КАФЕ ПАУЗА

Ова е првото кафуле во светот

Денеска кафето е задоволство кое го практикуваме како рутинска навика. Неминовно е нашата кафе пауза да ја искористиме релаксирајќи се во некое кафуле, а пак првото нешто што ќе го направиме во посета на некоја нова држава е да ја почувствуваме атмосферата на кафулињата таму. Денес тој толку вообичаен процес некогаш бил недозволен и забрануван.rnrn1-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrn

Знаете ли кое е и кога е отворено првото кафуле во светот?

rnКафето служело во медицината на Истокот. Најверојатно пристигнало од Етиопија и Јемен до Блискиот Исток, па потоа и по брегот на Северна Африка.rnrnПрвото кафуле било отворено во Константинопол во 1555 година на денешната улица во Истанбул – Тахтакале. Кафулето се викало Кива Хан.rnrnИма повеќе приказни кои се врзуваат за ова кафуле и за неговото потекло. Прво дека Шамс од Дамск и Хакам од Алепо се иноваторите на кафулето.rnrnДруга е грчката приказна во која велат дека Грци биле луѓето кои го отвориле ова кафуле уште во 1475 година, на што Турците возвраќаат дека кафето за првпат е донесено во 1517 година за време на владеењето на султанот Селим I по освојувањето на Египет.rnrnТрета приказна вели дека Отоманскиот управник во Јемен, Оздемир Паша, донел зрна кафе кога бил повикан во Константинопол каде што тој го запознал Султанот Сулејман со овој необичен пијалак. Најверојатно Оздемир знаел многу претходно за кафето затоа што пред да стане управител во Јемен живеел во Каиро, а потоа ги освоил Судан и Етиопија. По оваа средба во палатата веднаш бил вработен човек кој бил задолжен да прави кафе за султанот.rnrn2-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnПодоцна кафето во Турција било забрането и сите вреќи со кафе биле истурени во морето затоа што се сметало дека тоа е иновација која ја стимулира човековата природа. Но, ваквите забрани биле игнорирани од страна на кафулето Кива Хан, па тоа сепак продолжило да работи.rn

Што се правело во кафулето?

rnНајчесто тоа било место каде се собирале мажи кои покрај тоа што пиеле кафе, читале и пишувале поезија, слушале музика, воделе дискусии за културниот живот, играле шах. Вообичаено се собирала голема група мажи, околу 20-30 луѓе кои споделувале мисли и искуства со чаша кафе. Во кафулето доаѓале и високи функционери кои сакале да се релаксираат.rnrn3-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnКафулето многу пати било затворано, но подоцна почнало да функционира без дозвола, менувајќи ја локацијата во некои слепи улички далеку од очите на власта, каде всушност се ослободило од плаќање данок. По многуте обиди да се затвори кафулето, сепак властите попуштиле и тоа продолжило со работа.rnrnПо речиси еден век биле отворени и првите кафулиња во Европа. Со воените освојувања од страна на Отоманската империја во Европа, оставени се голем број вреќи со кафе, па така почнал да се шири овој тренд и биле отворени кафулиња во Виена, Венеција, Париз, Мадрид, Хамбург и Лондон.rnrn4-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnВо Турција кафулето се сметало како место за состанок на мажите кои разговарале за културниот социјален живот.rnrn5-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnВо Англија за одржување форуми чија тема била политичкиот живот. Кафето имало цена од 1 пени.rnrn6-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnВо Германија кафулето имало погрдно значење со кое се опишувало женското озборување. Но, оттогаш ваквите места служат за попуштени разговори.rnrn7-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mk7