Доколку сте Вага во хороскоп, без сомнение ќе се пронајдете во поголемиот дел од овие однесувања. Вагите поминуваат многу време во двоумење, обидување да донесат одлуки и живеење мрзливо, но доколку се мотивирани, можат да постигнат повеќе од кој било друг. Погледнете ги 12-те нешта кои се најкарактеристични за овој хороскопски знак.rnrn
rnrn1. Поминувате цело попладне во обид да сфатите зошто некому не му се допаѓате. Ова е вашето најомилено и најмалку омилено нешто за правење. Сериозно, како е можно некој на оваа планета да не мисли дека сте неверојатни? Мора да постои објаснување, најверојатно кое вклучува вонземјани.rnrn2. Разговорите преку пораки со вашите пријатели најчесто звучат вака: „Дојди да се дружиме“, „Не, ми се останува дома вечерва“, „Во ред“, „А сепак да излеземе?“, „Супер“, „Не, ајде подобро не“. Вие ја обожавате вашата слобода, но и често сакате да бидете сами. Тоа е непрестајна битка која ја водите со себе.rnrn3. Обидот да донесете одлука најчесто ве води кон откажување и дремка. Што на некој начин и се смета за донесување одлука, така да треба да се гордеете!rnrn4. Толку сте опуштени што доцните повеќе од еден час во сите дневни активности. Токму ова однесување води кон губење пријатели и лутење на вашите соработници, но вие знаете дека со живеењето опуштено ќе бидете многу посреќни отколку постојано да бидете во брзање.rnrn5. Вашите пријатели никогаш не знаат кога сте им лути, бидејќи се соочувате со нив на пасивен начин. И потоа уште повеќе се лутите затоа што тие не сфаќаат дека имате проблем со нив. На пример, тие упорно ги качуваат своите нозе на каучот, дури и покрај тоа што сте им рекле дека тој е убава боја. Како тие не сфатиле дека тоа значи да не го уништуваат со своите нозе?rnrn6. Останувате во една врска до крајот на вашиот живот, бидејќи кога започнувате нешто, го истерувате до крај. Токму затоа и некогаш сте во врска која не ве исполнува.rnrn7. Кога сте на забава, се грижите сите да се чувствуваат удобно и сакано. Зарем луѓето прават нешто поразлично на забавите? Уживањето во нечие друштво е нешто кое никој не треба да го побара за да го добие.rnrn8. Им укажувате на вашите колеги дека работите повеќе од сите. Но, вашите пријатели знаат дека сте најмрзливата личност на планетата. Кога сте на работа, сте ефикасни, но кога сте дома… Вие сте неверојатно мрзлива мистерија.rnrn9. Вие или се заљубувате веднаш, на првиот состанок или не излегувате со оваа личност на втор. Едноставно не сакате да си го губите своето време доколку не чувствувате ништо за него/неа.rnrn10. Одлични сте кога глумите дека сте во ред, дури и ако чувствувате дека врискате во себе. Вие го правите тоа за сите околу вас да бидат добри и затоа што не сакате да го расипувате нивното расположение со вашите проблеми.rnrn11. Не ви е јасно како луѓето можат да се воздржат доколку некој помине преку ред. Вие сте навредени од ова однесување и бидејќи правдата ви е важна, не можете да не го искажете гласно својот став на оваа тема. Без разлика колку луѓе има околу вас или каде се наоѓате.rnrn12. Знаете дека имате три недели да завршите одреден проект, но тоа го правите отприлика за 3 минути пред крајниот рок. Доколку немавте крајни рокови, никогаш немаше да станете од вашиот кауч. Вие ќе бевте надвор од форма, додека каучот ќе ви беше прекриен со трошки. Но, барем ќе бидете среќни…
Category: Вага
-

12 нешта кои само Вагите можат да ги разберат
-

Моќта на жените Ваги: Откријте зошто секој маж копнее по нив
