Многу од познатите музичари не почнале како успешни соло изведувачи. Наместо тоа тие ги почнале кариерите пишувајќи песни за други изведувачи или како членови на групи. Погледнете 10 од најпоуларните артисти кои се на музичката сцена подолго отколку што мислите.rn
1. Сиа
rn
rnrnИако Сиа правела музика уште кога имала 17 години, таа почнала да го привлекува вниманието на јавноста во 2005 година, кога нејзината балада „Breathe Me“ се појави во серија на НВО. Дури во 2014 Сиа стана вистинска ѕвезда со хитот „Chandelier“. Песната стана интернационален хит и беше номинирана за Греми награда.rn
2. Бруно Марс
rn
rnrnПред да стане познат артист, Бруно работел како музички продуцент и пишувал песни за Адам Левин, Бренди, Фло Рида, Шон Кингстон… Тој почнал да се пробива откако ја извел песната „Billionaire“ што ја напишал за Тревис Мекој. Својот прв албум го објави во 2010 година.rn
3. Лана Дел Реј
rn
rnrnЛана почнала со пишување песни кога имала 18 години и првиот договор го потпишала во 2007 година. Албумот бил издаден во 2008 година, но сето завршило со неуспех. Работите се смениле кога таа прикачила неколку од нејзините песни на Јутјуб и сето останато е историја.rn
4. Ни-Јо
rn
rnrnНа почетокот тој бил дел од квартет кој се распаднал во 2000 година. Неговата кариера тргнала во нагорна линија дури во 2005 година со хитот „Let Me Love You“. Во 2006 година е издаден неговиот прв албум.rn
5. Меган Трејнор
rn
rnrnИако нам ни е позната по хитот „All About That Bass“, 20-годишната пејачка почнала со правење песни уште кога имала 13 години. На 18 години таа прв пат се потпишала како текстописец. Во 2011 го напишала и сама го објавила нејзиниот прв албум, „I’ll Sing With You“.rn
6. Џеси Џеј
rn
rnrnПејачката била дел од музичката индустрија долго пред објавувањето на нејзиниот прв албум во 2011. Таа била текстописец за ѕвездите како Крис Браун и Мајли Сајрус. Таа исто така била и членка на женски бенд кој го напуштила за да ја изгради соло кариерата.rn
7. Рајан Тедер
rn
rnrnФронтменот на One Republic има долга независна кариера како текстописец и продуцент, и тоа на ѕвезди како Џенфиер Лопез, Адел и Бијонсе. Тој учествувал во натпревар за текстописци и победил. Една година подоцна тој се здружува со Тимбаленд, и оттогаш е главниот вокал на бендот.rn
8. Кеша
rn
rnrnОваа ѕвезда била вклучена во музичката индустрија уште кога имала 18 години. Покрај тоа што пишувала текстови и песни за други артисти, почнала да се појавува како придружен вокал. Конечно, во 2009 година ѝ го привлекува вниманието на јавноста откако се појавува во хитот „Right Round“. Првиот албум го издава во 2010 година.rn
9. Канје Вест
rn
rnrnКанје ја почнал својата кариера кога имал 19 години, и тоа како продуцент. Неговиот успех го доживува дури во 2000 година кога добил големо признание за работењето на албумот на Џеј Зи, „The Blue-Print“. Првиот албум го издава во 2004 година.rn
10. Лејди Гага
rn
rnrnОткако се откажала од факултетот, пејачката формирала рок бенд со некои пријатели. Кога успеала да потпише договор, таа пишувала песни за Бритни Спирс, Ферги и Pussycat Dolls. Во меѓувреме работела на својот прв албум кој беше издаден во 2008 и доста добро прифатен во целиот свет.rnrnСлушнете ги и овие популарни песни кои ќе ве вратат во 90-тите.