КАФЕ ПАУЗА

Category: Факти и сознанија

  • 10 знаци дека сте во сериозна врска со кафето

    10 знаци дека сте во сериозна врска со кафето

    Кафето е омилениот пијалак на многумина. Голем број луѓе не можат да го замислат почетокот на денот без шолја кафе. Ако спаѓате во оваа група и ако навистина уживате во кафето, сигурно ќе се препознаете во овие знаци.rnrn10 знаци дека сте во сериозна врска со кафетоrn

    1. Тоа е првото нешто на коешто помислувате откако ќе се разбудите

    rnЕдвај ви се отворени очите, а веќе почнувате да го подготвувате вашето кафе. Пред вас гледате само полни шолји. Мора да се напиете веднаш.rn

    2. Има способност да ви го промени целиот ден

    rnГи знаете оние денови кога ништо не оди по план? Само што ќе помислите дека сè ќе тргне на лошо, се појавува кафето. Птиците продолжуваат да пеат, а облаците веќе не изгледаат толку мрачно. Кафето повторно ве спасило.rn

    3. Чудно ви е кога некој повеќе сака чај

    rnМожеби нема да кажете на глас, но кога некој ќе каже дека повеќе сака чај вие се чувствувате навредено. Едноставно не можете да ги сфатите овие луѓе.rn

    4. Сите знаат колку многу сакате кафе

    rnКако што вљубените зборуваат за нивниот партнер, така и вие не можете да престанете да зборувате за она што го сакате најмногу. Секогаш наоѓате начин да го спомнете кафето, макар и да дадете само мал коментар.rn

    5. Знаете дека далечината зближува

    rn…но тоа не значи дека сакате да го тестирате ова. Среќни сте со кафето и не сакате да се разделите од него.rn

    6. Се чувствувате како да сте изневериле ако отидете во друга кафетерија

    rnАко навистина сакате кафе, голема е веројатноста да имате и омилена кафетерија. А кога земате кафе од друго место, се чувствувате како да сте изневериле. Вие сте посветени на една кафетерија и на еден бренд кафе.rn

    7. Потребно ви е

    rnНе можете да го замислите вашиот ден без барем една шолја кафе и воопшто не ви е срам да го признаете ова. Можеби не ја сакате оваа врска, но потребна ви е. Се разбира, можете да ја прекинете кога сакате.rn

    8. Аромата ве опушта

    rnДали ве смирува мирисот на личноста што ја сакате? Истото го чувствувате и со кафето и знаете дека е многу подобро.rn

    9. Помислувате на кафе кога слушате романтични песни

    rnКафето постојано е во вашите мисли. Дури и романтичните песни ве тераат да помислите на него.rn

    10. Не можете да се сетите на период без кафе

    rnСигурно не сте пиеле кафе уште од мали, но за вас е бизарно да помислите дека имало период кога кафето не било важен дел од вашиот живот. Можеби звучи драматично, но вашиот живот се променил по првата шолја кафе.rnrnПрочитајте ги и овие неочекувани нешта што секој љубител на кафето би сакал да ги знае.

  • 12 изненадувачки состојки коишто можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживување

    12 изненадувачки состојки коишто можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживување

    Дури и ако сте искрен љубител на оригиналниот вкус на кафето, сигурно одвреме-навреме ви станува малку монотон, па сакате да го промените и да уживате во неговите различни варијации. Но, дали сте знаеле дека освен стандардните додатоци како млеко, шеќер и чоколаден прелив, постојат и многу други состојки коишто можете да ги ставите во вашето кафе за тоа да добие нов, уникатен вкус? Продолжете да читате, за да дознаете кои 12 состојки можат да го збогатат и изменат вкусот на вашиот омилен кофеински пијалак.rnrn12 изненадувачки состојки коишто можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживување rn

    1. Кафе со цимет

    rnДоколку најчесто преферирате да го пиете вашето кафе со млеко и засладувач, тогаш циметот со сигурност ќе го трансформира вашето досегашно искуство со кафе. Циметот не само што ќе му даде впечатлив и пријатен мирис и вкус на вашето кафе, туку истовремено ќе ви помогне и околу зајакнувањето на вашиот имунолошки систем и намалувањето на нивото на шеќерот во крвта.rnrn12 изненадувачки состојки коишто можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживување rn

