Љубовта на овој хороскопски знак е како експлозија, како огномет во летна ноќ. Ги преплавува сетилата како летна бура што долго се памети. Кога неговите љубовници ќе се препуштат на слаткиот оган што го предизвикуваат неговите бакнежи и ќе го тетовираат неговото име на својата душа, никогаш повеќе нема да доживеат нешто слично.rnrn
rnrnСтанува збор за незаборавниот Овен! Овенот не само што знае што сака, туку и никогаш не се откажува додека не ги оствари своите желби. Дури и кога нивните партнери мислат дека засекогаш ги отфрлиле од животот, Овните многу вешто го обновуваат пожарот кој никако не може целосно да прегори. Тој е како врел пламен што го осветлува патот во најцрната ноќ.rnrnОвенот е тајниот романтичар на зодијакот, иако разумот и одлучноста понекогаш го засенуваат тоа. Припадниците на овој знак се врзуваат со некого, само ако се сигурни дека работи за вистинскиот избор.rnrnАко донесат некаква одлука, никој нема да може да ги премисли. Со Овните не може да се манипулира, бидејќи тие тврдоглави си веруваат себеси. Тоа или ги излудува нивните партнери или ги убедува да се вљубат уште повеќе.rnrnСо Овните е секогаш возбудливо, но тоа не е единствената нивна позитивна особина. Секогаш можете да сметате на нив во тешките животни ситуации. Тие се практични, сакаат да ги планираат работите и да донесуваат самостојни одлуки. Ако се обидете да ги натерате да направат нешто за коешто не се подготвени, несомнено е дека ќе го почувствувате нивниот непобедлив отпор.rnrnОвните се како егзотична дестинација. Полни со изненадувања и незаборавни доживувања додека истовремено ви ја нудат сигурноста на топлата прегратка. Што и да прават, Овните несвесно палат оган со нивниот опоен поглед и неочекувана природа.rnrnАко се вљубите во Овен, никогаш нема да ја заборавите магијата што се случува кога ќе бидете сами. Нивната љубов е најтоплата зависност. Овните се како вкусна чоколада наросена со лешници. Тие се како ноќно бањање на полна месечина и спиење на плажа сѐ до изгрејсонце. Тие се како сладок бакнеж и прегратка по лош сон.rnrnОвните ја имаат потребната сила и решителност за да си го создадат посакуваниот живот. Тие го земаат она што го сакаат благодарение на принципот „сѐ или ништо“. Кога знаат што сакаат, го сакаат тоа веднаш. Немаат време за чекање. Тие се отпорни, способни и подготвени на големи жртви за да ги остварат нивните најголеми желби.rnrnОвните или играат на големо или воопшто не ја започнуваат играта. Токму поради таа одлучност, моќен оган и топлина, партнерите постојано им се враќаат. Кога Овните длабоко ќе се заљубат, нивната љубов трае засекогаш.rnrnНе сте убедени дека Овните се посебни? Прочитајте ги следниве 9 причини зошто жените родени во знакот Овен се неверојатни.
