Овие жени се социјални и имаат неверојатна дарба за комуникација, па затоа и обожаваат да бидат опколени со пријателите и семејството. Тие се харизматични и ги маѓепсуваат сите околу себе, бидејќи се едноставно неодоливи. Тие претставуваат јин и јанг, бидејќи поседуваат фасцинирана мешавина од логично и емотивно размислување.rnrn
rnrnЛесно ќе влезат во некоја расправија и брзо ќе побијат нечие неподржано мислење, а во тоа ќе им помогне нивната „ладна глава“ во комбинација со шармот. Сепак се случува и да згрешат, но поради својата добронамерна природа ќе ги признаат своите сопствени грешки – тие не дозволуваат егото да им застане на патот.rnrnПогодивте дека станува збор за Вагите?rnrnВагите бараат цврста врска и партнер што ќе ги радува со мали знаци на внимание, како пораки во хартиени срца и букет цвеќиња. Иако изгледаат смирено и сталожено, кога ќе се опуштат, жените Ваги знаат да бидат многу разиграни и романтични, па затоа и својот совршен пар можат да го најдат во знаците Водолија и Близнаци.rnrnТие секогаш искрено ќе го кажат тоа што им паднало на ум, па затоа и некогаш можат да звучат сурово искрено. Ова не може да го истрпи секој – па, ако не сте подготвени за болната вистина, не треба да бидете во нивна близина. Сепак, откако еднаш ќе го одберат својот партнер, тие ќе бидат целосно лојални, а за возврат ќе бараат само поддршка и љубов.rnrnМожете да ги препознаете по елеганцијата што им го краси секое движење. Тие се совршено природни, убави, грациозни и секогаш свои. Нејзините надворешни карактеристики се правилни црти на лицето, дупчиња во образите, широка блескава насмевка, убави заби, тесен струк и нагласени колкови.
Category: Вага
-

Елеганција и гламур: Жените родени во овој хороскопски знак се вистински дами
-

Сакајте ги со сето срце: Жените од овој знак се највнимателни партнерки
Припадничките на овој хороскопски знак копнеат по искрено партнерство, кое нивното срце најмногу го посакува. Доколку сакате да ги задржите покрај себе, мора целосно да им се посветите и искрено да ги сакате.rnrnТоа е – Вага!rnrn
rnrnНа Вагата ѝ е потребен простор и слобода да биде онаква каква што е. Припадничката на овој знак никогаш нема да ви даде критика, сè до оној момент додека вистинскиот спектар на зборови не зазвучи реално во нејзиното срце. Таа добро размислува пред да ги изговори зборовите. Немојте да се изненадите доколку ви напише писмо. Интензитетот на нејзините чувства е голем. Таа ги сака зборовите, магијата што ја поседуваат, начинот на коишто можат да ја ослободат.rnrnПоради тоа, доколку сакате да ја задржите жената Вага покрај вас, мора да прифатите дека зборовите ѝ се многу важни и ги користи како што сликарот ја користи четката за изразување на своите емоции на платното. Вагите не лажат и не се фалат, едноставно не се добри во тоа. Вашите зборови упатени кон неа никогаш не смеат да бидат празни. Тие презираат неисполнети ветувања.rnrnЖената Вага е уметник и за да опстане во реалниот свет, таа мора да го пронајде својот начин на изразување. Потребни ѝ се предмети и звуци, мириси и текстури, кои длабоко во неа поттикнуваат чувства поради кои може да каже „Да. Тоа е тоа, сега е сè како што треба“. Доколку сакате Вага треба да знаете дека таа има потреба од својата уметност, како што вие имате потреба од воздух.rnrnТаа го сака своето тело, но истовремено и го мрази. Но, вие мора да ја прифатите целосно, онаква каква што е. Гледајте ја во очи и смешкајте се. Вагите го обожуваат тој момент на интимност. Тргнете ѝ ја косата од лицето, за да можете подобро да ја погледнете. Морате да го допирате секој дел од нејзината кожа, како тоа да е прв пат. Таа копнее по вашите прегратки. Прегратките за неа се толку важни, како што е водата за цвеќето. Вагата сака романса. Нејзе ѝ се потребни бакнежи. Таа ќе одлета далеку за да го види светот, но потребен ѝ е топол дом за да има каде да се врати. Вагата често плаче, а вие нема да знаете што не е во ред. Разберете ја во тие моменти, кога едноставно солзите ѝ се слеваат по лицето поради наплив на тага