    2. Кафе со путер

    rnДодавањето путер во кафето, стана популарна пракса кај сите приврзаници на палео диетата, но сè повеќе се популаризира и кај сите останати уживатели на кафе. Идејата којашто стои зад ова кафе, е дека кога ќе се помеша со путер, тоа согорува повеќе калории. Дејв Аспреј – основачот на ова кафе т.н. „Непробојно кафе“ (Bulletproof Coffee) тврди дека комбинацијата од кафе и путер му дава на нашето тело енергија, којашто организмот потоа брзо ја користи и согорува. Тоа значи дека ако телото постојано согорува калории, ќе започне и да го топи вишокот масти коишто се складирани во телото. Секако, за овој рецепт е важно и каков путер користите. Доколку решите да му дадете шанса на ова кафе, додајте му несолен путер, богат со антиоксиданси, направен од млеко од крави коишто се хранеле исклучиво со трева и сено.rnrn12 изненадувачки состојки коишто можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживување rn

    3. Кафе со топка сладолед

    rnДодавањето топка сладолед во вашето кафе, воедно значи дека ќе му додадете и екстра калории на вашиот омилен пијалак. Но, доколку ваквото кафе го пиете повремено, тогаш идејата не е воопшто лоша. Кафето со сладолед, не е ништо ново. Поточно германскиот пијалак „Eiskaffee“ (Ледено кафе) означува токму тоа, голема топка сладолед од ванила во чаша, врз којашто се налева жешко кафе.rnrn12 изненадувачки состојки коишто можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживувањеrn

    4. Кафе со сол

    rnДодавањето сол во кафето е познат трик за намалување на неговата горчливост, па доколку го пиете без или со малку засладувач и не ви се допаѓа вкусот, пробајте да му додадете прстофат сол и уживајте во намалената горчина.rnrn12 изненадувачки состојки коишто можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживувањеrn

    5. Кафе со јајце

    rnМожеби додавањето јајце во кафе ви звучи како некој трик на бодибилдерите коишто сакаат да го зголемат дневниот внес на протеини, но овој рецепт во суштина потекнува од Скандинавија. За да го подготвите, потребно е да измешате едно сирово јајце со кафе и со малку вода за да добиете густа текстура. Потоа, подготвената смеса ставете ја во тенџере, во коешто ќе додадете уште вода и ќе ја варите околу 3 минути. На крајот, процедите го низ цедалка, за да го отстраните вишокот парчиња од зрната кафе и јајцето. Крајниот резултат е мазно, вкусно, жолтеникаво кафе, коешто горчи помалку од вообичаеното, а е полно со хранливи материи.rnrn12 изненадувачки состојки коишто можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживувањеrn

    6. Кафе со кардамом

    rnИсто како и циметот, така и кардамомот е уште еден зачин којшто ќе го цени секој стандарден консумент на кафе. Тој му дава малку попикантен вкус на кафето за разлика од циметот, но неговата блага нијанса ќе направи да заборавите дека некогаш ви било потребно да додавате шеќер во вашето кафе.rnrn12 изненадувачки состојки коишто можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживување Продолжува на следната страница…rn

  • Неочекувани нешта што љубителите на кафе би сакале да ги знаат

    Неочекувани нешта што љубителите на кафе би сакале да ги знаат

    Ако пиете кафе секое утро, вие сте само еден од милионите љубители на овој пијалак низ целиот свет. Повеќе од 2,25 милијарди кафе се консумираат секој ден, а ова ја докажува неговата популарност. Но, колку всушност знаете за овој пијалак?rn

    1. Не постои силно кафе

    rnНеочекувани нешта што љубителите на кафе би сакале да ги знаатrnrnИзгледа дека не постои кафе што е силно. Невозможно е да се одреди јачината на кафето. Кафето се оценува според многу различни параметри.rn

    2. Вистинското време за кафе

    rnНеочекувани нешта што љубителите на кафе би сакале да ги знаатrnrnАко пиете кафе за да се чувствувате посвежо, потребно е да го одберете вистинското време. Можете да го одредите времето според нивото на кортизол во вашето тело. Повеќето луѓе имаат високо ниво на кортизол помеѓу 8 и 9 часот наутро. Следното покачување е помеѓу 12 и 1 часот попладне, а последното е од 5 и 30 до 6 и 30 часот попладне. Најдобро е да пиете кафе откако ќе се почувствувате изморено. По последното покачување се препорачува да не пиете кафе бидејќи нема да можете да заспиете.rn

    3. Интеракција со лекови

    rnНеочекувани нешта што љубителите на кафе би сакале да ги знаатrnrnГерманските научници откриле дека интеракцијата помеѓу кофеинот и аналгетиците го зголемува нивното дејство.rn

    4. Траење на ефектот

    rnНеочекувани нешта што љубителите на кафе би сакале да ги знаатrnrnАко испиете шолја кафе во 9 часот наутро, до 1 часот попладне во вашето тело ќе има 100 милиграми кафе. Ако го испиете кафето веднаш по 3 часот попладне, ќе останете свежи до легнување.rn

