КАФЕ ПАУЗА

Category: Вага

  • Колку се компатибилни Вагите со другите хороскопски знаци?

    Колку се компатибилни Вагите со другите хороскопски знаци?

    Вагите се едни од најпопуларните хороскопски знаци. Квалитетот што го поседува секоја Вага е харизмата, а кога станува збор за компатибилност во зодијакот, тоа е навистина добра вест. Сепак, не сите знаци можат да ги издржат Вагите. Тие можат премногу да флертуваат, но љубовта и довербата ги сфаќаат сериозно. Вистината е дека тие не сакаат да бидат сами и попрво би отишле на забава отколку да останат дома.rnrnКолку се компатибилни Вагите со другите хороскопски знаци?rnrnНикој не ја мрази неправдата повеќе од Вагата и никој не се залага повеќе за оние кои не биле третирани како што треба. Па, како се справува овој знак со останатите хороскопски знаци?rn

    Вага и Овен

    rnИако на многу начини Вагата и Овенот се спротивни, сепак можат да функционираат заедно. Оваа врска настојува да трае. Имаат силна сексуална хемија која уште повеќе ги поврзува. Имаат многу да учат еден од друг. На Вагите им е потребно подолго време да донесат одлука поради темелното размислување, додека Овенот е поимпулсивен. Вагите се грациозни и ги охрабруваат Овните да ја развијат нивната чувствителна страна. Овните од друга страна ги мотивираат Вагите да направат нешто и да ги постигнат своите цели. И двата знака се со натпреварувачки дух и не им е проблем да се натпреваруваат еден против друг. Кога нивната врска е добра, тоа е неверојатно. Но ако не е, разделбата може да биде навистина брутална.rn

    Вага и Бик

    rnВо некои случаи, кога Вагата и Бикот се заедно, тие се како две половини од едно цело. Ако не брзаат можат да имаат навистина прекрасна врска. И Вагата и Бикот ги ценат убавите нешта, задоволствата и безбедноста во врската. Сакаат да одат на театар, по ресторани или уметнички галерии, но истовремено се задоволни и со тивките вечери поминати дома. И двата знака знаат како да остават неверојатен прв впечаток. Но, Вагата може да флертува, а Бикот да љубомори на тоа. Она што е добро помеѓу овие двајца е што кога Бикот ќе стане тврдоглав, Вагата ги користи своите дипломатски вештини и ја отстранува негативноста. Од Бикот, Вагата може да научи како да се залага за себе и како да престане да дозволува да ја прегазуваат сите.rn

    Вага и Близнаци

    rnПред сè, Вагата и Близнаците се одлични пријатели и токму ова пријателство е цврста основа за романтична врска. Овие знаци сакаат да излегуваат и да се забавуваат заедно. И двајцата се социјални, интелигентни и сакаат да комуницираат. Донесувањето одлуки не им е силна страна, но стануваат подобри во тоа кога го прават заедно. Еден од проблемите со кои би се соочиле е поврзан со пари. Вагите трошат слободно додека Близнаците се повнимателни. Сепак, ако ги користат своите вештини за комуникација и разговараат за нивните чувства, би се избегнале сериозни проблеми.rn

    Вага и Рак

    rnОваа врска може да биде навистина тешка. Вагата не сфаќа зошто Ракот е толку чувствителен, а Ракот не разбира зошто Вага не ги покажува своите емоции. Вагите ја гледаат големата слика, а Раковите имаат сосема друга перспектива. И двата знака ги сакаат уметноста и семејството и можат да се поврзат преку тоа, но по некој период Вагата сигурно ќе го разгневи Ракот. Вагата нема да сака да разговара за проблемот на начин кој му одговара на Ракот. Врската може да преживее, но никогаш нема да биде иста.rn

    Вага и Лав

    rnВагите и Лавовите одлично се согласуваат. Вагата им се восхитува на лидерските способности на Лавот. И двата знака сакаат да бидат во центарот на вниманието, но Вага му дозволува на Лавот да се истакне. Лавовите имаат добро влијание на Вагите со нивниот оптимизам, лојалност и желба да им помогнат на другите. Понекогаш Вагата може да биде изморена од енергијата на Лавот, но тој ќе ја натера да продолжи понатаму. И Лавот може да научи многу од Вагата – како да биде помалку агресивен, како да ги гледа нештата од друга перспектива и како да не ги сфаќа сите работи премногу сериозно. Вагата и Лавот се многу добри еден за друг.rn

    Вага и Девица

    rnОвој пар се согласува сè додека Девицата не стане онаа која постојано се залага за врската. Вагата им се восхитува на интелектот, сочувствителноста и упорноста на Девицата. Вагата понекогаш не може да ги разбере нештата што ги прави Девицата, како враќањето на сите нешта на нивното место, средување на креветот и домот, а ова често може да предизвика конфликт. Вагата исто така не се справува добро со критиките, а Девицата често знае многу да критикува. Сепак, Девицата секогаш е овде за својата Вага, а токму тоа е навистина важно.rn

    Вага и Вага

    rnПрашајте ја Вагата кој е најдобриот хороскопски знак и таа ќе ви одговори Вага. Не само затоа што тоа е нејзиниот знак, туку затоа што голема е веројатноста да познава многу други Ваги. Вагите се разбираат едни со други. Се разбира, не сите се исти, но најчесто имаат многу слични карактеристики. Тие нема да почнат расправа за ништо ниту пак ќе повредат некого од забава. Вагите се сакаат едни со други. Тие сакаат да бидат во врска и двата партнери навистина ќе се залагаат за тоа.rn

    Вага и Скорпија

    rnОваа комбинација е малку проблематична. И на двата знака им е потребна сигурност и рамнотежа во врската. Скорпиите можат да бидат љубоморни и не можат да ја разберат потребата за флертување на Вагите. Потоа овде е и проблемот со лажењето. Вагите не ги сфаќаат премногу сериозно малите лаги, особено ако со тоа избегнат конфликт. Но Скорпијата не поднесува никакви лаги. Интензитетот на Скорпијата и нејзината потреба за контрола може да направи Вагата да се однесува чудно. На крај, на Вагата ѝ е потребна повеќе слобода од она што го нуди Скорпијата, но некој период оваа врска може да биде навистина страсна.rn