Category: Овен
-

Незаборавен и експлозивен: Овој хороскопски знак е имун на сите манипулации
-

Овни: Тие ќе ви го подарат срцето и ќе ви го посветат целото свое внимание
Кога станува збор за љубовта, Овните ја обожаваат моногамијата. Ним никогаш не им е доволно добиеното внимание или времето поминато насамо со своите љубени. Тие го ставаат партнерот на првото место, без разлика на сè, и го очекуваат истото за возврат. Ако немаат главна улога во универзумот на нивниот партнер, тогаш едноставно нема поента ни да бидат заедно.rnrn
rnrnТоа не значи дека се цвеќе за мирисање! Баш напротив. Овните се едни од најнезависните хороскопски знаци, па не сакаат да бидат гушени или контролирани во врската. Тие го обожаваат вниманието (она што го добиваат, како и она што го даваат) и едноставно сакаат да ги споделат своите најинтимни мисли со личност на која ѝ веруваат.rnrnСе вели дека најголемиот подарок што можеме да го понудиме е активното слушање. Овните се мастери во тоа! Тие ќе ви го подарат срцето и ќе ви го посветат целото свое внимание, често играјќи ја улогата на спасител за да ве освојат. Ова може да биде малку напорно и за двете страни, па треба да внимаваат да не претераат и навлезат предлабоко.rnrnАко тоа се случи, нивниот независен дух ќе почне да се побунува и ќе настане хаос на вашата врска. Овој темперамент може да ги заслепи во дадени моменти и од фрустрација да кажат нешта што не ги мислат. Лекот? Секојдневно треба да одвојуваат време за себе, да можат на раат да дишат, да се синхронизираат со своите мисли и да одржуваат баланс во љубовта.rnrnБидејќи Овните се првите и „најмладите“ знаци во зодијакот, тие се позависни од својот партнер отколку што сакаат да признаат. Кога се во врска, треба да се осигурат дека ги следат своите цели и да запомнат колку самите се силни. Тие мора постојано да ја одржуваат својата индивидуалност доколку сакаат да успеат во љубовта.rnrnОд друга страна, Овните обожаваат да се натпреваруваат и понекогаш знаат да претеруваат со својата „мажественост“ (дури и да станува збор за жени). Го чуваат партнерот како ценет трофеј и неретко влегуваат во љубоморни размени со тупаници или кубење коси, ако некој се обиде да ја освои нивната награда.rnrnИако имаат обилен апетит и зрачат со сензуалност, на крајот од денот, тие бараат од саканата личност навистина да ги разбира. Иако знаат наивно да се држат за лош партнер, не толерираат непочитување. Откако ќе сфатат што се случува, брзо преминуваат на следната љубов. Ним им е потребно да бидат светлата точка во очите на партнерот, и не се задоволуваат со ништо помалку.rnrnДознајте и зошто Овенот е најзабавниот хороскопски знак за состанување! -

Астрологијата го открива најсреќниот знак на првиот пролетен ден
Како што веќе знаете, денес ни пристигнува пролетта! Ако верувате во астрологијата, тогаш мал дел од вас ќе откријат дека токму вашиот знак, под влијание на Сонцето, ќе добие голема моќ и енергија што ќе ви донесе максимален успех!rnrn
rnrnЗборуваме за Овенот! Вие сте почитувани на работното место и сакани во семејството. Токму затоа и оваа пролет ќе биде совршена за вас, а благодарение на Сонцето што токму денес влегува во вашиот знак, нема да наидете на препрека што нема да можете да ја надминете.rnrnВо текот на следните месец дена, вие ќе бидете во центарот на вниманието и вашите потреби ќе добиваат приоритет, па затоа уште од денес потрудете се што е можно посилно да замавнете кон она што го посакувате. Не грижете се со изложувањето нови идеи, бидејќи ќе добиете огромна поддршка од колегите. Вие ја заслужувате репутацијата што ве следи – спремни сте да скокнете онаму каде што другите не смеат дури ни да погледнат.rnrnИмајќи го сè ова на ум, ве следува и голема слава за вашата храброст, а тоа не е мала награда. Уживајте во пролетта, бидејќи периодов сè што ќе намислите, сè ќе ви се претвори во реалност! -