    5. Смеленото кафе „живее“ 15 минути

    rnНеочекувани нешта што љубителите на кафе би сакале да ги знаатrnrnАко смелете свежи зрна кафе, не оставајте ги така, туку консумирајте ги во рок од 15 минути. После овој период кафето го губи вкусот, се менува и нема да го разликувате од обично кафе.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 8 вкусни начини да го направите вашето кафе поздраво

    8 вкусни начини да го направите вашето кафе поздраво

    Кафето е пијалак кој го консумираат многумина. Иако пиењето кафе има многу здравствени придобивки, понекогаш може да го намали вашиот апетит. За да не го изгубите апетитот и да ја направите шолјата кафе малку поздрава, прочитајте ги овие совети.rn

    1. Избегнувајте вештачки засладувачи и рафиниран шеќер

    rn8 вкусни начини да го направите вашето кафе поздравоrnrnМожеби изгледа очигледно, но кафето само по себе е здраво. Обично го претворате во нешто штетно кога му додавате шеќер. Многу популарни верзии на кафето се полни со вештачки засладувачи и рафиниран шеќер. Поради високото количество фруктоза во шеќерот, тој може да предизвика сериозни нарушувања како дебелина и дијабетес. Ако не можете да го поднесете вкусот на кафето без шеќер, користете природен засладувач како стевија.rn

    2. Одберете квалитет наместо квантитет

    rn8 вкусни начини да го направите вашето кафе поздравоrnrnКвалитетот на кафето може да варира и зависи од преработката и начинот на кој се одгледани и печени зрната кафе. Во многу случаи на дрвото потребни му се дури 5 години за да произведе 4,5 килограми кафе. Поради ова фармерите често го прскаат кафето со синтетички пестициди и хемикалии кои воопшто не се наменети за консумирање. Овие хемикалии го забрзуваат растот на секое дрво и постојат многу шпекулации за нивното влијание на луѓето. Ако сте загрижени за пестицидите во вашето кафе, купувајте органско кафе од квалитетен бренд.rn

    3. Додајте малку цимет

    rn8 вкусни начини да го направите вашето кафе поздравоrnrnЦиметот е одличен зачин што ќе му даде интересен вкус на вашето кафе. Истражувањата покажале дека циметот може да ја намали гликозата во крвта, како и нивото на холестерол. Тој е полн со антиоксиданси и може да го намали и ризикот од срцеви болести.rn

    4. Додајте малку какао

    rn8 вкусни начини да го направите вашето кафе поздравоrnrnКакаото, како и циметот, е богато со антиоксиданси и има многу здравствени придобивки. Покрај тоа што го намалува ризикот од срцеви заболувања, какаото помага во слабеењето и ги штити невроните. Покрај тоа го подобрува и расположението.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Како влијае кофеинот врз вас и колку навистина може да ве држи будни?

    Како влијае кофеинот врз вас и колку навистина може да ве држи будни?

    Кофеинот ни помага брзо да ги разбудиме умот и телото и да можеме да се ставиме „во погон“ за задачите кои нè чекаат во текот на денот. Но, дали една доза ќе може да „држи“ цел ден и што можете да направите за да бидете ефикасни на работа, без да треба да се предозирате со кофеин? Кога влегува во организмот, кофеинот брзо го стимулира нервниот систем и го забрзува крвниот притисок, а со тоа и енергијата и расположението.rnrnКако влијае кофеинот врз вас и колку може навистина да ве држи будни?rnrnСекоја личност различно реагира на кафето. Кај некои не влијае врз сонот, додека кај други може да предизвика тахикардија. Оние кои имаат проблеми со спиењето или со кардиоваскуларниот систем треба да го ограничат консумирањето според индивидуалната потреба. Сепак, да ги разгледаме факторите кои влијаат врз тоа колку ќе трае дејството на кофеинот кај една здрава личност.rn

    Колку време му треба на метаболизмот да го преработи кофеинот?

    rnВо просек, трошиме половина од количината на кофеинот во следните пет часа откако ќе го испиеме. Најизразено дејство има во првите 15 до 45 минути. Многу луѓе во овој период чувствуваат наплив на енергија и потреба за уринирање, но овие симптоми исчезнуваат по првиот час.rnrnСекое тело кое е редовно изложено на кофеин со тек на време станува отпорно на него, а оние пак, кои се почувствителни, дејството може да го чувствуваат и следниот ден. Генерално земено, нема правила и ограничувања. Како и за сè друго, ефектот зависи од земената доза, но и од личните карактеристики на лицето, како што се телесна маса, возраст и индивидуална чувствителност на кофеин.rnrnКако влијае кофеинот врз вас и колку може навистина да ве држи будни?rn

    Кои продукти содржат кофеин?

