Поради фактот што поголемиот дел од нашите денови ги поминуваме во сопствениот дом, не е изненадувачки што скоро секоја нова серија ја дочекуваме со голем ентузијазам. Возбудата е поголема кога станува збор за мистериозни наслови од чиј краток опис на заплетот веќе можеме однапред да заклучиме дека епизодите ќе ги изгледаме за една вечер, а подолу издвоивме токму една таква серија!rnrnСкоро сите најдобри серии ја најдоа својата инспирација во некои од популарните романи, а оваа серија не е исклучок, па нејзината филмска адаптација се базираше на популарниот роман на Сара Пинбороу наречен „Зад нејзините очи“ (Behind her eyes). Истоимената серија е трилер со шест епизоди што го следи животот на самохрана мајка, исто така, психијатарка Луис, а нејзиниот навидум хармоничен живот всушност е обвиткан со превез на тајност.rnrnЦелиот заплет станува покомплициран кога Луис влегува во афера со нејзиниот шеф, додека негува пријателство со неговата сопруга. Сигурни сме дека веќе можете да претпоставите дека драмите во оваа серија нема да изостанат!rnrnhttps://youtu.be/c4LtoWQaLxkrnrnДали прочитавте дека една од најпознатите светски ТВ серии „Игра на тронови“ ќе ја добие својата анимираната верзија?
Category: Филм и ТВ
-

Наскоро доаѓа нова дистописка серија во која човечките вредности не постојат
Ако сте љубители на дистописките серии, ви носиме добри вести. Овој месец доаѓа нова серија наречена „Tribes of Europa“, поддржана од продуцентите на мега-успешната германска серија „Dark“. Оваа серија патува до 2074 година, кога Европа ќе биде поделена на три племиња, а целта на секое племе е да стане многу моќно за да доминира над останатите.rnrnТоа е свет во кој секој спорт се игра до последната капка крв и во кој навидум човечките вредности веќе не постојат. Сепак, двајца млади браќа заедно со нивната сестра ќе се обидат да го вратат општеството на вистинскиот пат.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=rzSjOGxl6Sc&feature=emb_titlernrnМожеби ќе сакате да ја погледнете и серијата „The Wilds“.
-

Нови семејни филмови кои ќе можеме да ги гледаме оваа пролет
За новите семејни филмови кои ќе излезат во 2021 година веќе знаеме дека ќе бидат меѓу нашите омилени оваа година.rnrnПогледнете ги трејлерите за претстојните филмови и датумите за објавување.rn
1. „Peter Rabbit 2: The Runaway“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=euGHcnyUo84&feature=emb_titlernrnДатум на објавување: 11 јуниrn
2. „Cruella“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=r33Qe4knijQrnrnДатум на објавување: 28 мајrn
3. „Luca“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=K5Wy3vJrnxgrnrnДатум на објавување: 18 јуниrn
4. „Rumble“
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=hrkGNaYOv5k&feature=emb_titlernrnДатум на објавување: 14 мајrnrnМожеби ќе сакате да го гледате и новиот анимиран филм на Пиксар кој сигурно ќе ви ги стопли срцата.
-

Една од најпознатите светски ТВ серии „Игра на тронови“ ќе ја добие својата анимираната верзија
„Игра на тронови“ стана една од најгледаните ТВ серии од почетокот на нејзиното емитување во 2011 година. Серијата привлече пофалби од телевизиските критичари, главно за нејзините одлични актерски претстави, сложени ликови, раскажување приказни, величественост и продукција, иако честата употреба на голотија и насилство (особено сексуално насилство) беше критикувана.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnДо денес, „Игра на тронови“ има освоено рекордни 38 престижни награди „Еми“, вклучувајќи ја и наградата за најдобра серија две години по ред (во 2015 и 2016 година). Последната сезона што започна да се емитува во 2019 година беше една од најочекуваните сезони во последно време. Интригантна и возбудлива од почеток до крај, таа доби следбеници ширум светот. Се снима и анимирана верзија на серијата, а според гласините на американските медиуми, таа ќе биде многу слична на оригиналната серија.rnrnОваа серија се снимаше на убави локации ширум светот, а една од нив е и Дубровник – убавината на Балканот.rnrnДали знаевте дека Хари Потер пристигнува во форма на ТВ серија?
-

