КАФЕ ПАУЗА

Category: Факти и сознанија

  • Кој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?

    Кој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?

    Кафето, чајот, енергетските и газираните пијалаци, како и чоколадото се извори на стимулансот кофеин кои луѓето најчесто ги консумираат. Во продолжение прочитајте на кој начин кофеинот од секој од овие производи влијае врз вашиот организам, поконкретно врз вашето однесување и продуктивноста и откријте кои од нив можат да направи најголема штета врз вашата општа здравствена состојба.rn

    1. Кафе

    rnКој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?rnrnДоколку кафето не делува премногу стимулативно на вас и го немате она чувство на будност во телото или анксиозност и преголема свесност откако ќе испиете една шолја, тогаш слободно продолжете со неговата консумација за да бидете попродуктивни. Во едно истражување се покажало дека на оние вработени од фирмата кои преминале од кафе со кофеин на кафе без кофеин, им се намалила продуктивноста за 19%. Но, кафето со кофеин е добро да се консумира умерено, што значи не повеќе од 2 до 3 шолји на ден.rn

    2. Чај

    rnКој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?rnrnДоколку сакате да се чувствувате будни и попродуктивни во текот на денот, тогаш најдобар избор е црниот чај. Некои видови можат да содржат и до 70 милиграми кофеин, односно теин во 200 милилитри чај. Како и кафето, така и чајот може да го покачи крвниот притисок, да ја забрза работата на срцето и да ве направи поенергични. Меѓутоа, според резултатите од пребарувањата на Гугл, пронајдени се уште неколку други чести несакани последици од пиењето чај. Најбараните поими се „Зошто имам мачнина во желудникот кога ќе пијам чај?“ „Зошто од чај постојано ми се оди во тоалет?“ и „Зошто од чај постојано ми се спие?“.rn

    3. Енергетски пијалаци

    rnКој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?rnrnИ додека кафето и чајот се стимулативни пијалаци кои секојдневно се консумираат, со енергетските пијалаци тоа никако не смее да биде така. Иако само еден енергетски пијалак во денот нема да направи сериозна штета во организмот, 2 до 3 енергетски пијалаци можат да предизвикаат аритмија, несоница, мачнина, нервоза, дехидрација и болки во стомакот.rn

    4. Газирани пијалаци

    rnКој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?rnrnГазираните пијалаци би требало да бидат вашиот последен избор кога станува збор за изворите на кофеин. Тие изобилуваат со шеќер и предизвикуваат преголеми осцилации во количината на енергија заради што и не е препорачливо да се пијат.rn

    5. Чоколадо

    rnКој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?rnrnЕдно истражување направено од Универзитетот Харвард покажало дека кај оние луѓе кои во текот на испитувањето пиеле по 2 чаши топло чоколадо на ден, во текот на еден месец имале подобра циркулација на крвта во мозокот поради што подобро памтеле и побрзо размислувале. Доколку немате топло чоколадо или не сте во можност да си направите, тогаш стимулирајте се со неколку коцки чоколадо или направете какао. Кофеинот е природна состојка во зрната на какаото, така што секое чоколадо содржи дел од овој стимуланс.

  • Освен за будење, за што друго може да ви служи кафето?

    Освен за будење, за што друго може да ви служи кафето?

