КАФЕ ПАУЗА

Филм: Алита: Борбениот Ангел (Alita: Battle Angel)

Written by

in

,
Деактивиран женски киборг е повторно вратен во живот, но не може да се сети ништо за нејзиниот поранешен живот и тргнува на мисија за себеоткривање

rnРежија: Роберт РодригезrnrnУлоги: Роза Салазар, Кристофер Волтс, Џенифер КонелиrnrnВреметраење: 122 минутиrnrnПремиера: 14 февруари 2019rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: акција, романса, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=w7pYhpJaJW8rnrnАко сте љубители на специфичните стрипови познати како Манга, тогаш без сомнение сте чуле за Воениот Ангел Алита! Станува збор за животот на тинејџерка-киборг која ќе биде откриена во далечната иднина на Земјата, без никакво сеќавање за нејзиното минато. Никој не знае од каде таа дошла, ниту пак зошто е толку напредна, како и експерт за одамна изгубените киборгски боречки вештини. Токму затоа и таа мора да се адаптира на новиот дистописки свет и да научи како да живее меѓу луѓе од кои е толку многу различна.rnrn rnrnОвој филм е исполнет со доволно материјал за неколку продолженија. Затоа и на моменти ќе имате чувство како постојано нешто да се случува, а и ќе забележите брзо скокање од една на друга тема. Алита ќе истражува сериски убиец, ќе стане ловец на награди, ќе се заљуби, ќе се приклучи на смртоносна професионална киборг спортска лига и ќе ја открие вистината зад нејзиното постоење. Да, сето ова во само еден филм! Но, не грижете се. Иако е премногу материјал, сепак филмот е навистина забавен за гледање.rnrn rnrnПа, ако сте расположени за оживување на една од најпопуларните Манга стрипови во светот, тогаш ова е најдобриот избор за вас! Роза Салазар, која ја толкува главната улога, е брилијантна во „кожата“ на Алита, а специјалните ефекти се нешто досега невидено. Нема да ви се верува дека поголемиот дел од филмот е компјутерска обработка, бидејќи сè изгледа толку реално! Покрај тоа, целата актерска екипа е брилијантно одбрана, а и приказната е нешто што уште долго ќе го паметите. Едвај чекам да излезе второто продолжение!