КАФЕ ПАУЗА

Category: Овен

  • Кој е најопасниот, најсилниот и најмоќниот хороскопски знак?

    Кој е најопасниот, најсилниот и најмоќниот хороскопски знак?

    Бунтовен, амбициозен, одлучен, избувлив и темпераментен. Вистински огнен знак! Погодувате, нели? Се работи за Овен. Предводен од Марс, неговото животно мото е: „Јас сум“. Тоа е првиот знак во Зодијакот, па не е ни чудно што сака во сè да биде прв. Овенот никогаш не се предава без борба, а кога ќе науми нешто, никој и ништо не може да го сопре. Токму затоа тој е роден за да успее. Следуваат 5 причини кои докажуваат зошто Овните се секогаш главни.rnrnКој е најопасниот, најсилниот и најмоќниот хороскопски знак?rn

    1. Зрачат со самодоверба

    rnСте се запрашале ли некогаш како вашите колеги кои се Овен во хороскоп завршуваат два пати поголемо количество работа за дупло помалку време? Или зошто секогаш се пријавуваат да предводат некој тежок проект? Одговорот е едноставен: Тие се самоуверени. Умот на Овенот е одлучен и агресивен. Тие се нетрпеливи и никогаш не губат време на мисли кои почнуваат со зборовите: „Што ако?“. Наместо тоа, веднаш се впуштаат во акција и не се плашат од предизвици. Постојано во потрага по адреналин, нивната храбра и импулсивна природа им овозможува бестрашно да ги пребродат сите пречки што ќе се појават на нивното животно патешествие.rn

    2. Харизматични се

    rnНа Овните не им е тешко да направат драматичен влез. Сите погледи се свртени кон нив само што ќе стапнат во просторијата. Нивниот моќен и влијателен изглед го надополнуваат со впечатлива облека која вриска од бои. Луѓето обожаваат да бидат во нивно друштво бидејќи тоа е едно посебно, енергично искуство. Овните го живеат животот со таков ентузијазам, што кај останатите предизвикува голем интерес и восхит. Нивната позитивна енергија се пренесува на сите што се околу нив, па затоа не е воопшто чудно што имаат толку многу пријатели.rn

    3. Никогаш не се откажуваат

    rnОвенот размислува на следниов начин: „Сè што можеш да направиш, јас можам да го направам подобро. Сè можам да направам подобро од тебе!“ Се сеќавате на она дете од училиште кое имаше најдобри оценки, беше најдобар фудбалер и совршено знаеше француски? Сигурно било Овен во хороскоп. Кога тие нешто ќе наумат, целосно се посветуваат и фокусираат тоа и да го остварат. Неуспехот не доаѓа предвид. Победа, победа и само победа!rn

    4. Родени се да бидат лидери

    rnНа Овните не им е судено да бидат дел од масата, тие се родени да ја водат масата. Тие се многу дружељубиви, независни и полни со ентузијазам. Не сакаат некој друг да им дава наредби што може да изгледа малку арогантно, но луѓето сепак ја почитуваат нивната храброст. Овенот може нема да почне како лидер на проектот, но со тек на време без сомнение ќе стигне до таму. Секогаш ги преземаат работите во свои раце.rn

    5. Поседуваат голема страст

    rnОвните се неверојатно одлучни и посветени на тоа што го прават. Зборовите на другите луѓе како „Не можеш“, „Не е тоа за тебе“, „Не знаеш како“, воопшто не допираат до нив и не им дозволуваат да ги обесхрабрат. Напротив, им служат како уште поголема мотивација да се докажат и да стигнат до посакуваната цел. Притоа, во сè што прават внесуваат огромна енергија, страст и ентузијазам. Затоа кај нив успехот е неизбежен. Кога Овенот ќе реши нешто, ниедна сила на светот не може да го премисли. Сè што наумил ќе направи, без исклучок!

