Доколку сакате да дознаете какво време ќе ве очекува во текот на денот, а притоа не сте во можност да ја погледнете временската прогноза, можете да погледнете во вашата шолја со кафе и да го следите движењето на меурчињата на површината на кафето. Како што пренесува сајтот „Life Hacker“, ваквата техника на предвидување на времето, честопати ја користат планинарите.rnrn
rnrnНаправете си го вашето кафе, ставете млеко и шеќер доколку тоа секогаш го правите и промешајте, со цел да се создадат меурчиња. Доколку не пиете кафе, трикот ќе функционира и со шолја топол чај или какао.rnrnДоколку меурчињата брзо се „разбегаат“ спрема работ на шолјата, тоа е добар знак, односно значи дека чисто небо и добро време нѐ очекува во текот на наредните 12 часа.rnrn
rnrnДоколку меурите подолго се задржат во средината на шолјата, може да се очекува дожд во наредните 12 часа. Доколку меурите бавно се движат кон работ на шолјата, може да се очекува променливо време, но би требало да се стабилизира во наредните неколку часа.rnrnТеоријата која стои зад овој трик, се објаснува на тој начин што доколку притисокот на воздухот е висок, тој ќе ги истурка меурчињата кон аглите на шолјата, а високиот притисок индицира топло и мирно време. Нискиот воздушен притисок кој обично носи немирно време, нема да ги помести меурчињата.rnrnОвој трик е познат уште многу одамна, кога бил објавен во „Backpacker Magazine“. Па доколку планирате од одите некаде надвор на кампување, каде што нема да имате пристап до интернет конекција за да ги проверите временските услови, пробајте го триков и кажете ни дали ви бил од корист.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