    Вага и Стрелец

    rnВагата и Стрелецот се подобри пријатели отколку романтични партнери. Вагите сакаат долги врски, додека Стрелците не баш. На Стрелците им е потребна одредена слобода во врската и додека Вагата го цени тоа, сепак ѝ е потребна некоја сигурност. Доброто нешто е што овие знаци сакаат да се смеат, да истражуваат нови места и да бараат мудрост и разбирање. За жал, во некој момент Стрелецот ќе каже нешто што ќе ги повреди чувствата на Вагата и ова ќе ги оддалечи еден од друг. Конфликтот помеѓу нив нема да се разреши, па врската полека ќе се распаѓа.rn

    Вага и Јарец

    rnВагата и Јарецот на прв поглед можеби не се најдобриот пар – едниот повеќе сака да работи и не е флексибилен, додека другиот е помрзелив. Но ако ги комбинираат нивните слабости и силни страни, тие можат да формираат добро партнерство. Вагите можат да им помогнат на Јарците да се опуштат и да се забавуваат повеќе. Јарецот може да ѝ помогне на Вагата да се фокусира и да направи долгорочен план. Кога Вагата ја гледа дисциплината и посветеноста на Јарецот, се мотивира и таа да се однесува така. Вагите им помагаат на Јарците да ја гледаат светлата страна на животот, додека Јарците им помагаат на Вагите да бидат пореалистични.rn

    Вага и Водолија

    rnИ Вагата и Водолијата се воздушни знаци, па не е ни чудно што се компатибилни. И двата знака се интелигентни, креативни и хуманитарни. Сакаат луѓе, но Водолиите подобро ги прифаќаат луѓето онакви какви што се. Разговорот се одвива лесно помеѓу овие двајца сè додека Вагата не стане премногу емоционална. Водолиите не се чувствуваат најудобно со изливот на емоции. Водолиите можеби не се романтични како Вагите, но на Вагата не ѝ претставува проблем да каже што сака. Овој пар има доста заеднички работи за да се поврзе и доволно разлики за да си бидат интересни еден на друг.rn

    Вага и Риби

    rnВагата и Рибите не само што се одлични партнери, тие се и многу добри пријатели. И двата знака се уметници, сакаат да бидат сакани и се многу чувствителни. Кога Рибите ќе се изгубат во својот свет, Вагите го сфаќаат тоа. И двата знака имаат огромно срце и им помагаат на другите. Сепак, Вагата понекогаш може да биде емоционално манипулативна и да почне да прави работи ако не добива доволно внимание. Ако Рибата е повредена и никој не разговара, можно е да настанат проблеми. Ако врската вреди да се спаси, Вагата ќе направи сè за да го направи тоа. Поврзаноста помеѓу Вагата и Рибите е навистина силна и им помага да ги преживеат сите предизвици во врската.rnrnДознајте и нешто повеќе за жените кои се Вага во хороскоп.

  • Големи шармери и посветени партнери: Ова е хороскопскиот знак со најубава насмевка!

    Големи шармери и посветени партнери: Ова е хороскопскиот знак со најубава насмевка!

    Никој не може да одолее на нивната шармантна насмевка! Припадниците на овој знак се секогаш насмеани и заводливи, така што ќе мора навистина да се потрудите доколку сакате да имате нешто повеќе со нив. Тоа што ви се насмевнале не значи дека сте ги освоиле. Можете да погодите за кого станува збор?rnrnГолеми шармери и посветени партнери: Ова е хороскопскиот знак со најубава насмевка!rnrnВагата е знакот кој е под влијание на планетата Венера, па така неговите припадници се во постојана потрага по хармонични односи. Кога се работи за љубовта, Вагите бараат совршена рамнотежа на телото и духот и посветен партнер. Тие уживаат кога се сакани и целосно се посветуваат на нивните избраници. Иако Вагите делуваат смирено и прибрано, знаат да бидат многу импулсивни и романтични кога ќе се опуштат. Тие не играат игри во љубовта. Многу се внимателни, а понекогаш и болно искрени.rn

    Какви се женските Ваги во љубовта?

    rnВагите се залагаат за праведност и рамнотежа. Многу се дружељубиви и имаат одлични комуникативни вештини. Тие се харизматични, привлечни и многу лесно ги освојуваат луѓето околу себе. Жените родени во знакот Вага ја поседуваат фантастичната комбинација од разумна логика и непостојани емоции. Секогаш се отворени да прифатат добронамерни совети и критики, само доколку знаете како да им ги укажете на логичен начин.rnrnВагите остваруваат многу силна врска со нивните партнери. Секогаш ги разгледуваат и туѓите аргументи благодарение на нивната разумност и логика кои им овозможуваат да ги согледаат проблемите од сите можни агли.rnrnПонекогаш оставаат впечаток дека се неодлучни, но Вагите само се обидуваат да се стават себеси на туѓо место. Ретки се луѓето кои ја поседуваат оваа особина. На женските Ваги им треба партнер кој ќе им даде совет и поддршка. Најдобро се сложуваат со Близнаци и Водолии.rnrn

    Големи шармери и посветени партнери: Ова е хороскопскиот знак со најубава насмевка!
    Ким Кардашијан е Вага во хороскоп
    rn

    Какви се машките Ваги во љубовта?

    rnМажите родени во овој знак многу лесно се вљубуваат. Не си играат играчки и ако ви кажат дека ќе ви се јават, очекувајте го нивниот повик. Типичните машки Ваги сакаат да пружат и да добијат задоволство. Многу сакаат да заведуваат и им успева во тоа, бидејќи се многу шармантни. Тие се чувствителни и сензуални љубовници. Од нив можете да очекувате вистинска романтика, кревет со ливчиња од рози, миризливи свеќи…rnrnМашките Ваги се чувствуваат целосни само тогаш кога се во врска и ќе дадат сѐ од себе за да ја задржат партнерката. Тие ја ценат и негуваат стабилноста во љубовната врска. Иако се непристрасни и искрени, машките припадници на овој знак секогаш внимаваат на своите зборови бидејќи не сакаат никого да повредат. Тие се обидуваат да ги одбегнат конфликтите на сите можни начини и да имаат мирен живот. Објективни се и праведни. Понекогаш се борат со својата неодлучност и страв да не донесат погрешна одлука.rnrnЦелта на романтичните машки Ваги е да ја задоволат својата партнерка на сите можни начини. Тие го ставаат задоволството на партнерката пред своето и затоа се идеални партнери. Девојките кои ќе ги препознаат нивните доблести, ќе бидат богато наградени. Најдобро се сложуваат со Близнаци, Водолии, Стрелци и Лавови.rnrn