    Најпрво, кафето постои за да го разубави нашето секојдневие и да ни ја даде потребната енергија за да го преживееме денот. Но, постојат и други негови намени кои можат да ви го олеснат секојдневието. Погледнете дел од нив…rnrnОсвен за будење, за што друго може да ви служи кафето?rnrnСпречете ги непријатните миризби во замрзнувачот – Доволно е само да ставите малку мелено кафе во кутија за маргарин со дупчиња на капакот, со цел тоа да ги апсорбира сите непријатни миризби во замрзнувачот.rnrnПомогнете им на билките да оживеат – Свежото мелено кафе може да се користи како ѓубриво за растенија кои обожаваат киселина, како што се ружата и камелијата.rnrnНаправете домашен сапун – Кога правите домашен сапун, слободно во него ставете и малку мелено кафе. Сапунот ќе биде многу поквалитетен, поефикасен и секако ќе ја има неверојатната арома на кафето.rnrnРешете се од миризбата на храна на рацете – Ако ги протриете рацете со мелено кафе и потоа ги измиете со вода, тие целосно ќе ја изгубат непријатната миризба од храната како што ја остава таа од лукот.rnrnИзбркајте ги мачките од цвеќињата – Кафето измешано со кора од портокал, наредено на дното крај растенијата, ќе служи како одличен начин да ги избркате мачките од нивна близина.rnrnИсчистете ги тенџерињата и тавите – Кафето може да се користи и за отстранување на најтврдокорните наслаги на садовите за готвење, кои се нечисти или изгорени. Но, внимавајте да не го нанесете на оние садови кои се чувствителни на гребење.rnrnНахранете ги билките – Азотот во кафето помага при растот на растенијата и може да служи како нивна храна.rnrnОтстранете ја миризбата од обувките – Меленото кафе има моќ за само една вечер да ја отстрани лошата миризба од вашите патики. Тоа исто така може да ви помогне и со миризбата во вашиот шкаф.

  • Кафето и лимонот ги лечат овие здравствени проблеми побрзо и од лековите наменети за нив

    Кафето и лимонот ги лечат овие здравствени проблеми побрзо и од лековите наменети за нив

    Здравствените проблеми како што се главоболката, мачнината, болките во желудникот и дијарејата не можат да се сместат во категоријата болести, но без сомнение се многу непријатни за организмот и имаат силен негативен ефект врз него. Без разлика за која од овие состојби станува збор, може да се случи долго време да се чувствувате исцрпено под нивно влијание, дури и ако сте на терапија.rnrnКафето и лимонот ги лечат овие здравствени проблеми побрзо и од лековите наменети за нивrnrnДоколку не сакате да користите лекови или пак, сметате дека тие не ви помагаат доволно можете да ги користите овие две намирници кои сигурно веќе ги имате во вашиот дом со цел брзо да ги излечите овие тегоби. Како што веќе спомнавме, само збор за кафе и лимон.rn

    Рецепт #1 – За силна главоболка

    rnСварете една шолја домашно кафе без шеќер и во неа исцедете половина лимон. Испијте го додека е топло и за само неколку минути ќе почувствувате олеснување во вашата глава. Исто така, покрај кафето добро е и да пиете многу течности, особено вода и да излезете малку на свеж воздух.rn

    Рецепт #2 – За силна мачнина, болки во желудникот и дијареја:

    rnИзмешајте 3 чајни лажички мелено кафе со 2 супени лажици сок од лимон. Измешајте ги добро и така изедете ги. Оваа смеса може скоро инстантно да ви помогне при силната мачнина, болките во желудникот, како и дијарејата. Покрај неа, помага и ако испиете пробиотик, пиете кефир, јадете ориз или банана. Изгладувањето не е препорачливо.

  • Што се случува со вашето тело кога пиете кафе на празен желудник?

    Што се случува со вашето тело кога пиете кафе на празен желудник?

    Најчестата навика која многумина практикуваат да ја прават наутро е пиењето кафе. Според многубројните научни истражувања познато е дека кафето нема долготрајни негативни ефекти врз здравјето, но постојат неколку причини зошто тоа не треба да се консумира на празен желудник. Во продолжение прочитајте што се случува со организмот кога првото нешто што го разработува е кафето и зошто е подобро ако го пиеме со или после јадење.rnrnШто се случува со вашето тело кога пиете кафе на празен желудник?rn

    1. Се зголемува количината на желудочна киселина

    rnЗголеменото количество на желудочна киселина предизвикува проблеми со варењето на храната кое може да се чувствува во текот на целиот ден. Високото ниво на киселост со тек на време може да доведе до сериозни проблеми во абдоменот како чир, синдром на нервозни црева и рефлукс. Кафињата со понизок квалитет обично се покисели, што може само дополнително да ја зголеми штетноста.rn

    2. Се зголемува чувството на стрес и анксиозност

    rnПиењето преголеми количини кафе може да предизвика стрес и анксиозност, а кога се консумира на празен желудник, проблемот уште повеќе се зголемува. Од друга страна, храната и варењето можат добро да влијаат на нашиот организам, посебно ако се одлучиме за поздрави продукти. За да се намали влијанието на кафето врз нервниот систем, секогаш пијте го во комбинација со закуски по ваш избор.rn