    rnКофеинот најчесто може да се најде во сите видови кафе, но го има и во црниот, зелениот и белиот чај, потоа во газираните пијалаци (особено во таканаречените црни сокови) и во енергетските пијалаци. Исто така, го има и во какаото и темното чоколадо, во сладоледите со вкус на кафе, производи кои содржат гуарана, во енергетските прашоци, протеинските житни плочки, во лекови против главоболка и во пилулите и капсулите за слабеење.rn

    Колкави количини кофеин има во овие производи?

    rnВо 30 милилитри свежо сварено кафе од мелени зрна има околу 95 милиграми, додека во еспресото има 64 милиграми кофеин. Во една шолја црн или зелен чај има 47 милиграми кофеин, а во половина литар енергетски пијалак има околу 160 милиграми. Најчесто, содржината на кофеинот е наведена на декларациите на производите.rnrnКако влијае кофеинот врз вас и колку може навистина да ве држи будни?rn

    Дали кофеинот влијае врз мајчиното млеко?

    rnБремените жени треба да консумираат кофеин во што помали количини, а во сосема мала концентрација може да се пренесе и преку мајчиното млеко. Најчесто, ако помине доволно време помеѓу пиењето кафе и доењето, кофеинот никако нема да влијае врз бебето, но секако, не смее да се претерува со испиената количина.rn

    Како кофеинот влијае врз спиењето?

    rnЦелосниот ефект може да се почувствува во текот на целиот ден. Како што веќе споменавме, сето ова зависи само од индивидуалната толеранција на секој засебен организам. Додека едни нема да почувствуваат никаков проблем, други можеби нема да заспијат цела ноќ поради едната шолја кафе која ја испиле утрото. Во просек, една здрава возрасна личност може да испие 200-300 милилитри кафе без да почувствува последици по спиењето.rnrnДоколку се сомневате дека токму кофеинот ви предизвикува проблеми ноќе, тогаш ограничете го или целосно исфрлете го. Обидете се пред спиење да применувате техники за опуштање како јога и медитација или вежби за рамномерно дишење. Исто така, воспоставете рутина и внесувајте кофеин во точно определен дел од денот, за да можете да воспоставите правилен циклус на спиење и будност без несакани влијанија.rnrnКако влијае кофеинот врз вас и колку може навистина да ве држи будни?rn

    Несакани ефекти од кофеинот

    rnНекогаш е тешко да забележиме дека претеруваме со кафе или друг кофеински производ, но овие симптоми можат да ви укажат дека сте претерале:rn

      rn 011

    • нервоза
    • rn 011

    • болка во стомакот и дијареја
    • rn 011

    • неправилни отчукувања на срцето и забрзано дишење
    • rn 011

    • несоница и немир
    • rn 011

    • напади на анксиозност
    • rn

    rnИсто така, не смеете и нагло да го прекинете внесот на кофеин, бидејќи може да почувствувате проблеми со концентрацијата, главоболка и мигрена, вознемирени црева, несвестица или мачнина.rnrnСледете ги симптомите и слушајте го телото, тоа самото ви кажува кога има потреба од нешто или кога е презаситено. Секако, обидете се на што поприроден начин да го регулирате нивото на енергија, односно со активен живот, здрава исхрана и квалитетен сон.rnrnДознајте кога кафето и кофеинот престануваат да работат.

  • Ако сакате кафе, проверете дали ги правите овие грешки при неговото купување, подготвување и пиење

    Ако сакате кафе, проверете дали ги правите овие грешки при неговото купување, подготвување и пиење

    Кога станува збор за храната и пијалаците, треба внимателно да ги избираме, но и соодветно да ги чуваме, подготвуваме и консумираме. Како што се однесуваме со виното или со шише виски, така треба да се однесуваме и со кафето, особено ако се декларираме како негови љубители.rnrnАко го сакате кафето, проверете дали ги правите овие грешкиrnrnВил Корби е сопственик на познатото „Пакт Кафе“ од Лондон, кои секогаш на своите потрошувачи им сервираат свежо и вкусно кафе со различно потекло. „Пакт Кафе“ се занимава со набавка, обработка и достава на мелено кафе или на кафе-патрони за кафемат. Корби има 12-годишно искуство во оваа област и ги открива најчестите грешки кои се прават при нарачување, подготовка и консумирање на кафето.rn

    1. Не се однесувате кон кафето како кон зеленчукот или лебот

    rnКога купувате леб или зеленчук, секогаш го избирате најсвежото. Истото треба да го правите и со кафето. Според Корби, најдобар вкус добивате од свежо измелено кафе, кое било пржено пред еден или два дена. Затоа е подобро да го купите на мерење, наместо пакувано.rn