    Големи шармери и посветени партнери: Ова е хороскопскиот знак со најубава насмевка!
    Вил Смит е исто така роден во знакот Вага
    rn

    Совет за оние кои се вљубени во Вага

    rnВагите се многу романтични и уживаат во интимните моменти. Тие сонуваат да најдат силен, амбициозен, извонреден и успешен партнер. Вагите никако не толерираат агресија и напнатост. Попрво ќе седат и молчат отколку да се расправаат. Немојте да ги вовлекувате во каква било расправија на првиот љубовен состанок.rn

    Како да го заведете мажот роден во знакот Вага?

    rnДоколку сакате да заведете маж роден во знакот Вага, мора да бидете подготвени да ги задоволите сите негови романтични апетити, без разлика дали се работи за вечера или културен настан. Вагите го ценат сето она што е убаво. Ретки се машките Ваги кои ќе започнат врска со жена која не ги привлекува физички.rnrnОсвен тоа, мора да покажете почит кон луѓето кои им значат. Вашите шанси ќе бидат многу поголеми ако нивните пријатели и семејство се на ваша страна. Разговорите нека ви течат лесно и нежно. Не штедете на комплименти. Поминувајте време во долги разговори, бидејќи машките Ваги сакаат да разговараат за сѐ. Признајте кога не сте во право, бидејќи така ќе им дадете до знаење дека сте праведни и дека не играте игри. Очекувајте врска, а не само забава. Машките Ваги сакаат љубов и брак, така што ако и вие го сакате истото, тие никогаш нема да ве пуштат од раце.rnrnГолеми шармери и посветени партнери: Ова е хороскопскиот знак со најубава насмевка!rn

    Како да ја заведете жената родена во знакот Вага?

    rnЖенските Ваги уживаат да бидат во центар на внимание и очекуваат да се однесувате со нив како да се најважните луѓе во светот. Доколку сакате да ги заведете овие жени, треба да бидете добри слушатели и да поседувате одлични комуникативни вештини. Жените родени во знакот Вага обожаваат да разговараат за настаните во светот, најмногу сакаат да зборуваат за себе и своите интереси. Доколку ги охрабрите во тој поглед, дефинитивно ќе ги освоите.rnrnВо текот на младоста, женските Ваги се прилично диви и влегуваат од врска во врска, но како што стареат така сѐ повеќе сакаат да се смират. Тие се малку мрзеливи кога е љубовта во прашање, па затоа ќе морате да ги мотивирате и да се трудите да им го задржите вниманието. Ако успеете во тоа, тие ќе ве обожаваат.rnrnМора да се обидете да ги исполните нивните најдлабоки желби. Почитувајте ги и кажувајте им колку се прекрасни. Вагите често го менуваат расположението, така што не очекувајте дека вашиот однос ќе биде секогаш ист. Не го сфаќајте тоа лично. Тоа е дел од карактерот на женските Ваги. Доколку имате трпение и сакате да им го подобрите расположението, обидете се максимално да им угодите. Се прашувате дали некогаш ќе треба да престанете да им угодувате? Не, никогаш! Тие се кралици и никогаш не заборавајте го тоа. Исто така, не заборавајте дека ќе бидете богато наградени за таквиот третман. Внимавајте, бидејќи Вагите бегаат доколку им стане здодевно.rn

    Како да ги сакате Вагите?

    rnБидете праведни и проширете си ги хоризонтите. Вагите многу ги ценат рамнотежата, правдата и еднаквоста. Никогаш немојте да ги изолирате Вагите од нивното друштво. Тие се многу дружељубиви, иако претпочитаат помали, интимни групи. Припадниците на овој знак се многу горди на нивните добри манири и уживаат со нивните внимателно одбрани пријатели.rnrnВагите не го даваат нивното срце толку лесно, но ако успеете да го освоите, тоа ќе трае до крајот на животот. Доколку ви ја возвратат љубовта, сметајте се за големи среќници. Тие се многу чувствителни, па затоа внимавајте да не ги повредите.rnrnВагите навистина ќе се обидуваат да ви угодат и да создадат романтична атмосфера. Ценете го нивниот труд. Обично вистинската љубов на Вагите е нивната прва љубов од средно училиште. Меѓутоа, најчесто тие не се свесни за тоа, а потоа не даваат никому втора шанса. Вагите никогаш не се враќаат во минатото и за нив не постојат втори шанси. Ако ви дадат една шанса, искористете ја и не чекајте втора! Имате само една шанса!rnrnВо продолжение, дознајте сѐ за најшармантниот знак во хороскопот.

  • Волшебна и инспиративна: Жената родена во овој знак најдлабоко верува во човечката добрина

    Волшебна и инспиративна: Жената родена во овој знак најдлабоко верува во човечката добрина

