КАФЕ ПАУЗА

Category: Додатоци и креации

  • Креативна преработка: Артистка користи кафе за да ги наслика познатите уметнички портрети

    Креативна преработка: Артистка користи кафе за да ги наслика познатите уметнички портрети

    Артистката Карен Еланд дава сосема ново значење на терминот „уметност со кафе“. Таа во нејзините илустрации ги прославува сите кофеински пијалаци истовремено и како медиум и како порака: Карен ги преработува класичните уметнички портрети од познатите светски уметници користејќи само мешавина од кафе и вода.rnrn

    Мона Лате
    Мона Лате
    rnrnКомбинираната страст за кафето и креативноста ја прават Карен еден неверојатен артист. На 14-годишна возраст, таа одела на часови за сликање портрети кои ја инспирирале да започне професионално да се занимава со уметноста како професија. Таа постепено започнала да ја внесува љубовта за кафето во нејзините дела и официјално почнала да го користи како материјал за цртање и сликање на нејзините портрети во 1998-та. Таа денес црта и со пиво и други пијалаци со слична густина, но нејзиниот прв избор е секогаш кафето. Во продолжение погледнете дел од нејзините кофеински креации.rnrn

  • За добро утро: Колоритна кафе уметност за најголемите љубители на кофеинот

    За добро утро: Колоритна кафе уметност за најголемите љубители на кофеинот

    Дали некогаш сте сакале да ги вежбате вашите способности зад шанкот, но не сте можеле да си дозволите да го потрошите целото еспресо што го имате во вашиот дом? И Мејсон Салисбјури го имал истиот проблем, па токму затоа и создал мудра алтернатива – наместо еспресо, тој користи боја за храна!rnrn(1) За добро утро: Колоритна кафе уметност за најголемите љубители на кофеинотrnrnПогледнете ги неверојатните фотографии кои ја покажуваат неговата прекрасна уметност. Тој ги создава овие цртежи во кафето така што прави пена од млеко и потоа додава боја за храна пред да ја сипе во шолјата. Делата ги завршува со интересни и колоритни лисја кои секој би го оставиле без зборови. Навистина креативно, се согласувате?rnrn(2) За добро утро: Колоритна кафе уметност за најголемите љубители на кофеинотrnrn

  • Фасцинантна шолја за кафе под влијание на топлина ни открива неверојатна аурора бореалис

    Фасцинантна шолја за кафе под влијание на топлина ни открива неверојатна аурора бореалис

    Вие можеби не живеете во близина на аурора бореалис, но од сега можете секојдневно да ја искусувате кога ќе пиете кафе. „ThinkGeek“ ја создале оваа неверојатна шолја за кафе која се менува под дејство на топлината и ни открива неверојатен поглед кон аурора секој пат кога ќе сипете во неа топло кафе. Доколку е празна, таа покажува едноставни пејзажи на дното од своите ѕидови, кои исто така се интересни. Но, ништо не може да го замени погледот кон аурората.rnrn(1) Фасцинантна шолја за кафе под влијание на топлина ни открива неверојатна аурора бореалисrnrnИдејата зад оваа чаша е фактот што кога кофеинот се движи низ нашиот крвоток, ние се чувствуваме неверојатно – исто како да сме покрај ваков пејзаж на ноќното небо. Како што Земјата може да создаде неверојатен поглед, така и кофеинот може да направи да се чувствуваме уникатно однатре. Но, кога пиете кафе во исто толку прекрасна шолја, искуството е уште поголемо и подолготрајно. Зарем не посакувате и вие да ја имате?rnrn(1) Фасцинантна шолја за кафе под влијание на топлина ни открива неверојатна аурора бореалис (2) Фасцинантна шолја за кафе под влијание на топлина ни открива неверојатна аурора бореалис (3) Фасцинантна шолја за кафе под влијание на топлина ни открива неверојатна аурора бореалис