Дознајте на кој хороскопски знак сѐ ќе му оди од рака оваа пролет
Периодов е вистинско време за љубов, пари и среќа, а токму тоа и го очекува овој хороскопски знак веднаш штом се појават првите пролетни зраци. Топлите денови будат љубовна енергија во нас, но припадниците на овој знак ќе заблескаат со посебен шарм. Кога нѐ интересира љубовната магија на астрологијата, секогаш прво се прашуваме со кој знак владее Венера, симболот на убавината и романтиката. Оваа пролет 2017 година, Венера ќе ги оствари љубовните желби на темпераментниот Овен.rnrn
rnrnОд 25-ти февруари, овој период од животот на Овенот е „зачинет“ со романтичен прав кој ја засилува страста до максимум. За тоа е заслужна Венера која е во знакот Овен од 3-ти февруари до 2-ри април, а потоа и од 28-ми април до 6-ти јуни.rnrnНе е ни чудно тоа што Овенот се чувствува како да е на седмо небо. Сѐ се врти околу припадниците на овој знак, па затоа и самите се грижат за изгледот и начинот на однесување. Сепак, би требало да се опуштите бидејќи нема да ви треба многу за да привлечете внимание. Но, искористете ја оваа промена до максимум за да си ја зголемите самодовербата во оние животни области каде што малку се намалила.rnrnШто се однесува до шармот, тука не треба ништо да зголемувате. Сите ве сметаат за исклучително пријатно друштво и никој нема да може да остане рамнодушен на вашата неодоливост и привлечност. Сите љубовни сили на планетите работат во ваша корист, па така и Марс ќе ви ја зголемува страста до 9-ти март. Никој нема да може да ви одолее, а таа самоувереност во освојувањето ќе ве направи уште попривлечни.rnrnОвие прогнози не се однесуваат само на лицата родени во знакот Овен, туку и на оние кои се Овни во подзнак. Ако ги имате Венера и Овенот во вашиот натален хороскоп, тоа значи дека вас ве краси посебна аура од невин шарм, па затоа сите ја толерираат вашата нетрпеливост и детско однесување. Сакате врска која е полна со енергија и акција. Рутинското партнерство од навика не е за вас.rnrnОва е период кога не би требало да се вртите назад кон минатото, туку да му се радувате на секој нов ден. Време е за љубов, романтични освојувања, директен пристап, заведување, спонтаност и восхит кој ќе ви го отвори срцето.rnrnДоколку сте Овен во хороскоп, сигурно ќе ве интересираат 10-те вистини за најтврдоглавиот хороскопски знак. -

10 причини зошто Овенот е најзабавниот хороскопски знак за состанување
Овните се сметаат за страсни знаци, исполнети со спонтаност и возбуда. Тие се авантуристи и умешно ги донесуваат своите животни одлуки. Оние кои веќе се во врска со Овен знаат колку може да им биде забавно, а оние кои не се, еве 10 убедливи причини зошто би требало да го направите тоа.rnrn
rn1. Тие ги прават работите интересни
rnЕдно е сигурно: Никогаш нема да ви биде досадно ако се состанувате со личност родена во знакот Овен. Тие се оптимисти, носат возбуда во вашиот живот и природно ги мамат другите да ги следат и да им се приклучат во забавата. Состанокот со Овенот може да наликува како да одите на некој концерт, во забавен парк и слично. Пред сѐ, Овенот е огнен знак.rn
2. Тие се великодушни
rnОвните се природно дарежливи и не само што сакаат да даваат, туку тоа и добро го изведуваат. Сакате подароци, зар не? Со личностите родени во знакот Овен целосно ќе уживате во добивање непланирани подароци.rn
3. Тие се подготвени за секаков вид забава
rnСакате планинарење овој викенд? Зошто да не. Сакате да возите велосипед? Побарајте ги Овните. Забавата во љубовната врска е важна, особено на почетокот и таа е основа на која се градат и другите работи, како довербата и почитта. Но, започнете со забава и завршете со забава. Овните секогаш се спремни за изведување „луди“ работи.rn
4. Тие се полни со страст