    3. Се намалува нивото на хормоните

    rnГлавната причина поради која се зголемува чувството на стрес и анксиозност е всушност хормоналната нерамнотежа која настанува под влијание на кофеинот. Утринското кафе на празен желудник може да влијае врз производството на серотонинот, невротрансмитерот кој е одговорен за чувствата на задоволство, среќа и благосостојба. Истражувањата врз 20-тина испитаници покажале дека оние кои престанале да консумираат кафе на празен желудник биле попозитивни и порасположени, и општо се чувствувале подобро.

  • 9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знае

    9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знае

    За многумина, кафето е еликсир на животот и го претставува сечиј почеток на денот. Доколку и вие спаѓате во оваа група луѓе, тогаш прочитајте ги овие интересни факти за вашиот омилен пијалак без кој сме сигурни дека не можете да си го замислите вашиот живот.rnrn9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знаеrn

    1. Ниеден енергетски пијалак нема толку кофеин како шолјата кафе

    rnНекои од најјаките енергетски пијалаци содржат околу 150 милиграми кофеин, што е скоро дупло помалку од големите шолји јако кафе.rn

    2. Лесно е да се стане зависен од кофеин

    rnАко секојдневно внесувате 150 милиграми кофеин во организмот, многу е возможно да станете зависни од него. Кога често уживате во кафето, а потоа одеднаш престанете да го консумирате, можете да искусите симптоми како недостаток на енергија, раздразливост и главоболки.rn

    3. Кафето може многу брзо да ве разбуди

    rnДоволни се само 10 минути за кофеинот да почне да делува во вашиот организам.rn

    4. Зрната кафе воопшто не се зрна

    rnОд технички аспект, зрната кафе се всушност плодови.rn

    5. Првата веб камера е направена благодарение на кафето

    rnМожеби ви звучи чудно, но во 1991 година на Универзитетот Кембриџ во Англија на луѓето им здодеало да шетаат лево-десно со цел да видат дали бокалот за кафе е полн или празен. Така, им дошла идеја и направиле веб камера која го снимала бокалот. Можеби треба да сме му благодарни на кафето за Скајп.rn

    6. САД трошат најмногу кафе годишно

    rnАмериканците консумираат премногу кафе. Истражувањата покажуваат дека тие пијат и до 400 милиони шолји кафе дневно. На годишно ниво тоа е 146 милијарди шолји кафе.rn

    7. Кафето најдобро разбудува од 90:00 до 11:30 часот

    rnТоа е така затоа што хормонот кортизол, кој го претставува часовникот на нашиот организам, стапува во хемиска реакција со кофеинот. Ако го пиете кафето рано наутро кога нивото на кортизол е високо, може да дојде до спротивен ефект и од тоа ќе ви се пие уште повеќе кафе.rn

    8. Јохан Себастијан Бах напишал цела кантата за девојката која била зависна од кафе

    rnrn

    9. Зошто кафето има подобар мирис отколку вкус?

    rnНаучниците тврдат дека тоа е така поради тоа што имаме две сетила за мирис: мирисот кој го чувствуваме од околината и мирисот кој го чувствуваме кога кафето е во нашата усна празнина. Кафето има подобар мирис кога го мирисаме додека го пиеме, бидејќи кога ни е во устата нашите рецептори за вкус го уништуваат тој мирис.

  • Како кофеинот од различни производи влијае на организмот?

    Како кофеинот од различни производи влијае на организмот?