предизвикана од тешкотијата на живеењето.rnrnТежината на нејзините стравови, нејзината љубопитност, нејзината емотивната страна, сето тоа на моменти ги поттикнува солзите да почнат да капат од нејзините очи. Вагите бараат време и простор за истражување и не постои ништо поубаво од жената Вага која го доживува светот. Таа гледа магија и во работите каде што никој друг не ја гледа. Верува дека постојат чуда и токму магијата ја води напред. Доколку сакате покрај себе жена Вага, морате да разговарате за љубовта, да дозволите таа да ве води, да ѝ дадете некаква форма, да ѝ дадете најголемо значење.rnrnТука лежи деликатната рамнотежа – вечната војна меѓу чувството на жестина против чувството на нежност. Вечниот обид за пронаоѓање на речиси невозможниот идеален баланс. За да го компензира недоволното себе познавање, таа ќе се обидува секогаш да им биде на услуга на другите. Таа секогаш дава сè од себе луѓето околу неа да се чувствуваат пријатно и секогаш се обидува да ги поправа ситуациите. Вагата, понекогаш знае да ги премине границите со нејзината грижа. Но, немојте да ѝ се лутите поради тоа, едноставно во нејзината природа е впишана потребата понекогаш да биде „жртва“ и да им угодува на другите.rnrn
rnrnВие, како нејзин партнер, треба понекогаш да ја поттикнувате на грижа за себе, затоа што таа никогаш нема да биде свртена кон своите потреби, поради што ќе мора да ја научите на таа вештина. Морате да ја научите дека ставањето на нејзините потреби, пред потребите на другите не е исто со себичноста, затоа што таа ја презира себичноста. Самотијата ја плаши, а срцето често ѝ е скршено. Ќе се чувствува осамено и тажно заради многу работи во реалниот свет, но вие никогаш не треба да бидете тој кој ќе го скрши нејзиното срце. Вие сте тука како нејзина најголема утеха и поддршка.rnrnДоколку сакате да го освоите срцето на Вагата, тоа треба да биде засекогаш. Вагите се најпосветени и највнимателни партнерки. Мора да се прилагодите на нејзината променлива природа. Жената Вага понекогаш се чувствува изгубено, ќе ѝ биде потребна топла прекривка, црно – бел филм и тишина. Но, понекогаш сака друштво, забава, полноќни прошетки и длабоки, интимни разговори.rnrnУбаво би било често да ја потсетувате дека е убава, сакана и најважно – обожувана. Таа сака и авантури. Сака самотија, но не сака да биде оставена сама. Едноставно прифатете ги нејзините контрадикторности и засекогаш ќе развие доверба во вас.rnrnВагите имаат потреба од партнер кој го краси силна одлучност, затоа што најчесто тие не ја поседуваат оваа особина. Таа ќе ве изненади со спонтаноста, а вие ќе се воодушевувате на леснотијата со која се посветува на вас и на луѓето кои ги сака. Прифатете го фактот дека за Вагите не постои „очигледен избор“ и секогаш помагајте ѝ да го најде вистинскиот пат.rnrnДа се сака Вага, значи да се сака самата љубов. Таа сака сè што е поврзано со љубовта: врските, откритијата, болното срце, занесот, самата идеја за љубовта – сето тоа таа го става во еден кош и едноставно се препушта на магијата. Таа сака страст. Вагата пронаоѓа добри нешта во речиси секоја личност, но од партнерот бара интелигенција и хумор. За неа нема ништо попривлечно од паметни луѓе. Кога се расправате со Вага, бидете внимателни со зборовите. За неа секоја кавга е крај на светот, а тоа понекогаш ќе ја уништи. Но, тие недоразбирања можете да ги искористите на еден креативен начин. Секој конфликт можете да го гледате како можност за раст – тоа е почеток на нови нешта. Сепак бидете искрени кон неа. Кога вагата се расправа, вообичаено таа е во право, затоа што жената Вага по природа е праведна и фер.rnrnПотрудете се Вагата до вас секогаш да биде среќна и задоволна, затоа што кога таа е исполнета со позитивна енергија, за неа не постојат граници, таа може да го преземе светот во свои раце. Таа верува во добрината на луѓето, во магија и пред сè во среќа до крајот на животот. Доколку сакате Вага, мора да верувате во неа и во сето она што таа го носи со себе. Искреноста и љубовта се нејзините движечки сили. -

