Овенот живее за предизвик, а Близнаците се заслепени од сексуалната привлечност на Овенот. Под влијание на Меркур, Близнаците истовремено поседуваат и убавина и интелигенција и токму оваа комбинација ги привлекува Овните. Близнаците се и многу духовити и можат да го насмеат Овенот во секое време, што исто така е голем плус. Овенот го привлекува предизвикот кој се крие зад мистериозните Близнаци, додека пак Близнаците сметаат дека Овенот е најзгодниот љубовник кој некогаш го имале.rnrnrnrnПостои голем сексуален потенцијал помеѓу овие два знака, како и потенцијал за долга врска. Но, за тие да успеат, Овенот мора да им овозможи многу слобода и простор на Близнаците. Исто така, Овенот ќе мора постојано да ја одржува својата смисла за хумор, а Близнаците пак, мора да останат мистериозни за да имаат најдобри резултати помеѓу нив. Сексот помеѓу овие два знака ќе биде „жежок“ и од нивниот однос, многу е можно да се роди љубов.rn
Маж Овен и жена Близнаци
rnВо мислите на жената Близнаци постојано ќе се врти сексот, без разлика со кој знак е во врска. Но, кога таа ќе се сретне со Овен, сексуалните мисли ќе почнат брзо да се пренесуваат во пракса. Во оваа љубовна комбинација, жената Близнаци е „маѓепсана“ од сексуалната директност на мажот Овен. Тој ќе биде целосно отворен со неа за она што таа го сака, кога го сака и како планира да го добие во сексот, а таа ќе ужива во секој момент од овие стимулирачки секси разговори. Мажот Овен има потреба да освојува уште од првиот состанок, додека пак жената Близнаци ќе смисли голем број идеи, за тоа како да го натера да се чувствува како секогаш со неа да ја освојува „главната награда“.rn
Жена Овен и маж Близнаци
rnВо оваа љубовна комбинација жената Овен ќе ужива во директната и искрена комуникација со мажот Близнаци. Секој од нив многу добро ја разбира потребата на нивниот партнер за индивидуалност, бидејќи и самите ја чувствуваат. Таа е стимулирана од умот на мажот Близнаци, а тој е фасциниран од нејзината бескрајна енергија. Овој пар има истовремено и физичка и ментална енергија и поради тоа овие двајца имаат можност да уживаат во една навистина активна врска. Нивниот секс ќе биде освежувачки. Таа ќе покаже висока самодоверба во кревет, додека тој ќе придонесува со многу нови идеи за бескрајни сексуални варијанти.
Овенот има силни физички карактеристики. Многу спортски ѕвезди и познати личности се Овни во хороскоп. Затоа и тие немаат потреба од „огномет“ во креветот бидејќи самите го осветлуваат ноќното небо. Од друга страна пак, Бикот е емоционален и нежен, правејќи го прекрасен партнер. Токму Биковите се оние што иницираат романса и ги смируваат брзите тенденции на Овните. А Овните пак, ќе донесат авантуристички секс во спалната на љубовникот.rnrnrnrnОва е добра комбинација, која има потенцијал да прерасне во краткотрајна, а понекогаш и во долготрајна врска. Без обајцата да забележат, можат лудо да се вљубат еден во друг. Бикот е многу сериозен и сензуален. Овенот го смета него за добар брачен материјал, а нивното пријателство ќе трае многу долго, дури и по завршувањето на привлечноста. Во оваа врска, обата партнери ќе научат многу за себеси.rn
Маж Овен и жена Бик
rnЖената Бик е водена од планетата Венера, а мажот Овен од Марс, па така кога тие ќе се поврзат постои огромен потенцијал за прекрасен љубовен спој. Машко-женската енергија ги спојува како тенџерче и капаче. Жената Бик ќе се прави недостижна, додека мажот Овен ќе ита кон неа со неговото сексапилно и наметливо покажување храброст. Тој мора да внимава да не избрзува, бидејќи жената Бик сака да го почувствува секој момент, особено оние возбудливи моменти, кога срцето ти трепери.rnrnКога врската ќе стане сексуална, мажот Овен ќе сака што побрзо да го достигне врвот на задоволството, но бидејќи жената Бик е извонредно сензуална, таа ќе го води кон бавна и внимателна предигра. Доколку машкиот Овен научи да биде потрпелив во водењето љубов и да ужива во патот до задоволство, наместо да гледа што побрзо да заврши, тој ќе биде вистински почестен од неа, бидејќи кај женскиот Бик, точката на кулминација во сексот, никогаш не завршува.rn
Жена Овен и маж Бик
rnЖената Овен секогаш ја иницира романсата, бидејќи мажот Бик е повеќе восприемчив. Всушност, Овенот секогаш ќе ја води врската. Мажот Бик ќе ја толерира непромисленоста на женскиот Овен, а таа ќе се погрижи нему никогаш да не му биде досадно. Жената Овен ужива во трошењето пари, а нејзиниот маж Бик секогаш ќе биде тука бескрајно да ја снабди со сѐ што сака. Сексот помеѓу овие двајца би требало да биде прекрасен, бидејќи жената Овен ќе го пали огнот, а мажот Бик ќе го одржува пламенот.
