Right Round“. Првиот албум го издава во 2010 година.rn9. Канје Вест
rn
rnrnКанје ја почнал својата кариера кога имал 19 години, и тоа како продуцент. Неговиот успех го доживува дури во 2000 година кога добил големо признание за работењето на албумот на Џеј Зи, „The Blue-Print“. Првиот албум го издава во 2004 година.rn10. Лејди Гага
rn
rnrnОткако се откажала од факултетот, пејачката формирала рок бенд со некои пријатели. Кога успеала да потпише договор, таа пишувала песни за Бритни Спирс, Ферги и Pussycat Dolls. Во меѓувреме работела на својот прв албум кој беше издаден во 2008 и доста добро прифатен во целиот свет.rnrnСлушнете ги и овие популарни песни кои ќе ве вратат во 90-тите. -

Вистинските приказни што се кријат зад безвременските љубовни песни
Само искрената емоција може да претставува инспирација за создавање на трогателна љубовна песна. Токму затоа, некои од најдобрите песни се напишани за врски и луѓе што навистина постоеле во реалноста. Дознајте ги приказните што се кријат зад следниве незаборавни љубовни песни…rnrn
rn1. Ewan MacColl – The First Time Ever I Saw Your Face
rnИан МекКол за прв пат ѝ ја отпеал оваа песна на Пеги Сигер преку телефон, иако во тој период не им одело баш најдобро. Тие имале афера, бидејќи Иан тогаш бил оженет со друга и поминале години пред конечно да завршат заедно.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=cXYPb0rrwbArn
2. Joan Baez – Diamonds and Rust
rnНа крајот од 1974 година, Боб Дилан ѝ се јавил на неговата некогашна девојка Џоан Баез преку говорница од Средна Америка и ѝ ги изрецитирал стиховите од неговата 9-минутна песна „Lily, Rosemary and The Jack Of Hearts“. Овој дух од минатото ја инспирирал да напише свое ремек-дело како одговор во кое носталгично се сеќава на неверојатниот талент на Боб Дилан, на неговото лошо мислење за нејзината поезија и за чувствата на љубов и загуба. Можете ли да си го замислите овој телефонски разговор?!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=2MSwBM_CbyYrn
3. Bob Dylan – Sara
rnИ Дилан напишал многу љубовни песни што вредат да добијат Нобелова награда. Најдобрата од нив е „Sad Eyed Lady of The Lowlands“ која зборува за мистериозна жена со „очи како чад“. Таа жена била Сара Лоундс, а тоа Дилан го потврдил во неговата песна „Sara“ за која отпеал дека е „лесно да се гледа, но тешко да се дефинира“.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=7oQrVQSqQTArn
4. The Beatles – Something In The Way She Moves
rnПети Бојд во нејзината автобиографија тврди дека нејзиниот сопруг Џорџ Харисон ѝ ја пеел оваа нежна љубовна химна во нивната кујна и на некој начин ѝ кажал дека ја имал напишано токму за неа. Но, самиот Харисон тврди дека песната е посветена на богот Кришна. Без оглед на вистината, мора да признаеме дека се работи за навистина прекрасна љубовна песна.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=X5IVp25InsArn
5. Eric Clapton – Layla и Wonderful Tonight
rnЕрик Клептон се вљубил во Пети Бојд додека таа сѐ уште била во брак со Џорџ Харисон. Така настанала песната „Layla“ чиј наслов е преземен од една книга за забранета љубов. Кога веќе биле заедно, Ерик Клептон ѝ ја посветил и песната „Wonderful Tonight“ во која говори за тоа колку добро изгледала кога бирала кој фустан ќе го облече за вечерното излегување.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=vUSzL2leaFMrnrnПродолжете на следната страница за останатите песни…rnrn
-

Светот на танцот: Неверојатен настан со најталентираните танчари што некогаш сте ги виделе
Светот на танцот (World of Dance) е американско шоу за натпревар меѓу танчари. Водителката на овој настан е Џена Деван Татум, а режисерот – Џенифер Лопез. Па зарем има подобра комбинација? Шоуто вклучува танцови перформанси, од кои дел се соло настапи, а дел групни кореографии од сите стилови, а главната награда е 1 милион долари.rnrn
rnrnСо оглед на тоа што станува збор за шоу со високи стандарди, учествуваат само навистина талентираните танчари, па поради тоа е и толку успешно и неверојатно за гледање. Нивните кореографии оставаат без зборови и едноставно ве мотивираат да станете од каучот, да пуштите гласна музика и да му дозволите на ритамот да ви ги контролира сите мускули на телото. Не ни верувате? Погледнете ја оваа соло аудиција!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=JYKVOfrIxcM&feature=youtu.bernrnДијана Помбо е толку малечка, а со толку голем жар во неа, што нема да ви се верува дека гледате во реален перфоманс. Таа е толку неверојатна, што дури и Џенифер Лопез ќе ја остави без зборови. Не ви беше доволно? Погледнете го и следното видео со популарните близнаци танчари од Франција!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=rBvDi3AnRXM&feature=youtu.bernrnТие веќе имаат одредена онлајн репутација, со својот канал на Јутјуб, но со оглед на тоа колку е висока конкуренцијата на ова шоу, овој пат дадоа и повеќе од тоа што го имаат. Нивните движења се толку синхронизирани и неверојатни, што на момент ќе ви делува како да се контролирани од нешто вонземно!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=AAn6vHeb3uA&feature=youtu.bernrnИ за крај, споделуваме уште едно видео со вас, кое ќе ве направи носталгични за прегратката на партнерот. Брачниот пар Киони и Мари се познати по својата кореографија во спотот за песната „Love Yourself“ на Џастин Бибер, но овој пат ни покажуваат една сосема нова и разиграна страна што ќе ве наполни со енергија! -