rnЗошто би сакале да бидете со некои мрзливи личности? Овните се родени лидери и имаат вродена желба да успеат, што значи дека целосно ќе ѝ се посветат на некоја работа. Без разлика дали станува збор за пријателство, љубов, деловни односи или нешто друго. Личностите родени во знакот Овен сакаат да се покажат во најдобро светло и ќе сторат сѐ за да го постигнат тоа.rn
5. Тие може да останат енергични цела ноќ
rnОвните се полни со енергија и не се плашат да го покажат тоа. Тие се отворени и прифаќаат какви било идеи. Сакаат да останат до доцна и да зборуваат или пак да прават нешто друго. Со нив имате безброј можности!rnrn
rn6. Тие се спонтани
rnПознат ви е оној пријател кој секогаш е спремен да направи што било, без разлика на сѐ? Оној кој ќе прифати да излезете и да се возите низ градот во 1 часот по полноќ? Оној кој нема да се плаши да ги искаже своите чувства пред кој било од друштвото да го направи тоа? Оној кој се осмелува да помине некои граници и да види како изгледа животот „од другата страна“? Вака изгледа состанувањето со Овен и тоа никогаш нема да ви стане досадно.rn
7. Тие ќе ви остават простор за вас
rnЛичностите родени во знакот Овен умеат да ја ценат вашата независност. Тие многу често сакаат да бидат сами, па затоа ја разбираат и туѓата потреба за тоа. Така, бидејќи Овните многу ја ценат својата независност, со нив секогаш ќе го имате вашето потребно време да бидете сами и да имате свој личен простор.rn
8. Тие размислуваат длабоко
rnПод силната и независна надворешност на Овенот, се наоѓа мека внатрешност која може да чува многу несигурности. Овие личности поминуваат многу време размислувајќи за себе и за оние околу нив, а имаат и висока емоционална интелигенција, при што најчесто умеат добро да ги прочитаат луѓето и знаат како да се справат со емоциите. Ако се состанувате со Овен, очекувајте прилично длабоки разговори. Вие може да поминувате подолго време зборувајќи за некои големи работи.rn
9. Тие се организирани
rnОвните се многу организирани личности, па нема да зажалите ако им дозволите тие да ја преземат контролата врз нештата. Вие можете да се одморите и да им дозволите тие да го испланираат вашиот состанок. Од нивна страна ќе биде смислено каде ќе отидете, во колку часот, што ќе правите кога ќе се вратите дома и уште многу други работи. Па, не звучи толку лошо!rn
10. Тие се емоционално силни
rnОвните се сметаат за храбри и силни личности и тие поминуваат низ слични животни борби како и останатите, но разликата е во тоа што личностите родени во знакот Овен гледаат на ваквите битки како на дополнителна мотивација. Кога ќе се состанувате со некој Овен вие ќе имате поддршка во вашите тешки времиња, а од нив ќе добивате и одлични совети. Без разлика што ви се случува во животот, тие ќе ви одржуваат рамнотежа.rnrn

-

Вистински предизвик е да се освои жената во овој хороскопски знак: Таа е темпераментна и бунтовна
Импулсивна, слободоумна и забавна. Таа е бестрашен лидер, родена да биде главна, а токму поради тоа е и првиот знак во Зодијакот. Станува збор за жената Овен која со нејзината енергија, харизма и динамичност може да ги надмине сите останати 11 знаци.rnrn
rnrnТаа секогаш им се радува на новите предизвици, па затоа не е никакво изненадување тоа што жената Овен е ранобудник и одвај чека да го започне денот. Сепак, поради нејзината нетрпеливост таа неретко преминува на нов предизвик пред целосно да го заврши претходниот.rnrnВечен и непоколеблив оптимист, таа се бори за правата на другите, но и за нејзината иднина. Знае да биде многу разиграна и има голем авантуристички дух. Секогаш гледа напред и никогаш не се навраќа на минатото. Како и сите други, така и жената Овен има свои маани, а тоа се егоизмот, преголемата тврдоглавост и љубомората.rnrnТаа е многу страсна во љубовта. Сака да