    2. Го чувате со месеци

    rnСо 250 грама мелено кафе можете да направите 15-20 дози. Доколку консумирате помалку, купувајте помали пакувања, за да можете да го имате најдобриот вкус цело време. Како што овошјето скапува, ферментира и менува вкус по некое време, истото се случува и со кафето. Отвореното пакување придонесува да се изгубат вкусот и аромата.rnrnАко го сакате кафето, проверете дали ги правите овие грешкиrn

    3. Измелената смеса треба да биде конзистентна

    rnБез разлика дали купувате цели или измелени зрна, важно е сувата смеса да биде конзистентна, а гранулите да се со слична големина. Премногу ситно измеленото кафе може да го направи вкусот погорчлив, додека премногу крупните парчиња го прават покисел. Ова важи и ако подготвувате филтер-кафе во машина или ако самите си варите турско.rn

    4. Кратка и брза подготовка

    rnИдеално време за подготовка на кафе во кафемат е околу четири минути. Тогаш топлината е идеална и се извлекува максималниот вкусот од зрната. Кафематите може да го подготват и за минута, но тогаш не го добивате тоа што треба.rn

    5. Не го чистите кафематот или бокалот веднаш по употребата

    rnВлагата и остатоците од искористеното кафе може да ѝ наштетат на вашата машина, да создадат идеална средина за развој на бактерии и мувла и да шират непријатен мирис. Свареното кафе префрлете го во друг сад и исчистете ја машината доколку не сакате мешање на вкусови со остатоците.rnrnАко го сакате кафето, проверете дали ги правите овие грешкиrn

    6. Го чистите апаратот, но не целосно

    rnГи отстранувате остатоците и/или филтер хартијата, но не плакнете со вода? Ова може да го забави процесот на подготовка, но и повторно да почувствувате вкус на заостанато кафе.rn

    7. Додавање млеко и шеќер иако за тоа нема потреба

    rnСпоред Корби, шеќерот и млекото се додаваат за да се прикрие лошиот вкус на кафето. Добро подготвеното и вкусно кафе воопшто не „бара“ да се додаде што било во него. Тој советува кога купувате ново кафе, да го пробате без никакви додатоци за да го почувствувате вистинскиот вкус, па дури потоа да заклучите дали има потреба од млеко или шеќер.rnrnАко го сакате кафето, проверете дали ги правите овие грешкиrn

    8. Купувате инстант кафиња

    rnСпоредено со меленото кафе или кафето во зрна, инстант кафето е многу поевтино, што ако се направи математиката, излегува дека е произведено од неквалитетни евтини зрна или од нивни остатоци. Со тоа, доведен во прашање е и квалитетот. Да, пијалакот сè уште има вкус на кафе, но прашање е колку од тоа потекнува од вистинско кафе што не ги изгубило својствата во текот на индустриската обработка.rn

    9. Не знаете колкава количина кофеин пиете

    rnМногу луѓе се во заблуда дека еспресото има повеќе кофеин од филтер-кафето (или слични компарации), но количината на кофеин зависи само од времето што е потребно за кафето да се подготви. Со подолго варење, се користи поголема количина кофеин од сувата смеса, па затоа ако имате потреба од поголема доза, изберете кафе што се прави подолго.rnrnЗабавувајте се и со овој тест со кафе кој ќе открие каква личност сте.

  • Зошто треба да почнете да ставате кокосово масло во вашето кафе?

    Зошто треба да почнете да ставате кокосово масло во вашето кафе?

    Кокосовото масло може да се користи за многу работи. Правите кари? Пржете го зеленчукот во кокосово масло. Ви треба природен отстранувач на шминка? Ставете го на вашето лице пред спиење и измијте го. Кокосовото масло со сладок мирис дефинитивно може да послужи за повеќе намени. Но, дали знаете која е најновата употреба на овој сестран херој? Почнете да го ставате во вашето кафе.rnrnЗошто треба да почнете да ставате кокосово масло во вашето кафе?rnrnМногу луѓе почнаа да додаваат 1-2 лажички кокосово масло во нивната утринска шолја кафе. Многумина ја нарекуваат оваа напивка кето кафе, а некои ја мешаат и со растителен путер за да направат моќно кафе што заситува и помага во битката со вишокот килограми.rnrnПа, кои се придобивките од оваа комбинација? Кокосовото масло е природен извор на триглицериди со среден синџир (MCT), вид заситени масни киселини што телото ги апсорбира многу побрзо за разлика од другите масти. Според луѓето што ја практикуваат оваа рутина, доколку ја додадете оваа комбинација во вашата исхрана, ќе го намалите чувството на глад, ќе го забрзате метаболизмот и ќе ја зголемите вашата енергија. Не се знае дали ова навистина функционира (многу експерти се скептични), но сепак станува збор за голем тренд кој многу брзо се распространува.rnrnНајверојатно се прашувате каков е вкусот. Некои велат дека е кремаст и вкусен, а други дека е масен и по малку одвратен. Најдобро е да го изблендирате маслото во кафето, наместо само да промешате со лажичка.rnrnСѐ уште се двоумите дали да пробате? Ако се обидувате да внесувате помалку калории и масти, тогаш најверојатно треба да го одбегнете овој тренд. Но, ако се интересирате за кето диетата или сакате да го замените кремот од карамела и шлагот со нешто поздраво, слободно пробајте и додадете кокосово масло во вашето утринско кафе.rnrnДоколку сакате вашата утринска напивка да биде уште повкусна, пробајте го ова неодоливо кафе со вкус на кокос и карамела.

