КАФЕ ПАУЗА

Category: Филм

  • Анимираниот филм „Напред“ („Onward“): Емотивен и убав, но без очекуваната магија од „Pixar“

    Анимираниот филм „Напред“ („Onward“): Емотивен и убав, но без очекуваната магија од „Pixar“

    Првите реакции за анимираниот филм „Напред“ е додека станува збор за интересна приказна која за жал, нема да ги маѓепса сите.rnrnСместена во еден магичен свет населен со фантастични суштества, приказната следи двајца браќа џуџиња („елфови“) кои на платното со своите гласови ги „оживуваат“ актерите Том Холанд и Крис Прат.rnrnАнимираниот филм „Напред“ („Onward“): Емотивен и убав, но без очекуваната магија од „Pixar“rnrnПо обидот да го воскреснат нивниот мртов татко од кој останала само долната половина од телото, парот оди во потрага со цел да ја врати и горната половина од телото на нивниот татко. За оваа мисија тие имаат на располагање само 24 часа.rnrnПриказната ги има сите финеси од типот: трогателна подлошка која го „разгорува“ жарчето во нас, а по која „Pixar“ стана препознатлив, а има и некои незгодни, магични „решенија“.rnrnМногумина кои присуствувале на претпремиерата, сметаат дека сторијата е слатка и забавна и со многу емотивни моменти кои особено ги погодуваат луѓето што имаат загубено родител.rnrnСепак, некои сметаат дека заплетот е прилично „тенок“, особено во споредба со астрономски високите стандарди што публиката ги очекува од филмовите на „Pixar“.rnrnСе работи за добар, пријатен филм, но веројатно не и за ремек-дело.rnrnВо продолжение погледнете ја најавата за филмот и некои од коментарите на гледачите кои имале можност да го погледнат филмот пред официјалната премиера на 5-ти март 2020 година.rnrnhttps://youtu.be/gn5QmllRCn4rn

    rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrnrnМожеби сакате да прочитате и за најочекуваните филмови со суперхерои за 2020 година.

  • „Медена земја“ – приказна за споделувањето и човечноста

    „Медена земја“ – приказна за споделувањето и човечноста

    Големите теми се скромни и искрени. Тие непретенциозно допираат до срцата на гледачите поради општочовечката димензија и силната порака. Тие се ремек-дела кои со својата универзалност се препознаваат и се ценат од сите.rnrn„Медена земја“ – приказна за споделувањето и човечностаrnrnТаков е и документарниот филм „Медена земја“. Приказната од каменитиот Балкан, тлото натопено со крв и мед, својот фокус го наоѓа во едно запуштено македонско село кое балансира на работ меѓу реалноста и имагинацијата. Такви се и главните ликови од овој филм. Последните припадници од племето кое полека исчезнува, племето кое со својот благороден пристап, се препознава и низ цивилизациските пресеци преку сцени од Африка, Перу, Индија…rnrnТие сцени се последните сцени од светот кој исчезнува поради суровоста на „соседите“ кои водени од капиталистичката матрица на приграбување на сите вредности наметнуваат свои правила и ги бришат сите траги од скромност, чесност, трудољубивост и отвореност кон природата, кон ближниот, кон туѓинецот…rnrnАтиџе е „последниот Мохиканец“ кој на целиот свет му покажува што е грижа, што е љубов, а што борба! „Да сè уште постоиме“ –  како да крикнува таа. И тој крик ечи како ехо низ целиот филм. И останува во главите на сите за да одѕвонува како камбана, како завет кон иднината. Бидејќи ниеден остров не осамен. Ничија судбина не е одделена од другите. Сè е поврзано и се врти во „зачараниот“ миг од сегашноста, а она што ѝ се случи нејзе, што ни се случи сите нам… Може да им се случи и на другите.rnrnНо, дури и Атиџе моментално не е со своите пчели. Таа стигна и до Холивуд, а на нејзиното присуство таму се гледа како на средба со „ретка билка“, можност да се запознае „неизбрусениот, ненашминкан дијамант“ од „Земјата на медот“.rnrn„Медена земја“ е филм на сите и за сите. Во својата матрица ја носи библиската порака „Љуби го ближниот свој како самиот себеси“. А тој ближен не е секогаш болната мајка на смртна постела, тој ближен е и природата која одамна го пушти „алармот“ за тревога!rnrnМожеби сакате да прочитате и за новиот филм на Нетфликс „Marriage Story“ (Брачна приказна) кој го подели Интернетот.

