КАФЕ ПАУЗА

9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знае

За многумина, кафето е еликсир на животот и го претставува сечиј почеток на денот. Доколку и вие спаѓате во оваа група луѓе, тогаш прочитајте ги овие интересни факти за вашиот омилен пијалак без кој сме сигурни дека не можете да си го замислите вашиот живот.rnrn9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знаеrn

1. Ниеден енергетски пијалак нема толку кофеин како шолјата кафе

rnНекои од најјаките енергетски пијалаци содржат околу 150 милиграми кофеин, што е скоро дупло помалку од големите шолји јако кафе.rn

2. Лесно е да се стане зависен од кофеин

rnАко секојдневно внесувате 150 милиграми кофеин во организмот, многу е возможно да станете зависни од него. Кога често уживате во кафето, а потоа одеднаш престанете да го консумирате, можете да искусите симптоми како недостаток на енергија, раздразливост и главоболки.rn

3. Кафето може многу брзо да ве разбуди

rnДоволни се само 10 минути за кофеинот да почне да делува во вашиот организам.rn

4. Зрната кафе воопшто не се зрна

rnОд технички аспект, зрната кафе се всушност плодови.rn

5. Првата веб камера е направена благодарение на кафето

rnМожеби ви звучи чудно, но во 1991 година на Универзитетот Кембриџ во Англија на луѓето им здодеало да шетаат лево-десно со цел да видат дали бокалот за кафе е полн или празен. Така, им дошла идеја и направиле веб камера која го снимала бокалот. Можеби треба да сме му благодарни на кафето за Скајп.rn

6. САД трошат најмногу кафе годишно

rnАмериканците консумираат премногу кафе. Истражувањата покажуваат дека тие пијат и до 400 милиони шолји кафе дневно. На годишно ниво тоа е 146 милијарди шолји кафе.rn

7. Кафето најдобро разбудува од 90:00 до 11:30 часот

rnТоа е така затоа што хормонот кортизол, кој го претставува часовникот на нашиот организам, стапува во хемиска реакција со кофеинот. Ако го пиете кафето рано наутро кога нивото на кортизол е високо, може да дојде до спротивен ефект и од тоа ќе ви се пие уште повеќе кафе.rn

8. Јохан Себастијан Бах напишал цела кантата за девојката која била зависна од кафе

rnrn

9. Зошто кафето има подобар мирис отколку вкус?

rnНаучниците тврдат дека тоа е така поради тоа што имаме две сетила за мирис: мирисот кој го чувствуваме од околината и мирисот кој го чувствуваме кога кафето е во нашата усна празнина. Кафето има подобар мирис кога го мирисаме додека го пиеме, бидејќи кога ни е во устата нашите рецептори за вкус го уништуваат тој мирис.