  • Предности и недостатоци од пиењето кафе

    Предности и недостатоци од пиењето кафе

    Ако сте како поголемиот дел од населението, сигурно сте го започнале денот со барем една шолја кафе. Но, од здравствена гледна точка, репутацијата на кафето не е најдобра. Тврдењето дека животот без кафе е поздрав потекнува, барем делумно, од истражувања од 70-тите кои го поврзале консумирањето кафе со болести на срцето и некои видови рак. Но подоцна овие резултати биле побиени бидејќи не се земале предвид другите нездрави навики, како пушењето цигари, кои биле поврзани со пиењето кафе во тој период.rnrnПредности и недостатоци од пиењето кафеrnrnИ покрај поквалитетните истражувања кои понекогаш дури и го сметаат кафето за здраво, гуруата за здравје продолжуваат да ја критикуваат оваа навика. Сепак, кафето си има и добри и лоши страни, па добро е да бидете информирани за двете со цел да можете да донесете подобра одлука дали да продолжите со оваа навика или не…rn

    Добри страни

    rnНауката во изминатите децении укажува на неколку здравствени придобивки од кафето. Во многу истражувања луѓето кои пијат кафе имале помал ризик од дијабетес тип 2, мозочен удар, болести на срцето, деменција и одредени видови рак.rnrnДве нови истражувања од јули минатата година покажале дека луѓето кои пијат кафе имаат пониска стапка на смрт од која било причина, вклучувајќи рак, дијабетес и болести на бубрезите. Покрај тоа, оние кои пиеле 2-3 шолји кафе дневно имале помал ризик од смрт за разлика од оние кои пиеле само 1 шолја дневно. Кафето е всушност водечки извор на антиоксиданси во модерното општество. Сепак, овие истражувања треба да се толкуваат внимателно.rnrnСпоред доктор Карла Клокејд, постои поголема веројатност здравите луѓе да одберат кафе или други кофеински пијалаци за разлика од помалку здравите. Со други зборови, истражувањето можеби одбирало луѓе кои имаат општо подобро здравје, па ова го отежнува одредувањето на влијанието на кафето.rnrnСепак, многу експерти тврдат дека врската помеѓу кафето и здравјето е научно возможна поради високото количество антиоксиданси. Иако и обичното и безкофеинско кафе имаат антиоксиданси, кафето со кофеин има и уште некои придобивки. Кофеинот има и неколку краткотрајни придобивки – ги зголемува концентрацијата, менталната енергија и вниманието. Ова сигурно им е познато на сите кои не можат да се расонат без шолја кафе.rn

    Лоши страни

    rnКафето, со или без кофеин, е познато дека ги влошува болестите на гастроинтестиналниот тракт. Па, ако имате киселини или болки во стомакот кога пиете кафе, подобро е да се држите настрана од него. Оние кои имаат проблеми со спиењето исто така треба да бидат повнимателни. Едно истражување покажало дека пиењето кафе 6 часа пред спиење може да има лошо влијание на сонот.rnrnСекој љубител на овој пијалак може да ви каже дека друга лоша страна на кафето е зависноста. Ако овие луѓе ја прескокнат утринската доза, може да имаат главоболки, како и да чувствуваат замор и раздразливост. Но само мал дел од љубителите на кафе велат дека оваа зависност ги тера да престанат да пијат кафе. Оние кои се откажуваат од кафето се ослободуваат од симптомите за неколку денови.rnrnИсто така постои опасност од премногу кофеин. Предозирањето со кофеин може да води до анксиозност, проблем со стомакот и нерамномерно чукање на срцето. Во главно овие ефекти се гледаат по консумирани 400 милиграми кофеин, односно 4 шолји кафе.rnrnНакратко, пиењето кафе е безбедно. Иако многу критичари тврдат дека кафето со кофеин може да предизвика дехидратација, оваа појава трае кратко и не се јавува кај луѓето кои редовно пијат кафе. Истото важи и за крвниот притисок. Кофеинот може да го покачи крвниот притисок кај луѓе кои не го консумираат редовно. Луѓето кои постојано пијат кафе речиси и да не чувствуваат ефект на крвниот притисок од кофеинот.rn

    Заклучок

    rnМожете да уживате во утринската шолја кафе без грижа на совест. Сепак треба да имате на ум дека нема доволно докази кои би го охрабриле консумирањето кафе. Потребни се повеќе истражувања за да се утврди какво е навистина влијанието на кафето врз здравјето на човекот. За мнозинството луѓе, умереното консумирање е навика со мал ризик која можеби ќе се претвори во едно од поздравите нешта што ги прават.rnrnДали знаете како влијае кафето на здравјето и изгледот на вашата кожа?

