КАФЕ ПАУЗА

Водич низ светот за зависниците од кафе

Кафето е многу повеќе од напиток со млеко и шеќер. Од селата во Етиопија, каде за првпат започнало да се одгледува, до кафулињата низ цела Европа и улиците на Токио, кафето стана дел од сечие секојдневие и се прилагодува на секаква култура.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnНа многубројните обожаватели на кафето, кога патуваат не им е потребна карта на светот, толку колку што им е потребен водич за конзумирање кафе. Сите ние имаме свои ритуали и начини на конзумирање на кафето. Би биле изненадени на колку различни начини тоа се прави во светот. Сите кафе зависници, подгответе се, одиме на една мала турнеја!rn

Италија – Espresso (Еспресо)

rnОпис – Совршеното италијанско еспресо, на површината треба да има слој со боја на карамела, кој е доволно дебел да го задржи неколку секунди шеќерот пред да пропадне надолу.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако да го пиете – Еспресото во Италија се пие на една голтка. Колку и да изгледа невообичаено, луѓето го пијат стоејќи во кафе барот.rnrnКаде да го пиете – Експертите тврдат дека најдоброто еспресо во Италија може да го вкусите во Рим, во близина на Пантеонот, поради изворите од каде ова подрачје се снабдува со вода.rn

Австрија – Melange (Меланж)

rnОпис – Станува збор за популарното виенско кафе Меланж, кое е вид капучино со многу млечна или шлаг пена на површината.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако да го пиете – Со кафето задолжително побарајте чаша вода, и тоа од чешма. Не само што е безбедна за пиење, водата во Виена е добра и препорачлива.rnrnКаде да го пиете – Се разбира, каде ако не во Виена! Со кафето не прескокнувајте да порачате некоја од познатите виенски торти, како тортата Захер.rn

Етиопија – Buna (Буна)

rnОпис – Во родното место на кафето, нека не ве чуди фактот што жителите го конзумираат со сол и путер, наместо со млеко и шеќер.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако да го пиете – Ако сте поканети кај некого дома, покажете почит кон целата церемонија на подготвување на кафето. Напијте се макар три филџани кафе! Бројот три (наречен bereka) се смета за благослов.rnrnКаде да го пиете – Посетете некој од рестораните во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, каде церемонијата за подготовка на кафе се одвива на отворено во сламени колиби.rn

Мексико – Café de Olla (Кафе Ди Ола)

rnОпис – Традиционално зачинето кафе, кое се служи во земјен сад, а се додаваат и стапчиња цимет.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако да го пиете – Доколку патот ве однесе во Мексико и сакате да си го порачате ова кафе, не додавајте шеќер пред да го пробате, и онака е доволно засладено.rnrnКаде да го пиете – Мексико Сити се смета за централно место на традиционалната мексиканска храна и пијалаци, па затоа оригиналното Кафе Ди Ола може да го вкусите токму овде. Најдобро би било да одберете место во периферијата на градот, каде би можеле да уживате во прекрасната глетка и вкусот на мексиканско кафе.rn

Саудиска Арабија – Kahwa (Кава)

rnВкусете го кафето на Бедуините. Ќе ве послужат и со слатки суви урми кои ќе ја засладат горчината на ова јако кафе. Заедно со кафето, порачајте си сок од роза или бадемово лиснато печиво.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

Куба – Café Cubano

rnИталијанското еспресо добива посебен и уникатен вкус со додавање на кубански шеќер, што резултира со слатка кафеава пена на врвот, наречена espumita.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

Индија – Kaapi

rnКафе-напитокот, кој оригинално доаѓа од Јужна Индија, се приготвува на висока температура, а на површината има дебел слој пена која се добива при процесот на ладење. Кафето се сервира со претурање од еден сад во друг неколку пати.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

Индонезија – Kopi Luwak

rnОва традиционално индонезиско кафе е едно од најскапите во светот, ако не и најскапо. Она што е посебно е начинот на кој се произведува. Кафето Копи Лувак се собира од измет на азиското животно дива цибетка, кое јаде зрна кафе. Колку и да звучи необично, светската побарувачка за ова кафе сè повеќе расте, па дивата цибетка почна да се одгледува во кафези со цел да се покачи производството на ова кафе, чија цена достигнува и до 11 долари од филџан.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

Малезија – Pak Kopi/Kopi Putih/Bai Ka-fe

rnУште е наречено бело кафе, се приготвува со печење на зрната кафе со маргарин.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

Аргентина – Cortado

rnЕдна од најстарите култури за одгледување кафе е токму во Буенос Аирес, Аргентина. Ова нивно традиционално кафе се прави со додавање мала количина млеко во кафето еспресо.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

Шпанија – Café Bombón

rnОваа слатка комбинација на еднаква количина кафе и млеко, потекнува од Валенсија и е позната насекаде низ светот.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

Мароко – Café des Épices

rnВкусот на ова кафе варира во зависност од количината на додатоците, како: ѓумбир, црн пипер, сусам, ким, цимет и други, кои можат да се најдат на мароканските пазари.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

Финска – Kaffeost

rnОсобено популарно кај локалното население, ова кафе се приготвува со млеко од крави или ирваси. Во чаша црно кафе се додаваат парчиња кајмак кои се вадат пред да почнете да го пиете кафето.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

Ирска – Irish Coffee

rnТрадиционалното ирско кафе е нешто што мора да се проба. Направено е од топло кафе, шеќер и ирско виски, со многу шлаг на површината на чашата.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

Америка – Frappuccino

rnСтарбакс е дефинитивно симбол за американската кафе-култура, а овој вид милкшејк кафе е еден од најпродаваните низ цела Америка.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

Холандија – Bakkie Troost

rnБуквално преведено, неговото име значи „чаша удобност“, може да го најдете под името kaffe, а се служи со колачиња. Доколку сакате млеко, ќе треба да порачате „koffie verkeerd“ или „coffee wrong“.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

Полска – Kawa Parzona

rnИсто познато под името „kawa naturalna“, ова традиционално полско кафе се прави со ставање на кафето во врела вода, без употреба на филтер.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

Хонг Конг – Yuanyang

rnОвој пијалак е мешавина од кафе и чај. Направено од повеќе видови млеко и чај, може да се служи и топло и ладно. Ова кафе е симбол за тоа како две некомпатибилни состојки можат да се измешаат и да се добие прекрасен вкус.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако што можеме да заклучиме, кафето е вистинска магија, разни вкусови, мешавини и додатоци симболизираат различни традиции ширум целиот свет. Затоа каде и да одите не заборавајте да пробате традиционално кафе и да го збогатите вашето животно искуство за уште една шолја.