    Таа копнее по партнерство и посакува да најде љубов со сето нејзино срце. Таа знае да љуби само нежно и чисто, па ако се вљубите во неа ќе мора неизмерно да ја сакате. Па, кој е овој романтичен и ранлив знак?rnrnВолшебна и инспиративна: Жената родена во овој знак најдлабоко верува во човечката добринаrnrnСтанува збор за Вага! На Вагите им треба простор и слобода за да бидат такви какви што се во секој момент. Тие никогаш нема да ве критикуваат, туку ќе почекаат да ги најдат вистинските зборови за да ви укажат на грешката. Дури и тогаш можеби не би се осмелиле да се соочат со вас. Попрво би ви напишале писмо. Вагите ги обожуваат зборовите и магијата што ја поседуваат.rnrnДоколку се вљубите во Вага, мора да разберете дека зборовите ѝ се многу важни и дека само тие можат да ве одведат до нејзиното срце. Припадничките на овој знак не лажат и не се фалат. Зборовите што ќе им ги упатите никогаш не смеат да бидат лажни. Тие ги презираат неисполнетите ветувања.rnrnВагите се уметници, но за да можат да преживеат во светот, мора да го најдат својот медиум. Ако сте во вљубени во Вага, мора да знаете дека нејзе ѝ треба уметноста исто како што вам ви треба воздух. Токму затоа, честопати на Вагите им треба тишина.rnrnВагите можат да го мразат или сакаат своето тело, но нивните партнери мораат да го обожуваат! Поттргнувајте им ја косата од лице за да можете поубаво да ги погледнете. Допирајте го секое делче од нивната кожа како за прв пат да допирате женско тело. Тие ќе копнеат по вашите прегратки и ќе овенуваат без нив. На Вагите им треба романтика и бакнежи. Тие се подготвени да избегаат некаде далеку за да го видат светот, па затоа им треба удобен дом каде што ќе можат да се вратат.rnrnВагите многу плачат, а вие нема да знаете како да им помогнете. Нема да ви кажат што е проблемот, бидејќи ни тие самите нема да знаат на почетокот. Ќе дојде време кога ќе морате да ја почувствувате нивната тага, дури и да не ја разбирате.rnrnНа жените родени во овој знак им треба време и простор за истражување. Не постои ништо поубаво од тоа кога Вагите го доживуваат светот. Тие ја гледаат магијата онаму каде што другите не можат да ја видат. Тие силно веруваат во магија. Ако сте вљубени во Вага, мора да ја славите неа и животот. Ако ја сакате, мора да ја сакате и самата суштина на љубовта.rnrnВолшебна и инспиративна: Жената родена во овој знак најдлабоко верува во човечката добринаrnrnВагите постојано ја одржуваат деликатната рамнотежа помеѓу страста и ранливоста. За да го надополнат тоа што не се познаваат себеси, тие им угодуваат на сите луѓе околу нив. Тие се обидуваат да ги решат проблемите, додека другите не почнат да им замеруваат поради тоа. Но, ако имате Вага во животот, мора да ја препознаете нејзината жртва, без оглед на тоа колку е самодеструктивна.rnrnПрипадничките на овој знак се обидуваат да го најдат своето место на овој суров свет. На Вагите им треба да ги поттикнете да се грижат за себе. Тие никогаш нема да внимаваат на своите потреби, па затоа ќе треба да ги научите на таа вештина. Ќе мора да ги научите дека ако ги ставаат своите потреби на прво место, тоа не значи дека се себични.rnrnВагите ја презираат себичноста, а осаменоста ги плаши. Срцето многу пати ќе им биде скршено. Тие се чувствуваат осамено и тажно поради многу работи, но никогаш не смеете да ги скршите целосно.rnrnДоколку сакате да го освоите срцето на Вагата, вашата љубов мора да биде искрена и длабока. Нема да најдете попосветен, повнимателен и попожртвуван партнер од Вагата. Не смеете да ја земате здраво за готово, бидејќи нејзиното срце ќе се затвори кога ќе почувствува некаква непријатност, а ако дојде до тоа, никогаш нема да го најдете патот назад. Нејзиното срце ги знае сите тајни на светот. Чувајте го.rnrnВагите понекогаш се чувствуваат изгубено. Тогаш им треба топол чај, ќебе, црно-бели филмови и тишина. Понекогаш им треба друштво, забава, полноќни прошетки и длабоки разговори. На Вагите им треба постојан потсетник дека се убави, сакани и обожувани. Ним им треба авантура. Жените родени во овој знак сакаат да бидат независни, но не можат да бидат сами. Иако ова ви звучи необично, ќе мора да ги прифатите сите нејзини контрадикторности.rnrnНа Вагите им треба одлучност, иако не ја поседуваат таа особина. Тие ќе ве изненадат со нивната спонтаност, а вие ќе им се восхитувате поради нивната посветеност. Ако имаат време за размислување, секоја одлука ќе им претставува тешкотија, без разлика дали станува збор за тоа што да нарачаат за јадење, што да облечат или каков партнер да одберат. Тоа можеби ќе ви пречи, но мора да разберете дека за нив не постои такво нешто како „очигледен избор“.rnrnВолшебна и инспиративна: Жената родена во овој знак најдлабоко верува во човечката добринаrnrnАко ја сакате Вагата, ќе мора да ја сакате и самата љубов. Припадничките на овој знак ги сакаат сите работи што се поврзани со љубовта: Врските, занесот, скршеното срце, самата идеја за љубовта…. На Вагите им треба сигурен партнер, но истовремено копнеат по возбудата што произлегува од љубовната несигурност. Тие можат да го видат доброто во сите луѓе, но им треба интелигентен партнер со добра смисла за хумор. За нив не постои ништо попривлечно од остриот ум.rnrnВагите мразат неурамнотеженост бидејќи тоа прави да се чувствуваат ранливи. Меѓутоа, не мора премногу да се грижите, затоа што тие веруваат во прошката и довербата. Ако почнете да се карате со Вага, можете да бидете сигурни дека кавгите за нив претставуваат крај. Мора да ги потсетите дека секоја караница е прилика за развој и нов почеток.rnrnВагите го обожуваат чувството на заљубеност, така што ќе мора да се вљубувате во нив одново и одново. Тие се во потрага по вечна еволуција и инспирација. Мора да бидете свесни за добрите намери што секогаш се кријат во нивното срце, бидејќи ако го игнорирате тој дел од нив, ќе им ја скратите личната вистина. Вагите не можат да преживеат без таа вистина.rnrnКога Вагите се расправаат, тоа го прават затоа што веруваат дека се во право. Тие се многу праведни, а нивните солзи и зборови се секогаш искрени. Никогаш не би повредиле некого намерно. Но, доколку забележите вистински гнев во нивните очи, ќе мора да се ослободите од вашата лутина. Нежните Ваги многу бурно реагираат кога се соочуваат со некаква неправда. Мора да им да дадете простор да се однесуваат како борци, кога срцето им говори дека е време за борба. Мора да стоите покрај нив, да им се восхитувате на посветеноста и да верувате во нивната цел.rnrnАко верувате во нив и тие ќе веруваат во вас. Кога Вагите се среќни, тие можат да го освојат целиот свет. Сѐ што им треба е добра музика и искрена насмевка.rnrnНо, умот на Вагите е преплавен со грижи. Тие ги проучуваат вашите изговорени и неизговорени зборови. Тие размислуваат за значењето на секој допир и караница. Токму затоа, вашата љубов кон нив мора да биде нежна и постојана.rnrnВагите цутат кога се среќни. Тие веруваат во човечката добрина, во магија и во среќа до крајот на животот. Мора да верувате во нив и во сето она што го претставуваат, бидејќи само така ќе успеете да ги задржите овие волшебни и инспиративни жени покрај себе.rnrnВо продолжение дознајте сѐ за жените Ваги!

