КАФЕ ПАУЗА

Најдобрите вести за кафето што некогаш сте ги прочитале!

Најдобрите вести за кафето што некогаш сте ги прочитале!

Здравствените придобивки од кафето секојдневно сѐ повеќе се докажуваат со многубројни истражувања. Толку многу здравствени придобивки се откриени што научниците побарале од федералната влада да почне да го препорачува кафето во умерени количини.rnrnНајдобрите вести за кафето што некогаш сте ги прочитале!rnrnМеѓутоа, со децении важело спротивното: Се сметало дека кафето предизвикува рак. Денес, Светската здравствена организација, по 25 години откако го прогласила кафето како можен канцероген, го променила мислењето и се придружила на научната мудрост дека кафето е корисно, или барем дека не е штетно за вас.rnrn23 научници прегледале повеќе од 1.000 студии и не нашле доволно издржани докази за канцерогените ефекти на кафето. Тоа претходно било класифицирано како потенцијален канцероген за луѓето, но денес не важи истото. Всушност, некои од истражувањата кои тие ги прегледале го поврзувале кафето со намален ризик за рак на црниот дроб и матката.rnrnМора да се потенцира дека поголемиот дел од овие истражувања се засновани на опсервациски докази, а не на лабораториски, така што тешко е да се разграничат причините и последиците. Но, постојат доволно студии кои докажуваат дека шолјата кафе може да има повеќе добро отколку штетно влијание.rnrnСепак, научниците откриле дека пиењето топли пијалаци со температура над 65 степени Целзиусови веројатно може да предизвика рак на хранопроводот. Оттука може да се извлече заклучок дека не е кафето причинител на ракот, туку неговата температура. Истражувањата спроведени во земји како Кина и Иран, каде пијалаците се служат екстремно жешки, дознале дека ризикот од рак на хранопроводот се зголемувал правопропорционално со топлината на пијалаците.rnrnНационалното здружение за кафе препорачува водата за кафето да се одржува на температура од 90 до 95 степени Целзиусови и потоа да се остави кафето да се олади додека не достигне пријатна температура. Оставете го вашето кафе да се олади малку пред да земете голтка и на тој начин тоа не само што ќе добие подобар вкус, туку ќе биде и подобро за вашето здравје.