    Според општите сознанија, кофеинот од кој било извор има исто или приближно исто влијание врз нашиот организам, но според личните искуства на луѓето, тој факт и не е толку вистинит. Во продолжение прочитајте какво влијание има кофеинот од различните производи, како што се кафето или чајот, водејќи се според само еден критериум: Кој производ најбрзо и најдобро ни помага да го поминеме денот?rnrnКако кофеинот од различни производи влијае на организмот?rn

    1. Кафе

    rnКако кофеинот од различни производи влијае на организмот?rnrnСпоред последните истражувања, кафето нема долгорочни негативни ефекти на организмот, но сепак треба да се консумира умерено. Доколку сте имуни на ефектите од кафето, за разлика од оние кои се колнат дека ги чувствуваат вибрациите на атомите во своето тело после половина испиена шолја, тогаш пијте го барем за стимулација.rn

    2. Чај

    rnКако кофеинот од различни производи влијае на организмот?rnrnНекои личности кои се почувствителни на кофеинот можат да го променат своето расположение после само една испиена шолја црн чај. Што не е ни чудно, ако се земе предвид фактот што во 200 милилитри црн чај се содржат околу 70 милиграми кофеин. Чајот може да го зголеми крвниот притисок, да ги забрза срцевите отчукувања, да го зголеми прагот на внимание и да му овозможи вишок енергија на организмот.rn

    3. Енергетски пијалаци

    rnКако кофеинот од различни производи влијае на организмот?rnrnНауката сѐ уште не потврдила дали енергетските пијалаци можат да го забрзаат пулсот или не, но наведува дека треба да се внимава на начинот и количината на консумирањето, особено поради состојките кои тие ги содржат во својот состав.rn

    4. Чоколадо

    rnКако кофеинот од различни производи влијае на организмот?rnrnЕдно научно истражување од 2013-тата година покажало дека пиењето две шолји топло чоколадо еднаш во месецот може да ја подобри циркулацијата на крвта во мозокот, да ги зголеми концентрацијата и помнењето, како и да ги подобри моторните движења и мускулната активност кај постарите луѓе кои патат од лош крвоток. Кофеинот во чоколадото нема толку големо влијание на организмот како што има кофеинот од кафето, но сепак треба да се има мера за неговото консумирање. Едно млечно чоколадо од 100 грама содржи од 3 до 45 милиграми кофеин, додека црното чоколадо има од 15 до 105 милиграми кофеин.

  • 7 знаци дека пиете премногу кафе

    7 знаци дека пиете премногу кафе

    Доколку се сомневате дека во текот на денот пиете повеќе кафе отколку што треба, проверете кои се негативните последици од прекумерното уживање во оваа магична напивка. Додека умерената количина кафе може да го подобри вашето паметење и невролошко здравје, прекумерната консумација може да ги наруши телесните, физиолошки функции.rnrn7 знаци дека пиете премногу кафеrn

    1. Прескокнување на срцето

    rnКофеинот е стимуланс кој делува на централниот нервен систем и може да ги забрза срцевите отчукувања. Луѓето кои внесуваат премногу кофеин почнуваат да чувствуваат прескокнувања на срцето.rn

    2. Нервоза и тресење

    rnТресење, немир, нервоза – вака изгледа овој симптом предизвикан од прекумерна консумација на кафето. Кофеинот може да активира или да ослободи некои хормони како адреналинот, кој кај човекот го елиминира чувството на умор, но може да предизвика и нервоза.rn

    3. Често одење во тоалет

    rnКофеинот е слаб диуретик и може да поттикне почесто уринирање. Ова е повеќе непријатен отколку страшен проблем, но тоа може да значи дека хранливите материи не се апсорбираат во организмот како што треба, бидејќи течноста низ телото поминува премногу брзо.rn

    4. Болки во стомакот

    rnКофеинот може да го стимулира дигестивниот тракт, што може да предизвика нервоза, мачнина, па дури и дијареја. Повторно, ова може да биде доста непријатен проблем.rn

    5. Анксиозност

    rnАко кафето, вашата утринска радост, ве прави анксиозни и нервозни наместо смирени и свежи, можеби е време да престанете да го пиете и да преминете на чај. Симптомите на анксиозност можат да се влошат ако претерувате со внесување кофеин во вашето тело.rn

    6. Мачнина

    rnВисокото ниво на киселини во кафето кај некои луѓе може да предизвика мачнина и проблеми со варењето на храната. Посетете го својот доктор и намалете го бројот на кафиња во денот, па видете дали состојбата се подобрила.rn

    7. Несоница

    rnКафето може да нѐ расони, но и да нѐ оддалечи од потребниот сон. Кофеинот циркулира низ нашето тело дури и после неколку часа од консумацијата, па затоа влијае и на бесконечните превртувања во кревет и беспомошните обиди да заспиеме. Немој да пиете кафе пред легнување и обидете се да го смирите организмот со шолја чај од камилица.

