КАФЕ ПАУЗА

5 филмски премиери во октомври што ќе ве натераат да го посетите најблиското кино

Written by

in

Одамна не сте биле во кино? Не грижете се, затоа што октомвриските филмски премиери ќе ви дадат причина да ја посетите најблиската кино сала во брзо време. Погледнете кои се најочекуваните филмови за октомври 2018 година!rnrnrn

1. Ѕвездата е родена (A Star is Born) – 5 октомври

rnСтанува збор за преработка на класичниот филм со истото име од 1937 година. Главните улоги ги толкуваат незаменливите Бредли Купер и Лејди Гага, претставувајќи ни трагична љубовна приказна помеѓу музичар и артист.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=nSbzyEJ8X9Ern

2. Веном (Venom) – 5 октомври

rnЧовештвото е лесно заменливо… но, комбинација на човек и симбиот – е тоа е веќе сосема нова раса! Том Харди е новинарот Еди Брок во овој трилер за антихерој. За сите оние што ја чекаа оваа темна приказна, октомври ќе биде многу возбудлив месец.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=xLCn88bfW1orn

 3. Лоши времиња во Ел Ројал (Bad Times at El Royale) – 12 октомври

rnОвој филм е класичен трилер и ја раскажува приказната за седум странци што ќе се запознаат во Ел Ројал, што се наоѓа на езерото Тахо. Тоа што е најинтересно е актерската екипа, што ги вклучува Џеф Бриџис, Синтија Ериво, Дакота Џонсон, Џон Хам, Кејли Спејни, Луис Пулман, Ник Оферман и Крис Хемсворт.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=y7wzBVARwaUrn

4. Првиот човек (First Man) – 12 октомври

rnОвој филм ни дава интимен поглед во животот на Нил Армстронг (Рајан Гослинг), како и сите настани што водеа до историскиот момент во којшто тој стана првиот човек што стапна на месечината.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=TVowQ4LgwLkrn

5. Ноќ на вештерките (Halloween) – 19 октомври

rnРасположени за хорор? Долгоочекуваното продолжение ја враќа назад Џејми Ли Кертис во својата позната улога како Лори. Во првиот филм од 1978 година таа беше средношколка, а во продолжението ќе го следиме нејзиното враќање во домот од детството.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=ek1ePFp-nBIrnrnПогледнете ги и 10-те најдобри филмови што ги очекуваме оваа есен.