10 работи кои треба да ги знаете пред да се заљубите во маж роден во знакот Вага
Машките припадници на хороскопскиот знак Вага се многу комплексни личности. Како и секој друг знак од Зодијакот, тие имаат свои доблести, но и маани. Најдоброто нешто кога станува збор за машките Ваги е тоа што се чувствителни, но истовремено и силни. Тој е одлично друштво кога ви е потребен некој да ве сослуша, но тој исто така е и она забавно момче кое е омилено во сите друштва. Точно е дека Вагите ги бие лош глас на женкари, но нека не ве исплаши тоа бидејќи има толку многу нешта кои се кријат под површината. Ова се 10-те работи кои треба да ги знаете за мажот роден во знакот Вага, пред да започнете врска со него…rnrn
rn1. Мрази да биде сам
rnВагите не сакаат да бидат сами. Тие сакаат да поминат што е можно повеќе време со луѓето кои им се блиски. Нормално дека понекогаш сакаат да се изолираат, но зошто да бидат сами кога можат да бидат опкружени со луѓето кои ги обожаваат?rn
2. Тој е неверојатно друштвена личност
rnВагите се познати по тоа што се многу друштвени и комуникативни. Тие никогаш нема да одбијат покана за забава, љубовен состанок или лабава дружба со најдобрите пријатели во домашна атмосфера. Машките Ваги се харизматични и знаат како да го искористат тоа во нивна полза.rn
3. Може да држи лутина засекогаш
rnВагата не мора да избувне и да ви се изнавика за да знаете дека ви е лута. Ако повредите машка Вага, тој ќе ја држи лутината додека не им помине, а тоа може да трае навистина долго. Може да се обидете да му се извините, но ако не е расположен да ве слуша, воопшто нема да биде важно она што го велите.rn
4. Ќе направи сѐ што е возможно за да одбегне конфронтација
rnВагите толку многу мразат конфликти што ќе направат сѐ што е возможно за да ги одбегнат. Соочувањето значи дека тие ќе мора да го симнат цврстиот оклоп што ги штити и да зборуваат за она што ги лути. За нив поедноставно е да ги остават работите онакви какви што се.rnrn
rn5. Ретко избувнува
rnНема да сретнете Вага што лесно ќе изгуби нерви. Тие знаат понекогаш да бидат променливи и рамнодушни, но никогаш нема да се истурат на вас. Можеби тоа е така затоа што се плашат дека ќе изгубат пријател или едноставно тоа е дел од нивниот карактер. Но, подгответе се да бидете целосно игнорирани и заборавете на жестоките караници.rn
6. Секогаш е подготвен за авантури во кревет
rnВагите постојано бараат нови начини за да го зачинат сексуалниот живот, што значи дека тие ќе пробуваат нови работи со саканата личност. Тоа може да подразбере необични секс пози или играчки и сѐ друго што ќе им падне на памет. Тие исто така сакаат кога жената доминира и жени кои сакаат да бидат потчинети. Бидете подготвени да ги пробате и двете улоги.rn
7. Ги разгледува сите страни пред да донесе одлука
rnМашката Вага е голем аналитичар кога станува збор за носење одлуки. Тој сака да ја согледа ситуацијата од сите можни агли пред да заклучи што би било најдобро да се направи, а тоа може да биде неверојатно напорно за некој што не размислува толку. Вагите се познати како едни од најнеодлучните хороскопски знаци. Понекогаш навистина знаат да претераат.rnrn
rn8. Навистина ја цени добрата комуникација
rnСо оглед на тоа што се еден од најкомуникативните знаци, машките Ваги најмногу ја ценат добрата комуникација. Тие претпочитаат да разговараат за проблемите без разлика дали се работи за партнер или пријател, наместо да се преправаат дека сѐ е во ред. Точно дека тие држат лутина, но само откако се обиделе да ги поправат работите.rn
9. Сака добра авантура
rnВагите и авантурите одат заедно. Тие секогаш сакаат да пробуваат нови работи, така што ако сте во врска со машка Вага, подгответе се да излезете од вашата удобна зона. Нема да можат да ви одолеат доколку вие испланирате дневни авантури за двајцата.rn
10. Сака да им угодува на луѓето
rnВагите сакаат сите да бидат среќни и да се согласуваат и ќе направат сѐ што е потребно за тоа да се случи. Звучи супер, нели? Понекогаш, но поголемиот дел од времето, тоа ја претвора Вагата во човек кој не може да им каже „не“ на луѓето. Тие не сакаат да ги ставаат туѓите потреби пред нивните, но тоа се случува и работите никогаш не излегуваат онака како што си замислиле.rn