Овие двајца ги чека врска во која ќе има интензивна сексуална привлечност и доволно интересни предизвици кои ќе ги одржуваат ментално и физички задоволни. Многу е возможно да изградат една долга и стабилна врска. Заедно можат да станат угледен пар кој има потенцијал да заработи богатство.rnrnrnrnДвајцата треба да ја намалат својата агресивност, бидејќи доколку некој од нив не ја контролира, може да им создаде проблеми во односот. Овните се водени од Марс, планетата на страста и темпераментот, па доколку бараат партнер со кој ќе имаат неверојатен секс, потрагата треба да им заврши тука. Во оваа врска можат да се појават и некои непријатности доколку едниот од нив почне да се служи со манипулација или да крие тајни од партнерот. Освен ова, прогнозата на овој пар е одлична. Постојано меѓусебно ќе се предизвикуваат, а таквото однесување е одлична основа за жежок секс.rnrnЖената родена во знакот Овен веднаш е привлечена од машкиот Овен, бидејќи може да го препознае својот слободен и бестрашен дух во него. Таа сака да биде „уловена“, а тој е секогаш спремен да го брка својот „плен“. Ова може да биде перфектен љубовен спој. Потенцијален проблем во оваа врска е тоа што обајцата знаат да бидат нетрпеливи и себични. Понекогаш знаат да си се посветат само на своите потреби, па да забораваат дека за играње танго потребни се двајца. Секогаш кога овие двајца ќе имаат слободно време за правење индивидуални активности, ќе им биде проблем да го одржат жарот во врската. Но, сексот во оваа врска ќе биде страстен и одличен.
Овните се енергични и храбри индивидуи, кои за сите ситуации во животот реагираат во согласност со нивните природни инстинкти. Тие тежнеат да го искусат секој момент до максимум, честопати не грижејќи се за последиците коишто може да следуваат во иднина од таквото однесување. Тоа може негативно да ги изненади луѓето во нивниот живот. Овните не сакаат да прават компромиси и наоѓаат задоволство во конфронтацијата со луѓето во нивниот приватен и професионален живот. Сакаат предизвици и се неверојатно издржливи луѓе. Прочитајте ги следниве 30 брутални вистини за нивниот карактер:rnrnrnrn1.Не можете да му кажете на Овенот да се смири. За претставниците на овој знак, тоа е нешто непостоечко.rnrn2.Секој Овен, во одредени ситуации има чуено дека има застрашувачки карактер.rnrn3. Овните имаат големо срце, но почнуваат да се однесуваат негативно, ако почувствуваат дека не ја добиваат потребната почит.rnrn4. Не е вистина дека Овните одбиваат да размислуваат за иднината, но тие преферираат да живеат за сегашниот момент, а не да се стресуваат за она што може да следува утре.rnrn5.