презема иницијатива и да освојува. Освен тоа, обожава да докажува дека е во право и малите караници ѝ делуваат стимулативно. Таа е како магнет за спротивниот пол кој ја смета за многу возбудлива и интересна жена. Вистински предизвик е да се освои срцето на жената родена во овој знак.rnrnКога е заљубена таа се чувствува живо и тогаш сѐ во нејзиниот живот станува екстремно. Не сака да се чувствува потчинето во љубовната врска, но повременото покажување љубомора и посесивност ѝ ласка, бидејќи тоа за неа претставува доказ дека партнерот е свесен за нејзината вредност. Не ѝ е потребна романтика, но потребно ѝ е внимание од партнерот. Ако станува збор за љубов, сака работите да одат полека.rnrnКако и во љубовта, така и во пријателството, жената Овен знае да биде вистинска бура: Во еден момент носи возбуда и хаос, за потоа ненадејно да исчезне. Пријателствата со припадниците на овој знак се многу интензивни дури и тогаш кога не траат долго, но жената Овен секогаш има вистински пријатели за цел живот. Сака да има широк круг на пријатели, бидејќи постојано ги менува интересите и не може секој да го следи нејзиното темпо.rnrn
rnrnЛуѓето сакаат да бидат во нејзино друштво, поради дозата опасност и непредвидливост што ги носи со себе. Сепак, пријателите понекогаш не ја разбираат нејзината изразена независност и можат да станат љубоморни поради таа особина што ја поседува. Кога излегува, не ѝ треба цела толпа пријатели, туку доволни ѝ се две или три блиски личности кои размислуваат на сличен начин. Дружбата со Овните гарантира забава.rnrnТаа има фокусиран поглед, нескротлива коса, високо изразено чело и малку агресивен став. Највпечатливиот дел од нејзиното тело е главата која најчесто е издолжена и широка во пределот на очите, но тесна кај брадата. Нејзин заштитен знак се впечатливите и густи веѓи. Вратот е исто така издолжен, а рамената силни и широки. Жените Овни се со просечна висина и прилично мускулесто тело. Очите им се кафеави или сиви и имаат многу добар тен.rnrnЖените родени во овој знак обожаваат да привлекуваат внимание, а има ли подобар начин за тоа од огнената црвена боја, заштитната боја на Овенот?! Црвената боја ја одразува чистата и природна енергија што ја поседува Овенот. Тие сакаат облека „со став“ како што се светкавите и сјајните парчиња, а нивен заштитен камен е дијамантот кој е синоним за сила, невиност и чистота. Тоа се впрочем и главните карактеристики што ги отсликуваат Овните.rnrnЖените Овни редовно вежбаат, бидејќи сакаат да бидат во форма. Одлично им прилега и спортскиот стил на облекување поради нивниот натпреварувачки дух. Обожаваат едноставни фризури кои нема да им одземат многу време.rnrnПо сите овие аргументи, не ни преостанува ништо друго освен да признаеме дека жените Овни се навистина фасцинантни и незаменливи! -

Како да ја покажете љубовта кон жена родена во знакот Овен?
Припадничките на хороскопскиот знак Овен се многу силни и не се плашат да се борат за она што го сакаат. Тоа важи за нивната кариера, живот, а особено за љубовта. Жените Овни нема да прифатат ништо помалку од тоа што го заслужуваат. За да сакате толку независна жена треба да размислувате со своја глава и да можете да го следите нејзиното темпо. Еве неколку начини на кои можете да ја покажете љубовта кон вашата сакана родена во знакот Овен…rnrn
rnСледете го нејзиното темпо
rnОвните се луѓе од акција. Тие можат да се разбудат во 6 часот наутро подготвени да го зграпчат денот. Немаат време да ве чекаат да соберете сила за да станете од кревет. Треба секогаш да бидете подготвени да отидете на џогирање или планинарење, бидејќи таа сака да биде во движење. Жената Овен нема време за губење! Патиките на нозе и држете го нејзиното темпо!rn
Секогаш бидете брутално искрени со неа