Вие лесно можете да ја препознаете жената Вага по својата елеганција која зрачи со секое нејзино движење. Таа е совршено природна и секогаш своја, па токму затоа и со својата грациозност го привлекува погледот на сите мажи околу неа. Доколку и вие сте жена Вага, тогаш треба да знаете нешто многу важно: мажите едноставно полудуваат кога ќе ве запознаат. Вашата женственост, шармантност и заразни насмевки се неодоливи мамки за припадниците на посилниот пол кои можат за само една секундa да ги заробат без тие да знаат што се случило.rnrn
rnШармот на жените Ваги
rnБидете искрени и признајте дека понекогаш го користите вашиот шарм со цел да постигнете некоја цел. Вам доволно ви е само еден поглед со цел да го омекнете секој соговорник. Исто така никогаш не би одговориле агресивно на напад, туку би ја искористиле својата прекрасна енергија за да го смирите разговорот и да се вратите во мирните води. Вие имате граница преку која не дозволувате да ве турнат, па токму затоа се случува и да ги избегнувате примитивните и гласни луѓе кои прават да се чувствуваат лошо во нивна близина.rnrnВие не сакате да ги наметнувате вашите ставови ниту пак се држите цврсто за нив. Во вас постои силна црта на емпатија и сакате искрено да го сфатите размислувањето на сите околу вас. Ако откриете дека некој размислува различно од вас, вие нема веднаш да ги прогласите за глупави и да се обидете да ги уверите во вашите ставови, туку едноставно ќе размислите дали тие можеби се во право. Да, жените Ваги не се срамат да признаат дека понекогаш грешат и токму оваа карактеристика ги сместува во малцинството.rn
Љубовниот живот на жените Ваги
rnВо љубовта тие играат отворени и без скриени карти во нивните ракави, па токму затоа и истото го бараат од својот љубен. Кога вистински сака, таа е спремна да го прави тоа без граници. Но, внимавајте бидејќи не сите луѓе се како вас. Некој лесно би можел да ја прогласи вашата искреност за наивност и да ве повреди.rnrnВагите најдобро се чувствуваат во долгите врски со цел, многу подобро отколку во минливи авантури кои не водат никаде. Сепак дури и во најцврстите врски имаат потреба од простор за себе. Поради силната смисла за правда, Вагата истата слобода ќе ја дава и на својот партнер. Вагата од партнерот бара тој да биде вистински маж, додека таа ќе биде неговата најголема поддршка. Откако ќе има свои деца, таа ќе биде одлична и грижлива мајка. Но, доколку случајно се појават проблеми, таа може да ја покаже и својата силна страна, бидејќи кога ќе дојдат тешки времиња таа влече од себе сила која дури ни самата не знаела дека ја поседува.
-

10 знаци дека сте апсолутна Вага во хороскоп
Ако славите роденден помеѓу 23 септември и 22 октомври, сигурно ќе се пронајдете барем во дел од следните 10 карактеристики.rnrn
rn1. Вие сте социјален тип
rnСакате да зборувате, a луѓето сакаат да ве слушаат. Дружељубиви сте, а се чувствувате дека сте во елемент сте кога се наоѓате во центарот на вниманието помеѓу група луѓе.rn
2. Вие сте природен посредник во група
rnВие генерално излегувате на крај со проблемите на другите луѓе на смирен и одговорен начин и секогаш имате балансирана перспектива на нештата.rn
3. Оваа карактеристика често може да ве прави да изгледате дволично
rnВие сакате да ги поддржите гледиштата на двете страни, па поради тоа може да се согласите со сите, дури и ако тоа значи дека си противречите на самите себе.rn
4. Можеби премногу се потпирате на другите кога се обидувате да донесете одлука
rnВагите обожаваат да разговараат со луѓе, па природно е што сакаат и да се консултираат со други. Како и да е, понекогаш може да претерате, па на крајот да бидете обземени од туѓите чувства и мислења.rn
5. Но, ако си верувате себеси, вие сте ОДЛИЧНИ во донесување одлуки
rnВеќе ја имате во себе дарбата да ги земете предвид сите страни на приказната кои ќе ви бидат претставени. Ако можете да се фокусирате на тоа и да им верувате на вашите инстинкти и искуства, сигурно ќе постапите правилно и ќе пресечете со соодветна одлука.rn