  • 10 вистини за најтврдоглавиот хороскопски знак

    10 вистини за најтврдоглавиот хороскопски знак

    Овенот е еден од најимпулсивните и најтврдоглавите хороскопски знаци. Бестрашни, спонтани и енергични, на оние личности кои се родени во овој знак ништо не може да им застане на патот. Токму поради таа нивна импулсивност и по малку див карактер, многумина имаат потешкотии да ги разберат. Затоа, во продолжение прочитајте ги 10-те вистини за Овенот кои ќе ви помогнат полесно да ја сфатите неговата суштина.rnrn10 вистини за најтврдоглавиот хороскопски знакrnrn1. За Овенот не постои фразата „Мора прво да научите да ползите, пред да знаете како да одите“. Овенот прво дејствува, а потоа мисли. Тој нема време прво да ползи, а потоа да оди бидејќи животот поминува толку брзо, а Овенот сака да искуси сѐ. Ползењето му се чини досадно и бавно, а одењето и трчањето се за него многу подобра опција. Овенот е енергичен и брз од моментот кога ќе се разбуди.rnrn2. За Овенот да го заврши тоа што ќе го започне е монументален успех. Овните започнуваат многу работи и понекогаш не стигнуваат сите да ги завршат. Тие едноставно имаат толку многу идеи, што не можат во целост да се посветат само на една. Затоа се фокусираат на сите и чекаат да видат каде тоа ќе ги одведе, а неизвесноста дополнително ги возбудува.rnrn3. Овенот во сѐ гледа натпревар. Тие имаат силен натпреварувачки дух и победата им е многу важна. Да се биде втор за Овенот значи да се биде последен, па затоа и поразот не го прифаќаат толку добро. Тие ќе дадат сѐ од себе за да победат и да ја остварат целта.rnrn4. Овенот не знае што значи реченицата: „Немој да разговараш со непознати“. Ако некоја непозната личност го привлече вниманието на Овенот, тој веднаш ќе ѝ пријде и ќе започне разговор со неа. Тој обожава да запознава нови луѓе и на тој начин да го проширува својот видик. На Овенот му е потребен широк круг пријатели и познаници бидејќи кога повремено ќе се „засити“ од еден пријател, мора да побара друг. Тие шират познанства и пријателства со луѓе од најразлични карактери, бидејќи се сложуваат со сите.rnrn5. Овенот секогаш ќе го каже своето искрено мислење. Овенот не знае да го држи јазикот зад забите, но во тоа тој не гледа никаков проблем. Неговиот стил не е да ги заобиколува и разубавува нештата, тој искрено ќе каже како стојат работите и ако некој тоа не може да го прифати, тогаш тоа е негов проблем. Со својата искреност, Овенот не сака ниту да повреди некого, ниту да биде дрзок, но често луѓето не можат да го разберат неговиот силен карактер и остар јазик. Меѓутоа, Овенот нема да се менува поради другите луѓе, тој ќе чека во неговиот живот да дојдат личности кои ќе го прифатат онаков каков што е. И тоа е сосема во ред.rnrn6. Овенот може во моментот да го промени мислењето. Поради неговата импулсивност, Овенот често знае да го промени своето мислење во секунда. Таков е во сите аспекти на животот, па дури и во љубовта – во еден момент се чини како да се заљубува во некој/а, а веќе во друг момент му се допаѓа некој/а нов/а. Овенот смета дека животот дава толку многу шанси и штета е нешто да се пропушти.rnrn7. Овенот има огромно срце, иако тоа некои не го гледаат. Под нивната гласна и доминантна природа, во Овенот се крие едно големо срце кое лесно може да се скрши. Луѓето често мислат дека е невозможно да се повреди Овенот, но тоа е така затоа што овој горд хороскопски знак знае добро да ги сокрие своите чувства и емоции. Овните силно ги сакаат семејството и пријателите и ќе ги штитат до самиот крај.rnrn8. Овенот никогаш не одбива ново искуство. За Овенот не постојат граници, ништо не е забрането ниту претерано. Овенот ќе ја проба секоја храна, ќе патува каде и да му се даде можност, ќе разговара со што повеќе личности и ќе биде во врска со најразлични луѓе. За Овенот не постои ништо што тој не може да го направи, неговиот ум признава само дека сѐ е возможно.rnrn9. Овенот секогаш ќе делува самоуверено, дури и кога не се чувствува така. Кога се чувствува несигурно, Овенот тоа никому нема да го открие. Во секој момент ќе одржува репутација на горд, искрен и отворен знак бидејќи тоа се квалитети кои другите му ги припишуваат и на кои им се восхитуваат. Овните знаат дека самодовербата ќе ги однесе далеку во животот и секогаш се трудат да делуваат самоуверено дури и кога се исплашени и несигурни.rnrn10. Овенот е склон да се префрла од една љубовна врска во друга. И Овенот во тоа не гледа никаков проблем. Тој едноставно сака да го испита теренот пред да одлучи да остане со некој или не. Доколку ги завлекува работите, другата личност може да биде повредена. Овенот бара длабока, предана врска и своето срце нема да го даде на кој било.

  • Подеми и падови, пресврт кога најмалку очекувате: Возбудлива година за луѓето родени во овој знак

    Подеми и падови, пресврт кога најмалку очекувате: Возбудлива година за луѓето родени во овој знак

