КАФЕ ПАУЗА

Роденденски подарок за вашиот партнер Стрелец

Автор: Зорица ТодороваrnrnМажите родени во овој хороскопски знак се полни со живот и енергија, отворени и пред сѐ, веруваат во гледање од посветлата страна на работите. Одбирањето на вистинскиот подарок за вашиот партнер ќе биде едно интересно и исплатливо искуство, а еве ги нашите идеи.rnrnrodendenski-podarok-za-vashiot-partner-strelec-kafepauza.mkrn

Забава, забава, забава

rnСтрелецот е хороскопски знак кој обожава забава, затоа вашиот партнер ќе цени каков било подарок со доза хумор. Може да најдете маица со интересна апликација или досетлива порака; специјално издание на дивиди од класична комедија како Чаплин, а доколку и двајцата сакате да се дотерувате и излегувате, одведете го на стенд-ап или хумористична претстава во театар. Каква било книга која го потенцира позитивниот поглед на светот и животот исто така би бил одличен подарок.rnrn1-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-strelec-kafepauza.mkrn

Авантуристички спортови

rnШто било што ќе му го зголеми адреналинот на вашиот партнер е добредојдено. Стрелците обожаваат физички напорни активности бидејќи ги прошируваат границите на она што е лесно и човечки возможно. Одете на јавање или параглајдерство, а ако таквите активности ги нема во вашето место на живеење, одведете го на спортски настан на кој игра неговиот омилен домашен тим. Може да организирате дури и планинска прошетка или кампување, сите Стрелци се љубители на природата. Сепак, бидејќи роденденот на вашиот партнер се паѓа во зимските денови, ски-патување би било најдобриот избор.rnrn2-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-strelec-kafepauza.mkrn

Игри на среќа

rnЗа разлика од жените Стрелци, машкиот дел од популацијата повеќе може да се контролира и да се води од здравиот разум кога станува збор за игрите на среќа. Вашиот партнер ќе биде воодушевен да помине возбудлива вечер во казино! Ако можеби не сакате да поттикнувате вакви потенцијално опасни навики, едноставно одлучете се за конзола со видео игри која исто така ќе ја задоволи неговата желба за преземање ризици.rnrn3-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-strelec-kafepauza.mkrn

Патување

rnАко не располагате со доволно финансии за авионски билети и хотелски резервации, сѐ уште можете да ја задоволите љубовта за патувања на вашиот партнер со некој поскромен подарок. Може да му купите квалитетен куфер или ранец, да му подарите годишна претплата на неговото омилено списание или книга со егзотични локации и места кои треба да се видат која ќе му помогне да го испланира своето следно патување. Во тоа исто така ќе му помогне и комбинација од лаптоп, дигитален апарат и појас за пари.rnrn4-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-strelec-kafepauza.mkrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.