6. За вас, пронаоѓањето на вистинската љубов е една од најважните нешта
rnАко сè уште не сте ја пронашле, вие едвај чекате да ја запознаете вашата сродна душа. Романтиката и љубовта ви се многу важни, па ќе работите напорно да ја пронајдете љубовта на вашиот живот, но и да ја задржите.rn
7. Но вашата незапирлива потрага по љубов може да ви застане на патот за други работи
rnВагите сакаат да имаат посебна врска толку силно што може да стават на пауза други важни работи во нивните животи, како работата и семејството. Тие мора да бидат многу внимателни да не се изгубат себеси во процесот.rn
8. Вие сте љубезен и гостопримлив домаќин
rnВашиот инстинкт ве тера да правите луѓето да се чувствуваат добредојдени и сакате да им овозможите да се забавуваат. Секој сака да биде поканет на вашите вечерни забави.rn
9. Малку сте мрзеливи
rnВагите се мудри и често лукави, па тие имаат големи и одлични идеи за успех, но понекогаш им е тешко да ги исполнат и да го сработат потребното за да дојдат до целта.rn
10. Сакате да бидете опкружени со фенси предмети
rnВие имате остро око и префинет вкус. Вагите сакаат луксуз – често дури и на сметка на практичноста.
-

Вага и риби – пријателска комбинација
Уметничка душа каква што е вагата, не може да остане рамнодушна на креативната риба. Вагата и рибата можат да бидат одлични пријатели, под услов да не мораат да носат многу заеднички одлуки. Дури и кога треба да одберат кој филм да го гледаат в кино или во кој ресторан да одат на вечера, тие подобро да фрлаат паричка, бидејќи во спротивно ќе им биде проблем брзо да се одлучат. Проблемот се состои во тоа што и вагата и рибите се лекомислени и безгрижни луѓе, кои се секогаш сложни на сè. Никој од вас не може ниту да каже кој ви е омилен вкус на сладолед – сите ви се добри.
И покрај тоа што двајцата обожаваат да си фантазираат и целат високо, вагата и рибата имаат проблем со меѓусебниот пристап. Така, кога рибата бара помош или совет за нешто, на вагата ù е непријатно да ù го даде, бидејќи не сака да ù го наметнува својот стил и начин на решавање на работите. Од друга страна, рибата се однесува порезервирано и повлечено кога е во присуство на вагата, бидејќи таа е секогаш позборлеста, шармантна и досетлива, па на рибата ù е потешко да дојде до израз.rnrnСе прашувате дали вагата и рибата можат да ги надминат нивните разлики и да уживаат целосно во нивното другарство? Секако дека можат. Доколку вагата се обиде да ја охрабри рибата да си го следи својот инстинкт, секогаш кога ќе почувствува несигурност и ќе побара совет од неа. Рибата секогаш се разведрува и си доаѓа на себе, кога некој ќе ù покаже дека верува во нејзиното интуитивно чувство.rnrnРибите им дозволуваат на нивните емоции да ги водат низ животот, додека вагата се потпира на сопствената логика. Вагата најмногу го почитува чувството за фер-плеј кое го има рибата. Воедно, вагата ја почитува способноста на рибата да сочувствува со другите луѓе.rnrnОвие двајца пријатели најверојатно имаат неколку заеднички интереси како цртање, музика, фотографија и разни спортови како возење ролери, скијање, играње тенис, пинг-понг и друго.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn -

Вага и водолија – пријателска комбинација
Ова е едно прекрасно пријателство кое е осудено на среќа. Вагата и водолијата се лојални другари, посветени еден на друг. Вагата сака да зборува, а водолијата сака да слуша. Вагата ужива во организирањето забави, а водолијата секогаш ќе биде нејзиниот прв гостин. Вагата секогаш има безброј прашања на ум, а водолијата ги има сите одговори кои ù се потребни.
