Еспресото ќе ви ја даде потребната енергија за целиот ден, но покрај ова тоа носи и низа други погодности за кои не сте знаеле до сега! Доколку барате друга причина за да го пиете овој тип кафе, со исклучок на тоа што ќе ве освежи и ќе ви овозможи долгорочна енергија, продолжете со читање!rnrn
rn
1. Еспресото го подобрува долгорочното памтење
rnПотребна ви е вистинска доза кофеин за да ја подобрите својата долгорочна меморија? Вашата доза е две шолји на ден, а тоа е научно докажано.rn
2. Еспресото ја зголемува концентрацијата
rnКофеинот ги намалува симптомите на замор, но исто така ја одржува состојбата на внимание и будност. Ваквиот ефект кофеинот го има поради неуро-хемиските реакции. Еспресото одржува повисока концентрација на допамин, посебно во центрите на мозокот поврзани со вниманието. Секако, не смеете да претерувате со дозата, бидејќи во спротивно ќе добиете спротивен ефект.rn
3. Еспресото ви помага да ослабете
rnЕспресото, за разлика од останатите кафиња, е ниско калорично и содржи само три калории по грам. Исто така, ќе ви помогне за полесно вежбање, со желба да останете активни и ќе чувствувате помала болка во текот на вежбањето со што ќе ги изгубите вишокот килограми на полесен начин.rnrn
rn
4. Еспресото го намалува ризикот од инфаркт
rnСамо една шолја дневно го намалува ризикот од срцев удар дури и до 25 проценти. Тоа е ефектот на антиоксидансите кои ги содржи во себе.rn
5. Еспресото го намалува ризикот од дијабетес
rnИако морате да внимавате на вашата исхрана и да останете физички активни, еспресото ќе ви помогне да ги намалите можностите од добивање дијабетес дури и до 11 проценти. Па така, доколку сте зависник од еспресо, ова е идеална вест за вас.