    Оваа година ќе започне убаво за луѓето родени во знакот на Овен, посебно на полето на работа. Оние кои имаат свој приватен бизнис ќе донесат важни одлуки во однос на својата компанија. Веројатно после детална анализа ќе откријат дека некои работи едноставно не им се исплаќаат. Тие пак што се некаде на друго место вработени, ќе имаат одлична прилика за напредок на работното место.rnrnПодеми и падови, пресврт кога најмалку очекувате: Возбудлива година за луѓето родени во знакот на овенrnrnПочетокот на месец април ветува позитивни промени на емотивен план. Повеќето од Овните ќе запознаат личност за која ќе помислат дека е нивната сродна душа. Многу сличности, силна врска, хемија… Сепак од средината на април се очекува да започнат компликации на сите полиња, не само во љубовта. Марс ќе се движи со ретрограден чекор и тоа сериозно ќе им го загрози животот на Овните. Постојано ќе доцнат, неколкупати ќе мора да се навраќаат на истите нешта и едноставно кажано сѐ ќе им тргне во погрешна насока. Но, мора да имате трпение бидејќи сакале или не мора да поминете низ сето тоа.rnrnЗатоа сѐ што ви е важно во животот направете го пред тој период или почекајте до почетокот на јули кога за вас работите повторно ќе тргнат во посакуваната насока. Без грижи, полека ќе се вратите во нормала. Во текот на септември убаво би било да внимавате на себе бидејќи може да доживеете некоја повреда. Бидете претпазливи ако имате проблеми со коските и мускулите.rnrnИ конечно декември се издвојува како исклучително среќен и успешен месец. Во овој момент можеби тој ви изгледа далеку, но годината ќе мине за час, а вас декември ќе ви донесе многу радост. Ќе добиете примамливи понуди, некои ќе добијат признанија за својата работа, а гарантирана е и поголема заработка.rnrnЗа крај да сумираме, ова ќе биде возбудлива и навистина поволна година за луѓето родени во знакот на Овен.

  • Арогантен и суетен, но длабоко чувствителен: Откријте за кој хороскопски знак станува збор

    Арогантен и суетен, но длабоко чувствителен: Откријте за кој хороскопски знак станува збор

    Станува збор за Овен. Припадниците на овој знак се силни и многу самоуверени. Токму затоа и често се арогантни, сакаат да бидат во центарот на вниманието, па дури и ако треба тргнуваат први во битка. Но, целото ова однесување е само еден вид маска за да ја скријат својата чувствителност.rnrnАрогантен и суетен, но длабоко чувствителен: Откријте за кој хороскопски знак станува зборrnrnВсушност, Овните се многу емотивни. Доколку некој кој им е многу драг, ги повреди или изневери, воопшто нема да биде чудно да заплачат, без разлика дали станува збор за маж или жена. Тие потоа почнуваат да размислуваат за одмазда, но не сакаат навистина да ја повредат личноста која им е мила, па затоа и продолжуваат со плачење за да им олесни.rnrnИ покрај своите маани, тие имаат големо срце. Токму затоа втората причина поради која знаат да плачат се децата. Тие се многу слаби на најмалите и секаков вид нивно малтретирање им предизвикува огромен бес и тага, особено ако чувствуваат потреба да им помогнат. Кога тоа не можат да го направат, што често се случува, го истураат бесот низ солзи.

  • Најмудриот хороскопски знак: Тој не може да биде измамен

    Најмудриот хороскопски знак: Тој не може да биде измамен

    Станува збор за Овенот. Со него владеат Месечината, благородноста, црната бура и западот. Токму овие нешта го водат го суштинска мудрост, па затоа и неговите припадници се мудри и чувствителни. Тој сака сè да држи под контрола, но тоа не секогаш му успева. Кон целите оди директно, па затоа може да биде малку непријатен. Амбицијата и успехот го мотивираат и благодарение на големата енергија, воглавно е успешен во сè што прави.rnrnНајмудриот хороскопски знак: Тој не може да биде измаменrnrnНа Овенот му е важно да изгради кариера и да има добар социјален статус, но сака да изгради и добар брак. Тој е голем импровизатор и за сите проблеми, од личните до финансиските, лесно и едноставно наоѓа решение. Овните мора да имаат многу пари бидејќи обожаваат да трошат, великодушни се и сакаат да бидат преплавувани со внимание.rnrnШто се однесува до љубовта и сексот, тие имаат многу едноставен пристап. Кај нив сè е јасно и лесно видливо, но можат да станат малку невротични доколку немаат партнер или доколку не добиваат доволно љубов. Тој е спремен максимално да се жртвува за партнерот кој претходно многу внимателно го одбрал.