  • Дали знаевте како кафето влијае врз изгледот и здравјето на нашата кожа?

    Дали знаевте како кафето влијае врз изгледот и здравјето на нашата кожа?

    Добро е познато дека пиењето кафе може да има позитивни, но и негативни влијанија врз нашето тело и организам, па затоа денес вниманието го насочуваме кон сите последици кои кафето може да ги предизвика, а се однесуваат на изгледот и здравјето на нашата кожа.rnrn1-dali-znaevte-kako-kafeto-vlijae-na-izgledot-i-zdravjeto-na-nashata-kozha-www.kafepauza.mk_rn

    1. Кафето може да го намали ризикот за појава на рак на кожата

    rnКафето може на многу начини да влијае на изгледот на нашата кожа, но пред сè може да има големо влијание врз нејзиното здравје, и тоа позитивно. Едно неодамна спроведено истражување покажало дека пиењето голема количина кафе може да влијае превентивно при појавување на меланом на кожата. Истражувачите за потребите на оваа студија ги испитувале навиките во исхраната на 450.000 луѓе и дошле до изненадувачки резултати кои велат дека оние кои пијат по 4 или повеќе шолји кафе дневно имаат и до 20% помал ризик за појава на меланом на кожата.rn

    2. Кожата може да изгледа поуморно

    rnИако кафето често го пиеме кога сме под стрес, тоа не е најдоброто решени за нас во тие ситуации, бидејќи токму од него кожата може да ни изгледа поуморна. Една студија покажала дека луѓето кои ќе испијат една шолја кафе пред да се сретнат со ситуација која изобилува со стрес, потешко поминуваат низ неа отколку оние кои не пијат кафе пред овие случувања. Со други зборови, кафето може да го зголеми нивото на стрес и притоа да предизвика лачење на поголема количина инсулин во нашето тело. Тоа е воедно и лоша вест за оние кои веќе се борат со акни.rn

    3. Не мора да влијае на дехидрацијата на кожата

    rnКафето содржи кофеин кој е диуретик, па со самото тоа ја дехидрира кожата. Меѓутоа, многубројни спроведени студии сепак покажале дека кофеинот не е јак диуретик, поточно 12 од 15 случаи покажале дека не влијае на тоа дали нашата кожа е доволно хидрирана. Едноставно, кафето не може да влијае на овој начин врз кожата доколку секојдневно внесувате доволна количина вода во својот организам.rn2-dali-znaevte-kako-kafeto-vlijae-na-izgledot-i-zdravjeto-na-nashata-kozha-www.kafepauza.mk_rn

    4. Кафето може да го комплицира проблемот со акните

    rnОва не важи за црното кафе, но важи за сите останати варијации кои во себе содржат млеко. Поточно, млекото содржи обилни состојки кои можат да го зголемат нивото на хормоните во нашиот организам, а со тоа да ги забрза процесите на воспаление на кожата, што води до поголема појава на акни. Затоа, доколку имате проблеми со акните, настојувајте да пиете само црно кафе.rn

    5. Кафето е богато со антиоксиданси

    rnЕдна американска студија покажала дека кафето е одличен избор во текот на диетата, бидејќи е богато со антиоксиданси. Тоа не значи дека кафето има повеќе антиоксиданси од овошјето и зеленчукот, но сепак може да допринесе за здравиот изглед на кожата, бидејќи се бори со слободните радикали кои го предизвикуваат нејзиното стареење. Ете уште една предност за пиењето кафе.

