Кога вага и рак се во љубовна врска, тие меѓусебно си ги надополнуваат оние работи кои недостигаат кај секој од нив. И двата знака бараат сигурност и безбедност во врската и уживаат во убавината и задоволствата кои ги пружа животот. Кога имаат иста цел, вагата и ракот умеат хармонично да ги „измешаат“ нивните енергии. Овој пар може побавно да прогресира во однос на други, бидејќи на почетокот ним може да им изгледа дека немаат ништо друго заедничко освен потребата за добро друштво, блискост и убавина. Но, ако си дадат повеќе време за да се запознаат подобро, ќе препознаат многу квалитети кај секој од нив, кои вредат за почит.rnrn
rnrnИ на вагата и на ракот им е многу важно чувството на среќа и изразувањето на мислите и чувствата. Ракот го привлекува шармот, воздржаноста и тактичноста на вагата, а нејзините дипломатски способности може да го смират и во најкритичните ситуации. Од друга страна, вагата која е љубител на естетска убавина и хармонија, го почитува ракот поради неговиот инстинкт за негување на домот и безбедноста која доаѓа во пакет. Ракот има тенденција да избрзува со заклучоците и да донесува непромислени одлуки без да ги знае сите факти. Затоа е тука неговата вага која може да му помогне да ги види и другите перспективи на ситуациите. Ракот е предводен од Месечината која ги симболизира чувствата, а вагата од планетата Венера која е симбол на љубовта. Овој пар дели заедничка љубов кон домот, семејството и романтиката. Овие партнери најчесто би избрале хармоничен однос во врската, а не карање. Повеќе од која било друга љубовна комбинација, овој астролошки пар внесува чувство на топлина, нежност и стабилност на луѓето околу него.rnrnНаспроти нивното согласување и единство, кај овој пар може да се јават несогласувања. Во тој контекст, вагата ги формира своите ставови врз база на разумот, па понекогаш може да се однесува супериорно и снобистички спрема својот љубовник. Од друга страна, ракот го гледа светот низ „емоционални леќи“ па лесно можат да му бидат повредени чувствата. Додека ракот го креира мислењето врз база на инстинктот и говорот на телото и е задоволен кога се земаат предвид неговите чувства, вагата бара нешто што ќе ѝ го стимулира умот, обидувајќи се да ја најде логиката на нештата. Поради ваквите разлики, на овие партнери понекогаш им е тешко да се разберат еден со друг. Конфликт може да настане и доколку ракот е премногу нерасположен и намќорест, а вагата премногу иронична и провокаторски настроена. Наместо да се караат кој повеќе се бори за врската, кој ги носи одлуките или кој ја одржува контролата, двата партнера треба да научат дека тие имаат различни гледишта кон светот. Ако неодлучноста на вагата го иритира ракот, таа може да ги употреби својот шарм и справедливост и да се согласи со неговите одлуки, но за таа цел тој мора да престане да се мурти. И двата хороскопски знаци се иницијатори по природа, што значи дека кога нивните идеи и погледи се разликуваат, настанува вистинска војна.rnrnКоја е најдобрата работа во оваа љубовна комбинација? – Нивната заедничка почит кон стабилноста, хармонијата во домот и љубовта кон удобниот живот. Сличните вкусови и желби ги зближуваат овие партнери, кои целосно се предаваат на врската и заеднички уживаат во нивната одлична смисла за убавина.
Вага и рак – љубовна комбинација
