Кафето, поточно зрната кафе, најдобро е да се чуваат во замрзнувач, бидејќи на тој начин максимално ќе го задржат богатството на вкусот. Овој совет ни доаѓа од една студија која била објавена во списанието „Scientific Reports“. Резултатите од спроведеното истражување нè советуваат и дека зрната кафе треба да се чуваат во вакумиран сад, со цел влагата да не им наштети на вкусот. За најдобри резултати, замрзнувајте ги зрната кафе, па смелете ги веднаш пред консумирање.rnrn
rn
„Доколку сакате во вашиот дом да имате кафе со најдобар вкус, купувајте го свежо, па мелете го пред консумација“, советуваат истражувачите.
rnПоголемиот дел од нас се навикнати да го чуваат кафето на суво место и собна температура, па затоа и се наметува прашањето дали целиот живот сме грешеле? Иако станува збор за непрактична навика, што одзема многу време и може да ви го наруши вашиот секојдневен утрински ритуал, сепак вреди да се проба за промена.