  • Кафето може да ви го спаси животот. Еве како…

    Кафето може да ви го спаси животот. Еве како…

    Според научниците, луѓето кои пијат кафе имаат помали шанси да заболат од срцеви болести и дијабетес. Исто така, оние кои пијат 4 до 5 шолји кафе дневно имаат најмал ризик од рана смрт. Меѓу другото, љубителите на овој пијалак поретко заболуваат и од респираторни болести, пневмонија и грип.rnrnКафето може да ви го спаси животот. Еве како...rnrnАвторот на оваа студија, д-р Ерик Лотфилд, вели:rn

    „Кафето содржи бројни активни супстанци, вклучувајќи и фенолна киселина, калиум и кофеин.“

    rnИстражувачите анализирале податоци од претходни студии во кои било анализирано здравјето на 90.317 возрасни личности кои не страдале од рак и немале кардиоваскуларни болести во својата историја. Оваа група луѓе била следена од 1998 до 2009 година и најголемо внимание било насочено кон тоа колку пиеле кафе и како се хранеле. До 2009 година, починале 8.700 од испитаниците од голем број причини.rnrnРезултатите покажале дека оние луѓе кои пиеле кафе имале помал ризик од рана смрт во однос на оние кои не го консумирале овој пијалак. Се покажало и дека оние кои пиеле помеѓу 4 и 5 шолји кафе дневно имале најмал ризик од рана смрт.rn

    „Иако некои рани студии сугерирале на фактот дека консумацијата на кафето го зголемува ризикот од развивање рак, во оваа студија не ја следевме врската помеѓу ракот и смртноста. Кафето ја намалува смртноста кај некои видови рак, но не кај сите“, објаснува д-р Лотфилд.

    rnСпоред ова истражување, не се пронашле никакви докази дека кафето влијае негативно на здравјето.

  • 5 причини зошто треба да пиете само црно кафе, без грижа на совест

    5 причини зошто треба да пиете само црно кафе, без грижа на совест

    Кафе. Една од омилените мали шолји задоволство кои човекот некогаш имал можност да ги доживее. Веќе некое време ги знаеме придобивките од кофеинот, но она што не е толку познато е фактот што со какви било додатоци вие влијаете врз неговите позитивни страни така што ги намалувате, а понекогаш дури и целосно го згушувате нивниот ефект. Токму затоа погледнете ги следниве 5 причини зошто отсега би требало да пиете само црно кафе…rnrn5 причини зошто треба да пиете само црно кафе, без грижа на совестrn

    1. Тоа е подобро за вас

    rnКафето изобилува со антиоксиданси кои се борат против ракот. Тоа ви помага да ги подобрите вашите когнитивни функции, расположение и меморија. Исто така може да ви помогне да го намалите ризикот од тип 2 дијабетес, Алцхајмерова и Паркинсова болест. Но, кога додавате млеко и шеќер, калориите и маснотиите се зголемуваат, создавајќи пијалак кој не е толку здрав за вас. Токму затоа црното кафе е поздрав избор, без разлика како гледате на него.rn

    2. Едноставно е за подготовка

    rnВие можете да пиете црно кафе во кое било време и на кое било место, како и да го подготвите за само неколку секунди. Доколку не ви се потребни млеко и шеќер, можете да го носите кафето со вас и да го подготвите во секое време. Да не заборавиме и на фактот дека во меѓувреме исто така ќе заштедите некој денар, бидејќи ќе ги исфрлите останатите состојки.rn

    3. Подобро оди со храна

    rnДоколку пиете засладено кафе со кој било вид десерт, вие нема да можете да уживате во целост поради количината благо која ја внесувате во вас. Но, црното горко кафе, во комбинација со сладок колач, взаемно се балансираат и создаваат совршен јин и јан на вкусови.rn

    4. Ќе ја зачувате автентичноста на вкусот на кафето

    rnПостојат стотици видови кафиња, секое со свој специфичен вкус. Вашата задача е да го најдете вашиот омилен вкус, кој нема да има потреба да го „подобрувате“ со други додатоци, бидејќи на тој начин вие не го искусувате вистинскиот вкус на кафето. Размислете, дали го сакате кафето поради својот вкус или пак, преферирате млеко и шеќер кои едвај имаат вкус на кафе?rn

    5. Покрај црното кафе изгледате кул

    rnКога нарачувате црно кафе, вие покажувате и дека немате проблем при држењето на нештата под контрола. Тоа е лесно, едноставно и моќно, исто како што треба да биде и вашиот живот. Не постои ништо подобро од неверојатното задоволство кое го носи со себе првата голтка утринско црно кафе – пробајте и ви гарантираме дека нема да зажалите.