  • Најдобрите романтични филмови ако сакате да го поминете Денот на вљубените во домашна атмосфера

    Најдобрите романтични филмови ако сакате да го поминете Денот на вљубените во домашна атмосфера

    Можеби романтичните филмови не ви се омилениот жанр, но тие се совршен избор за Денот на вљубените. Без разлика дали сакате романтични комедии, тинејџерски љубовни афери или инспиративни животни приказни, Денот на вљубените е совршена можност да имате романтична филмска вечер, а во продолжение погледнете кои се најдобрите филмови за таа вечер.rn

    1. „50 први состаноци“ (50 First Dates)

    rnhttps://youtu.be/Y-9wSAd0dMMrnrnПо првото успешно запознавање, Хенри (Адам Сендлер) сфаќа дека ако сака да биде во врска со Луси (Дру Баримор), мора да ја шармира и да го освојува нејзиното срце секој ден до крајот на животот.rn

    2. „Раскинување“ (The Break-Up)

    rnhttps://youtu.be/ljnEUL-fdt0rnrnШто се случува кога љубовта не е доволна? Иако ја прекинале врската, Гери (Винс Вон) и Брук (Џенифер Анистон) одбиваат да го напуштат заедничкиот стан, а тоа ќе доведе до уште поболно раскинување и засилени чувства.rn

    3. „Љубовта нема правила“ (Something’s Gotta Give)

    rnhttps://youtu.be/0YyEQosnwaIrnrnПо состанокот со млада девојка, еден постар музички магнат се заљубува во нејзината мајка. Филмот е во режија на Ненси Меерс, а во главните улоги се Џек Николсон и Дајан Китон.rn

    4. „Господин Дидс“ (Mr. Deeds)

    rnhttps://youtu.be/5aB1aJrxfvwrnrnДидс има пицерија и живее скромно во гратчето каде што сите го обожаваат. Но, тој наследува 40 милиони долари од својот вујко и се сели во метрополата каде што ќе биде опкружен со преваранти.rn

    5. Тоа што жените го сакаат (What women want)

    rnhttps://youtu.be/VFwHs7fEUNsrnrnЕкспертот за рекламирање Ник (Мел Гибсон) се обидува да креира реклами за типични женски производи, а при обидот да влезе во женската психа, доживува несреќа, по што станува способен да слушне сè што мислат и што сакаат жените.rn

    6. „Свадбата на мојот најдобар пријател“ (My Best Friend’s Wedding)

    rnhttps://youtu.be/cvnJeQi3eQ8rnrnЏулијан (Џулија Робертс), за време на студирањето, ја прекинала својата врска со Мајкл согласувајќи се да се венчаат ако сè уште се слободни на 28 години. Кога Мајкл (Дермот Мулрони) ја бара Џулијан непосредно пред нејзиниот 28-ми роденден, тој ѝ соопштува дека за три дена ќе се ожени со Кимберли (Камерон Дијаз).rn

    7. „На патување во Америка“ (Coming to America)

    rnhttps://youtu.be/KFroCRDXw5ErnrnМладиот принц Аким (Еди Марфи) од измислената африканска држава Зимунда наполнил 21 година и сака уште малку да го прошета светот пред да се смири. Така, тој доаѓа во САД преправајќи се дека е сиромашен студент.rn

    8. „Романса во Сиетл“ (Sleepless In Seattle)

    rnhttps://youtu.be/-Lj2U-cmyekrnrnПопуларната романтична комедија од 90-тите е во режија на Нора Ефрон, а во главните улоги играат Том Хенкс и Мег Рајан. Том го глуми Сем, чиј осумгодишен син смета дека е време да си најде нова сопруга, а Мег е Ени која ја слуша целата приказна преку радио и смета дека Сем можеби е мажот на нејзиниот живот.rn

    9. „Во добро и зло“ (Silver Linings Playbook)

    rnhttps://youtu.be/Lj5_FhLaaQQrnrnПат Солатано (Бредли Купер) изгубил сè, својата куќа, сопругата и својата работа. Тој завршил во психијатриска клиника и по осум месеци се враќа да живее со своите родители (Роберт Де Ниро и Џеки Вејвер), но незадоволен од тоа, тој одлучува да стори нешто за да си го врати претходниот начин на живот, па се среќава со Тифани (Џенифер Лоренс).rn

    10. „Подобро не може да биде“ (As Good As It Gets)

    rnhttps://youtu.be/rrRl2QQKkI8rnrnМелвин Удал (Џек Николсон) е вреден њурошки писател кој има опсесивно-компулсивно нарушување. Неговиот живот се менува откако неговиот сосед што е геј ќе биде претепан и мора да оди во болница.rnrnПогледнете кои филмови може да ве прошетаат низ светот овој викенд.