rnОвните се секогаш директни и брутално искрени. Тие ќе ви кажат дека кошулата ви стои лошо и воопшто нема да се загрижат дали ви ги повредиле чувствата. Овните сметаат дека на тој начин ви вршат услуга и ве спречуваат да направите нешто што би ве засрамило. Истата искреност ја очекуваат и од вас. Доколку згреши некаде, кажете ѝ го тоа. Само бидете подготвени за караница, бидејќи таа е многу тврдоглава.rn
Никогаш немојте да доцните
rnСпоред Овните, на време сте доколку сте стигнале 15 минути порано. Жените Овни мразат да чекаат, така што никогаш немојте да доцните. Доколку навистина ја изнервирате, очекувајте порака во која ви соопштува дека си заминала. Таа нема да го поднесува ваквото непочитување поради вашата неспособност да го испланирате времето. Тоа не е нејзин проблем. Тоа е ваш проблем и треба да го решите.rn
Извинете се доколку ја налутите
rnТешко е да се налути Овен, бидејќи тие се многу опуштени. Барем додека не им стапнете на нерв. Ако успеете да налутите Овен, подгответе се за жестока караница. Овните знаат да кажат работи што можат многу да повредат, бидејќи мислат дека не ги почитувате нивните чувства. Доколку се најдете во таква ситуација, прашајте ја каде сте згрешиле и искрено од срце извинете се. Кажете ѝ дека целосно ја разбирате и дека никогаш нема да ви се повтори грешката.rnrn
rnИмајте свој живот
rnНемојте да бидете опсесивни. Доколку се почувствува како во затвор, жената Овен нема да се двоуми дали да ви го избрише бројот и да заборави дека некогаш сте постоеле. Имајте свој живот. Сте имале живот пред да се појави оваа жена, така што продолжете да го живеете истиот. Таа многу повеќе ќе ве цени доколку имате сопствен идентитет што не е поврзан со нејзиниот. Дружете се со вашите пријатели и не ги заборавајте вашите хобија. Но, не ја заборавајте ниту неа. Таа ве сака и треба да ја обожавате, само не 24 часа дневно.rn
Никогаш не ја оставајте да чека
rnОвните се најнетрпеливите луѓе што постојат на светот. Доколку видат редица во кино или банка, страшно се нервираат. Мразат да чекаат за што било и ќе се муртат и жалат поради тоа. Ако треба да донесете некоја важна одлука за вашата врска, но се двоумите, таа нема да ве чека долго туку ќе тргне по нејзиниот пат. Мора да бидете одлучни и сигурни, бидејќи таа нема да ги толерира вашите сомнежи.rn
Имајте толеранција за нејзините „испади“
rnПонекогаш, жените родени во овој знак се лутат и се истураат на човекот кој прв ќе им се најде на патот. Откако ќе експлодираат и ќе се ослободат од негативната енергија, можат да продолжат понатаму. Немојте да го спомнувате нивниот „испад“ 20 минути подоцна, бидејќи тие веќе заборавиле на него и истото го очекуваат и од вас. Ако имате нешто да кажете, кажете го тоа за време на караницата. На Овните исто така многу тешко им паѓаат извинувањата. Ако ја имате таа среќа жена Овен да почне да ви се извинува, знајте дека навистина го мисли тоа и свесна е за нејзината грешка.
-

Самоуверени и искрени: 9 причини зошто жените родени во знакот Овен се неверојатни
Припадничките на овој хороскопски знак се едни од најсамоуверените, најпривлечните и најискрените луѓе што некогаш ќе ги запознаете. Разговорите со нив се вистинско задоволство. Тие не само што се неверојатни храбри, друштвени и комуникативни, туку и поседуваат извонредна страст кон животот. Доколку овие причини не ви се доволни, еве уште 9 убедливи причини зошто треба уште веднаш да почнете да се дружите со жена родена во знакот Овен…rnrn
rn1. Сѐ им оди од рака
rnОвните се многу независни. Тие успеваат да го одржат балансот помеѓу нивната работа и приватен живот. Со нив ќе си поминете супер само ако седите дома и не правите ништо, но тие се одлично друштво и ако сакате да излезете и да се забавувате во ноќните клубови. Не постои повпечатлива жена од онаа која зрачи со самодоверба.rn
2. Разговорите со нив се фантастични