  • Ако различните видови кафиња беа мачиња, тие ќе изгледаа вака…

    Ако различните видови кафиња беа мачиња, тие ќе изгледаа вака…

    Руската илустраторка Елена Ефремова не само што го пие своето утринско кафе, туку и го претставува неговиот вкус цртајќи мачиња. Нејзините цртежи се доказ дека уметноста постои насекаде.rn

    „Ова се моите кафе мачиња. Секое има свој посебен карактер, исто како што и секој тип кафе си има свој, уникатен вкус“, вели Елена.

    rnЕспресо, макијато, капучино мачиња… Ги има секакви. Во продолжение погледнете ги овие детализирани уметнички дела на Елена, направени од многубројните видови кафе.rn

    1. Еспресо

    rnАко различните видови кафе беа мачињаrn

    2. Лате

    rnАко различните видови кафе беа мачињаrn

    3. Кафе со сладолед

    rnАко различните видови кафе беа мачињаrn

    4. Капучино

    rnАко различните видови кафе беа мачињаrn

    5. Макијато

    rnАко различните видови кафе беа мачињаrn

    6. Американо

    rnАко различните видови кафе беа мачињаrn

    7. Француско кафе

    rnАко различните видови кафе беа мачињаrn

  • Уникатно дизајнирани капачиња за чаши кои ве бакнуваат додека го пиете вашето утринско кафе

    Уникатно дизајнирани капачиња за чаши кои ве бакнуваат додека го пиете вашето утринско кафе

    Многу луѓе имаат топли чувства кон нивната утринска шолја кафе. па зошто да не би ги искажале овие емоции со мал бакнеж на усните? Станува збор за капаче дизајнирано од страна на дизајнерот Јанг Ву-Сеок кое вклучува усни и нос – сè што е потребно од човечкото лице за пријатен бакнеж. На овој начин вие ќе можете да ја изразите вашата љубов кон кафето и да го бакнувате секое утро. Според Јанг, овие капачиња се забавни, но истовремено функционални дизајни, кои претставуваат симбол на урбаната култура и мода.rnrn(1) Уникатно дизајнирани капачиња за чаши кои ве бакнуваат додека го пиете вашето утринско кафе (2) Уникатно дизајнирани капачиња за чаши кои ве бакнуваат додека го пиете вашето утринско кафе (3) Уникатно дизајнирани капачиња за чаши кои ве бакнуваат додека го пиете вашето утринско кафе (4) Уникатно дизајнирани капачиња за чаши кои ве бакнуваат додека го пиете вашето утринско кафе (5) Уникатно дизајнирани капачиња за чаши кои ве бакнуваат додека го пиете вашето утринско кафе (6) Уникатно дизајнирани капачиња за чаши кои ве бакнуваат додека го пиете вашето утринско кафе

  • 10 одлични и креативни начини да го надградите вашето ледено кафе

    10 одлични и креативни начини да го надградите вашето ледено кафе

    Дури и ако обожавате класично ледено кафе, малите промени никогаш не се на одмет. Па, доколку сакате да ја освежите вашата дневна доза леден кофеин, погледнете ги следниве неколку предлози кои ќе направат да уживате уште повеќе во вашиот омилен летен пијалак.rn

    1. Домашен сируп за ледено кафе

    rn(1) 10 одлични и креативни начини за освежување на вашето ледено кафеrnrnДомашните и едноставни сирупи се најдобриот начин да додадете уникатен вкус на вашето кафе. Кликнете тука доколку сакате да откриете како да го направите домашен сируп за ледено кафе на кој подоцна можете да му додадете секаков вкус – овошен, чоколаден, цимет…rn

    2. Ледени коцки со вкус на кафе

    rn(2) 10 одлични и креативни начини за освежување на вашето ледено кафеrnrnЗамрзнете ги остатоците од кафето во калап за ледени коцки и наредниот ден ќе можете да уживате во нив. За целосен рецепт, кликнете тука.rn

    3. Направете сами чаша за носење на вашето кафе

    rn(3) 10 одлични и креативни начини за освежување на вашето ледено кафеrnrnСè што ќе ви биде потребно за оваа чаша се сламки кои можете да ги користите повеќе пати, мала тегличка и пиштол за лепило. Започнете така што ќе направите дупка во центарот на капакот, а потоа проширете ја за да може во неа да влезе сламката. Поставете нитни под и над дупката и прицврстете ги со лепилото. Вашата чаша за носење е готова.rn