  • Филмови што ќе ве прошетаат низ светот овој викенд

    Филмови што ќе ве прошетаат низ светот овој викенд

    Ако моментално не сте во можност да патувате некаде, ништо не ве спречува да фантазирате или да планирате да посетите некоја дестинација којашто не сте ја посетиле досега. Овие филмови нека ви послужат како инспирација за вашето следно патување.rn

    1. „Австралија“ (Australia)

    rnДестинација: Северна Австралијаrnrnhttps://youtu.be/mfI4hK9I2k0rn

    2. „Јади, моли се, љуби“ (Eat Pray Love)

    rnДестинација: Индонезија, Италија, Индијаrnrnhttps://youtu.be/mjay5vgIwt4rn

    3. „Грејс од Монако“ (Grace of Monako)

    rnДестинација: Монакоrnrnhttps://youtu.be/fvfjpeeDJjgrn

    4. „Талентираниот господин Рипли“ (The Talented Mr. Ripley)

    rnДестинација: Ишија, Италијаrnrnhttps://youtu.be/h4e-Si4oGEwrn

    5. „Сексот и градот 2“ (Sex and the City 2)

    rnДестинација: Абу Даби, Обединети Арапски Емирати (снимен во Маракеш, Мароко)rnrnhttps://youtu.be/X5-aOpznm44rn

    6. „Двете лица на јануари“ (The Two Faces of January)

    rnДестинација: Грцијаrnrnhttps://youtu.be/TrRHmhIDfjgrn

    7. „Магија под месечината“ (Magic in the Moonlight)

    rnДестинација: Азурен Брег, Францијаrnrnhttps://youtu.be/KNJ_x3nQsgIrn

    8. „Вики Кристина Барселона“ (Vicky Cristina Barcelona)

    rnДестинација: Барселона, Шпанијаrnrnhttps://youtu.be/B-RdUcXAKiwrn

    9. „Изгубени во преводот“ (Lost In Translation)

    rnДестинација: Токио, Јапонијаrnrnhttps://youtu.be/W6iVPCRflQMrnrnПогледнете кои се најочекуваните филмови со суперхерои за 2020 година.

  • 8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставуваме

    8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставуваме

    Во 2013 година, „Frozen“ ги освои срцата на многумина и доби најголема заработка во кино-благајните во споредба со сите други анимирани филмови. Секое мало девојче оттогаш пее „Let it go“, а возбудата по „Frozen“,  веројатно ги премина сите граници. На прв поглед изгледа дека станува збор за уште еден филм со пеење и принцези, но ако погледнеме подлабоко и размислиме, тоа е внимателно и реалистички разработена приказна, а токму тоа е она што го прави филмот вистинско ремек-дело.rnrn8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставувамеrnrnА, еве што го прави филмот толку добар.rn

    1. Совршено-несовршени: Ликови кои се вселуваат директно во нашите срца

    rn„Тешко е да се негира дека ликовите во „Frozen“имаат извонредни особини“. Никој од нив не е перфектно совршен, секој од нив се бори со своите „демони“, сите имаат амбиции и стравови и не може, а да не сочувствуваме со нив.rnrn8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставувамеrnrnАна има страст кон слатки и храна и е толку смешна и несмасна што е невозможно да не ја обожавате. Таа е толку многу наликува на вистинските девојки што секоја веројатно може да се однесува како неа. Отворена и грижлива, таа ја одржува врската со својата сестра и верува во неа повеќе од кој било друг.rnrn8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставувамеrnrnЕлса е многу комплициран лик и има преживеано многу, обидувајќи се да живее според правилата во кои никогаш не може да се вклопи. Одгледана е со ставот дека на своите маани и предности, како и на нејзината посебност треба да гледа како на нешто што треба да го крие и од што треба да се срами, како и многу луѓе во денешно време.rnrnТаа е драматичен лик кој на рамената има поголем товар отколку што може да носи една девојка. Нејзината борба со себе и со другите е нејзин начин да сфатиме дека не е сама и дека се вклопува, што е навистина срцепарателно.rn

    2. Еден манипулатор нè измами, а ние дури и не забележавме

    rnХанс е типичен манипулатор кој го рефлектира секој со кого разговара, различно се однесува со различни луѓе. Со Ана, тој е смешен и глупав и ѝ ги кажува зборовите што таа сака да ги слушне, храбар е со војниците, љубезен со граѓаните и злонамерен со војводата од Виселтаун.rnrn8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставувамеrnrnЗатоа не нè зачуди пресвртот во приказната кога се откри дека Ханс е злобен. Тој е злобен од самиот почеток и нè измами сите нас како што ја измами и Ана.rnrnПостојат многу поединости кои ја разоткриваат неговата вистинска природа. Додека пее „I found my place“ („Го најдов моето место“) тој покажува на Арандел, а не на Ана. Се сеќавате ли на моментот кога Ханс ја „спаси“ Елса во нејзиниот замок? Тој сакаше да изгледа како да ја спасил, но пред да го смени правецот на самострелот, го забележува лустерот и знае каде да го насочи, за да изгледа како херој, но сепак ја уби.rn

