Оваа лебдечка шолја за кафе или чај е прототип изработен од страна на Тигере Чигира. Дизајнот го смислил уште во 2008 година, не можејќи да ги поднесе круговите кои ги оставаат шолјите на масата.
Бидејќи голем број негови пријатели се распрашувале каде можат да набават иста таква шолја, тој решил да го стави својот проект на веб-сајтот „Kickstarter“. „Kickstarter“ е сервис кој овозможува групно финансирање на креативни проекти од страна на посетителите на сајтот.
Бидејќи е комплицирано да се изработи ваков тип порцеланска шолја, за изработка на 500 парчиња, потребни му биле 15.000 американски долари, кои веќе успеал да ги собере благодарение на групното финансирање.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