    4. Егзотичен прелив

    rn(4) 10 одлични и креативни начини за освежување на вашето ледено кафеrnrnДодајте необичен вкус на вашето кафе. За овој рецепт ќе ви бидат потребни 2 портокали, 20 грама средно мелено кафе, 5 парчиња кардамом, искршени и 900 милилитри филтрирана вода (плус 230 милилитри со цел да се замени водата која е изгубена при филтрирањето)rnrnИзрендајте ја кората од портокалите, притоа внимавајќи да не вклучите од белиот дел. Портокалите можете слободно да ги изедете или да ги зачувате за друга прилика. Измешајте ги добро кафето, изренданата кора од портокалите, кардамомот и водата во голем сад и покријте го. Оставете ја смесата да се одмори на собна температура, околу 24 часа. Филтрирајте ја смесата неколку пати низ ситна цедалка, а потоа поставете врз неа хартиена крпа и повторете уште еднаш или два пати. Чувајте го преливот во фрижидер.rn

    5. Топка сладолед

    rn(5) 10 одлични и креативни начини за освежување на вашето ледено кафеrnrnЗасладете го вашето ледено кафе со топка сладолед од вашиот омилен вкус!rn

    6. Кафеав шеќер

    rn(6) 10 одлични и креативни начини за освежување на вашето ледено кафеrnrnСменете го белиот шеќер со кафеав. Тој подобро се разложува во студените пијалаци, а плус додава и вкус на карамела.rn

    7. Забавни и колоритни сламки

    rn(8) 10 одлични и креативни начини за освежување на вашето ледено кафеrnrnВие можете да ја разбиете монотонијата на секојдневното ледено кафе со едноставно додавање шарена сламка.rn

    8. Кондензирано млеко

    rn(7) 10 одлични и креативни начини за освежување на вашето ледено кафеrnrnКондензираното млеко е веќе засладено, па токму затоа и целосно можете да го изоставите шеќерот со помош на овој вкусен додаток.rn

    9. Допир свежо нане

    rn(9) 10 одлични и креативни начини за освежување на вашето ледено кафеrnrnДоколку се чувствувате авантуристичко, покрај нането додајте и една лажица чоколаден сируп.rn

    10. Шлаг пена

    rn(10) 10 одлични и креативни начини за освежување на вашето ледено кафеrnrnНе мора да чекате посебна прилика со цел да го декорирате вашето ледено кафе со вкусен пенест шлаг!

  • Прекрасна уметност: Овој артист црта на лисја со остатоците од утринското кафе

    Прекрасна уметност: Овој артист црта на лисја со остатоците од утринското кафе

    Индонезискиот артист Гидак ал-Низар ја почнал својата кариера како лате артист, но од тогаш па наваму неговата креативност еволуирала, водејќи кон настанување на овие прекрасни уметнички дела. Тој со помош на едноставно црно кафе создава магија врз необично платно – лисјата. Резултатот е серија од сцени со топли бои кои се совршена комбинација од природата и човековиот омилен пијалак, кафето. Погледнете…rnrn(1) Прекрасна уметност: Овој артист црта на лисја со остатоците од утринското кафеrnrn

  • Слатка љубовна приказна раскажана преку лате-арт

    Слатка љубовна приказна раскажана преку лате-арт

    Кога ќе погледнеме во шолја кафе, повеќето од нас гледаат незаменлив еликсир на животот создаден со цел да ни помогне да го истуркаме денот. Но, подајте му ја шолјата на вешт бариста и тој може да направи чуда.rnrnslatka-ljubovna-prikazna-raskazhana-preku-late-art-kafepauza.mkrnrnСлаткото видео е создадено од јапонската компанија „Ajinomoto General Foods“ со цел да го промовираат нивниот нов вкус Maxim Stick.rnrnВидеото „Latte Motion“ е снимено за период од 3 дена, а употребени биле вкупно 1.000 шолји со кафе. Цртежите се направени со истурање какао врз пластични шаблони. Уживајте во видеото и погледнете како изгледа првата лате-анимација што некогаш била направена.rnrn