    3. Заразниот стих „Let it Go“ („Пушти го“) е драстично судбоносен

    rnНа почетокот се планирало Елса да биде лоша, но режисерите целосно го смениле нејзиниот карактер кога ја слушнале песната „Let It Go“. Тие ја согледале другата страна од ликот и толку многу ја засакале песната, па не сакале да ја променат. Наместо тоа, тие го промениле ликот и така ја добивме нашата Елса.rnrn8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставувамеrnrnНо, песната не е клучна за Елса само поради тоа, таа е моментот кога таа станува она што вистински е. Пред тоа, таа постојано се обидува да биде девојка каква што сакаа да видат нејзините родители, дури и се облекува и ја стилизира својата коса точно како што прави нејзината мајка. Но, кога побегна, таа конечно стана она што вистински е.rnrnТаа се ослободи од ракавиците и нејзината тешка наметка што го симболизира нејзиното минато и очекувањата што таа се обидуваше да ги исполни, а кои ја влечеа надолу, додека таа полека се искачуваше по планината. Откако ќе ги остави, таа започнува да трча кон своето идно јас, менувајќи го фустанот и правејќи своја фризура, а потоа буквално започнува новиот ден.rnrn8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставувамеrnrnМоќите на Елса, исто така, ги рефлектираат нејзините чувства. Кога е самоуверена, се чувствува убаво и е способна да создаде неверојатни работи (вклучувајќи жив снешко, замоци и фустани). Кога се плаши, таа е незгодна. Кога е изгубена и во очај, таа е снежна бура. На крајот на филмот, кога Ханс и кажува на Елса дека Ана починала, снежното невреме одеднаш престанува затоа што Елса не чувствува ништо во тој момент.rn

    4. „Frozen“ ги крши правилата на класичните бајки

    rn8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставувамеrnrn„Frozen“ дефинитивно ги предизвикува стандардите, вклучително и оние што Дизни постојано ги следи. Иако има некои клишеа на Дизни во филмот, многу од нив подоцна се предизвикани и доведени под прашалник.rn

      rn 011

    • „Совршениот принц“ (Ханс) всушност е злобен, па оваа позиција му припаѓа на Кристоф, кој е далеку од совршен.
    • rn 011

    • Најсилните ликови се женските и покажуваат дека можат и сами да се застапуваат себеси.
    • rn 011

    • На Ана дефинитивно и недостасува кралско совршенство и се однесува повеќе како обична девојка, а Елса буквално го превртува концептот за „совршена принцеза“, одлучувајќи да биде тоа што е и да не им се потчини на стандардите.
    • rn

    rn

    5. Приказна за вратите и ракавиците

    rn8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставувамеrnrnФилмот е исполнет со врати, кои се бариери што ја претставуваат изолацијата, затворањето и недостигот на можности. Вратите се појавуваат и се споменуваат многу често во филмот, а ќе ги спомнеме само најважните.rnrnПрво, вратата во собата на Елса ги разделува девојчињата со години и стави крај на блискоста меѓу сестрите. Исто така, има и порти на замокот што ја заклучија Ана внатре. Елса ја затвора вратата на крајот од „Let It Go“, а вратите од замокот се затвораат и пред Кристоф кога тој ќе ја донесе Ана назад, мислејќи дека ја остава засекогаш. Ханс, исто така, ја затвора вратата кога ја остава Ана да умре.rnrn8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставувамеrnrnНе е ни чудо што Ана е подготвена да ги отвори сите врати! Ханс и неговата љубов беа првата „отворена врата“ што таа ја доби, што објаснува зошто Ана толку брзо се вљуби. И да, точно така се вика и нивната песна – „Love Is an Open Door“ („Љубовта е отворена врата“).rnrn8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставувамеrnrnДругиот симбол се ракавиците. Тие се појавуваат кога таткото на Елса ѝ дава пар со зборовите: „Прикриј го, не чувствувај го, не дозволувај да се покаже“ и тоа во основа е она што значат ракавиците. Тие илустрираат дека некој често крие нешто. За Елса, тоа се нејзините сили и нејзината вистинска природа. Таа постојано ги носи, обидувајќи се да се вклопи и да биде добра девојка сè додека не побегнува. Таа одлучи да не се крие повеќе и ги исфрли ракавиците.rnrn8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставувамеrnrnИзненадувачки, Елса не е единствена во филмот која носи ракавици. Другиот е … Ханс!rnrnГи носеше во текот на целиот филм, илустрирајќи дека цело време ја крие својата вистинска личност и намерите. Единствениот момент кога ги соблекува и го покажува своето вистинско лице е кога ѝ ги открива своите вистински намери на Ана. Пред да излезе од собата каде ја остави Ана да умре, повторно ги носи ракавиците.rnrnПродолжете да читате на следната страница…rnrn