Дали „Bonka Time“ е новата „Gangnam Style“? Погледнете го видео спотот и одлучете самите!
Нема сомнеж дека корејскиот поп, односно К-ПОП, почнува полека да го освојува светот, но дали предвидувањата на љубителите на овој жанр за оваа песна се реални или само оптимистични? Ние ја слушнавме песната, го погледнавме видеото и не сме сигурни дали ги има сите потребни елементи за да ја достигне славата на Gangnam Style, но оставаме на вас самите да одлучите.rnrn
rnrnДа, музиката е заразна, зборовите лесно певливи иако половина и повеќе не ги разбираме, а пејачот е интересно и будалесто шармантен, но изгледа Псај ги помести толку високо границите, што можно е никој, никогаш да не може да ги сруши – дури ни тој самиот! Се согласувате? Пишете ни во коментарите подолу…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=3OzHh77BxR8 -

Носталгична вечер во Станица 26: Трибјут бендот „Amy’s House“ ни ја врати магијата на единствената Ејми Вајнхаус
Кој може да ја заборави слабата девојка со огромна коса, впечатлива шминка, многу тетоважи и моќен глас?! Незаменливата Ејми Вајнхаус не може да се долови со зборови. Станува збор за многу специфичен сензибилитет кој може само да се чуе, почувствува и доживее. Навидум проблематична, а во суштина многу тажна и емотивна. Таа го освои светот со нејзината неизмерна искреност. Секој збор од нејзините песни е приказна сам за себе. Секоја нота е парче од сложувалката на нејзиниот бурен живот и несреќна љубов.rnrn
rnrnНе може а да не нѐ обземе носталгија при самата помисла на тоа дека оваа ѕвезда на музичката небо прерано згасна и нема повеќе да ни подарува нови творби во нејзиниот добро познат Р&Б, соул и џез стил за кои сите ние сме толку многу жедни. И покрај тоа, таа ќе продолжи да блеска во нашите срца преку бунтовничкиот став во „Rehab“, љубовниот песимизам во „Love Is A Losing Game“ и „Back To Black“, бруталната искреност и самосвесност во „You Know That I’m No Good“, а ние и понатаму ќе продолжиме да танцуваме во ритамот на веселата „Valerie“ како ништо да не се случило.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=4HLY1NTe04MrnrnИако нема да можеме во живо да посведочиме на оригиналноста на Ејми Вајнхаус, трибјут бендот „Amy’s House“ ни даде можност барем делумно да ја почувствуваме магијата на оваа незаменлива пеачка. Станува збор за група талентирани музичари кои својата љубов кон Ејми ја преточиле во секојдневни настапи и изведби на нејзините песни. Сигурно се прашувате како тие се издвојуваат од останатите бендови кои не свират свои оригинални песни. Веројатно ќе треба самите да ги видите и чуете за да ни поверувате, но овој српски бенд, особено женскиот вокал, целосно го имитира изгледот, звукот и чувството на оригиналните изведби на Ејми Вајнахус. Помеѓу членовите од групата владее неверојатна хемија на сцена и тие нудат неповторливо шоу од почеток па сѐ до самиот крај.rnrn
rnrnПеачката во бендот, Невена Филиповиќ, многу успешно ја доловува Ејми Вајнхаус, благодарение на идентичната шминка, фризура, облека, па дури и тетоважите! Сепак, изгледот не би бил доволен доколку Невена не поседуваше моќен глас кој толку многу звучи како оној на Ејми што ќе ве полазат морници! Освен тоа, таа се однесува исто како Ејми на сцена, одлично ги имитира нејзините движења, начин на говор и успева да ја пренесе нејзината искрена емоција, што е навистина неверојатно да се гледа и слуша! Останатите членови од бендот, Дејан Милосављевиќ на клавијатури, Новак Савиќ на бас гитара, Радивоје Бојановски на гитара и Гафор Ќириќ на тапани и дувачки инструменти безгрешно ја отсвирија секоја нота и придонесоа целото доживување да биде уште попосебно.rnrn
rnrnПродолжете на следната страница за да го прочитате остатокот од текстот, но и да дознаете кои се омилените песни на бендот од Ејми Вајнхаус…rnrn