КАФЕ ПАУЗА

Најчудните музички правци за кои веројатно не сте чуле досега

Најчудните музички правци за кои веројатно не сте чуле досега

Written by

in

Во светот на музиката, покрај добро познатите музички правци, постојат и оние кои настанале со комбинација на два или повеќе жанрови. Некои од нив доживеале голема популарност, а други, пак, стекнале мала, но верна група обожаватели со специфичен музички вкус. Слушнете ги најчудните музички правци кои ќе ви ги прошират хоризонтите и можеби ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот нов омилен музички жанр…rnrnНајчудните музички правци за кои веројатно не сте чуле досегаrn

Бургер-Хајлајф (Burger-Highlife)

rnОвој музички правец е препознатлив по веселиот звук на гитарата. Претставува комбинација од џез мелодии во кои доминира хорната и звуците на синтисајзерот. Иако се смета за германски музички вид, жанрот бургер-хајлајф потекнува од Гана, односно станува збор за музика на ганските доселеници во Германија.rnrnrnrn

Анблек метал (Unblack metal)

rnЖанрот анблек метал не се разликува многу од блек металот, освен по текстовите. Во блек металот честопати се пее за сатанизмот и темната страна на животот, додека, пак, анблек металот преку своите текстови ги промовира христијанските идеали и го слави Исус Христос. Начинот на пеење е силен и гласен придружен со тврди звуци.rnrnrnrn

Чиптјун (Chiptune)

rnЧиптјун, чипбрејк или чип музика претставува еден вид електронска музика која настанала преку употребата на звучните чипови од старите играчки конзоли. Најчесто сите песни кои припаѓаат на овој жанр потсетуваат на старите видео игри од 80-тите години на минатиот век, иако постојат и такви што содржат текст и елементи од други музички правци.rnrnrnrn

Вижуал кеи (Visual Kei)

rnВижуал кеи е движење што се појавило меѓу јапонските музичари кои се одликуваат со андроген изглед, огромна коса и многу шминка. Со оглед на тоа што не постои одреден звук карактеристичен за ова движење, многумина сметаат дека вижуал кеи не е музички правец, туку модна поткултура. Сепак, може да се каже дека овој жанр претставува комбинација од глам рок и хеви метал.rnrnrnrn

Пиратски метал

rnОбјаснувањето за овој музички правец е прилично едноставно: Сите пиратски метал бендови пеат за пирати, односно за гусари. Звукот со кој се одликува овој жанр потсетува на сите останати метал правци со елементи на морнарска музика. Бендовите настапуваат облечени како пирати пред публика која на настапите доаѓа исто така облечена.rnrnrnrnПродолжете на следната страница за останатите необични музички правци…rnrn