  • Најочекуваните филмови со суперхерои за 2020 година

    Најочекуваните филмови со суперхерои за 2020 година

    Без разлика дали сакаме да го признаеме тоа или не, жанрот филмови со суперхерои во моментов го достигна својот врв и ги полни киносалите со секое следно остварување. Не е важно од „кујната“ на кое студио доаѓаат филмовите, колку што е важно кои актери учествуваат во нив и какви специјални ефекти нè очекуваат.rnrnНајочекуваните филмови за суперхерои во 2020 годинаrnrnОваа година можеби не е најбогата во однос на бројот на филмови со суперхерои, но тоа не значи дека не нè очекуваат добри филмови. Тука се и Marvel и DC, како и некои други куќи, а ова е листата од 5 најочекувани:rn

    „Black Widow“

    rnrnrnСкарлет Јохансон за последен пат ќе биде во улогата на Наташа Романоф во долгоочекуваниот самостоен филм посветен на оваа хероина која е дел од тимот на „The Avengers“. Акцијата нè враќа назад во минатото, веднаш по филмот „Captain America: Civil War“ и во ова остварување дознаваме малку повеќе за минатото на Наташа. Другите улоги ги толкуваат Рејчел Вајс, Фјоренс Пју и Дејвид Харбор.rn

    „Wonder Woman 1984“

    rnrnrnНе сме сосема сигурни која е сегашната состојба на суперхеројскиот филмски универзум на DC, но знаеме дека Гал Гадот се враќа во ова продолжение, кое е повторно режирано од Пети Џенкинс, по успехот постигнат со првиот дел. Приказната се случува во 1984 година, а во другите улоги се појавуваат Кристен Виг и Педро Паскал, а нестрпливи сме да го видиме и Крис Пајн кој се враќа во улогата на Стив Тревор.rn

    „Birds of Pray“

    rnrnrnДа се надеваме дека овој филм ќе биде подобар од не толку успешниот „Suicide Squad“, од кој само Марго Роби остана во екипата играјќи на улогата на Харли Квин. Трејлерите ветуваат малку поинаков тон, а многу очекуваме и од негативецот наречен „Black Mask“, кој го толкува Ијан Мекгрегор. Ќе видиме и колку време ќе биде одвоено за другите хероини во филмот, кои според стрипот треба да го имаат приматот во ова продолжение.rn

    „Venom 2“

    rnhttps://youtu.be/padiJcEjNmArnrnКолку критичарите плукнаа по првиот дел од филмот, толку на обожавателите тој им се допадна и ги полнеа киносалите додека не заврши прикажувањето. Продолжението од филмот доаѓа оваа година и во него на Том Харди ќе му се придружи и Вуди Харелсон како Карнаж. Филмот го режира Енди Серкис.rn

    „Bloodshot“

    rnrnrnВо овој филм не станува збор за суперхерои кои треба да се борат против злото, туку се работи за малку поинаква стрип поставка. Главниот лик е жртва во несреќен случај, а потоа е оживеан како машина за убивање која не се сеќава на ништо од претходниот живот. Сепак, меморијата на главниот лик полека се враќа и тој потоа сака да им се одмазди на оние кои му нанеле штета.rnrnМожеби сакате да прочитате и кои се деветте најочекувани филмови оваа зима.