rnЖените родени во знакот Овен можат да водат интелигентен разговор поврзан со политика, бизнис, уметност и освен тоа, секогаш паметат ситници за луѓето со кои комуницираат, така што не се изненадувајте ако знаат точно какво кафе пиете. Вистински таленти!rn
3. Никогаш не се срамежливи
rnНикогаш нема да мора да погодувате што се врти во главата на жената Овен. Таа секогаш ќе ви кажува сѐ директно во лице. Најбрзо ќе го изгубите нивниот интерес ако ја игнорирате нивната силна волја и неоспорлива самодоверба.rn
4. Сакаат да споделуваат искуства со нивните најблиски пријатели
rnОвните се родени лидери кои обожаваат да делат совети, лични искуства или предлози каде да поминете луда и незаборавна вечер. Доколку имате пријателка во овој знак сигурно досега сте доживеале безброј луди авантури.rn
5. Доколку се вљубени во вас, сигурно се гордеат што ве имаат во животот
rnЉубовта на Овенот е навистина неверојатна. Припадничките на овој хороскопски знак не можат да сакаат некого кого не го почитуваат. Доколку сте во врска со жена Овен, никогаш нема да мора да се сомневате во нејзините чувства.rnrn
rn6. Обожаваат предизвици
rnДоколку сакате да напредувате во животот и ви треба некој кој ќе ве турка напред и истовремено ќе ве забавува, Овенот е вистинскиот избор за вас. Жената Овен не само што ќе биде тука за вас кога најмногу ќе ви треба, туку и ќе ви помогне да ја надминете секоја пречка и потешкотија со неверојатна леснотија.rn
7. Не прифаќаат ништо помалку од она што го заслужуваат
rnОвните никогаш нема да прифатат врска од сожалување. Кај нив важи правилото: Сѐ или ништо. Доколку не сте спремни уште на почетокот да се посветите целосно во врската со нив, подобро не ја ни започнувајте, бидејќи Овенот нема да ги прифати вашите сомнежи и предомислувања.rn
8. Поседуваат и надворешна и внатрешна убавина
rnПокрај тоа што пленат со нивната надворешна убавина, жените Овни се вистински борци кои не дозволиле животните потешкотии да ги поразат и да ги спречат во остварувањето на нивната цел. Токму затоа и се носат толку гордо и непокорливо.rn
9. Знаат што сакаат
rnДоколку жената родена во овој знак не е заинтересирана за вас, веројатно никогаш нема ни да биде. Овните многу ретко се премислуваат, бидејќи многу добро знаат што им се допаѓа, а што не. Но, доколку сте го привлекле нивното внимание, уште веднаш ќе го дознаете тоа.
-

Жената во овој знак со својата енергија, харизма и динамичност ги покренува сите останати 11 знаци
Жените во овој хороскопски знак се природни лидери, родени да бидат на чело, поради што се и првиот знак во Зодијакот – жената Овен со својата енергија, харизма и динамичност е во состојба да ги покрене сите останати 11 знаци. Секогаш се радува на нови предизвици, поради што типичните претставнички на овој знак се ранобудници. Таа едвај чека да започне новиот ден и да види што ќе ѝ донесе. Сепак, поради својата нетрпеливост, наклонета е да премине на нов предизвик, пред да го заврши претходно започнатиот.rnrn
rnrnТаа е непоколеблив оптимист, поради што многу често е вклучена во борбата за правата на другите луѓе и за подобра иднина. Знае да биде многу заиграна и е голем авантурист кој секогаш гледа нанапред, а ретко во минатото. Како и сите, и таа има мани, а нејзините најчести недостатоци се егоизмот, преголемата тврдоглавост и љубомората. Во љубовта таа е многу страсна. Сака да презема иницијатива и да биде таа која што ќе ја заведе другата страна, а исто така сака и да биде по нејзино, па препирањата и малите расправии ги доживува стимулативно. Жената Овен е магнет за мажи, затоа што ја доживуваат како многу интензивна и интригантна, а неретко да се освои нејзиното срце е вистински предизвик.rnrnКога е заљубена се чувствува најжива и сè во нејзиниот живот тогаш станува екстремно. Во врската не сака да се чувствува потчинето, но повременото покажување љубомора и посесивност ѝ ласка, затоа што за жената Овен тоа е знак дека партнерот знае колку таа вреди. Нема потреба од романтика, но повеќе од потребно ѝ е вниманието од нејзиниот партнер. Доколку во прашање е вистинска љубов, таа не брза во односот, туку сака нештата да се одвиваат полека. Но, многу често жената Овен внесува неверојатно авантуристички дух во љубовниот однос.rnrn