  • Најубавото утринско будење што секој би го посакал

    Најубавото утринско будење што секој би го посакал

    За љубителите на кафе нема нешто подобро од шолја добро кафе за добар почеток на денот. Доколку имате навика да го одлагате вашето станување наутро, пристигна совршениот аларм кој ве буди со нежен звук на метални топчиња кои се удираат едно од друго и мирис на свежо подготвено кафе. Да, добро читате. Вашиот сон само што се оствари.rnrnНајубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакалrnrnКреиран од лондонскиот индустриски дизајнер, Џошуа Ренув, овој будилник го овозможува најубавото утринско будење што секој би го посакал.rnrnНајубавото утринско будење што секој би го посакалrnrnВеднаш до дигиталниот часовник има копче за вклучување на апаратот и малечко фиокче за чување кафе и шеќер. Водата што врие во садот со металните топчиња што не рѓосуваат, тече до филтерот со кафе преку тенкото цевче од каде свежото кафе истекува во стаклената шолја. Во средина на ова апаратче, навидум послужавник, има место за чување млеко доколку сакате да го засладите кафето.rnrnНајубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакалrnrnОвој навистина уникатен производ го заменува познатиот начин на будење – гласните аларми, со мирис на свежо кафе. Овој аларм со двојна функција го поттикнува корисникот на рутина – местење на алармот и кафето секоја вечер пред легнување, што со тек на време ќе почне да му сигнализира на телото и умот дека е време за опуштање и добар сон. Наутро сè што треба да направите откако ќе ве разбудат звуците на металните топчиња е да го притиснете копчето за да почне водата да врие.rnrnДоколку до сега имавте навика да се жалите дека никој не ви носи кафе во кревет, овој, на некој начин романтичен апарат, ќе ви ги исполни желбите.rnrnНајубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакал Најубавото утринско будење што секој би го посакал14-najubavoto-utrinsko-budenje-shto-sekoj-bi-go-posakal-www.kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стигнува нов напиток – кафе со марихуана

    Стигнува нов напиток – кафе со марихуана

    Граѓаните на државата Вашингтон набрзо ќе можат да купат кафе во кое е „вбризгана“ одредена количина марихуана. Засега сѐ тече по планот, а напитокот кој се нарекува „Legal“ ќе почне да се продава веќе од следниот месец по малопродажна цена од 9-11 долари.rnrn1-stignuva-nov-napitok-kafe-so-marihuana-kafepauza.mkrnrnЛадното кафе ќе се продава во стаклени шишенца и ќе содржи околу 20 мг THC. Ефектот кој ќе го почувствува корисникот после испиеното кафе со марихуана би бил „како да испил чаша вино“, вели еден од производителите Адам Стајтс.rnrn„Ова кафе мава право во глава. Сакавме да постигнеме ефект сличен на оној кој го има специјалното индиско пиво IPA (India Pale Ale) или чаша вино. Нема да ставаме многу THC за да не им биде непријатно на консументите, а посебно на оние кои по првпат ќе се сретнат со марихуана“, додава Стајтс.rnrnПокрај кафето со марихуана, компанијата произведува и газиран сок од цреши, крушка и ѓумбир и сок од калинка надополнети со марихуана.rn

    2-stignuva-nov-napitok-kafe-so-marihuana-kafepauza.mk

    rnКорисниците на марихуана веќе долго време ја употребуваат оваа дрога како додаток во разни јадења и пијалаци, најмногу во колачи и лижавчиња. Исто така веќе со години наназад некои марихуаната ја ставаат во кафе или во топло чоколадо.rnrnНе е познато дали „Legal“ ќе биде достапен и во Колорадо, американската сојузна држава каде што исто така марихуана е легална. Во Вашингтон марихуаната е легализирана од 2012 година.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.