За што друго може да се искористи филтерот за кафе? Ќе се изненадите кога ќе видите дека покрај примарната улога, има и уште многу други практични примени. Па, доколку не знаете што да правите со неискористениот филтер за кафе, прочитајте ги следните интересни предлози.rnrn
rnrn
Сад за еднократна употреба
rnrnЕден од најдобрите начини да се искористи филтерот за кафе е како хартиен сад за еднократна употреба. Тој е одличен за сервирање јаткасти плодови, пуканки или бонбони, кога немате или пак кога не сакате да користите чинии.rnrn
Впивање на маснотиите
rnrnПокрај тоа што филтерот за кафе се користи за впивање на вишокот маснотии од лицето, може да се користи и за впивање на маснотиите при готвењето. Филтрите за кафе се особено добри за впивање на маснотии од пица, парчиња пржена сланина, помфрит или друга пржена храна. Исто така, со филтерот за кафе може да ја покриете чинијата кога нешто загревате во микробранова, со што би се спречило прскање.rnrn
Креативни проекти
rnrnДоколку имате креативен дух, тогаш филтерот за кафе може да го искористите и за такви проекти. Со нив може да направите ќесички за чај, освежувачи за воздух или миризливи торбички. За да направите ќесичка за чај, во филтерот за кафе ставете листови од чај, сода бикарбона и само заврзете го. Ќесичката за чај е готова.rnrn
rnrn
Чистење
rnrnФилтерот за кафе е одличен за чистење на прозори, стакло, компјутерски и телевизиски екрани. Исто така, може да се користи и за чистење на кожни чевли, но со претходно нанесено соодветно средство.rnrn
Градинарство
rnrnФилтерот за кафе може да го поставите на дното на саксиите за цвеќе. Така, земјата нема да излегува од дупките на саксијата, а сѐ уште ќе има доволен доток на вода. Исто така, може да го употребите и за расцветување на семе. Навлажнетото семе ставете го во навлажнетиот филтер и свиткајте го. Потоа, ставете го во ќеса и оставете го сѐ додека семето не расцвета.rnrn
Третмани за убавина
rnrnДоколку си правите домашен третман за нокти и ви се случи да снемате памук, не грижете се. Земете филтер за кафе, на него ставете ацетон и исчистете го лакот од ноктите. Исто така, филтерот за кафе е совршен како лента за депилација во домашни услови. Интересно, зар не?rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.