Водолијата и вагата се социјални пеперутки, кои сакаат да разговараат за најновите трендови, идеи и настани во нивниот град и светот. Водолијата секојпат се воодушевува на широките познавања од разни области кои ги има вагата, а таа е импресионирана од длабокиот начин на размислување на водолијата.rnrnСе прашувате дали има нешто што не чини во ова пријателство? Па, водолијата понекогаш знае да биде премногу тврдоглава и не сака да ги менува плановите толку често, како вагата. Од друга страна, вагата знае да биде малку шефовски настроена, а тоа ја нервира слободоумната водолија. Доколку вагата и водолијата можат да си прогледаат низ прсти (а најверојатно можат) тие секогаш ќе бидат насмеани и весели другарчиња. Вагата ја обожува посветеноста и стопроцентната концентрација на водолија, а таа го цени неограничениот ум на вагата. Доколку водолијата може да ја издржи опседнатоста на вагата со нејзиниот имиџ и појава пред другите, тогаш најверојатно и вагата ќе може да ја поднесе тенденција на водолијата да го „исклучи“ умот и да одлета со мислите на некое друго место.rnrnВие двајца сакате спортови кои ќе ве тераат да се движите, како тенис, сквош, кошарка, а најверојатно уживате и во предизвикувачки спортови како банџи скокање, парасејлинг и летање со параглајдер. Може да уживате да дискутирате на теми поврзани со хемијата или климатските промени, а за разонода сакате да решавате крстозбори и да го набљудувате ѕвезденото небо. Исто така, посетувањето часови по модерен танц, можеби би ве зближило уште повеќе. Водолијата и вагата се многу музикални знаци, поради што можеби ќе уживаат пеејќи, свирејќи на инструменти или во најмала рака, само слушајќи добра музика.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Вага и јарец – пријателска комбинација
Вагата и јарецот се многу различни типови луѓе, кои имаат малку заеднички работи. Една од ретките заеднички карактеристики им е лидерската способност, така што многу е можно да избие борба за моќ помеѓу овие пријатели. Двата знака се добри лидери, но во различни области. Така, јарецот е авторитет во управување со работата, а вагата е добра во развивањето нови идеи и концепти за работа. Така, ако вие двајца планирате да одите заедно на пикник, јарецот е вистинскиот човек за организирање на храната и пијалаците, а вагата треба да се погрижи за избор на локацијата, датумот и часот на заминување.rnrn
rnrnЈарецот сака да се справува со фактите, а вагата преферира да си игра со различни концепти и идеи. Јарецот е цврст и непроменлив како карпа, а вагата се менува како што се менуваат временските прилики. Јарецот е реалист, а вагата е идеалист. Песимизмот на јарецот може да направи вагата да посака да врисне на цел глас, а јарецот може да почне да крцка со забите, како резултат на нервозата која му ја предизвикува нерешителноста на вагата.rnrnДоколку овие пријатели успеат да ги надминат нивните разлики, можат да постигнат импресивни заеднички успеси со комбинирање на нивните лидерски таленти. Тие можат да започнат заеднички бизнис за трговија со недвижен имот, да отворат уметничка галерија, заеднички ресторан или книжарница. Можностите за успех на овие две креативни ума се неограничени. Вашето пријателство ќе биде најцврсто кога заеднички ќе создавате и градите нешто, на цврсти темели.rnrnВагата и јарецот уживаат во прошетки и планинарење низ прекрасна природа, со убави пејзажи. Дебатирање на политички теми, може исто така да биде стимулирачка разонода за вас двајца, како и одењето на шопинг по скап накит.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Вага и стрелец – пријателска комбинација
Луѓето кои ги набљудуваат овие пријатели отстрана можеби си викаат: „Што бара толку цивилизирана личност каква што е вагата, со палјачо каков што е стрелецот?“ Она што критичарите не можат да го сфатат, е дека вагата ја обожава несмасноста на стрелецот. Ако таа се прашува, животот е прекраток за да се сфаќа пресериозно, поради што таа му се восхитува на стрелецот и на неговите чудни грешки и бесрамни шеги. Стрелецот од своја страна, го обожава фактот дека префинета личност како вагата, може да заборави на грациозноста за една секунда и да премине во едно подмолно громогласно смеење.