  • „E.T. си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кој ни го обележа детството

    „E.T. си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кој ни го обележа детството

    На 18.12. 2019 година Стивен Спилберг го прослави својот 72 роденден, а во негова чест се потсетуваме на еден од неговите најдраги филмови „E.T.“, филм на кој плачевме и кој нè научи на пријателство и толеранција.rnrn„И-Ти си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кои ни го обележа детствотоrn

    1. „E.T.“ настанал поради разводот на родителите на Спилберг

    rnИнспирацијата за филмот „E.T.“ се појавила кај Стивен Спилберг кога тој имал 15 години. Првичната идеја е наречена „Растење“, и го опфаќа чувството на изолираност што режисерот го чувствувал како Евреин во Аризона откако неговите родители се развеле.rnrnТоа чувство на изолираност подоцна му припаднало на симпатичниот вонземјанин, кога Спилберг ја запознал Мелиса Матисон, која го напишала сценариото за филмот.rnrn„И-Ти си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кои ни го обележа детствотоrn

    2. Дру Баримор ја добила улогата затоа што излажала

    rnДру Баримор стана ѕвезда благодарение на филмот, а ја добила улогата на Герти благодарение на нејзините измислици.rnrnШестгодишното девојче, наводно, го излажало Спилберг на аудицијата дека не е актерка, туку тапанар на панк бенд наречен „Purple People Eaters“ кој ги полнел стадионите секоја вечер. Спилберг во лагата ја увидел живописната фантазија на девојчето и веднаш одлучил да ѝ ја додели улогата.rnrn„И-Ти си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кои ни го обележа детствотоrn

    3. Главната улога била доделена заради солзи

    rnНа Спилберг му било најтешко да избере актер за најважната детска улога во филмот – онаа на пријателот на E.T., Елиот. По препорака на колегите од фелата, на аудицијата се појавил Хенри Томас, кој веќе имал сериозно актерско искуство.rnrnНо, наместо да го прочита сценариото, на Хенри му било речено дека мора да импровизира сцена со владин агент кој се обидува да го киднапира неговиот вонземски пријател. Оваа срцепарателна сцена ја има и на Јутјуб, а Томас едвај успева да ги задржи солзите.rnrn„И-Ти си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кои ни го обележа детствотоrn

    4. Креаторите на ликот на „E.T.“ биле инспирирани од слики и фотографии

    rnСпилберг ангажирал експерт за визуелни ефекти, Карл Рамбалди, кој работел на „Вонземјанин“ и „Блиски врски од трет вид“, за да создаде симпатичен вонземјанин со кој многу луѓе се соживуваат.rnrnНеговата прва инспирација била сликата „Жените од Делта“ од Академијата за ликовни уметности во Болоња, како и фотографии од луѓе кои живееле за време на Големата депресија.  Суштеството требало да има кратки нозе, долг врат и големи очи. Рамбалди го измоделирал E.T. од глина и веднаш го воодушевил режисерот.rn

    5. Дру Баримор мислела дека глуми со вистински вонземјанин

    rnСпилберг сакал E.T. да изгледа колку што е можно пореално, па во неговиот костим се смениле дури тројца актери. Но, направена е и аниматронична кукла со комплициран систем за управување кој им создавал проблеми на луѓето зад камерата.rnrnКако врв на тоа, Спилберг барал од актерите да се однесуваат кон куклата како кон живо суштество, а Дру Баримор ја убедил дека глуми со вистински вонземјанин. Во сцената кога E.T. умира, Дру покажува вистински емоции затоа што навистина верува дека му дошол крајот.rnrnПродолжете да читате на следната страница…rnrn

  • 9 божиќни филмови што ќе ви го стоплат срцето за време на ладните вечери

    9 божиќни филмови што ќе ви го стоплат срцето за време на ладните вечери

    Се ближат празниците, па крајно време е да ја украсите елката, да ги гледате вашите омилени божиќни филмови и да создадете вистинско празнично расположение. Ако веќе ви е здодевно да ги гледате истите филмови секоја година, погледнете ја оваа листа со 9 извонредни божиќни филмови што најверојатно не сте ги гледале или можеби сте заборавиле на нив.rnrn9 божиќни филмови што ќе ви го стоплат срцето за време на ладните вечериrn

    1. Божиќна збрка (A very Merry Mix-Up)

    rnОваа приказна е создадена за оние што сакаат да гледаат убави филмови додека се завиткани во меко ќебе пиејќи топло чоколадо. Една девојка по име Алис, на Божиќ ќе ги запознае родителите на својот свршеник. На аеродромот, таа се соочува со многу различни предизвици и пречки: нејзиниот багаж е изгубен, а телефонот не ѝ работи. За среќа, таа среќава странец по име Мет, а ненадејното запознавање се претвора во неверојатна авантура.rnrnhttps://youtu.be/NBwbszTkO08rn

    2. Замена на принцезата (The Princess Switch)

    rnОва е одличен филм за оние што сакаат да имаат романтична атмосфера на Бадник. Војвотката Маргарет и едноставната Стејси од Чикаго се многу слични. Невината идеја да ги сменат местата се претвора во подарок од судбината (со помош на малку магија, се разбира).rnrnhttps://youtu.be/-WBhj57fHeIrn