  • 10 факти кои ќе ги разберат само личностите родени во знакот Овен

    10 факти кои ќе ги разберат само личностите родени во знакот Овен

    Кога некој ќе ви каже дека е Овен во хороскоп, тогаш знаете дека имате работа со личност која е премногу тврдоглава и со која нема толку лесно да излезете на крај. Меѓутоа, вие знаете дека пред сè, станува збор за добра личност, голем пријател и некого со кого ќе може да зборувате на најразлични теми, а да не ви биде ниту малку досадно. Еве кои 10 факти ќе ги разберат само личностите кои се родени во знакот Овен, но и оние кои добро ги познаваат.rnrn1-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-lichnostite-rodeni-vo-znakot-oven-www.kafepauza.mk_rnrn1. Некои луѓе размислуваат за она што треба да го направат пред да дојде време за тоа, но вие не. Вие сте едноставно експерт за да ги сработувате работите сосема непланирано во последен момент.rnrn2. Секогаш започнувате да работите на 23 потполно различни проекти во текот на неделата, а до крајот на годината завршувате само 0,05 од нив. Добро, можеби претеруваме малку, но Овните навистина имаат многу планови во нивната глава, a многу малку време или волја за да ги исполнат.rnrn3. Вие не се нервирате често, но кога некој ќе ва изнервира, тогаш тој си знае дека ќе настрада. Нека не ве чуди ако слушнете дека заминал на неколку дена надвор од градот, додека не се смири ситуацијата.rnrn2-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-lichnostite-rodeni-vo-znakot-oven-www.kafepauza.mk_rnrn4. Што ќе замислите, тоа мора да го добиете. Вие сте едноставно како дете, за вас не постои одговорот „не“ или нешто што не може да го добиете, па колку и тоа да изгледа недостижно.rnrn5. Познавате многу луѓе и сите тие ве гледаат како добар пријател. Вие сте едноставно тип на личност која е неверојатно дружељубива. Сакате излегувања, а уште повеќе ги сакате луѓето, па со самото тоа имате многу пријатели и познаници.rnrn6. Дури и ако е 3 часот наутро, а вие сте поспани, ќе пронајдете сила за дружење. За вас едноставно не постојат пречки, па сте спремни да излезете дури и ако ве разбудат рано во ноќта.rnrn7. Ќе пробате сè, барем еднаш во животот. Ама баш сè. Вие сте неверојатно љубопитни, вистински авантуристи, особено ако некој ви каже дека не можете да направите нешто. Тогаш ќе направите сè за да ѝ докажете на таа личност дека погрешила.rnrn3-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-lichnostite-rodeni-vo-znakot-oven-www.kafepauza.mk_rnrn8. Многу сте заштитнички настроени кон луѓето што ги сакате. Покрај тоа, многу сте посесивни, а за љубомората нема да зборуваме.rnrn9. Премногу избирате кога станува збор за партнер/ка. Вие едноставно не можете да излегувате со секој, бидејќи таа личност мора да го поседува „она нешто“ кое потполно ќе ве маѓепса и ќе ви покаже дека тој/таа е вистинскиот/та.rnrn10. Луѓето често мислат дека сте себични и дека мислите само на себе, иако вие тоа го правите со најдобра намера. Вие едноставно имате добро срце и не сакате никого да повредите, но некои црти од својот карактер не можете да ги промените, а тоа луѓето најчесто не го сфаќаат.

  • 10 знаци дека сте апсолутен Овен во хороскоп

    10 знаци дека сте апсолутен Овен во хороскоп

    Еден од најважните знаци дека сте вистински Овен во хороскоп е дека сте родени помеѓу 21 март и 19 април. Според другите:rnrn10 знаци дека сте вистински Овен во хороскопrn

    1. Сакате да бидете водач, а другите сакаат да ве следат

    rnПоседувате харизма, иницијативност и независност кои ве прават роден водач. Никогаш не ви недостасува ниту амбиција.rn

    2. Не сакате луѓе кои ви шефуваат и ви кажуваат што да правите

    rnВие сте водачот, а не овој што следи. Постојано тежнеете работите да ги направите онака како што мислите и како што ви одговара, а не како што мислат другите дека треба.rn

    3. Тешко се справувате со поразите

    rnПонекогаш се однесувате и малку агресивно кога работите не одат како што посакувате. Овенот знае да боде со роговите во такви моменти.rn

    4. Ги надминувате сите стравови така што се соочувате со нив

    rnНе сте бестрашни, и вие на моменти се плашите како и сите други, но имате храброст своите рогови да ги насочите кон стравовите и да ги победите.rn

    5. Ентузијастички започнувате да се занимавате со многу работи одеднаш, а на крајот имате проблем да се справите со сите нив

    rnСакате да започнувате да правите нешто и обично сте многу добри во тоа што го правите, но понекогаш енергијата ја делите меѓу премногу работи и на крајот заглавувате некаде.rn

    6. Секогаш сте спремни да пробате нешто ново

    rnХрабри сте и не се колебате да влезете во авантура. Нема друг хороскопски знак кој како вас веднаш е спремен за авантура, особено кога тоа е со друштвото.rn

    7. Компетитивни сте

    rnСекогаш сакате да биде чекор пред другите и поради тоа понекогаш луѓето ви здодеваат. Во тие моменти сакате да бидете личноста која носи живост во вашата група.rn

    8. Вие сте одличен другар на кој секој може да се потпре во тешките моменти

    rnОвните се заштитнички поставени во однос на пријателите и емпатијата им е силна страна. Знаат да ги остават авантурите настрана ако некому му треба нивната помош.rn

    9. Знаете да бидете по малку арогантни

    rnСвесни сте за своите квалитети, тоа ви носи популарност, а понекогаш знае и да ве однесе до границата меѓу самоувереноста и ароганцијата.rn

    10. Знаете како да се забавувате

    rnАко нема забава, вие ќе ја создадете. Затоа другите „се лепат“ за вас кога сакаат убаво да си поминат.