Вагата и стрелецот си се во суштина одлично друштво еден на друг. Тие обострано уживаат во слични работи: свечени забави, разговори кои го стимулираат мозокот и најмногу од сè – во правдина. Овие пријатели никогаш не се изморуваат од озборување за најсвежите драматични ситуации кои им се случиле на нивните заеднички пријатели. Стрелецот може да смета дека вагата секогаш прво ќе ја ислуша неговата страна на приказната, пред да донесува свои заклучоци. Исто така, вагата знае дека стрелецот никогаш нема да ù забие нож в грб, бидејќи нејќе да ù ги повреди чувствата. Стрелецот попрво би бил поштар на лоши вести, отколку да биде дел од некаква измама или предавство на пријател.rnrnКако и помеѓу сите други пријатели, така и помеѓу вагата и стрелецот може да се појават разни недоразбирања. Така, на стрелецот може малку да му се смачи слушајќи ја вагата како дискутира за секој сегмент од неговите ставови, додека тој мора да се покорува на нејзините нетактични забелешки. Од друга страна, недостатокот на осет за некои работи кај стрелецот, може да направи вагата да се чувствува засрамено. Од неодлучноста пак на вагата, на стрелецот му доаѓа да вриска на цел глас.rnrnНаспроти нивните разлики, овие пријателчиња можат во секое време да ги „израмнат“ работите со помош на нивните омилени активности како играње тенис, одење на заеднички патувања и забави или вечерање во отворени ресторани, под ведро небо.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Вага и скорпија – пријателска комбинација
Не е возможно вагата да не се „заплете“ во мрежата на интригантната скорпија. Таа маѓепсува со својата појава и мистериозност, која ја буди љубопитноста кај вагата и ја принудува да ù постави на скорпијата неколку прашања за нејзиниот живот. Скорпијата не може да одолее на шармот на вагата, така што не треба ни да се обидува да го стори тоа. Таа е сосема обземена од убавината, грациозноста, досетливоста и хумористичноста која ја поседуваат преставниците на овој хороскопски знак.
Ако вагата успее да извлече некоја информација од мистичната скорпија (а најверојатно ќе успее, благодарение на нејзиниот шарм), таа ќе биде шокирана, бидејќи скорпијата може да ги почувствува нејзините најдлабоки емоции, да навлезе во нивниот корен и да им направи длабока анализа во рок од 5 минути. Длабоко во себе, вагата ужива да ги слуша откачените, несекојдневни приказни од животот на скорпијата и до извесна мера да се соживува со нив.rnrnЕмоциите на скорпијата се многу подлабоки од оние на веселата и поповршна вага. Ваквата емоционална разлика помеѓу овие пријатели, може понекогаш да создаде проблеми помеѓу нив. Додека вагата смета дека дава вообичаени забелешки, скорпијата може да ги сфати како остри прекорувања. А бидејќи скорпијата ретко кога гласно го изразува нејзиното незадоволство, тензијата може да порасне и да го растресе пријателството помеѓу неа и вагата. Ако скорпијата има некаков проблем со вагата, подобро е веднаш да ù го каже. Скорпијата може да смета на здравата логика на вагата, која најверојатно исправно ќе ги „измери“ нејзините поплаки.rnrnНедоразбирањата помеѓу вагата и скорпијата магично исчезнуваат кога тие прават интересни работи заедно како лизгање на мраз, возење ролери, синхронизирано пливање, покер со мали влогови пари и разни други игри во кои заеднички уживаат. Овие пријатели исто така имаат голема страст за возење со јахта, лудување по ноќни клубови и уживање во добри театарски претстави.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Вага и вага – пријателска комбинација
Сè е секогаш толку едноставно и совршено во пријателството помеѓу две ваги. Претставниците на овој хороскопски знак, најверојатно честопати се запрашуваат зошто не можат сите пријателства да бидат вакви. Најверојатно затоа што не се сите луѓе толку шармантни, остроумни и интелигентни како вагите.