  • Видео хороскоп: Вагата во кратки црти

    Видео хороскоп: Вагата во кратки црти

    Вагата е експерт во социјализирањето со луѓе. Луѓето кои припаѓаат на овој знак не сакаат да бидат сами и навикнати се своето време да го поминуваат во друштво на личности кои се забавни и со кои можат да разговараат. Имаат развиена смисла за хумор, а често пронаоѓаат шеги во работи кои другите луѓе најверојатно би ги игнорирале. Со остро око и префинет вкус, тие сакаат да уживаат во луксуз.rnrnВо продолжение, најкарактеристичните работи за хороскопскиот знак Вага во видео верзија.rnrnhttps://youtu.be/8llrPAwla7M

  • Најшармантниот знак во хороскопот: Дознајте сѐ за жените Ваги!

    Најшармантниот знак во хороскопот: Дознајте сѐ за жените Ваги!

    За подетално да ги откриеме сите карактеристики на астролошките знаци, ќе се обидеме секој од нив да го запознаеме на еден малку поразличен начин. Какви пријателки сме, како купуваме и какви парфеми сакаме, ќе ви откриваме секој месец, а започнуваме со секогаш елегантната и софистицирана Вага.rnrn1-najsharmantniot-znak-vo-horoskopot-doznajte-sѐ-za-zhenite-vagi-www.kafepazua.mk_rn

    Општи карактеристики на жената Вага

    rnЖената Вага сака праведност, правда и рамнотежа и ја краси совршена способност за пресудување, беспрекорност и целосност. Вагите се друштвени и имаат дар за комуникација, односно сакаат да бидат опкружени со пријателите и семејството. Харизматична и волшебна, таа со неверојатна природна леснотија ги привлекува луѓето околу себе. Претставува јин и јанг, односно има фасцинантна личност која е мешавина од рационалност и логичност и непостојани емоции.rnrnЗаради тоа, со задоволство ќе влезе во некоја расправија и ќе го побие нечие лесно мислење при што, заедно со нејзината „студена глава“, ќе помогне и нејзиниот шарм. Меѓутоа, доколку со своето логично објаснување можете да ја уверите дека е виновна, тогаш таа ќе ги признае своите грешки.rn

    Секс и врски

    rnВагата бара цврста врска и партнер кој ќе ја опсипува со мали знаци на внимание, како што се хартиени срца и свежо цвеќе. Иако изгледаат смирени и сталожени, кога ќе се опуштат, жените Ваги може да бидат многу заиграни и романтични, а идеален љубовен партнер ќе пронајдат во мажите Водолија или Близнаци. rnrnНо, паметните игри кај Вагите се строго забранети. Таа искрено ќе го каже она што го мисли, што значи дека некогаш може да биде болно искрена. Вагата на избраниот маж ќе му биде целосно верна, а за возврат ќе бара поддршка. Сексот го доживува како ментална вежба и сака добро да му каже на својот партнер што сака во креветот. Таа е љубител на заведувањето, долгата предигра и долгото шепотење пред самиот чин на секс.rnrnrn

    Пријателство

    rnЖените Ваги честопати се неодлучни. Нивните пријатели може да ги фрустрира таквиот карактер, на пример кога не можат да изберат кој филм сакаат да го гледаат. Но, нејзиното колебање всушност е корисно за двете страни, бидејќи како што Вагата ги зема предвид своите вкусови, потреби и желби, така ќе внимава и на вкусовите, потребите и желбите на своите пријатели.rnrnТаа способност ја имаат благодарение на своето позитивно чувство за праведност и заради тоа Вагите се одлични пријатели. Бидејќи жената Вага е срдечна и љубезна, таа обожава да запознава луѓе со кои има заеднички интереси. Нераскинливо пријателство ќе доживее со Лавот и Стрелецот.rn

    Изглед

    rnЖената Вага ќе ја препознаете по елеганцијата со која зрачи секое нејзино движење. Таа е совршено природна, драга, грациозна и секогаш само своја. Нејзините надворешни карактеристики се правилните црти на лицето, јамите на образите, широката и блескава насмевка, убавите заби, тенкиот струк и нагласените колкови. Вагата е перфекционист и секогаш средена, со уредна фризура и модна комбинација која секогаш е урамнотежена и суптилна.rnrnНа Вагата скоро никогаш нема да ѝ се случи да нема што да облече или да облече нешто сосема погрешно, бидејќи за изборот на вистинската модна комбинација ќе одвои време. Вродено ѝ е да знае како да се облече за секоја прилика и како да се претстави во најдоброто светло, без разлика каде и да е.rnrn2-najsharmantniot-znak-vo-horoskopot-doznajte-sѐ-za-zhenite-vagi-www.kafepazua.mk_rn

    Стил

    rnВагата ја обожава модата, но нема слепо да ја следи, туку последниот моден стил ќе го прилагоди на себе за облеката да ѝ прилега најдобро. Па дури и кога ќе се облече како и сите останати, оваа креативна душа ќе има на себе нешто поради што ќе се одвојува од масата, како необичен прстен или уникатни нараквици. Најмногу избира кога станува збор за добри, квалитетни фармерки и ќе се посвети на потрагата за пар кој совршено ќе ѝ прилега. Не сака да претерува со модните детали, а добрите чанта или обувки најмногу ќе ја усреќат.rnrnЖените Ваги ја сакаат долгата коса, пострижена слоевито и прошарана со светли прамени. Шминката е лесна, природна и блескава, а во својот несесер задолжителен е сјајот за усни со овошен вкус. Вагата нема да излезе од домот доколку на себе нема барем капка парфем, бидејќи едноставно е луда по мирисите и сака да мириса убаво.rn