    3. Бебето на Бриџит Џонс (Bridget Jones’s Baby)

    rnПоминаа 12 години откако последен пат ја видовте Бриџит Џонс на големиот екран. Таа веќе нема проблеми со вишокот килограми, нејзината кариера е успешна, но Бриџит Џонс не би била таа без нејзината суперсила што ја внесува во глупави ситуации. Овој филм е лесен и смешен, па ако сакате топли и духовни приказни со среќен крај, ова е токму тоа што ви треба.rnrnhttps://youtu.be/mJsvmscPY9wrn

    4. Човекот кој го измисли Божиќ (The Man Who Invented Christmas)

    rnОткако се соочил со недостиг на инспирација и со финансиски проблеми, младиот англиски писател Чарлс Дикенс, и покрај отфрлањата од издавачите, решил да напише и да објави книга со наслов „Божиќна песна“. Подоцна, таа станува симбол на прошка, милост и љубов. Оваа трогателна приказна ќе ве натера да верувате во вашите соништа и во божиќните чуда. И многу години подоцна, овие чуда сè уште ќе ве иснпирираат да правите добри дела и никогаш да не се откажувате.rnrnhttps://youtu.be/nx3ctBjG6yIrn

    5. Божиќ (Nativity)

    rnОткако го изгубил изворот на радост во неговиот живот, наставникот во основно училиште, Пол Маденс, добива барање да направи божиќна претстава и тој започнува да работи со еден чуден асистент, господин Попи. За да го изнервира својот стар пријател, еден познат режисер за детски претстави, Пол тврди дека ќе дојдат луѓе од Холивуд за да уживаат во неговата претстава. Лагата се шири низ градот премногу брзо и се претвора во проблем, но подоцна тоа ќе биде само почеток на една прекрасна божиќна приказна.rnrnhttps://youtu.be/d_lLpFYdKj8rn

    6. Божиќни хроники (The Christmas Chronicles)

    rnСестрите Теди и Кејт решаваат да го снимат пристигнувањето на Дедо Мраз за да докажат дека тој навистина постои. Храбрата идеја се претвора во неверојатно патување со цел да го спасат Божиќ, заедно со Дедо Мраз и со неговите џуџиња и ирваси. Ова е навистина лесен, добар, па дури и едукативен филм што дефинитивно треба да го гледате пред Божиќ заедно со целото семејство.rnrnhttps://youtu.be/YaeDa_Uempkrn

    7. Витез пред Божиќ (The Knight Before Christmas)

    rnОваа лесна романтична комедија ќе ви го наполни срцето со љубов, со радост и со чувство на магија. Средновековниот витез Кол, ненадејно се наоѓа во современ свет каде што се среќава со учителката Брук. Таа смета дека Кол страда од амнезија и се обидува да му помогне, но нема поим дека тој е принцот што го чекала цел живот.rnrnhttps://youtu.be/-JtwROpSVWcrn

    8. Замрзнатото кралство 2 (Frozen 2)

    rnОва е неверојатно убав цртан филм за целото семејство што може да ве натера да заборавите на вашите секојдневни проблеми и повторно да започнете да верувате во љубов, во пријателство и во магија. Во ова ново поглавје, Елза треба да тргне на опасно патување за да го спаси своето кралство. Неа ја придружува нејзиниот тим од соништата: сестрата Ана, момчето Кристоф, ирвасот Свен и веселиот снешко Олаф.rnrnhttps://youtu.be/bwzLiQZDw2Irn

    9. Минатиот Божиќ (Last Christmas)

    rnНова романтична комедија што е една од најочекуваните божиќни премиери оваа година. Станува збор за прекрасна тандемска изведба на шармантната Емилија Кларк и на Ема Томпсон која ја игра мајката на главниот лик. Интересниот хумор и легендарната песна „Last Christmas“ се главните причини зошто треба да го гледате овој филм за време на празниците.rnrnhttps://youtu.be/z9CEIcmWmtArnrnПогледнете кои се деветте најочекувани филмови оваа зима.