Пријателите родени во знакот вага споделуваат љубов кон достоинството и убавината и можат со часови да ù се воодушевуваат на некоја убава градба или на некои карактеристични историски гратчиња. Исто така, тие обожаваат да дебатираат на разни теми и да дискутираат за актуелните настани, притоа знаејќи дека разговорот никогаш нема да се „вжешти“, ниту ќе стане преемотивен.rnrnЕден недостаток на ова другарство е тоа што двете ваги повеќе сакаат да креираат планови, отколку што реално ги реализираат. Ниеден од нив не сака да носи конечни одлуки. Ним им е многу позабавно да дискутираат за проблемот од секој можен агол, отколку навистина да преземат нешто во врска со него.rnrnКако претставници на истиот хороскопски знак, нормално е дека вагите имаат многу заеднички работи, како љубовта кон разни видови уметност, уживањето во патување во странство, одење на забави, дружба со секаков тип луѓе, пеење или свирење на инструмент… Од спортовите, тие најверојатно би уживале вежбајќи гимнастика, јога, возење ролери, лизгање по мраз, играње балет и валцер и во сите останати достоинствени спортови.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Вага и девица – пријателска комбинација
Вагата има многу причини за да му се восхитува на нејзиниот пријател со хороскопски знак девица. Претставниците на овој знак изгледаат како сè да им е под контрола, од беспрекорната облека која ја носат, до нивниот фантастично уреден шпајз во домот. Девицата ужива во дружењето со вагата, поради нејзиниот неверојатно креативен ум и забавен дух.rn
Но, помеѓу нив можат брзо да настанат несогласувања. Вагата, и покрај тоа што секогаш кога ќе отиде кај девицата дома, во фрижидерот ја чека нејзиниот омилен сок, за неа сепак може да биде малку застрашувачки да се дружи со толку голем перфекционист. Тоа е така, бидејќи вагата е сосема обратен тип карактер. Таа секогаш ги оставала нејзините проекти до пола недовршени и постојано експериментирала со некое ново искуство во животот за да се куртули од досада.rnrnДевицата исто така има неколку работи на ум кои не може да ги сфати кај вагата. Првата работа е одбивањето на вагата да се соочи со непријатните животни случувања. Што се однесува до девицата, подобро е да се соочиш со предизвиците веднаш, пред да прераснат во поголеми проблеми. Исто така, девицата не може да ја сфати неспособноста на вагата да се фокусира на една работа или на една личност. Но, и вагата има што да ù замери на девицата. Така на пример, таа не го почитува начинот на кој девицата „спонтано“ дели совети, без тоа да биде побарано од неа. Вагата воедно, не е личност која сака да штеди и поради тоа не сака да биде критикувана дека троши премногу пари.rnrnНо, доколку девицата научи да го почитува начинот на кој вагата го живее животот и таа ќе биде инспирирана да го почитува промислениот, методичен начин на размислување на девицата. Среќна околност е тоа што и двете се многу паметни личности, кои уживаат во решавање крстозбори, гледање квизови, играње игри како „Бесилка“, „Асоцијации“ и разни други видови друштвени игри, кои вклучуваат ангажман на мозокот и комуникација.rnrnНајдобриот начин ова пријателство да успее, е вагата и девицата меѓусебно да си ги прифатат нивните разлики, така што ќе се фокусираат на активностите во кои двете уживаат, како прошетка во планина, анализирање на птиците кои летаат на небото, слушање добра музика…rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.