На Водолиите им се потребни други луѓе, некои кои се извор на нови идеи и слушатели на оние кои веќе имаат своја идеја. Ако сте еден од овие знаци, тогаш вие имате големо влијание и одлична поврзаност со Водолиите.rnrn
rn
1. Овен
rnВодолијата е вториот најстар знак во зодијакот, веднаш по Рибите. Ова значи дека тие ја носат мудроста од минатото и ја прават нова. Овенот од друга страна е најмладиот знак. Тој е интересна комбинација од хумор и страст кои уште веднаш ѝ се допаѓаат на Водолијата. Врската помеѓу овие два знака ќе биде малку како онаа помеѓу дедо и внук. Овенот ѝ помага на Водолијата да го согледа современото, а таа пак овде ги искажува своите ексцентрични погледи. Овенот ја гледа Водолијата како некој кому му е потребна заштита. Овој огнен знак е толку приземјен што не може да разбере како Водолијата постојано лета над сè. Кога овие два знака работат заедно, тие можат да го променат светот. Овенот е искрата која ја започнува револуцијата, а Водолијата ја носи лековитата вода која ќе го исчисти светот.rn
2. Вага
rnИ Вагата и Водолијата се воздушни знаци, но нивните особини се разликуваат. Вагата е склона кон иницирање идеи кои често ги остава незавршени. Водолијата од друга страна, развива само една идеја и се држи до неа до крај. Причината за компатибилноста на овие знаци е тоа што Вагата може да ги види примените на идеите на Водолијата. Таа го разбира визионерскиот дух на Водолијата и може да им го „преведе“ на другите. Ако Водолија и Вага присуствуваат на иста забава, замислете ја Водолијата како личност која ќе почне да зборува за вонземјани и НЛО. Водолиите сакаат да поминуваат многу време работејќи на езотерични проекти и многу често навлегуваат толку длабоко што другите не можат да ги следат. Тие често се горди на тоа што се чудни и не им е грижа дали другите ги следат. Но Вагата најдобро ќе го разбере она што го кажуваат. Таа е како преведувач на неверојатните идеи на Водолијата. На овој начин двата знака може да работат заедно и да ги шират своите визии за иднината на начин на кој другите ќе го разберат.rn
3. Скорпија
rnПовеќето астролози сметаат дека Скорпијата и Водолијата не се компатибилни, но тие си се потребни еден на друг. Скорпиите се знакот со натприродни дарби, синхронизирани со духовниот свет. Водолиите се визионери кои можат да ја оформат иднината. Кога се најмоќни и кога се заедно, тие можат да работат како вистински исцелители. Но кога немаат добро разбирање за себе, може да почнат да се натпреваруваат и да си завидуваат за способностите. Ако Водолијата и Скорпијата сфатат дека нивните моќи се разни и еднакво вредни, тие може да создадат доживотна поврзаност и заедно да ја излечат планетата.rn
4. Јарец
rnЈарецот може нема секогаш да знае каде се наоѓа главата на Водолијата, но тој е доволно паметен за да му биде јасно дека нема потреба да разбира сè на овој свет. Некои луѓе доаѓаат во вашиот живот за да ги цените, а овие два знака навистина се ценат. Јарецот може да биде добро заземјување за Водолијата. Водолиите често се заробени во нивните мисли и може да станат анксиозни. Јарецот им помага да се вратат во физичкиот свет. За возврат, Водолијата му помага на Јарецот да ја погледне големата слика. Јарците може да се фокусираат и на најмалите детали и пречки кои им застануваат на патот. Понекогаш ги забораваат своите способности. Водолијата ја гледа вистинската моќ на Јарецот и навистина навива за него зголемувајќи му ја самодовербата. Овие два знака се можеби различни, но секогаш си го посакуваат најдоброто.rn
5. Друга Водолија
rnНикој не ја разбира Водолијата како друга Водолија. Кога ќе се сретнат тие веднаш се препознаваат. Водолиите можат да изградат семејство со другите Водолии. Ова е особено важно бидејќи најмногу од сите знаци, Водолиите се „црната овца“ во семејството. Како деца тие често верувале дека потекнуваат од друг свет. Сè додека не сретнат друга Водолија, тие ќе се чувствуваат како да немаат место на овој свет и на оваа планета.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте апсолутна Водолија во хороскоп.


rnrnТаа секогаш ќе каже што мисли и ја кажува вистината. Таа е прилично објективна и не дозволува емоциите да ѝ го заматат умот. Понекогаш може да биде шокантно и болно за другите да ја слушнат вистината, но Водолијата без оглед на тоа ќе ја каже.rnrnТаа е визионерски знак, нескротлив и интелектуално независен. Водолијата секогаш го следи својот пат. Бара интелектуална стимулација и постојано открива нешто ново и формира нови мислења.rnrnЖените родени во знакот Водолија се полни со парадокси. Ги интересираат сосема спротивни работи – сакаат да бидат сами, но сакаат да бидат и во големо друштво.rnrnДоколку имате некоја Водолија во вашиот живот или пак планирате да ја освоите, тогаш 
rnrnВодолиите се препознатливи по нивните драстични промени во стилот. Еден ден ќе ги видите со светло розова коса и ќе носат ексцентричен накит, како на пример пирсинг на лице, а веќе наредниот ден ќе се облечат во сериозно деловно одело и косата повторно ќе им биде во нормална боја. Добро им стојат парчиња облека што навидум не можат да се спојат во комбинација. Во нивниот орман секогаш ќе најдете авангардни парчиња, а фризурите што ги претпочитаат честопати се шик и неконвенционални.rnrnНајдобро им стојат светли и весели бои, како на пример морско сина, тиркизна, јако розова и смарагдно зелена. Водолиите секогаш купуваат брендови кои не ги тестираат производите на животни, а понекогаш се обидуваат сами да си ја произведат шминката и козметиката.rnrnКога одат во шопинг, никогаш не прават листа на работи што треба да ги купат, туку го купуваат тоа што ќе им фати око. Тие не ги сакаат големите шопинг центри, туку малите локални дуќани во кои можат да најдат винтиџ парчиња и да направат уникатни модни комбинации. Со задоволство одат на шопинг со другарките, но тоа го прават за да поминат време во добро друштво, а не за да купат нешто.rn
rn
rn
rn

rn
rn
rnrnОд познатите дами родени во знакот на Водолија кои се истакнуваат со својот стил би требало да се издвојат и актерките Ајла Фишер, Елизабет Бенкс, Гема Артертон и Миша Бартон, пејачката Кели Роуланд, и актерката и пејачката Натали Имбруглија.rnrnНа жената Водолија најмногу ѝ одговараат свежите парфеми кои во себе содржат грејпфрут, ирис, крин и јоргован. Идеален избор ќе бидат парфемите: „Idylle“ од Герлан, „Acqua di Gioia“ од Армани, „L’Eau par Kenzo“ и „L’Eau d’Issey“ од Кензо.
rn
rn