    Стил на купување

    rnВагите купуваат внимателно, но сакаат убави работи, па со задоволство ќе купат поскапа и поквалитетна чанта отколку евтина и со помал квалитет. Кога одат во шопинг задолжително ќе направат пауза во кафулето за да размислат дали да купат одредена работа или не. Во својот омилен бутик, Вагата ќе се зближи со продавачот и секогаш ќе го праша за совет.rn

    Стилска икона

    rnПланетата Венера која владее со Вагата го дарувал овој хороскопски знак со исклучително чувство за естетика и безгрешно око за убавина. Затоа воопшто не е чудно што на листата на дваесет најдобро облечени жени на сите времиња која ја составил магазинот Ел се наоѓаат три славни Ваги, актерките Гвинет Палтроу, Марион Котилард и Брижит Бардо.rnrn4-najsharmantniot-znak-vo-horoskopot-doznajte-sѐ-za-zhenite-vagi-www.kafepazua.mk_rnrnМодниот свет го освоиле со својот елегантен и женствен стил кој никогаш не излегува од мода. И пејачката Гвен Стефани е една стилска икона со овој знак, а она што посебно одушевува кај неа е секогаш беспрекорната шминка и порцеланскиот тен. Иако е пеачка на рок бенд, Гвен нема ниту трага од немарна рокерка. Нејзините рокерски модни комбинации поимно се сложуваат што е во согласност со нејзиниот знак, а и во најжестоките изданија и понатаму зрачи со нежност.rnrnОстанатите стилски икони родени во овој прекрасен знак се и Моника Белучи, Кејт Винслет и Кетрин Зета Џонс.rn

    Идеален парфем

    rnЗа Вагите идеални се женствените и елегантни мириси со нагласени женствени ноти. Жената Вага секогаш остава препознатлива, но не и наметлива мирисна трага. Идеални се: Givenchy Dahlia Divin, Chloe Signature, Si Giorgio Armani.rnrnДодека го чекате вашиот целосен опис, прочитајте ги најдобрите карактеристики на секој хороскопски знак.

  • Предизвици кои ве очекуваат кога ќе се заљубите во Вага

    Предизвици кои ве очекуваат кога ќе се заљубите во Вага

    Вагите се единствениот знак во хороскопот за кој се вели дека нема сопствени чувства, туку дека најчесто ги рефлектира туѓите. Поточно, станува збор за емпатија. Вагите, иако знаат да делуваат доста површно, се многу емпатични што ќе ви изгледа дека ви ги возвраќаат чувствата, додека тие всушност само сочувствуваат со вас. Тоа може да биде извор на болни недоразбирање, особено ако сте заљубени во Вага.rnrn1-predizvici-koi-ve-ochekuvaat-koga-kje-se-zaljubite-vo-vaga-www.kafepauza.mk_rn

    1. Вагите знаат да слушаат

    rnКолку сакаат и умеат да зборуваат, толку сакаат и умеат да слушаат. Во состојба се целосно да се внесат во вашата приказна, а огромен дел од нивната емпатија се состои од нивната способност за имагинација и желбата сѐ околу себе да доведат во баланс, да му посветат внимание на секого и да му помогнат, да бидат фер и да не донесуваат заклучок и пресуда додека темелно не ги разгледаат сите факти, заедно со сето она што го чувствуваат и со помош на нивната чувствителност. rnrnАко ја лажете Вагата, таа пристојно и љубезно ќе учествува во тоа и воопшто нема ни да се посомневате дека ве разоткрила – таа ќе остане смирена доколку реши дека не сака да се расправа, а најчесто тоа и се случува. rn

    2. Вагите мразат расправии

    rnМожеби не се толку добри дипломати, колку што навистина даваат сѐ од себе за да се издигнат над примитивните страсти и да согледаат сечии мотиви, да разберат како функционира светот од некоја туѓа перспектива и да увидат што е она што раскараните страни не успеваат да го согледаат. Вагите страсно сакаат мир и хармонија и ќе ги искористат сите свои способности за да ги постигнат. Тие, во ситуацијата во која сите се расправаат, ќе останат гласот на разумот, кој можеби и нема да се огласи туку со самото свое присуство ќе ја канализираат енергијата, додека сите не се смират и уморат од глупости. rnrnНо, доколку се обидувате да се расправате со Вага и упорно сте слепи, тврдоглави, несвесни и дрски, ќе слушнете за себе некои доста непријатни вистини, кои Вагата ќе ви ги соопшти доста мирно и љубезно, бидејќи тоа едноставно е вистина. А, вистината е најдобрата шок терапија. Непријатно е кога некој знае нешто за вас кое вие дури сега треба да го дознаете, а Вагата нема да ви го каже тоа, освен ако навистина не сте ја повредиле. Што е доста тешко, бидејќи таа ви ја дава секоја можна шанса да се вразумите, да се смирите и да ги отворите очите, срцето, умот и душата. Ако сте успеале да ја повредите, заслужувате некој облик на понижување за вашата постапка.rnrn2-predizvici-koi-ve-ochekuvaat-koga-kje-se-zaljubite-vo-vaga-www.kafepauza.mk_rn

    3. Многу им е тешко да кажат „не“

    rnЉубезната Вага не сака никого да навреди и секогаш ќе се обиде да пронајде начин за одбивањето да го компензира со нешто друго. Вагите се мајстори за компензација, токму затоа што им е многу тешко да кажат „не“. Дури и кога ќе научат да одбијат по кратка постапка, тие се чувствуваат лошо, бидејќи морале да го совладаат тој облик на комуникација кој е толку груб и спротивен од нивната природа. rnrnНеодлучната Вага која трепери обидувајќи се да постигне баланс фаќа искри инспирација кои ја разгоруваат нејзината страст за вистина, убавина, љубов. Во согласност со тоа, Вагата прифаќа сѐ, бидејќи во сѐ пронаоѓа искра. Законот за креативност е закон за прифаќање – ако одбиете нешто, нема да го запознаете, процесирате, разберете и трансформирате, така што Вагата најчесто вели „да“, дури и после долго размислување.rn

    4. Нивна работа е да го спојат неспојливото

    rnЗемја и небо, дух и тело, разум и чувствителност – Вагите одржуваат рамнотежа, во целина, како што треба да биде. Спротивностите не се неспојливи, тие создаваат едно цело. Јин и јанг, црно и бело, ден и ноќ. Во тој дух, Вагата може да биде сосема луда и многу разумна, страсно емотивна и ладно практична, а сето тоа зависи од тоа како ја инспирирате.rnrnПонекогаш е одлично да соберете повеќе информации, а еве кои работи треба да ги знаете пред да се заљубите во маж роден во знакот Вага.

