Повеќето луѓе најчесто ги опишуваат Водолиите како нескротливи деца со слободен дух. Секако, ова звучи подобро отколку тврдоглавите Бикови или заштитнички настроените Скорпии, но велат дека воопшто не е лесно да си Водолија.rnrn
Како сите други знаци така и Водолиите не го избрале својот карактер. Тоа едноставно е запишано во ѕвездите. Често, Водолиите се исмевани, незабележани или смешни поради креативните умови и бујната фантазија. Емоционално исцрпувачки и обесхрабрувачки е тоа што луѓето секогаш го осудуваат начинот на живот на Водолиите. Во продолжение прочитајте ги 8-те најважни причини зошто никој не ги разбира Водолиите.rn
1. Водолиите не се зближуваат
rnСекој знае дека Водолиите се озогласени поради тоа што се емоционално недопирливи. Тие се многу затворени сè додека не почувствуваат дека дошла вистинската личност за нив. Но, тоа не го прават намерно. Само што, толку многу ја ценат лудоста на нивните срца и умови, што не можат да ја споделат со кого било. Тие имаат потреба да сакаат, но едноставно не можат. А ако можат, тогаш…rn
2. Водолиите сакаат силно
rnКога Водолијата конечно ќе дозволи да ѝ пријдете, тогаш бидете мудри. Сѐ или ништо. Водолиите не сакаат многу игри и не сакаат вообичаени врски. Ако најдат личност за која веруваат дека е вредна со неа да ја споделат својата душа, тогаш сигурно ќе дадат сѐ од себе. Ова не звучи воопшто лошо сѐ додека не бидат повредени. Кога некој ќе го скрши срцето на Водолијата, тогаш следува катастрофа. Повторно се затвораат во себе, а овој пат ѕидот околу нив е подебел.rn
3. Немаат проблем да сонуваат
rnБезброј пати им велат дека нивните соништа се нереални и ги повикуваат да се вратат на Земјата. Но, зошто? Водолиите никогаш нема да разберат зошто е лошо да се сонува. Тие сакаат да патуваат во Прага, да го менуваат светот, да ги спасат шумите и да ја вратат вербата во човештвото. Па, тогаш зошто да не сонуваат? Тие не се глупави што посакуваат нереални нешта. Тие само имаат повеќе надеж од другите.rn
4. Водолиите не седат мирно
rnВодолиите се секогаш во движење, секогаш брзаат некаде и секогаш се спремни за некоја следна авантура. Некогаш знаат да уживаат со чаша вино и релаксација во петок навечер, но не секој петок. Водолиите го разбираат светот различно од сите. Тие веруваат дека светот е убав и за нив, секој ден кога нема да уживаат во таа убавина е залудно потрошен ден.rn
5. Водолиите сакаат мали нешта
rnВодолиите се оние луѓе од друштвото кои застануваат да направат фотографија од убаво дрво. Природата е убава, исто како и животот. Водолиите можеби се интровертни хипици, но во тоа нема ништо лошо. Според нив, ако секој човек некогаш застане да помириса убава роза покрај патот, светот ќе биде поубаво место за живеење.rn
6. Водолиите се лесно ранливи
rnБез разлика дали се работи за загуба на некоја драга личност, или само се чувствуваат несреќно, на нив негативните настани им влијаат многу посилно затоа што на различен начин се поврзани со својата душа. Водолиите живеат позитивно, па затоа лесно се исфрлаат од колосек кога ќе се појави нешто негативно.rn
7. Водолиите не знаат да ги сокријат своите чувства
rnТоа значи дека кога чувствуваат нешто, тоа лесно се забележува. Водолиите не можат да се преправаат и да се смеат кога нешто не е во ред. Тие не бараат сожалување или внимание, тие само сакаат да се чувствуваат подобро. Некогаш ни самите не се свесни дека нешто не е во ред, сè додека некој не им каже дека изгледаат вознемирено.rn
8. Водолиите се контрадикторни
rnВодолиите знаат силно да сакаат, но се мошне нечувствителни. Тие многу сонуваат, а кога нешто ќе им го привлече вниманието, го сакаат токму тоа. Обидете се да ги разберете такви какви што се. Ако не можете, тогаш не го расипувајте нивното кревко расположение.


rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn

rnrnЗа ова истражување биле собрани податоци од 300 познати личности, политичари, научници, атлетичари, јавни работници, артисти и луѓе кои се занимаваат со литература. Открил дека Водолијата е знак кој најчесто се поврзува со успешните познати личности.rnrnДруг фактор кој можеби влијае е тоа што луѓето кои се родени во овој знак обично тргнуваат постари на училиште.rn
rnrnМора да е одлично да си Водолија, нели?!
rn
rn
rn
rnrn rnrn
rn
rn
rn


rnrnЗа Рибите, пријателството кое го имаат со Водолијата преставува вистинско освежување. Ниеден од нив не го почитува формалниот начин на однесување и токму поради тоа тие уживаат во „откачените“ особини од нивниот карактер.rnrnРибите никогаш не треба да се грижат за тоа што ќе мисли Водолијата за нивната потреба постојано да шетаат босоноги. На сличен начин, Водолијата нема потреба да им објаснува на Рибите на кој начин едниот чорап ѝ „залетал“ на фрижидерот.rnrnТенденцијата на Водолијата понекогаш да биде цинична, може да ги збунува Рибите. Од друга страна, инстантното цимолење на Рибите како резултат на секоја мала провокација, може навистина да ја нервира Водолијата. Во секој случај, во поголемиот дел од времето поминато заедно, овие пријатели обожаваат да се дружат, особено кога одат заедно на часови по јога, прават филозофски муабети или го набљудуваат ѕвезденото небо.rnrnОвие пријатели се навистина навлечени на некои теми од новото доба, како што се тарот-карти, нумерологија или читање книги како „И Чинг“. На Водолијата ѝ е забавно да навлегува во дискусии со длабоките Риби, кои темелно ги разбираат ваквите теми.rnrnКога станува збор за станување од кревет и протегање на екстремитетите, овие двајца може да уживаат во активности како танцување и пловење. Исто така, одењето в кино може да биде начин на забава за нив, особено доколку гледаат филм од некој експериментален жанр. Рибите и Водолијата се најчесто и музички талентирани, па може да им биде интересно да пеат и свират заедно или да си ги разменат mp3 плеерите.
Една работа е сигурна, на овие пријатели никогаш нема да им биде здодевно додека се заедно. Ним секогаш им е интересно да дискутираат за актуелните настани во државата и светот, а може да сакаат и да бидат дел од разни хуманитарни активности.rnrnДве водолии може заеднички да се рекреираат возејќи велосипед, скијајќи, сурфајќи на бранови и сл. Кога станува збор за полежерни физички активности, овие пријателчиња може вистински да се зближат доколку заедно посетуваат часови по јога. Исто така, можно е да имаат манија за посетување часови по модерен танц, кој соодветствува со нивниот артистички дух. Заедничките патувања на егзотични места, секогаш ќе претставуваат непресушен извор на забава, кога станува збор за пријателска комбинација составена од две водолии.rnrn
Девицата премногу се грижи за некои ситни работи кои водолијата воопшто не ја тангираат. Така на пример, девицата секогаш мора да носи совршено испеглана облека, косата мора да ѝ е убаво исчешлана, а книгите во домашната библиотека да ѝ бидат подредени по азбучен ред. Наспроти ова, водолијата ќе има среќа, ако воопшто може да пронајде две чорапи кои се од истиот пар.rnrnТочно е тоа дека на девицата средувањето на хаосот околу неа ѝ создава задоволство. Но, откако ќе заврши со средување, се чувствува малку празно. Во тој момент, долетува веселата водолија предложувајќи ноќно капење или планинарење на -10 степени. Дали на водолијата некогаш ќе ѝ успее да ја натера девицата да прави будалштини? Најверојатно не, но таа ќе ужива да ги гледа откачените активности на водолијата, од страна.rnrnДоколку можат да ги надминат нивните разлики, овие двајца може да имаат задоволувачко пријателство. Двајцата се бистри и интелигентни личности, кои најверојатно би уживале разговарајќи за разни фиктивни теми, како на пример какви технолошки, социјални и еколошки промени можат да се случат во иднина. Од физичките активности, најмногу би им одговарале спортови кои ќе ги подигнат од земјата и ќе ги вивнат во небото, како планинарење, летање со падобран, скијање, возење скутер на вода и слично.rnrn