„The Wilds“: Предлог ТВ серија за овој викенд
Приказната нè запознава со група млади девојки кои се незадоволни од својот живот од разни причини, а нивните родители решаваат да им помогнат со платено патување на Хаваи со приватен авион.rnrn
rnАко сте ја гледале серијата „Lost“, знаете дека следната сцена на островот е без сигнал, без да имате поим како сте завршиле таму. Заедно со нивната борба за опстанок на пуст остров, сцените нè водат до нивното враќање од островот, каде што психолог и истражувач се обидуваат да откријат што точно се случило и како тие успеале да ја преживеат авионската несреќа.rnrnПриказните за девојчињата на островот се случуваат истовремено додека тие нè запознаваат со скиците од нивниот живот, па така дознаваме повеќе за нивните трауми и како тие станале такви како што се сега. Иако серијата е наменета за помладата популација, таа ќе им се допадне на сите што сакаат комбинација од акција и мистерија. Ако не знаевте што да гледате овој викенд, еве ви одлична ТВ серија!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=tUQ2vMSQf4M&feature=emb_titlernrnПрочитајте и за оваа серија што ќе ја обожаваат љубителите на романтичните комедии. -

Одлична вест за сите обожаватели на Хари Потер: Приказната за младиот волшебник пристигнува во форма на ТВ серија!
Сигурни сме дека не постои личност што не чула за филмовите со Хари Потер, а уште помалку знаеме за оние кои не ги сакале. Овој најпознат волшебник ги освои срцата на публиката ширум светот до таа мера што сè уште не сакаме да се разделиме од оваа приказна и со нетрпение чекаме да ги слушаме вестите за новите продолженија, а токму таквите вести одекнаа како бомба и создадоа вистински возбуда на социјалните мрежи.rnrn
rnrnПочетокот на оваа година дефинитивно беше одбележан со голем број најавени рестартирања, па наскоро ќе ги видиме нашите омилени ликови во малку поинакви изданија и нови авантури. Сè започна со долгоочекуваниот собир на „Пријатели“, поддржан од HBO Max, кој наскоро ги потврди новите сезони на сериите „Сексот и градот“, за жал без Саманта, што многумина се запрашаа дали снимањето на таква серија има воопшто смисла? Но, овие наслови не се единствените чии адаптации ќе ги видиме наскоро.rnrnHBO Max сериозно размислува за адаптација на познатата сага за Хари Потер во форма на ТВ серија. Целата реализација сè уште не е започната и проектот е во фаза на планирање, но она што е познато засега е дека овој формат може да биде многу различен од оригиналните филмови. Се надеваме дека нема да чекаме долго за реализација на проектот затоа што веќе сме доста нетрпеливи!rnrnДали знаете од каде потекнуваат идеите на Џ. К. Роулинг за серијалот „Хари Потер“? -

Нова романтична комедија со прекрасната Џенифер Лопез и уште една латино ѕвезда!
Филмските улоги во романтични комедии дефинитивно ја одведоа Џенифер Лопез во редовите на најпрепознатливите актерки. Оваа година таа ќе се обиде повторно да ги украде срцата на публиката со уште еден филм.rnrn„Marry Me“, во која глуми со уште латино ѕвезда – Малума и со актерот Овен Вилсон, е приказна која следи позната пејачка (Џенифер) која требаше да се омажи за подеднакво славен музичар (Mалума) пред многу фанови, но неколку моменти пред да го каже нејзиниот завет дознава дека тој бил неверен и таа решава да се омажи за друг. Односно, таа решава да се мажи за странец (Овен) кој во публиката држи знак на кој пишува „Омажи се за мене“.rnrnТрејлерот за филмот сè уште не е објавен, но кратко видео кое ги прикажува главните sвезди и неколку сцени од филмот е објавено на официјалниот профил на филмот на Инстаграм, а можете да го проверите подолу.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnМожеби ќе сакате да ги погледнете и овие 5 филмови за љубовните врски и за сексуалноста од кои ќе научите многу работи.
-

5 филмови за љубовните врски и за сексуалноста од кои ќе научите многу работи
Седмата уметност е полна со убави приказни за љубовта и за сексуалноста и со сцени што содржат интимност и сензуалност. Но, не сите филмови и серии се занимаваат со секс и љубов на длабок и поврзан начин. Сигурно и самите сте наишле на експлицитни сцени со секс кои не се придружени со доволно длабока, силна или интересна приказна и на недоволно добро развиени и нереални љубовни врски. Ако сакате да ги погледнете љубовта и сексуалноста од малку поинаков агол, погледнете ги овие филмови што ќе ве забавуваат, ќе ве заинтригираат и ќе ви одржат многу лекции.rn
„Калифорнизација“ („Californication“)
rnhttps://youtu.be/gQ7yaQhXJAIrnrnХенк Муди е класичен пример на антихерој. Неуспешен писател кој живее на стара слава и со многу пороци, од кои главни се жените, алкохолот и дрогата, ќе ви влезе под кожа иако сè што прави е далеку од морално. Иако многумина го нарекоа провлекувањето на Хенк нереално и можно само на платно, на светот не му недостасуваат мажи кои не можат да останат верни и кои, и покрај неверството и нездравиот начин на живот, продолжуваат да добиваат комплименти од жени и од мажи. Приказната на Хенк не е секојдневна, сепак се одвива под сончевото небо во Калифорнија и вклучува низа луди ликови кои не ги гледате секој ден. Но, и покрај сите необичности, оваа серија ќе ве научи на неколку основни животни лекции. Меѓу другото, таа ќе ве потсети дека животот е премногу краток и затоа треба да го живеете онака како што сакате и дека семејството и вистинските пријатели секогаш треба да ви бидат на прво место.rn
„Новина“ („Newness“)
rnhttps://youtu.be/EtBhKTuPjEkrnrnОвој филм доби поделени критики. Некои ја нарекоа плитка и неразвиена драма, додека други во неа гледаат реален приказ на интимностa и страстa. Заплетот ги следи Мартин и Габриела, кои се среќаваат преку апликација за состанување и одеднаш се вљубуваат и се поврзуваат. Разговорите се длабоки, сексот е исклучителен и оваа двојка многу брзо помислува дека нивната врска може да трае и двајцата ги бришат профилите од апликацијата за состанување преку која се запознале и одлучуваат да живеат заедно. Но, многу брзо се појавуваат проблеми предизвикани од недостатокот на искреност и сето тоа ги води кон заедничка психотерапија, по што тие одлучуваат да бидат во отворена врска. Овој филм се занимава со расчленување на современите односи, на кои често им недостасуваат искреност и храброст за кажување на вистината. Искреноста треба да биде темел на секоја врска, а овој филм го докажува тоа.rn
„Мали деца“ („Little Children“)
rnhttps://youtu.be/jtchjudWQ0srnrn„Мали деца“ е приказна за нешто за кое никогаш не се зборувало доволно, а тоа е сексуалноста на луѓето кои се родители. Ние самите често ги сметаме сопствените родители за луѓе кои се лишени од сексуалноста, но овој филм покажува до што може да доведе недостатокот на блискост во бракот. Приказната ги следи Сара и Бред кои завршуваат во тајна врска поради незадоволството од сопствените бракови. Заедно со нивната, ќе ја следите приказната за локалниот педофил Рони, кој се бори со својата необичност. Оваа врвна драма ќе го стори сето она што треба и што може да го направи добрата драма. Ќе ве шокира, ќе ве натера да размислите и ќе извлече многу чувства од вас.rn
„Нормални луѓе“ („Normal People“)
rnhttps://youtu.be/x1JQuWxt3cErnrnПриказната ги следи Конел и Мериен, кои доаѓаат од сосема различни светови кои се преплетуваат сосема случајно. Меѓу нив се раѓа огромна љубов, привлечност и поврзаност, што не стивнуваат дури ни во моментите на разделба. Оваа серија совршено покажува колку несигурноста и повлекувањето може да ги нарушат односите со луѓето кои ви значат. Прекрасен приказ на интимноста, сексуални сцени што ќе ве маѓепсаат и врска што ќе ве расплаче, но и од која ќе научите многу работи. Оваа серија е дефинитивно една од оние што даваат реален приказ на љубовта и сензуалноста.rn
„Стаорци на плажа“ („Beach Rats“)
rnhttps://youtu.be/5BgfgPUfNLYrnrnИако во овој филм речиси и да нема дејство, режисерката Елиза Хитман успева совршено да ги претстави животите на адолесцентите кои не прават ништо и кои нема каде да одат. Главниот јунак Френки е 19-годишно дете од соседството кое продава дрога, се дружи со пријателите и со својата нова девојка. Но, Френки крие уште еден живот во себе. Имено, далеку од очите на јавноста, Френки се среќава со постари мажи со кои има сексуални односи. Но, тој не кажува никому за неговиот внатрешен свет. Тој молчи за својот страв од семејството, сексуалноста и иднината. Оваа бавна приказна совршено ги отсликува проблемите на денешната младина и стравот од осуда што го чувствуваат многу млади луѓе кои не се хетеросексуално ориентирани.rnrnПогледнете ги и овие 5 филмови за развод што ќе ве научат на важни лекции за љубовта и за животот.
-