-

Дознајте кој хороскопски знак ќе има убедливо најмногу среќа летово
Секогаш шармантна, праведна и дружељубива. Ова лето коцките дефинитивно ќе ѝ се наместат на кој друг, ако не на единствената Вага. Припадниците на овој хороскопски знак ги чека фантастичен период, полн со нови можности и задоволства. Нова љубов, нова работа, живот во нов град, па дури и можност за дете, брак или заеднички живот.rnrn
rnrnТоа се само некои од настаните што можат да ви се случат благодарение на среќната судбина која ви е пишана оваа година поради влезот на Јупитер во Вагата, а која ќе трае до средината на наредната година.rnrnЌе имате силна желба и волја да се радувате, да бидете среќни и да правите многу забавни работи со луѓето кои ги сакате. Тие ќе го следат секој ваш чекор бидејќи среќата која е видлива во вашите очи, а која доаѓа директно од вашето срце, не може да остане незабележана. Вашата среќа пристигна и сега можете да почнете да уживате во нејзините плодови по целата макотрпна работа и потешкотии во животот.rnrnНе ви преостанува ништо друго освен да се опуштите и да уживате во прекрасните моменти и доживувања кои ве чекаат ова лето! -

Нема да најдете поголема љубов од таа на овој хороскопски знак!
Луѓето родени во овој хороскопски знак не сакаат негативни луѓе и нивното опкружување мора да биде балансирано со добра енергија. Доколку постои некој конфликт, овој знак секогаш знае да ги смири работите. Но, многу често го нарекуваат и адвокатот на ѓаволот бидејќи не е пристрасен и не бира страни.rnrn
rnrnСекако дека станува збор за Вагата. Тие се веројатно најпријатните луѓе кои ќе ги запознаете во животот. Вагата е единствениот знак кој не е претставен со некое животно или човек. Неа ја претставува вага која очигледно е симбол на нејзината потреба за рамнотежа, ред и еднаквост. Ова се неколкуте причини поради кои останатите знаци од Зодијакот можат да ѝ завидуваат на Вагата…rnБаланс
rnЛуѓето воопшто не се двоумат да им се обратат кога имаат некаков проблем бидејќи тие знаат да ја согледаат приказната од секој можен агол. Се обидуваат да го разберат проблемот во целост пред да понудат совет. Вагите не можат да ветат дека ќе го решат секој можен проблем, но секогаш ќе ве сослушаат и ќе ви го дадат вниманието и емотивната поддршка кои ви се потребни во тој момент. Најмногу од сѐ што посакуваат Вагите е мир во светот кој и не е премногу мирољубив.rn
Шарм
rnЛесно е да ги сакате Вагите поради тоа што се многу шармантни. Тие знаат да направат секој да се чувствува интересен и важен. Многу се свесни за чувствата и емоциите на луѓето околу нив, но и за тоа какво влијание може да има нивното однесување и до какви последици можат да доведат нивните одлуки.rnrnВагите имаат одлична перцепција. Тие се стремат кон тоа да остварат долгорочни врски со луѓето и не сакаат лицемерни и површни луѓе. Тие ги судат луѓето според тоа каков е нивниот карактер, а не врз основа на нивниот надворешен изглед.rnrnИ покрај нивниот шарм, на Вагите им е многу тешко да кажуваат „не“ и многу често се наоѓаат себеси во стресни ситуации како последица од тоа што туѓите потреби ги ставаат пред сопствените. Сакаат да ги задоволат потребите на сите, но многу брзо сфаќаат дека не е возможно да ги сакаат баш сите.rnrn
rnЧувствителност
rnВагите се многу чувствителни кога станува збор за луѓето околу нив и тоа ги прави одлични пријатели. Дури и кога се караат со некого, нивната харизма и добрина секогаш помагаат да се реши конфликтот. Вагата има челични нерви и многу е тешко да ја налутите, но ако дојде тоа, никогаш повеќе нема да ве гледа со исти очи.rn
Романтика
