КАФЕ ПАУЗА

Запознајте ја водолијата однатре и однадвор

Запознајте ја водолијата однатре и однадвор

Водолиите како деца, ќе ги препознаете по нивното многу темпераментно, дури и брливо однесување. Во тинејџерските години овој хороскопски знак е впечатлив по неговиот „тренди“ стил на облекување, кој е сочинет од „вкусно“ искомбинирани уникатни парчиња облека и накит. Возрасните водолии пак, имаат страст за интелигентни дебати и се многу заинтересирани за мислите кои се кријат во мозоците на другите луѓе.rnrnЗапознајте ја водолијата однатре и однадворrnrnТие имаат идеалистички поглед кон животот, нивното однесување е променливо, честопати сакаат да бидат сами, затворени во „нивниот свет“ и имаат тенденција кон љубомора, прекумерна тврдоглавост и намуртено расположение. Во поглед на љубовта, водолијата понекогаш може да делува отсутно и изгубено во мислите во очите на нејзиниот партер, а во други ситуации, пак, таа може навистина концентрирано да го слуша секој збор на нејзиниот љубен/а.rnrn

Водолијата однадвор

rnПовеќето водолии имаат неопределен израз на лицето од кој не можете да „прочитате“ буквално ништо, високо чело и убаво дефинирани црти, распределени на овален облик на глава. Тие најчесто се натпросечно високи луѓе со витка става. Типично за водолијата е да има светло сини или маслинести очи и длабок, оддалечен, мечтателски поглед. Имаат просечна големина на нос и симпатични дупчиња на образите, а нивните усни се исполнети во средишниот дел и се стеснуваат кон аглите.rnrnЗапознајте ја водолијата однатре и однадворrnrnИнтересно за водолиите е тоа што кога размислуваат, ја навалуваат главата на едната страна, што оддава впечаток како нивните мисли буквално да „тежат“. Припадниците на овој хороскопски знак претежно имаат нежен, монотон глас, ретко се ведри и весели, но кога се, нивната несекојдневна, интересна и пред сè неочекувана насмевка за оние кои се во нејзина близина, им дава една особена шармантност и искреност.rnrnДвижењата на водолијата се бавни и лежерни, исто како што се и нејзините мисли. Но, наспроти нејзиното спокојно однесување, водолијата знае понекогаш да биде и мошне отворена, директна и остра, народски кажано – без влакна на јазик. Овој знак високо ја цени вистината и нејзиното целосно откривање, така што оние луѓе кои лажат, ја искривуваат или ја прикриваат вистината, создаваат разлутеност, огорченост и гнев кај водолиите. rnrn

Водолијата однатре

rnНаједноставен начин за да се запознае еден хороскопски знак, е преку дознавање кои се неговите желби, интереси и потреби. Новото, несекојдневно искуство е секогаш добредојдено за водолијата, како и откривањето како функционираат нештата и зошто се дизајнирани на еден или друг начин.rnrn

Топ 10 нешта кои водолијата ги сака:

rn

    rn011

  • Водолијата има разновидни интереси. Таа сака да ги анализира луѓето, да ужива во музиката, уметноста, литературата и да посетува  разни места.
  • rn

rn

    rn011

  • Има одлични менаџерски способности, благодарение на што ужива во улогата на главен организатор и координатор на проекти.
  • rn

rnrnЗапознајте ја водолијата однатре и однадворrn

    rn011

  • Омилено хоби ѝ е да мечтае за реализација на некои големи нејзини соништа, кои најчесто постануваат реалност.
  • rn

rn

    rn011

  • Амбициозна е и сака да биде успешна, но знае да создаде рамнотежа помеѓу работата и забавата.
  • rn

rn

    rn011

  • Водолијата е лојален и верен љубовник и пријател.
  • rn

rn

    rn011

  • Сака да биде пофалена и да ѝ се оддаде признае кога добро ја завршила работата.
  • rn

rn

    rn011

  • Љубовната врска со партнерот сака да и е базирана на договор.
  • rn

rn

    rn011

  • Ја почитува и ја очекува приватноста и индивидуалноста.
  • rn

rn

    rn011

  • Сака да се забавува, обожава промени и ужива во изненадувања.
  • rn

rn

    rn011

  • Потребен и е богат социјален живот, големи прослави, а понекогаш се задоволува и со мали интимни вечери поминати со најблиските.
  • rn

rnrnЗапознајте ја водолијата однатре и однадворrnrnВодолијата е лекомислена и безгрижна, но сепак има доста нешта кои и пречат, а тие се најчесто поврзани со луѓето и нивното однесување. Тие се отворени за сè што за нив е ново и неискусено и сакаат да го живеат животот со „полна пареа“ и најпозитивно што е возможно.rnrn

Топ 10 нешта кои водолијата НЕ ги сака

rn

    rn011

  • Не сака да биде лишувана од каков било аспект на слободата, која ѝ е толку потребна.
  • rn

rnrnЗапознајте ја водолијата однатре и однадворrn

    rn011

  • Мрази егоистични луѓе и фалбаџии.
  • rn

rn

    rn011

  • Не сака ниту да зема ниту да дава пари на заем.
  • rn

rn

    rn011

  • Не почитува луѓе кои лажат и не си ги исполнуваат нивните ветувања.
  • rn

rn

    rn011

  • Не сака да биде ставена во потчинета позиција и да биде присилена да „игра“ според туѓи правила.
  • rn

rn

    rn011

  • Не сака наметливи и дрски луѓе.
  • rn

rn

    rn011

  • Има одбивност спрема луѓето кои се дел од „влијателните кругови“.
  • rn

rn

    rn011

  • Мрази рутински начин на живот и околности кои ја ограничуваат во однос на она што сака да го реализира.
  • rn

rn

    rn011

  • Не сака непријатни ситуации, несогласувања со другите луѓе и лошо претставување во јавност.
  • rn

rn

    rn011

  • Не сака прекумерност и мрази да губи.
  • rn


rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.