Ако славите роденден помеѓу 23 септември и 22 октомври, сигурно ќе се пронајдете барем во дел од следните 10 карактеристики.
rn
1. Вие сте социјален тип
rnСакате да зборувате, a луѓето сакаат да ве слушаат. Дружељубиви сте, а се чувствувате дека сте во елемент сте кога се наоѓате во центарот на вниманието помеѓу група луѓе.rn
2. Вие сте природен посредник во група
rnВие генерално излегувате на крај со проблемите на другите луѓе на смирен и одговорен начин и секогаш имате балансирана перспектива на нештата.rn
3. Оваа карактеристика често може да ве прави да изгледате дволично
rnВие сакате да ги поддржите гледиштата на двете страни, па поради тоа може да се согласите со сите, дури и ако тоа значи дека си противречите на самите себе.rn
4. Можеби премногу се потпирате на другите кога се обидувате да донесете одлука
rnВагите обожаваат да разговараат со луѓе, па природно е што сакаат и да се консултираат со други. Како и да е, понекогаш може да претерате, па на крајот да бидете обземени од туѓите чувства и мислења.rn
5. Но, ако си верувате себеси, вие сте ОДЛИЧНИ во донесување одлуки
rnВеќе ја имате во себе дарбата да ги земете предвид сите страни на приказната кои ќе ви бидат претставени. Ако можете да се фокусирате на тоа и да им верувате на вашите инстинкти и искуства, сигурно ќе постапите правилно и ќе пресечете со соодветна одлука.rn
6. За вас, пронаоѓањето на вистинската љубов е една од најважните нешта
rnАко сè уште не сте ја пронашле, вие едвај чекате да ја запознаете вашата сродна душа. Романтиката и љубовта ви се многу важни, па ќе работите напорно да ја пронајдете љубовта на вашиот живот, но и да ја задржите.rn
7. Но вашата незапирлива потрага по љубов може да ви застане на патот за други работи
rnВагите сакаат да имаат посебна врска толку силно што може да стават на пауза други важни работи во нивните животи, како работата и семејството. Тие мора да бидат многу внимателни да не се изгубат себеси во процесот.rn
8. Вие сте љубезен и гостопримлив домаќин
rnВашиот инстинкт ве тера да правите луѓето да се чувствуваат добредојдени и сакате да им овозможите да се забавуваат. Секој сака да биде поканет на вашите вечерни забави.rn
9. Малку сте мрзеливи
rnВагите се мудри и често лукави, па тие имаат големи и одлични идеи за успех, но понекогаш им е тешко да ги исполнат и да го сработат потребното за да дојдат до целта.rn
10. Сакате да бидете опкружени со фенси предмети
rnВие имате остро око и префинет вкус. Вагите сакаат луксуз – често дури и на сметка на практичноста.

