Можеби не сте знаеле дека кафето ја зацврстува кожата, ги намалува брчките и отеченоста на лицето. Какаото на сувата кожа ѝ дава свежина и ја прави мека, а истовремено ја смирува и иритираната. Кога ќе ги ставите во комбинација кафето и какаото во една маска, со нејзино нанесување на вашето лице ќе ја зголемите и циркулацијата на вашата кожа. Здружени, овие состојки ја хранат и подмладуваат кожата.
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 4 лажички кисело млеко
- 2 лажички мелено кафе
- 2 лажички какао во прав
- 1 лажичка мед
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnВо едно шолја помешајте ги сите состојки и направете паста, намачкајте ја на лицето и оставете ја половина час да се исуши. Отстранете ја така што прво ќе го навлажните лицето со жешка вода и потоа нежно тријте ја кожата со рака, за маската убаво да отпадне. На крај измијте го лицето со топла вода.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