  • Атрактивните Ваги и нивните љубовни ултиматуми

    Атрактивните Ваги и нивните љубовни ултиматуми

    Вагите се познати по љубовните врски, па затоа тие се најдобрата верзија од себе кога имаат партнер со кого можат да го делат својот живот. Како романтични идеалисти, тие скитаат по Земјата барајќи го совршениот пар. Всушност, Вагите се способни и со години да ја чекаат вистинската личност, оставајќи ги семејството и пријателите да се запрашуваат дали воопшто постои некој што би можел да ги шармира. Сигурно и вие што сега читате, сте си го поставувале истото прашање…rnrnАтрактивните Ваги и нивните љубовни ултиматумиrnrnАтрактивните Ваги се под влијание на планетата Венера. Со своите острина, префинетост и стил, тие имаат многу обожаватели. Многу Ваги имаат балансирани црти и карактеристики, како и слатки дупчиња на образите. Средувањето е многу важно за овие личности, па затоа очекуваат и нивните партнери постојано да бидат тип-топ. Со оглед на тоа што Вагите обожаваат да излегуваат, големи се шансите дека ќе ја запознаат својата вистинска љубов на некоја забава или кој било друг социјален настан што вклучува дотерување.rnrnВо нивната природа е постојано да бараат баланс и поради таа причина, клучно е да ги одбираат партнерите мудро. Иако одвреме-навреме знаат да бидат меки, тие исто така знаат и како да се заштитат од оние што само сакаат да ги искористат. Вагите обожаваат еднаквост и фер односи, па затоа потребно е да имаат крај себе отворен ум со истите вредности. Тие исто така сакаат да бидат и со страсна личност, но не премногу нападна во своето однесување. Нивната нежна страна не може да се справи со наметлив карактер.rnrnВагите мразат да бидат брзани, па затоа понекогаш им се потребни и години за да се посветат на една личност, без разлика на емоциите. Тие постојано одат напред-назад, прашувајќи се дали ја избрале совршената личност за нив или можат да најдат нешто подобро. Но и покрај тоа што се бавни при носење на оваа одлука, откако ќе се решат за нив постојат само две опции – брак или раскинување на врската. Па, доколку имате Вага крај себе и сте сигурни во своите емоции, побрзајте со одлуката за заеднички живот бидејќи таа може да ви постави ултиматум што нема да ви се допадне!rnrnПогледнете ги и професиите што им одговараат само на интуитивните Ваги…

  • Личностите родени во овој хороскопски знак имаат добра душа и не се лицемерни

    Личностите родени во овој хороскопски знак имаат добра душа и не се лицемерни

    Доколку и вие имате покрај себе личност родена во овој знак, тогаш дефинитивно треба да му бидете благодарни на Господ. Секако, станува збор за Вагата. Кога доаѓаат ситуации кога сѐ треба да се држи под контрола, Вагата ја презема главната улога. Карактеристично за личностите родени во овој знак е тоа што тие се мирни и праведни, а не сакаат да остануваат сами.rnrnЛичностите родени во овој хороскопски знак имаат добра душа и не се лицемерниrnrnЗа нив партнерството е многу важно, особено она на лично ниво. Со својот победнички менталитет и соработка, тие не се склони долго време да бидат сами. Вагата е воздушен знак, со изразен интелект и силен ум. Во нејзина природа е да ја инспирираат интересни книги, дискусии и интересни луѓе кои ќе ѝ ја отстранат досадата. Владејачката планета на Вагите, Венера, е љубител на убави работи, па за личностите родени во овој знак квалитетот секогаш е поважен од квантитетот. Тие треба да бидат опкружени со уметност, музика и убави места, со цел да го достигнат својот полн потенцијал. Бидејќи по природа сакаат да соработуваат, тие често работат со други личности на креативни проекти. Вагата фасцинира со рамнотежа и симетрија, а честопати овие личности ја ценат рамноправноста, не поднесуваат неправда и прават сѐ што можат за да ја отстранат. Овие личности сакаат да го сочуваат мирот секогаш кога постои можност за тоа.rnrnБаш како што се потребни два предмети за одржување рамнотежа, така и Вагите често избираат да се во група или во пар, наместо да бидат сами. Најголем проблем за овие личности е кога се принудени да избираат некоја страна. Понекогаш тие поминуваат повеќе време во анализирање и аргументирање на секоја страна, па забораваат дури и дека имаат свое мислење. Не е ретко да се види како личностите родени во знакот Вага полудуваат при донесување на одлуки кога се вклучуваат во некој аргумент или мислење. Клучот секако е во таа „света“ рамнотежа.rnrnЖените родени во овој знак треба да ги сакате со целото свое срце, затоа што тие се многу внимателни партнерки!

  • Вели ДА, а мисли НЕ: Овој хороскопски знак го кажува само она што сакате да го слушнете

    Вели ДА, а мисли НЕ: Овој хороскопски знак го кажува само она што сакате да го слушнете

    Личностите родени во овој хороскопски знак може да бидат шармантни, дипломати, добродушни и исполнети со мир. Но, исто така имаат и проблеми во своите односи. Тие се благословени со голема способност да гледаат од двете страни на приказната, со што може да го смират својот партнер, но исто така може и да ги прикриваат своите вистински чувства. Нема потреба да се објаснува зошто тоа може да биде проблем во сериозните љубовни врски.rnrnВели ДА, а мисли НЕ: Овој хороскопски знак го кажува само она што сакате да го слушнетеrnrnСтанува збор за Вагите. Ако сте личност родена во овој знак и не можете да сфатите зошто се распаѓа вашата врска, тогаш треба да обрнете малку повеќе внимание на овие пет грешки кои најверојатно ги правите и вие.rn

    1. Велите да, а мислите не

    rnСо оглед на фактот дека Вагите се способни да ги согледаат сите аспекти на една кавга, а и мразат да се караат, тие се склони да ви го кажат она што сакате да го слушнете. Иако можеби сакате да ги избегнете конфликтите колку што е можно повеќе, сепак, кога станува збор за некоја личност што ја сакате, ставете ги своите дипломатски вештини на тест и кажете им како навистина се чувствувате.rn