  • 10 причини зошто е убаво да бидете покрај Овен во хороскоп

    10 причини зошто е убаво да бидете покрај Овен во хороскоп

    Овенот е првиот знак во зодијакот и затоа во себе носи огромна енергија. Тие се најзабавниот хороскопски знак и секогаш е интересно да се биде во нивно друштво. Еве десет причини за тоа.rnrn10 причини зошто е убаво да бидете покрај Овен во хороскопrn

    1. Овните се големи авантуристи

    rnЈавете му се на Овенот секогаш кога немате што да правите, затоа што тој сигурно сака да проба нешто ново и му треба друштво за тоа. Тој секогаш бара нешто повеќе – повеќе авантура, повеќе возбуда, повеќе адреналин. Умее и најздодевното собирање на друштвото да го претвори во лудница штом се појави. Овој авантуристички порив се јавува во секој аспект на Овенот.rn

    2. Зрачат со позитивност

    rnОвните природно се многу позитивни личности. Тоа прави да можат да се прилагодат на секаква околина и лесно да се приспособат на секакви луѓе. Тие не можат да се чувствуваат непријатно во ваше друштво. Но, не можат да останат позитивни и кога работите не одат по посакуваниот тек. Тогаш се јавува нивната самокритичност и се обвинуваат за неуспехот.rn

    3. Оптимисти се

    rnНе се само позитивни, туку се и големи оптимисти. Тие имаат некаква супер способност постојано да се движат по линијата помеѓу храбриот и прекумерниот оптимизам. Затоа се добро друштво за моментите кога треба некој да ви даде самодоверба или поддршка. Ако вашиот знак секогаш го очекува најлошото, друштвото на Овенот многу ќе ви годи. Сепак, не заборавајте дека и ним понекогаш им треба некој за малку да ги подигне во непријатните моменти.rn

    4. Лојални се

    rnОвните се лојални до крај. Никогаш нема на некој друг да го соопштат она што им било кажано во доверба. Не дозволуваат ниту некој да ги навредува нивните пријатели пред нив. Ако некој почне да ги напаѓа нивните блиски, оној кој напаѓа ќе се соочи со роговите на Овенот. Единствениот проблем кој им го носи оваа убава карактеристика е тоа што верноста прави подолго да останат во врска или во контакт со луѓе кои не се добри за нив.rn

    5. Директни се

    rnТие сметаат дека искреноста секогаш е корисна и затоа сè што мислат ќе ви кажат директно во очи. Може да отстапат само кога се сигурни дека зборувањето на вистината може да повреди некого. Дури и кога отворено ви ја плеснуваат вистината в лице тие пак ќе внимаваат тоа да го направат на што е можно побезболен начин. Пријателите на Овенот не треба да се грижат дека нешто ќе остане некажано пред нив или дека ќе биде кажано зад нивниот грб. Овните не се такви.rn

    6. Многу се независни

    rnТие се многу независни. Секогаш се трудат сами да си ги решат проблемите, па дури кога веќе не можат да најдат излез ќе се јават некому за помош. Лесни се „за одржување“ и како љубовен партнер и како пријател. Навикнати се на самостојност и уживаат во неа. Но, тоа не значи дека никогаш не им треба помош. Бидете малку интуитивни и ако почувствувате дека им е тешко, понудете им ја својата помош затоа што тие може и никогаш да не ви ја побараат.rn

    7. Довербата е светост за нив

    rnЛесно е да им верувате и да ги споделувате со нив вашите најдлабоки тајни. Но и тие очекуваат да им возвратите во иста мера. Од самиот почеток почнуваат да се однесуваат како да се познавате целиот ваш живот и ќе ви ја понудат целата своја доверба, но ако ја изиграте тие засекогаш ќе ви ја затворат вратата. Поради ова Овните имаат цела колекција приказни за тоа како биле изиграни или некој им забил нож во грб.rn

    8. Дарежливи се

    rnОвенот внимателно се однесува со парите. Тој ќе ја заштеди секоја паричка што може да се заштеди. Но, ако треба да позајми пари на некој пријател тој нема да се двоуми и веднаш ќе го направи тоа. Нема да се штедат ниту кога треба купат подарок. Секогаш се спремни да потрошат пари за луѓето кои ги сакаат, но кога треба да трошат за себе се доста скржави и трошат само на најнеопходното.rn

    9. Амбициозни се

    rnТие се можеби најамбициозниот хороскопски знак и ако сакате некој тоа да го пренесе на вас, дружете се со Овен. Тој секогаш се стреми да постигне и да види повеќе. Неговата амбиција е заразна. Сака да биде во постојано движење и никогаш не се смирува додека не го постигне она што го наумил.rn

    10. Овенот е комбинација од сите претходни карактеристики

    rnЗарем не би сакале да бидете покрај некого кој ги поседува сите овие карактеристики? Се разбира дека имаат и некои лоши страни, но тоа не може да ги негира нивните љубовни или пријателски квалитети. Овенот е една од најзабавните личности во зодијакот и затоа секој би сакал да ги има во близина.