„Virgin River“: Серија што ќе ја обожаваат љубителите на романтичните комедии
Иако се појави на екраните пред една година, оваа романтична комедија стана популарнa во последните неколку месеци.rnrn
rnrnСтанува збор за драматична романтична серија базирана на роман од авторот Робин Кар. Приказната е многу класична, малку предвидлива, но со доза шарм и целата приказна се врти околу Мелинда Монро која се пријавила за работа како медицински техничар во малото гратче Вирџин во Калифорнија, планирајќи да сврти нова страница во својот живот и да ги остави болните спомени зад себе. Но, како што обично се случува, од проблемот не може да се избега толку брзо. Приказната се врти околу Мелинда и Џак Шеридан кој е сопственик на бар во овој мал град.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=7tAQ4CPNvY4&feature=emb_titlernrnПрочитајте ги и овие 6 причини зошто новата ТВ серија „Lupin“ треба веднаш да ја изгледате. -

Како деменцијата го уништи генијалецот Робин Вилијамс?
Токму со оваа идеја за наслов и по барање на вдовицата на Робин Вилијамс, беше направен нов документарец посветен на генијалниот комичар за чие предвремено заминување многумина сè уште жалат.rnrnНовиот документарец „Robin’s Wish“ носи тажен крај на актерот кој беше уништен од дијагностицирана невродегенеративна болест поради која несреќно си го одзеде животот во 2014 година. Деменцијата е смртоносна и разорна состојба, малку позната и често погрешно дијагностицирана. За некого како Вилијамс, чиј сјај зависеше од остар и брз ум и акција, сигурно беше особено застрашувачка болест што вклучуваше халуцинации, страв и заблуди. Овој филм, по барање на Сузан Шнајдер, вдовицата на Вилијамс, има цел да ја подигне свеста за болеста. Документарецот е информативен и влијателен, но распаѓањето и страдањата на Вилијамс го прават многу емотивен. Но, ако сте љубители на одличниот Робин Вилијамс, вреди да го погледнете за да го разберете неговото несреќно заминување.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=mTjgg-PJMNc&feature=emb_titlernrnДоаѓа филм за кој веќе е предвидена номинација за Оскар!
