КАФЕ ПАУЗА

Слика со дно од шолја извалкана во кафе

Слика со дно од шолја извалкана во кафе

Шангајската артистка Хонг Ји со прекар Ред, го привлече вниманието од целиот свет со нејзиниот портрет од кинескиот кошаркар Јао Минг, кој го нацрта само со баскет-топка. Таа исто така, знае да состави портрет и од сончогледови семки, а овој пат девојката која сака да слика без четка, повторно импресионира со нејзиниот иновативен проект со тајванската поп-ѕвезда Џеј Чу, кој го нацртала со крукчиња од дното на една шолја, потопена во кафе.rnrnСлика со дно од шолја извалкана во кафеrnrnИнспирирана од музиката на Џеј Чу, 26-годишната неконвенционална сликарка се упатила кон едно „артистичко патување“ на Св. Валентин, со цел да ја преслика нарацијата во песната „Secret“. Во неа, првиот стих се однесува на метафоричноста на подигањето на шолјата со кафе од својата тацна, а потоа приказната се надоврзува со девојка која патува низ времето во иднината, каде се запознава и се вљубува во пејачот.rnrnСлика со дно од шолја извалкана во кафеСлика со дно од шолја извалкана во кафеrnrnДо крајот на песната, девојката повторно се враќа во реалното време и црта негов портрет. Црпејќи инспирација од вметнувањето на кафето во првиот стих од песната, Ред создала неверојатно прецизен портрет од пејачот, кој има и малку старомоден сепиа-ефект, поради кафената боја на кафето.rnrnСлика со дно од шолја извалкана во кафеСлика со дно од шолја извалкана во кафеrnrnЗа комплетирање на овој генијално смислен проект, прецизно насликан со прстените од дното на шолјата за кафе, на Ред ù биле потребни околу 12 часа работа. Откако го завршила големиот портрет, таа на шега му предложила брак на пејачот Џеј Чу на нејзината фан-страница на Фејсбук. Па зарем ќе може да одбие ваква креативна девојка? :)rnrnСлика со дно од шолја извалкана во кафеrnrnПогледнете како изгледал овој креативен процес на сликање портрет со шолја за кафе.rnrn


rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.