rnrnКако и во љубовта, така и во пријателствата, припадничките на овој знак се како поплави – во еден момент носат возбудувања и хаос, а во следниот сосема се смируваат и не можат да се пронајдат. Пријателствата со овие жени, често се интензивни, и тогаш кога не траат долго, но тие секогаш имаат и пријатели за цел живот. Сакаат да имаат широк круг на пријателства, затоа што често ги менува интересите, па не можат сите лесно да го следат нејзиното темпо. Таа ги привлекува луѓето во својот круг поради опасноста и непредвидливоста кои одат заедно со неа. Но, нејзините пријатели некогаш тешко ја разбираат нејзината истакната независност, а многу често знае да предизвика и љубомора кај некои од нив. Кога излегува и оди на забави, таа нема потреба од големо друштво, туку доволни ѝ се две до три блиски личности кои размислуваат слично како и таа. Кога сте излезени со жена Овен, знајте дека ќе си поминете лудо и незаборавно.rnrn
rnrnНејзиниот фокусиран поглед полн со искри, нескротливата коса, високото, забележливо чело и малку агресивниот став, се физичките одлики по кои ќе ја препознаете жената Овен. Главен дел од телото на жените – предводнички на Зодијакот, е главата. Таа најчесто има издолжен облик и е прилично широка во делот на очите, додека кај брадата е потесна. Нејзин заштитен знак се и истакнатите и густи веѓи. Вратот ѝ е издолжен, а рамената цврсти и широки. Очите на жените Овен се најчесто кафени или сиви, а кожата има нежна текстура.rnrnТаа обожува да привлекува внимание, а како да го стори тоа, ако не со огнено црвена, заштитната боја на Овенот. Црвената ја рефлектира чистата, сирова енергија и живоста на духот којшто го поседува Овенот. Жените родени во овој знак сакаат облека „со став“, како светкави и сјајни тонови, а нејзин заштитен камен е дијамантот, кој е синоним за сила, невиност и чистота, кои се главните квалитети што се поврзуваат со Овенот. Многу им е важно да се во добра форма, поради што, жените родени во овој знак предадено вежбаат, а бидејќи најчесто се спортски типови, многу добро им стои и спортски стил на облекување. Сакаат едноставни фризури кои не одземаат многу време. -

Чувајте се: Ова е најопасниот знак во Зодијакот!
Родените во овој хороскопски знак, иако изгледаат мирољубиво, кога се бесни подобро да се тргнете на страна од нив. Имаат големо трпение за сè, но и сопствен праг за толеранција, внимавајте да не го надминете.rnrn
rnrnНајмногу ќе ги разбесните доколку ги потценувате, додека поради недостаток на посветеност кон нив, тие можат целосно да ве игнорираат. Исклучително се темпераментни и не ги одбираат средствата со кои ќе го отстранат противникот од нивниот пат. Доколку сте имале несреќа да им покажете која е ваша најслаба точка, очекувајте да ве нападнат токму таму. За жал, не е исклучена можноста, нивната одмазда да ги опфати и вашите блиски луѓе, затоа што родените во овој знак, знаат дека на тој начин уште повеќе ќе ве повредат.rnrnРодените во овој хороскопски знак, често знаат толку многу да се внесат во планирање на некоја одмазда, притоа по пат да заборават зошто и воопшто почнале со таа работа. Но, тоа само дополнително ги разбеснува и по секоја цена го завршуваат веќе започнатото. Затоа, најдобро е воопшто да не се замерувате со нив.rnrnМожеби веќе препознавте некој свој пријател или член на семејството? Станува збор за хороскопскиот знак Овен.