Доколку имате некој Овен во вашиот живот, нема потреба да се преправате дека сте нешто што не сте, бидејќи тој/таа прецизно ќе ве процени кои навистина сте.rnrn6. Колку што знаат Овните да бидат мили, подеднакво можат да бидат и сурови. Тоа зависи од нивното моментално расположение и став.rnrn7. Овенот ќе верува во вас, дури и кога самите не верувате во себе.rnrn8. Овните не можат да се пофалат со трпеливост. Нив ги иритира сè што е премногу бавно: бавна личност, бавен компјутер, бавен телефон… Што било!rnrn9. Кога Овенот има лош ден, сè што му е потребно е искрена, топла прегратка.rnrn10. Никогаш не ни помислувајте да ја изневерите лојалноста на Овенот, бидејќи во спротивно, нема да знаете што ве снашло.rnrn11. Женските Овни може да бидат неверојатно љубезни, сè додека не ја преминете нивната линија на толеранција.rnrn12. Овните мразат лукави и итри луѓе. Напротив, тие преферираат да бидат покрај луѓе коишто се искрени и правични.rnrn13. Овните може да се чувствуваат непријатно ако плачете пред нив, бидејќи тоа им го крши срцето од тага.rnrn14. Доколку почувствуваат привлечност кон некого, Овните веднаш ќе го демонстрираат тоа, без да чекаат да пројде време. За нив, нештата се бели или црни, ништо помеѓу.rnrn15. Доколку Овенот е тивок подолг временски период, тоа најчесто значи дека е лут за нешто или се обидува да молчи, за да не изреагира експлозивно и да предизвика кавга.rnrn16. Овните честопати оддаваат впечаток како да сакаат да му удрат бокс на некој. Тие знаат да бидат навистина раздразливи и избувливи.rnrn17. Овните се способни да експлодираат во одреден момент и да се повторно спокојни после само две минути.rnrn18. Овните ќе направат сè што е во нивна моќ, за да ги заштитат луѓето што им значат.rnrn19. Надворешно, Овните може да делуваат многу круто, но однатре, тие се многу кревки и нежни.rnrn20. Овните мразат да повторуваат една иста работа, повеќе пати.rnrn21. Ним им се потребни само неколку минути за тотално да го сменат расположението од: „Колку е убав денот денес“, кон „Да можам, би ги истепал сите!“rnrn22. На Овните не им се потребни многу пријатели. Тие покрај себе, сакаат да имаат само неколку, навистина блиски луѓе.rnrn23. Тие имаат многу добра смисла за хумор, којашто доаѓа до израз само кога се во друштво.rnrn24. Доколку сте лути на некој припадник на знакот Овен, подобро споделете го тоа, бидејќи Овните воопшто не планираат да погодуваат што мислите или чувствувате.rnrn25. Кога Овенот не може баш да сфати што се случува околу него, тој или ќе стане гневен или очаен.rnrn26. Овните се брутално искрени и не се грижат дали ќе ве повредат со нивните изјави.rnrn27. На Овните им е многу важно да разберат како нешто функционира. Ако тоа не се случи, тие креваат раце и продолжуваат понатаму.rnrn28. Овните секогаш се бакнуваат, како тоа да го прават за последен пат.rnrn29. Овните никогаш не бараат дозвола пред да направат нешто.rnrn30. Единствените 3 работи коишто Овенот ги очекува од својот љубовен партнер се: Доверба, лојалност и почит.rnrnМоже да сакате да дознаете и кои се најдобрите и најлошите карактеристики на Овните.