  • Љубовен астролошки профил за машки овни

    Љубовен астролошки профил за машки овни

    Тој е нестрплив, импулсивен, самобендисан и директен, но и покрај тоа „ве пали“ и ве предизвикува со секој свој потег. Може да се работи за вашиот шеф или колега, но тој некако успеал да ви се пикне под кожа и да се вткае во вашите фантазии. Сè што треба да направи мажот овен, е да прошета во вашето видно поле и веќе ве има, оставајќи ве со намокрени гаќички.rnrnЉубовен астролошки профил за машки овниrnrnСо сета самодоверба и природен шарм, тој може да ја има секоја што ќе ја посака. Како да направите да ве забележи? Што треба да направите за да се будите крај него во креветот секое утро? Иако самиот тој не е едноставен човек, да го заведете е прилично едноставно. Но, штом еднаш ќе го заведете, подгответе се за тешка работа, бидејќи тогаш доаѓа моментот кога треба да вложите екстра труд за да го задржите.rnrnЗаведување, натпреварување… кога се работи за овните, тоа е едно исто. Тој сака достоен сопатник, некој кој ќе го предизвикува и ќе го тера да се труди. Тој сака партнер кој е исто толку добар, па дури и подобар од него. Затоа, мора да сте во состојба да давате исто толку колку и што ќе добивате.rnrnЉубовен астролошки профил за машки овниrnrnМашките овни во љубовта се како во бизнисот. Тие вложуваат сè во сè што сакаат, но колку долго ќе го сакаат – тоа зависи од вас. Нивната решеност не им дозволува да сопрат додека не ја завршат задачата, но штом ја завршат, нивната импулсивна мотивираност ги тера да започнат нова.rnrnОвенот мора да ве гледа во слоеви за да биде свесен дека и покрај тоа што целосно запознал еден ваш слој, има уште многу други слоеви кои треба да ги истражи. Поставете се така за да мисли дека истражувањето на вашата личност во слоеви е негова идеја, така ќе биде уште повеќе мотивиран „да ги завршува задачите“ една по една.rnrnЗапочнете да го освојувате со насмевка и со вашата интелигенција. Ако не ве води здрав разум и комуникативна природа, подобро повлечете се.rnrnЉубовен астролошки профил за машки овниrnrnПатот до освојувањето на овенот е со искрена насмевка, насмеани очи, придружени со комплимент за нешто што тој го работи. Што повеќе правите суштински муабет, толку поголема можност да се вовлечете во неговите фантазии и да го натерате да размислува како да ве заведе.rnrnДодека јасно ги забележувате и гласно ги потенцирате неговите добри страни, во текот на разговорот одвреме-навреме урфлувајте по некоја двосмисленост. Тој ќе продолжи да ви се покажува и да се прави важен и флертувајќи со вас, ќе ви стане уште попосакуван. Но, не предавајте се лесно. Што побрзо му се предадете, толку побрзо ќе сака да премине на нешто друго. Забавувајте се флертувајќи со него, но нека има предизвик. Сè додека знае дека има прогрес, тој ќе продолжи да ја игра играта применувајќи ги најјаките тактики. Запомнете, штом го возбудувате за да му се заруменат образите, значи го возбудувате и во долниот дел од телото. Тоа е добро, затоа што за да освоите маж овен, мора да сте способни да им го привлечете вниманието на двете глави.rnrnЉубовен астролошки профил за машки овниrnrnМашките овни сакаат партнер кој е полн со самодоверба, има „мозок“, но и не се плаши да го користи. Покрај тоа, неговата партнерка треба да биде палава и со импулсивна жичка. Што повеќе се опуштите и јасно ги покажувате вашите потреби кон него, колку и да се тие луди, толку повеќе време ќе имате со човекот кој го посакувате.rnrnТој сака да биде воден од инстинктот, а не според некои посебни правила и насоки. Покажувајќи му дека вие сте негов достоен „другар“, всушност му покажувате дека можете да го следите неговиот ритам на живот, додека сте надвор во град, но и подоцна кога ќе се згаснат светлата во спалната соба. Никогаш не дозволувајте флертот да избледи, тоа е една работа што овенот ја обожава во изобилие. Тоа му овозможува да има бистри мисли, да си го чувствува движењето на крвта низ телото, а неговиот полов орган да биде секогаш подготвен за акција.rnrnЉубовен астролошки профил за машки овниrnrnНикогаш нема да има потреба да се грижите за времето потребно за да го заведете вашиот маж-овен. Во ваква ситуација, кога овенот е „запален“, неговиот директен пристап и нетрпеливата природа ќе одат во ваша полза. Овните сакаат да го добијат она што го посакуваат веднаш и ќе уживаат во секој момент додека тоа трае. Штом еднаш ќе ве добијат, не давајте им се целосно, туку делче по делче, слој по слој, исто како начинот на кој треба да го заведувате.rnrnКога ќе помине првиот состанок ќе сфатите дека сè зависи од првиот впечаток. Облеката што ја носите и начинот на кој мирисате ќе му бидат многу важни. Вашата облека треба да покажува дека сте самоуверени и заедно со мирисот што го носите на себе да ветува дека може да понудите многу повеќе забава подоцна. Ако вие го изберете местото за состанокот, погрижете се тоа да биде со стил и да има своја душа. Секогаш бидете присутни во моментот и во добро расположение. Збунувајте го со вашите насмевки, импресионирајте го со вашата интелигенција и држете го во исчекување со вашите духовити шеги и добро насочени флертувачки погледи.rnrnЉубовен астролошки профил за машки овниrnrnКако што ќе привршувате на првиот состанок, во моментот кога ќе треба да си посакате „добра ноќ“, тргнете накај него како да ќе го бакнете, а потоа нагло завртете ја главата кон неговото уво и на најсекси можен начин заблагодарете му за прекрасно поминатата ноќ. Кога ќе се свртите да си одите, тој ќе остане со „изгубен“ лик и желба да добие повеќе.rnrnЉубовен астролошки профил за машки овниrnrnПостојано давајте му повеќе, но малку по малку на секој состанок. Предизвикајте го многу и без стил или прогрес и тој ќе мисли дека сте здодевна и ќе продолжи да бара предизвик на друго место. Кога конечно ќе стигнете до бакнежот, а потоа и до сексуалниот чин, дадете го најдоброто од себе. Дозволете му да ја вкуси вашата страст и да го почувствува вашето срце. Доколку успеете да го „здрмате“ со бакнежот, тој ќе сака да го бакнете повеќе пати. И тогаш уживајте, зашто сиот вложен труд конечно ќе се исплати.rnrnОвенот сака да се чувствува потребен и сакан. Сака да се чувствува заштитнички, дека обезбедува и дава сè за својата избраничка. Останете искрени, директни и секогаш давајте им признание на неговите „моменти на слава“. Бидете флексибилни и прифатете ја неговата избувливост. Сфатете дека понекогаш е нетрпелив и има љубоморна „жичка“.rnrnЉубовен астролошки профил за машки овни (3) ljuboven-astroloshki-profil-za-mashki-ovni-www.kafepauza.mkrnrnОд друга страна, искористете ја неговата страсна и романтична страна, така секогаш вие ќе бидете добитникот. Машкиот овен е одличен партнер. Сте го направиле вистинскиот избор ако сте одлучиле да бидете со него. Одете и забавувајте се со него „за сите пари“. :)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовен астролошки профил за женски овни

    Љубовен астролошки профил за женски овни

    Дали сте самоуверени, одлучни и се чувствувате удобно во сопствената кожа? Дали сакате енергично да го живеете животот и да искусите безброј авантури кои ќе ви го забрзаат отчукувањето на срцето? Доколку одговорот е да, тоа значи дека сте подготвени да бидете со некоја девојка која е во хороскоп овен.rnrn„Првата“ дама во зодијачкото тркало честопати се нарекува и мажествена жена, бидејќи е исто толку силна, одлучна и самоуверена како мажите. Таа има силен натпреварувачи дух, кој ѝ овозможува да биде подобра од сите во работата на некој проект, но сепак ќе остане правична во распределбата на заслугите и заработката. Таа вешто и бурно го користи секој миг од нејзиниот живот, но сепак има време и за една фантастична романтична вечера со нејзиниот љубен. За оваа жена ќе имате неверојатно голема страхопочит, која таа секако ја заслужува.rnrnЉубовен астролошки профил за женски овниrnrnЌе можете ли да излезете на крај со жена која може да му биде еднаков ривал на Супермен? Таа е предводена од планетата Марс, која ја симболизира божицата на војната. За некои, таа може да делува пренападно и да изгледа како да ѝ е битен само личниот интерес и ничиј друг. Нејзината нетрпеливост и постојаната потреба работите да се завршат добро, ја тераат постојано да копнее кон задоволство. Кога бара нешто од некој, таа сака тоа да се реализира во истиот тој момент, за да може одма да ужива во добиените резултати. За оваа жена, битно е да се разбере дека неа во суштина не ѝ е потребно никогаш ништо, но кога една во 100 години ќе побара нешто од некој, ќе го добие па мајка Јана да ѝ е.rnrnЉубовен астролошки профил за женски овниrnrnДоколку сакате да заведете некоја девојка со хороскопски знак овен, мора да сте иницијативна личност која сака да презема акција. Таа сака да почувствува дека сакате да застанете поред неа, а не „над“ неа. Не обидувајте се да ѝ оставите впечаток дека сакате да ја победите и совладате во нешто. Запомнете дека оваа жена би сакала покрај себе да има силен маж, кој би можел да ѝ биде партнер во завера, меѓутоа таа попрво не би имала никаков маж, отколку некој погрешен за неа.rnrnБидете самоуверени, но не арогантни, освен доколку успеете да го балансирате вашиот жежок темперамент со добра смисла за хумор. Неа нема да ѝ биде незгодно да ви ја возврати дрскоста во многу полош облик, така што доколку можете да излегувате на крај со нејзината врела крв, правете го тоа со насмевка. Морате да бидете искрени и непоколебливи кога ќе ја повикате на состанок. Кажете ѝ дека ви се допаѓа и што сакате да правите со неа, во романтична смисла на зборот.rnrnЉубовен астролошки профил за женски овниrnrnСо сета нејзина интелигенција и наметливо покажување смелост, оваа жена може да делува малку смотано кога станува збор за нејзината емотивна страна. Таа е роден флертувач и умее толку директно и отворено да разговара, што предизвикува сите околу неа да се зацрвенат. Таа може да не верува дека вие сте сериозни во врска со неа. Доколку не ѝ го кажете тоа јасно и гласно, таа може да си помисли дека сакате само да бидете слатки. Таа брзо ќе се вљуби во некој кој ќе биде способен да ја опсипе со романтики.rnrnКога ќе ја носите на рандеву, обидете се да ги направите тие моменти да се помнат вечно. Девојките родени во знакот овен, попрво ќе сакаат да ја поминат саботната вечер играјќи фудбал со своите другари, отколку да седат дома и да се досадуваат. Однесете ја на некое ново отворено место или на некој екстремен спорт. Таа навистина ќе ве цени доколку ѝ пружите добра авантура.rnrnИсто така таа цени, доколку направите некој храбар потег. Само затоа што сте се осмелиле да ја поканите да излезете, не значи дека сте храбар. Доколку вашите обиди за флерт се добредојдени, но таа сѐ уште се однесува малку срамежливо, тогаш треба вашата игра да ја однесете на повисоко ниво. Големи се шансите да ѝ се допаѓате, но таа сè уште да се мисли што да прави со вас. Па може најдобро ќе биде да се обидете да ја бакнете. Бакнежот нека биде нежен и страстен од што ќе ѝ се стресат колената. Не грижете се доколку добиете шлаканица како одговор. Само насмевнете се и дадете ѝ комплимент за бакнежот.rnrnЉубовен астролошки профил за женски овниrnrnКога сте со вашата девојка со хороскопски знак овен, има неколку клучни моменти кои морате секогаш да ги имате на ум. Прво, задржете ја вашата природна самодоверба. Таа мора да знае дека вие сте заинтересиран и дека вредите за да ви го посвети нејзиното внимание. Обидете се да го направите ова, без да личи дека се обидувате премногу да се докажете. Второ, покажете ја вашата смисла за хумор. За жените родени во знакот овен, многу е важно некој да успее да ги насмее. Таа цени добар хумор, сѐ додека не се преминат границите и доколку шегите не се на нејзина сметка.rnrnСексот со девојките родени во знакот овен е многу страстен. Надвор од спалната соба тие се многу доминантни, но кога станува збор за сексот, тогаш тие оваа улога му ја препуштаат на машкото. Вие треба да се приспособите на нејзината игра и да ги следите нејзините емоции и чувства. Многу често сака подив сексуален живот, иако понекогаш и малку нежност добро ѝ доаѓа. Девојките родени во знакот овен сакаат да се чувствуваат посакувано и привлечно. Колкава страст добиваат, толкава страст возвраќаат.rnrnЉубовен астролошки профил за женски овниrnrnСакате да ја задржите оваа жена во вашиот живот? Тоа ви е паметен чекор, бидејќи жената со хороскопски знак овен може да биде најдобриот партнер кој некогаш сте го имале. Повеќето луѓе од страна може да ви велат дека за да ја задржите покрај себе, ќе морате да ја предизвикувате. Но бидете внимателни, таа ќе се измори од вашите игри и ќе ве напушти. Запомнете дека вие не сте ѝ потребен на неа, туку таа треба да ве посакува.rnrnЉубовен астролошки профил за женски овниrnrnКога жена родена во знакот овен сака нешто, таа се бори за тоа и на крајот го добива. Таа е храбра, успешна и енергична и ќе создаде со вас живот, на кој секој ќе позавиди. Сѐ што таа очекува од вас е да ѝ покажете разбирање. Како претставничка на огнените знаци, таа е многу темпераментна, но многу лојална личност. Морате да сфатите дека таа е независна личност, но пријателите играат голема улога во нејзиниот живот. Таа е моќен лидер, кој е секогаш спремен за акција. Доколку еднаш успеете да ѝ го освоите срцето, ќе имате мир засекогаш.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.