КАФЕ ПАУЗА

10 филмови кои ќе ви помогнат да заборавите на сè

Written by

in

,

Одвреме-навреме на секој од нас му се случува да не сака да прави ништо освен да се смести удобно и да изгледа некој филм. Најчесто ова се стресни периоди кога се чувствувате преплавено од сè. Доколку ви е потребен краток одмор, изгледајте некој од овие филмови коишто навистина ќе ви помогнат да заборавите на сè.rn

1. „Флоренс Фостер Џенкинс“ (Florence Foster Jenkins)

rn10 филмови кои ќе ви помогнат да заборавите на сèrnrnОваа трагикомедија е навистина шармантна. Мерил Стрип ја гледаме во улога на богата жена од Њујорк која има сè, но сака да биде оперска пејачка и покрај тоа што има ужасен глас. Во улогата на нејзиниот сопруг ќе го гледате прекрасниот Хју Грант.rn

2. „Недопирливи“ (The Intouchables)

rn10 филмови кои ќе ви помогнат да заборавите на сèrnrnКреаторите на овој филм успеале да создадат духовито, шармантно и весело дело кое го слави животот. Филмот е комбинација од комедија и драма за два целосно различни ликови.rn

3. „Одморот“ (The Holiday)

rn10 филмови кои ќе ви помогнат да заборавите на сèrnrnДве жени живеат 10.000 километри оддалечени една од друга, а и двете се навистина несреќни. Се запознаваат преку Интернет на веб-сајт за размена на апартмани и го прават токму тоа, си ги разменуваат апартманите. Оваа одлука целосно ќе им ги промени животите.rn

4. „Соул кичен“ (Soul Kitchen)

rn10 филмови кои ќе ви помогнат да заборавите на сèrnrnФилмот на германскиот режисер со турско потекло, Фатиха Акина сигурно ќе ви го подобри расположението. Дејството се случува околу ресторанот „Соул Кичен“ во Хамбург, а сите ликови сигурно ќе ви се допаднат.rn

5. „Љубов, всушност“ (Love Actually)

rn10 филмови кои ќе ви помогнат да заборавите на сèrnrnМожеби овој филм ви е веќе изгледан десет пати, но време е да го погледнете уште еднаш. Љубовта навистина може да промени сè – од згодниот нов премиер кој се вљубува во неговата секретарка, до писателот кој бара некој што ќе го освои неговото скршено срце. Уште подобро за филмот е што има и одлична актерска екипа.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn