Најчестата навика која многумина практикуваат да ја прават наутро е пиењето кафе. Според многубројните научни истражувања познато е дека кафето нема долготрајни негативни ефекти врз здравјето, но постојат неколку причини зошто тоа не треба да се консумира на празен желудник. Во продолжение прочитајте што се случува со организмот кога првото нешто што го разработува е кафето и зошто е подобро ако го пиеме со или после јадење.rnrn
rn
1. Се зголемува количината на желудочна киселина
rnЗголеменото количество на желудочна киселина предизвикува проблеми со варењето на храната кое може да се чувствува во текот на целиот ден. Високото ниво на киселост со тек на време може да доведе до сериозни проблеми во абдоменот како чир, синдром на нервозни црева и рефлукс. Кафињата со понизок квалитет обично се покисели, што може само дополнително да ја зголеми штетноста.rn
2. Се зголемува чувството на стрес и анксиозност
rnПиењето преголеми количини кафе може да предизвика стрес и анксиозност, а кога се консумира на празен желудник, проблемот уште повеќе се зголемува. Од друга страна, храната и варењето можат добро да влијаат на нашиот организам, посебно ако се одлучиме за поздрави продукти. За да се намали влијанието на кафето врз нервниот систем, секогаш пијте го во комбинација со закуски по ваш избор.rn
3. Се намалува нивото на хормоните
rnГлавната причина поради која се зголемува чувството на стрес и анксиозност е всушност хормоналната нерамнотежа која настанува под влијание на кофеинот. Утринското кафе на празен желудник може да влијае врз производството на серотонинот, невротрансмитерот кој е одговорен за чувствата на задоволство, среќа и благосостојба. Истражувањата врз 20-тина испитаници покажале дека оние кои престанале да консумираат кафе на празен желудник биле попозитивни и порасположени, и општо се чувствувале подобро.