  • Како стратешки да пиете кафе за да ја зголемите вашата продуктивност?

    Како стратешки да пиете кафе за да ја зголемите вашата продуктивност?

    Речиси сите имаат чудна врска со кафето, полна со љубов и омраза. Знаете дека премногу кафе не е добро за вас, но исто така знаете и дека тоа е одличен извор на енергија. Дури и ако земете мала доза кофеин, вашето тело ќе го исфрли за 8 до 14 часа, а потоа ќе се чувствувате мрзливо, а понекогаш и лошо. Но дали знаевте дека ако пиете кафе со стратегија, наместо по навика, ќе имате резервоар со енергија кој постојано ќе ви биде на дофат?rnrnКако стратешки да пиете кафе за да ја зголемите вашата продуктивност?rn

    Пиење кафе со стратегија

    rnКрис Бејли, авторот на книгата „Проектот продуктивност“ (The Productivity Project) сфатил дека му било доста од мамурлакот од кофеин, но не сакал да се откаже од кафето. Па решил да проба нешто малку поинакво – консумирал кафе пред да прави нешто важно. На пример, пиел кафе пред да држи презентација, да пишува нешто или пред да заврши некоја обврска. Без разлика каква била задачата, важно било дека барала фокус и мозочна енергија. Целта на експериментот била едноставна: Како да искористите најмногу од ефектот на кафето пред да го почувствувате „мамурлакот“ од него?rnrnКофеинот го спречува мозокот да ја апсорбира хемикалијата наречена аденозин. Аденозинот му дава знак на вашиот мозок дека сте уморни. Иако кофеинот го блокира апсорбирањето на хемикалијата, таа сепак се насобира. Кога поминува дејството на кофеинот, вашиот мозок го апсорбира наталожениот аденозин. Токму поради ова одеднаш се чувствувате уморно и сакате да спиете. Но ако пиете кафе или кој било кофеински пијалак со стратегија, подобро ќе го искористите времето кога вашиот мозок е „имун“ на аденозин.rn

    Кога не можете да пиете кафе?

    rnПред да почнете да консумирате пијалаци со кофеин, важно е да следите некои правила. Не може да пиете благи или алкохолни пијалаци со кофеин. Овие пијалаци имаат свои недостатоци кои ќе направат да се чувствувате уште поизморено откако ќе помине дејството на кофеинот. Наместо тоа, одберете зелен или друг чај со кофеин. Овие чаеви се полни со антиоксиданси кои ќе ви помогнат да го забавите и да го регулирате мамурлакот од кофеин.rn

    Кога да консумирате кофеин?

    rnНемојте да го користите кофеинот како лек. Целта е да го искористите прозорецот на продуктивност, а не да го консумирате до крајот на денот. Исто така, важно е да избегнувате кофеин ако планирате да работите нешто креативно. Некои истражувања покажале дека кофеинот ѝ штети на активноста на десната страна на мозокот. Ако ви одговара со распоредот, консумирајте кофеин помеѓу 9:30 и 11:30 часот. Во овој период тој ќе има најголемо влијание на вашата енергија, бидејќи токму во овој период најголеми се шансите да се чувствувате изморено. Се разбира, избегнувајте кофеин 8 часа пред да одите на спиење за да не ви го наруши сонот. rnrnБидејќи недостатокот од кофеин ќе го почувствувате околу 8 до 12 часа по консумирањето, испијте шолја кафе 12 часа пред да одите на некое долго патување. Ова ќе ви помогне да го преспиете патот.rn

    Кој може да пие кофеин?

    rnСе разбира, ако сакате да пиете кафе или други кофеински пијалаци, никој не може да ве сопре. Но, важно е да знаете дека тие имаат различно влијание кај секого. Се покажало дека кофеинот прави интровертите да постигнат послаби резултати кога се под притисок или ограничени со време. Причината за ова е тоа што интровертите се стимулирани од нивното опкружување, а стимулацијата од кофеинот може да им создаде голем притисок. Интересно е што за екстровертите се покажал сосема спротивен ефект. Ако сте социјална и отворена личност, консумирањето кофеин пред некоја важна задача може да биде одличен избор за вас. За амбивертите, луѓето кои се наоѓаат на средината, најдобро е да консумираат кофеин со стратегија.rn

    Што е најдобро за вас?

    rnДел од стратегијата вклучува и експериментирање. Можеби шолјата во 6 часот наутро ќе ве држи само до 10 часот. Или пак можеби треба да пиете кафе малку покасно, кога нивото на кортизол природно се намалува. Она што е важно е да откриете што ви одговара најмногу и ќе се изненадите од разликата што може да ја направи една шолја кафе.rnrnДознајте и кога треба да пиете кафе според вашиот личен хронотип.