    2. Премногу се трудите да бидете сакани

    rnВие настојувате по секоја цена да ја заслужите љубовта на вашите најблиски. Не е лошо да бидете сакани, но не е во ред ако постојано се обидувате да го купите тоа внимание. Љубовта никој не би требало да го чини ништо, туку едноставно треба да се случи. Ако таа не се случи поради вас, онакви какви што сте, никаква сума пари или подароци нема да го променат тој факт, затоа не треба премногу да се трудите. Романтичните гестови се одлични, но претерувањето ќе доведе до тоа луѓето да почнат несвесно да ве искористуваат.rn

    3. Прекумерно размислувате

    rnЛичностите родени во знакот Вага сакаат да бидат во можност да донесат чувство на мир во нивната врска, што може да доведе до тоа премногу да размислуваат за своите одлуки. Така, вие можеби имате пропуштено некоја голема љубов затоа што премногу сте размислувале за тоа. Мора да научите да преземате ризици, а да не размислувате премногу за исходите. На долг рок, тоа е многу подобро за вас.rnrnВели ДА, а мисли НЕ: Овој хороскопски знак го кажува само она што сакате да го слушнетеrn

    4. Не можете да бидете сами

    rnВагите уживаат да бидат во романтични врски и ним им е тешко да се справат со животот кога се сами. Но, кога не сте во врска, тогаш најдобро можете да сфатите што навистина сакате од љубовните врски, а и што ви е потребно за да живеете исполнет живот. Обидете се да бидете сами одредено време, за да можете да сфатите кои сте, што сакате и на кој начин можете да го постигнете тоа.rn

    5. Флертувате надвор од вашата врска

    rnВагите сакаат љубов и ако се наоѓаат во соба полна со луѓе, најверојатно ќе развијат пријателство со секој, а тоа исто така може да доведе и до нови романтични заплети. На овие личности флертот им доаѓа природно, а тоа може да внесе немир во нивната врска. Па, контролирајте се себеси кога е во прашање дружењето со други луѓе, така што нема да страдаат вашите љубовни односи.

  • Професии што им одговараат на интуитивните Ваги

    Професии што им одговараат на интуитивните Ваги

    Тешко е да се најде животната цел и професијата која целосно ќе ве исполнува, особено ако сте Вага во хороскоп. Вагите својата среќа ја црпат од хуманитарните работи. Иако тие можат да постигнат успех во која било професија, за да бидат навистина среќни им треба работа во која ќе можат да го искористат нивниот талент за читање емоционални пораки, тимска работа и рачни изработки. Во продолжение прочитајте кои професии се идеални за женските припадници на овој хороскопски знак…rnrnПрофесии кои им одговараат на интуитивните Вагиrn

    Графички дизајнер

    rnВагите имаат одлично око за дизајн и се многу интересни соговорници. Тие лесно ќе можат да прават интервјуа со нивните клиенти и да откријат како нивните потреби и желби би можеле да бидат визуелно пренесени. Графичкиот дизајн ќе им дозволи на Вагите да ја изразат нивната внатрешна креативност и ќе им помогне да остварат профит со помош на нивните уметнички способности. Многу Ваги сакаат да работат хонорарно бидејќи сакаат да си ја задржат слободата и да имаат флексибилен распоред.rn

    Шминкерка или фризерка

    rnЗа креативните Ваги кои сакаат да се изразат на поконкретен начин, професија во областа на шминкањето и правењето фризури би била одличен избор за нив. Денес постојат многу курсеви за шминкери и фризерки, така што овој сон би можеле лесно да го претворите во реалност.rn

    Човечки ресурси

    rnВагите лесно ја придобиваат туѓата доверба и токму затоа би можеле да изградат успешна кариера во областа на човечки ресурси. Во нивно присуство луѓето се чувствуваат удобно и сигурно, дури и во најнапнатите и најнепријатните ситуации. Тие исто така многу добро знаат да го читаат говорот на телото и добро ги разбираат емоционалните пораки, така што без никаков проблем можат да препознаат дали некој лаже или ја кажува вистината.rn

    Личен стилист или моден дизајнер

    rnПовторно во игра влегува креативноста на Вагата благодарение на нејзината способност желбите на луѓето да ги преточи во реалност. Вагите многу лесно можат да направат анализа на видот на телото, тенот на кожата и телесните недостатоци и успешно да ги комбинираат со вистинските парчиња облека. Тие исто така немаат никаков проблем да го земат предвид личниот вкус и да ги убедат клиентите да преземат ризик и да пробаат некој нов стил кој никогаш не би се осмелиле да го испробаат. Освен тоа, тие уживаат да им помагаат на луѓето и да го извлечат максимумот од нивниот надворешен изглед.rnrn(2) Професии кои им одговараат на интуитивните Вагиrn

    Адвокат

    rnСамиот збор „Вага“ асоцира на правда. Тие го разликуваат доброто од лошото и никогаш не се пристрасни. Исто така, тие знаат на суптилен начин да ги убедат луѓето да ја согледаат нивната перспектива на работите, што им помага да станат успешни адвокати. Вагите знаат да донесат брзи одлуки кога тоа е потребно и одлично се снаоѓаат во кризни ситуации. Нивниот талент за читање на луѓето им помага да откријат насилно или нелегално однесување и лесно можат да се стават себеси на местото на другите, како и да го разберат нивниот мотив за она што го сториле. Поради тоа, Вагите можат да бидат одлични полицајци или детективи.rn

    Организатори на настани

    rnВагите имаат одлично око за детали, извонредна емоционална интелигенција и осет за естетика. Поради тоа Вагите можат да станат успешни организатори на настани. Тие знаат каква атмосфера е потребна за луѓето да се чувствуваат удобно, многу се одговорни и секогаш се грижат да биде сѐ под конец. Токму затоа оваа професија би била идеална за нив.rnrnВагите се креативни, интуитивни, грижливи и страсни. Нивната професија би требало да им даде можност да ги изразат овие одлики за да бидат исполнети. Доколку сте Вага во хороскоп, а сѐ уште не сте се пронашле во ниту една професија, земете ги предвид овие неколку и несомнено ќе доживеете професионален развој и задоволство.