  • Новиот филм на Нетфликс „Marriage Story“ (Брачна приказна) го подели Интернетот

    Новиот филм на Нетфликс „Marriage Story“ (Брачна приказна) го подели Интернетот

    „Marriage Story“ беше пуштен на Нетфликс минатата недела и многу љубители на филмот го погледнаа во текот на викендот. Драмата која зборува за развод е номинирана за 6 „Златни глобуси“ и е пред „Си беше еднаш во Холивуд“ и „Ирецот“ кои се со по пет номинации.rnrnНовиот филм на Нетфликс „Marriage Story“ (Брачна приказна) го подели ИнтернетотrnrnФилмот е длабоко личен проект на Ноа Бомбах и го прикажува разводот помеѓу успешен режисер и неговата сопруга, актерка. И покрај тоа што не е целосно автобиографски, Бобах изјавил дека се базира на неговите сопствени искуства со Џенифер Џејсон Ли:rn

    „Јас имам вистинска поврзаност со материјалот… Исто така, поминав и еден период од мојот живот кога многу од моите пријатели се разведуваа. Тоа го согледав како можност да направам нешто поголемо и заради тоа направив многу истражувања. Разговарав и со многу мои пријатели, и пријатели на пријателите, а и со адвокати, судии, медијатори.“

    rnЕден од најинтересните елементи во филмот е тоа што двојката не се презира еден со друг, но работите тргнуваат лошо во истата секунда кога ќе се појават адвокатите (брилијантно одиграни од Алан Алда, Лора Дерн и Реј Лиота).rnrnСкарлет Јохансон и Адам Драјвер имаат исклучителни улоги кои се „срцето на филмот“, а длабоките размислувања во него потсетуваат на филмските класици „Крамер против Крамер“ и „Сопрузи и сопруги“.rnrnДодека „Приказните за Мејоровиц“ (Meyerowitz Stories), претходното дело на Бoмбах, не помина најдобро и беше епизодно по природа, „Брачна приказна“ е филм што ласерски се фокусира во својот пристап. Ова е една приказна раскажана од почеток до крај. На моменти е очајна, но се чувствува и надеж на крајот. Филмот го прикажува одблизу она со што се соочил Бомбах преку разводот. Сепак, филмот „ Брачна приказна“ им е веројатно блиска и на оние со какво било искуство во љубовните врски.rnrnrnrnКритиките за филмот веќе се раширени на Интернет под хаштагот #MarriageStory. Мислењата за него се поделени.rnrnМожеби сакате да прочитате и за најдобрите „странски“ ТВ серии од 2019 година на Нетфликс, вклучувајќи ги „Dark“, „Money Heist“ и „Derry Girls“.

  • Деветте најочекувани филмови оваа зима

    Деветте најочекувани филмови оваа зима

    Иако најголемите филмски хитови се поврзани со летото, тоа не значи дека есента и зимата не носат ништо интересно на ова поле. Напротив, има многу поинтересни филмови што треба да се изгледаат во наредните неколку месеци, а за нив може да прочитате подолу.rnrnrn

    1. „Извадете ги ножевите“ (Knives out)

    rnОвој филм е мистерија со класичен заговор како оној од романите на познатата Агата Кристи и ни носи ѕвездена актерска екипа и добро познато име зад режисерското „кормило“.rnrnПриказната за убиството на писателот на крими-романи во неговиот дом ја раскажува Рајан Џонсон, некогаш сакан од публиката заради „Убијци од иднината“, сега малку омразен заради осмото продолжение на сагата „Војна на ѕвездите“.rnrnУлогите ги толкуваат Даниел Крег, Крис Еванс, Џејми Ли Кертис, Тони Колет, Мајкл Шенон, Ла Кит Стенфилд и Ана де Армас.rnrnrn

    2. „Двајцата папи“ (The Two Popes)

    rnДвајцата одлични актери во насловните улоги веќе толкуваа контроверзни религиозни водачи, па не се сомневаме дека и тука ќе имаат одличен настап.rnrnЕнтони Хопкинс и Џонатан Прајс ќе го оживеат на „големото платно“ историското ривалство што постоело помеѓу папата Бенедикт и кардиналот Берголи, кој подоцна стана познат како папата Франциско.rnrnrn

    3. „Мачки“ (Cats)

    rnАко веќе не сте запознати со дејството на оваа адаптација на познатиот мјузикл на Ендру Лојд Вебер, не бидете изненадени ако „трејлерот“ ве остави прилично збунети.rnВо него, може да видите актери кои стојат помеѓу нивната природна состојба и анимираната „мачкаста“ верзија, која потсетува на детски кошмар. Се очекува многу од екипата составена од Тејлор Свифт, Џенифер Хадсон, Идрис Елба, Ијан Макелен, Џуди Денч и многу други.rnrnrn

    4. „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“ (Star Wars: The Rise of Skywalker)

    rnСе работи за филмот кој конечно треба да стави крај на оваа сага (или не?) и да одговори на многу од прашањата поставени во претходните две продолженија.rnНе се сомневаме дека овој филм ќе ги подели и обожавателите, но останува прашањето дали некој друг „ќе ги трие рацете“ на крајот, освен Дизни, кој секако очекува полни сали на крајот од оваа година.rnrnrnrnПродолжува на следната страница…rnrn