rnВагите сакаат со целото свое срце. Ако сте доволно среќни да ја заслужите љубовта на Вагата, знајте дека вашето срце секогаш ќе биде заштитено во нивната топла прегратка. Тие сакаат нивниот партнер да знае колку ги ценат малите, но и грандиозните гестови. Љубовта на Вагата е најголемата љубов што некогаш би можеле да ја пронајдете. Ќе ви биде неверојатно верна и вашите потреби секогаш ќе ги става пред нејзините.rnrnВагите не веруваат во љубов на прв поглед. Тие се многу внимателни и не избрзуваат со сексуални односи бидејќи бараат долгорочни врски. Тие имаат многу обожаватели, но многу се пребирливи бидејќи имаат јасни критериуми и принципи од кои никако не отстапуваат. Вагата не ја одбира туку-така личноста на која ќе ѝ го отвори срцето. Сепак, понекогаш заборава дека не гледаат сите исто на љубовта и поради тоа често завршуваат со скршено срце.
-

Жените родени во овој хороскопски знак се природен магнет
Убава насмевка, елегантни дланки, долг врат, добра фигура и грациозни движења се едни од главните физички карактеристики кои ги опишуваат жените родени во овој хороскопски знак. Имаат изразена дарба за комуникација, рационални се и природно ги привлекуваат сите околу себе. Можат да бидат големи кокети, а како партнери и семејни членови се верни и одговорни. Умеат да ги сакаат другите со целото свое срце, но бараат да бидат сакани и ценети за возврат. Единствената маана е што можат да бидат по малку егоцентрични. Станува збор за жените родени во знакот на Вагата.rnrn
rnrnТие се чувствителни, праведни, љубезни, интелигентни, женствени и сестрани и за секого имаат по еден добар збор. Како пријатели се верни и се спремни да помогнат во секој момент. Жените Ваги знаат како да бидат благодарни и да го ценат туѓиот труд. Работливи се и вредни и понекогаш не си даваат доволно време за одмор. Свесни се за своите способности и дарби, но не се вообразени.rnrnНа работното поле, жените Ваги постигнуваат добри успеси бидејќи се дипломати во одлучувањето и се стремат по секоја цена да ги остварат своите цели. Радосни се кога нивната напорна работа ќе биде осознаена и ценета, иако таа радост често знаат да ја прикријат во себе. Како сопруги се исполнети и среќни и за своите партнери се постојан извор на лојалност, добро расположение и љубов. Како мајки се ведри, одговорни и доволно строги и како такви својата среќа ја пронаоѓаат во своето семејство. -

Астролозите откриваат: По тешките периоди, на овој знак му престојуваат големи успеси
Припадниците на овој хороскопски знак ја сакаат чистотата, манирите, општествените правила и се многу префинети и елегантни во тоа. Тие се праведни и секогаш се борат за вистината, живеејќи бунтовен, но истовремено и нежен живот. Меѓутоа, во изминативе периоди работите не им оделе баш од рака. Важно е да знаат дека тоа нема да трае, бидејќи астролозите предвидуваат многу интересни настани кои им следуваат на луѓето кои припаѓаат на еден од најинтелигентните знаци во хороскопот – Вагата.rnrn
rnrnСпоред астролошките прогнози, Вагите ќе имаат шанса да ги решат и да се ослободат од сите пречки и неприлки со кои се соочиле во изминатиот период, особено поради влијанието на планетата Јупитер која ќе остане во знакот на Вагата цели 13 месеци.rnrnНезависно на кој знак припаѓаат, луѓето во секоја нова година влегуваат како новороденчиња. Но, сепак збогатени со претходни искуства, соништа, желби, меѓучовечки односи и разни други подвизи. Во претходните неколку месеци, Вагите се соочувале со попроблематични ситуации и морале да ги научат своите лекции на потешкиот начин. Но, благодарение на тој потежок начин тие созреале и станале способни да ги разберат и сортираат сопствените емоции кои ги доживеале во непријатните моменти.rnrnТие дошле до големи откритија за себе и сфатиле дека во нивниот живот не им се потребни луѓето кои постојано ја црпат нивната енергија. Лекциите ги учеле долго време и постепено се оформувале во личноста која треба да бидат. Сега имаат подобри очекувања од себе и од другите и способни се да сфатат дека се во можност да ги пребродат сите животни предизвици и да научат да бидат поснаодливи од кога било претходно. Смарагдната година конечно започнува во средината на 2016-тата година и носи многу успех и среќа за Вагите. -

Кој е најправедниот и најинтелигентниот хороскопски знак?