  • Пијте кафе како вистински Италијанци

    Пијте кафе како вистински Италијанци

    До некаде, Италијанците го измислија начинот на кој остатокот од светот го подготвува и служи кафето. Ако кафето има духовен дом, тоа без сомнение е Италија.rnrnКако да пиете кафе како вистински ИталијанциrnrnСтранските обиди да се прилагодат кафињата во чудни милкшејкови и фрапучина се смета за сквернавење во Италија, каде што кафето се служи традиционално. Многу интернационални ланци допрва треба да отворат кафетерии овде, додека независните кафетерии кои се опремени со професионални шанкери и келнери ги има насекаде. Некои кафетерии датираат уште од раниот 18-ти век. Caffе Fiori во Торино му служел кафе на Ниче, а кафетеријата Gran Caffe Renzelli е семеен бизнис уште од 1803 година.rn

    Нарачување

    rnКако да пиете кафе како вистински ИталијанциrnrnГледајте го вашето прво италијанско кафе како неофицијална церемонија. Прво правило – немојте да порачате дупло лате од ванила со шлаг. Повеќето италијански кафиња се порачуваат со еден збор. Обичното кафе претставува еспресо. Макијатото претставува еспресо со малку млеко. Американо е еспресо со повеќе жешка вода за подолго пиење. Кралот на белите кафиња е капучиното – еспресо со топло млеко, а понекогаш и трошки од чоколадо.rnrnВо Италија нема разни големини на кафиња. Стандардното капучино го служат во порцеланска шолја од 180 милилитри. Обезмастеното млеко речиси и да не постои, но можно е да најдете кафе без кофеин. Внимавајте ако порачувате лате. Зборот „latte“ на италијански значи млеко, па тоа и ќе добиете. Ако порачате кафе лате, ќе добиете топло млеко со малку кафе.rn

    Пауза

    rnКако да пиете кафе како вистински ИталијанциrnrnВо Италија речиси и да не постои опцијата кафе за носење. Освен на железниците, ретко ќе најдете кафе за носење. Без разлика дали се брзате, се очекува да седнете во кафетеријата. Италијанците не се навикнати да седат на кафе со часови. Паузата за кафе е позната како „una pausa“, и буквално го претставува тоа. Земете залак од печивото, голтнете го еспресото, разменете неколку зборови со келнерот за некој политички скандал и заминете си.rnrnТрадиционално, капучиното се пие наутро. Некои дури сметаат дека е грешка да се пие по 10 часот наутро. Сепак, пиењето капучино попладне или навечер не е нелегално, но ќе биде добро да се извините кога порачувате.rn

    Вкус

    rnКако да пиете кафе како вистински ИталијанциrnrnЕдно од најубавите нешта за италијанското кафе е тоа што без разлика во кој дел од државата се наоѓате, квалитетот е одличен. Колку што ги сакаат тестенините, Италијанците го сакаат кафето многу печено, горко и со кафеава пена. Нема да најдете овошни вкусови или уметност на кафе во Италија. Никој не сака да чека 10 минути за келнерот да му подготви кафе. Брзината на италијанските шанкери е навистина неверојатна.rn

    Варијации

    rnКако да пиете кафе како вистински ИталијанциrnrnИако едноставноста е најдоброто нешто, кафе културата овозможува и мали варијации од кои некои се регионални. Caffè corretto (кафе корето) е еспресо со малку алкохол. Doppio (допио) е дупло еспресо кое е најдобро за мамурлак или кога сте уморни. Ristretto (ристрето) е еспресо со помалку вода, но со иста јачина. Cappuccino scuro (капучино скуро) е капучино направено со помалку млеко. Bicerin (бичерин) е специјалитет од регионот Пиемонт, особено Торино, и постои околу 200 години. Направено е од слој еспресо, топло чоколадо и млеко и се служи во стаклена чаша. Слично е и marocchino (марокино), уште еден изум од Пиемонт кое претставува мешавина од еспресо, какао и млеко.rnrnИскористете ја оваа шанса и да дознаете како да направите оригинално турско кафе.