Шолјата кафе е редовен ритуал и омилен пијалак на голем број луѓе и за разлика од чаевите и соковите кои ги пиеме во различни вкусови, повеќето луѓе секогаш нарачуваат исто кафе, коешто открива по нешто за нивниот карактер.rnrn
rn
Кафе без кофеин за оние кои сакаат да играат на сигурно
rnПлашливите и несигурни луѓе одбираат бескофеинско кафе. Тие не сакаат возбудувања, се држат до зададените граници и во животот сакаат да играат само на сигурно.rn
Дупло еспресо за хедонистите
rnДуплото еспресо е избор на експлозивните луѓе, кои тешко се концентрираат само на една работа. На животот гледаат како на нешто во кое треба да се ужива со сите свои сетила. Сите оние кои сакаат да се впуштат во љубовна врска со нив, треба да знаат дека ќе им биде потребна многу енергија за да можат да останат во чекор.rn
Капучино за романтичарите
rnОбожавателите на капучино се таинствени и романтични души. Иако честопати изгледаат како да се повлечени во себе, кога ќе ви дозволат да ги запознаете, ќе ви покажат дека се креативни луѓе, богати со бујна фантазија.rn
Макијато за посветените и одговорните
rnВо макијато уживаат префинетите и добро образовани луѓе, а мала шолја од овој пијалак им пружа дозирано задоволство во текот на денот. Во животот сѐ завршуваат на време па дури и предвреме, така што на нив секогаш можете да се потпрете.rn
Инстант кафе со карамела и чоколаден прелив за веселите
rnОние кои сакаат да пијат кафе со додатни вкусови од карамела, чоколадо или ванила се весели и забавни личности кои не мируваат ниту еден миг. Тие се зависници од шеќер, а кафето реално не им се ни допаѓа, па затоа го маскираат со други вкусови.rn
Кафе со млеко од соја за опседнатите со своето здравје
rnОние кои пијат кафе со соино млеко, своето тело го сметаат за свет храм. Се грижат за здравиот начин на живот и правилната исхрана, но некој треба да им даде до знаење дека понекогаш мораат малку да се релаксираат и да уживаат во животот.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