Кога станува збор за рамнотежата и контролата, тогаш Вагите ја добиваат главната улога. Мирољубиви и праведни по природа, луѓето кои припаѓаат на овој знак не сакаат да бидат сами. Партнерството и пријателствата се особено важни за нив, посебно оние со кои се во многу блиски односи. Со својот победнички менталитет и соработка, тие се навикнати своето време да го поминуваат во друштво на личности кои се забавни и со кои можат да разговараат.rnrn
rnrnВагата е воздушен знак со изразен интелект и прониклив ум. Во нејзината природа е да биде инспирирана од интересни книги, дискусии, дебати и луѓе кои ѝ помагаат да ја порази досадата. Планетата која владее со Вагите е љубителка на убавите работи – Венера, па за нив квалитетот е секогаш поважен од квантитетот. Опкружени се со уметност, музика и прекрасни места на кои можат да го достигнат својот целосен потенцијал. Бидејќи сакаат да соработуваат, често можете да ги видите како работат на заеднички креативни проекти со другите.rnrnВагите ја обожаваат рамнотежата и симетријата. Често тоа се личности кои ја ценат рамноправноста, не ја поднесуваат неправедноста и прават сѐ за да ја уништат. Не се склони на соочување со проблемите без причина и повеќе сакаат да го зачуваат мирот. Исто како што се потребни два предмети за рамнотежа, така и Вагите често избираат да се во пар или во група.rnrnЗнакот на Вагата се поврзува со бубрезите кои се филтер во исфрлањето на непотребните материи од организмот. Затоа е важно да земаат доволно течности што го намалува притисокот на бубрезите и ја подобрува општата здравствена состојба.rnrnНајголемиот проблем за Вагите е кога се принудени да избираат страна. Понекогаш поминуваат премногу време во спознавање и аргументација на секоја страна поединечно, што забораваат да дадат свое мислење, воопшто. Често се делат во својата неодлучност. Не е ретко да ги видите како полудуваат кога треба да донесат потешка и посериозна одлука, посебно кога ќе откријат некоја дополнителна информација или став. Клучот, се разбира, се наоѓа во таа света рамнотежа кон која се стремат и тежнеат. -

8 работи кои мора да ги знаете за жените Ваги
Добро е познато дека машките и женските хороскопски знаци се разликуваат во некои работи, па затоа ние денес решивме да ви откриеме 8 најкарактеристични особини на жените Ваги.rnrn
rn1. Можат да ве шармираат кога и како сакаат
rnЖените Ваги се познати како неверојатно шармантни личности, бидејќи се многу досетливи и имаат одлична смисла за хумор. Нив ги сакаат сите луѓе, бидејќи тие знаат да го прилагодат својот шарм на секоја личност и во секоја ситуација. Тие едноставно сакаат другите луѓе да ги сакаат, па затоа се одлични во „читањето“ на луѓето и прилагодувањето на нивниот карактер.rn
2. Неодлучни се
rnВагите нема да се она што се ако не се неодлучни и ако постојано не мислат дали нешто да направат или пак да кажат не. Иако оваа особина може да им помогне при решавањето на некои конфликти, од друга страна пак, може да претставува вистинско мачење кога треба да се донесе одлука. Нив никогаш не треба да ги прашувате да изберат помеѓу две работи, туку е неопходно да ги ставите пред совршен чин.rn
3. Тие се вистински дипломати
rnАко сакате да смирите некои ваши блиски луѓе, во тоа задолжително ангажирајте ги жените Ваги. Тие се неверојатно мирни, па со самото тоа идеални личности за решавање на сите можни конфликти. Тие секогаш ќе пронајдат заеднички јазик со другата страна и нема да дозволат ниту најмала ситница да прерасне во конфликт, а конфликтот во голема расправија.rnrn
rn4. Ги почитуваат правичните и праведните личности
rnНикој не ги сака повеќе правичните и праведните личности, ниту пак ги цени повеќе од жените Ваги. Едноставно, тие се тип на личност кои секогаш настојуваат да одржуваат фер и коректни односи со другите луѓе, кои не ја сакаат неправдата, а уште помалку луѓето кои се неправедни. Доколку сакате да се дружите или забавувате со жена Вага, овие две особини мора да ги поседувате.rn
5. Премногу се интелигентни
rnЖените Ваги, па и самите Ваги, важат за премногу интелигентни личности кои многу читаат, информирани се за сè и упатени во сè што се случува околу нив. Ќе ве изненади начинот на кој зборуваат, со своите интелигентни шеги, но и со досетливоста и мудроста.rn
6. Тие се големи естетичари
rnВагите, а особено жените Ваги се големи естетичари и имаат око и за најситните детали. Па затоа, тие најчесто се занимаваат со некој вид уметност, а доколку тоа не им е работа, тогаш како по правило им е хоби.rnrn
rn7. Обожаваат да флертуваат
rnАко може да се каже за некој хороскопски знак дека сака да флертува и многу дека ужива во тоа, тогаш тоа дефинитивно се Вагите. Било да се врзани или пак не, Вагите секогаш ќе флертуваат, бидејќи едноставно тоа е појако од нив. Меѓутоа, во поголемиот дел од случаите Вагите не се ниту свесни дека флертуваат, туку тоа го забележуваат откако другата страна ќе им даде повратна реакција.rn
8. Секогаш се смирени
rnВагите не се ниту малку импулсивни, па никогаш нема да ги видите како „полудуваат“ или да се толку нервозни за да не можат да го скријат тоа. Едноставно, тие пронаоѓаат излез во секоја ситуација и се обидуваат да не прават голема драма околу тоа. Меѓутоа, и тие имаат свои луди минути и тогаш би било најдобро да стоите подалеку од нив.rnrn

-

Најубавото лице во Зодијакот: Дали и вие сте меѓу среќниците родени во овој хороскопски знак?
Благодарение на влијанието на Венера, Вагите се надарени со најубавата физиономија во целиот Зодијак. Лицето им е овално, правилно и привлечно, додека носот им е краток и нежен. Усните им се полни и заводливи со потемни нијанси, а очите упадливи – љубопитни, предизвикувачки и мистериозни.rnrn
rnrnПоголемиот дел од Вагите се со ситна градба и во младоста многу пропорционални, додека во подоцните години имаат тенденција да се здобијат со покрупни бедра и колкови. Нивните екстремитети се кратки или со средна должина, убаво обликувани и пропорционални. Вагите имаат бујна и квалитетна коса, најчесто со темно кафеава или црна боја. Нивната коса и на поглед и на допир одава топлина и мекост. Тие водат сметка за уредноста и елеганцијата, внимавајќи да остават добар впечаток во секоја можност.rnrnОсвен типичната Вага, чија надворешност е под влијание на Венера, постои и Вага која е под влијание на Сатурн, чие лице е со поостри црти, подвиткан или шилест нос и кратки, лукави и несовесни очи. Телото на овие Ваги е со повеќе мускули и погрубо, одразувајќи ја нивната борбеност и амбиција. Кај двата типа најчувствителни делови на телото се бубрезите, мочниот меур и панкреасот. Вие треба да обрнете посебно внимание на нив и редовно да ги контролирате. Вагите исто така се склони и на алергии, астма и дијабетес.