Тој е искрен и отворен, и никогаш не се плаши да го искаже своето мислење, дури и во оние ситуации кога најверојатно е подобро да го задржи за себе. Можете да погодите за кој знак станува збор? Да, зборуваме за Овенот! Како првиот знак во зодијакот, Овенот најчесто најдобро се снаоѓа во улогата на лидер, па затоа и неретко се мачи ако има некој над него. Луѓето родени во овој знак се интелигентни и чувствителни, па затоа и брзо напредуваат во секое поле од животот.rnrnrnrnОвните се отворени, комуникативни и директни и околината најчесто ги цени токму поради својата искреност. Не сакаат лаги, измами и психолошки игри, па затоа и со нив секогаш ќе знаете на што сте. Тие во друштвото го имаат последниот збор, но секогаш прво ќе ве ислушаат до крај. Главата на Овните е полна со идеи, па затоа и постојано започнуваат нови проекти, но често им недостасува трпение и упорност да ги спроведат до крај. Најдобри се кога треба да смислат интересна идеја, а нејзината реализција без никакво двоумење ја препуштаат на другите.rnrnОбожаваат да држат сè под контрола, па затоа и ништо не им проаѓа низ прсти. Директно се движат кон целта, па тоа може да предизвика другите да ги доживуваат како малку непријатни соработници. Амбицијата и успехот ги мотивираат, а непрекинатата енергија ги движи кон напред. Сакаат да изградат добра кариера и да имаат добар социјален статус, па им се случува оваа цел да ја постигнат и преку соодветно избран брак. Со оглед на тоа што Овните обожаваат да трошат, тие мора да заработуваат многу за да живеат удобен живот.rnrnШто се однесува до љубовта, имаат едноставен и чист пристап, а и тука се директни и брзи, па ако се заинтересирани за некого веднаш му кажуваат, за ако се одбиени, да можат веднаш да продолжат понатаму. Страсните Овни секогаш ја одбираат опцијата „Сè или ништо“, па не се задоволуваат со половични решение. Тие се отворени и директни, не се срамат да преземат иницијатива и целосно се препуштаат на личноста што ќе им возврати со иста мера.rnrnНајдобро се согласуваат со другите огнени знаци, односно со Лавовите и Стрелците. Овие знаци се многу енергични и обожаваат нови искуства, па затоа и уживаат во заедничките активности и лудите авантури. Што се однесува до другите знаци, Вагите ги привлекуваат, Јарците им се премногу озбилни, а Раковите премногу чувствителни. Врската со Скорпиите изобилува со жестоки караници и бурни смирувања, додека пак, со Биковите можат да пронајдат среќа само ако ја стават под контрола тврдоглавоста. Близнаците и Водолиите им се идеални животни сопатници и лојални пријатели, додека пак, Рибите им се интересни, но со тек на време можат да им здодеат поради претераната емоционалност.rnrnДознајте и кои се најдобрите и најлошите карактеристики на Овните!
Овој месец ќе донесе многу храброст, но и трансформации во животот на Овните. Тие ќе се соочат со неочекувани нешта, но ако се подготват однапред, може да излезат со победа од сите овие ситуации. Погледнете ги најважните 3 дати за Овните во април и што ги очекува во текот на овие денови…rnrnrn
Пролетно чистење на 15-ти април
rnВие имате цела канцеларија преполна со ѓубре, барем четвртина сантиметар прашина во домот и непристапно дно во багажникот на автомобилот. Но, кога новата месечина ќе се појави на 15-ти, таа ќе ве наполни со волја да ја средите околината во која поминувате најмногу време. И не само што ќе ја средите, туку и ќе ја направите совршена за уживање. Разбудете се рано овој ден, појадувајте здраво и фрлете се на работа. Продуктивноста ќе биде вашата најсилна страна во текот на оваа недела.rn
Романтичен чекор на 24-ти април
rnКога заљубената Венера ќе се слизне од Бикот на 24-ти, вие ќе се чувствувате многу позаводливо од кој било друг вторник во неделата. Вашата мисија? Искористете ја оваа енергија во целост. Ако сте сингл, пристапете ѝ на личноста за која сте заинтересирани и повикајте ја на љубовен состанок. Ако се во врска, изненадете го партнерот со секси долна облека и шише вино.rn
Тежок разговор на 29-ти април
rnПолната месечина ќе премине во Скорпија на 29-ти, па затоа и ќе донесе многу трансформативна енергија. Овој момент на космичка јасност може да биде совршениот момент за конечно да го направите разговорот што ви предизвикува стрес. Со страста на Скорпијата како ваш водич, овој дијалог конечно ќе ви помогне да се почувствувате ослободено.rnrnБестрашни заводнички: Дознајте сѐ за жените Овни!
Доколку сте во врска или брак со типичен Овен, сигурно сте забележале дека припадниците на овој знак се многу тврдоглави, самоуверени, амбициозни, оптимистични и комуникативни. Воопшто не е лесно да се биде во врска со таков човек, но едно е сигурно: Никогаш не е здодевно со Овните! Следниве неколку совети можат да ви помогнат доколку сте во врска со припадник на овој знак…rnrnrn
Што да правите доколку сте во врска со наметлив Овен кој сака да заповедува?
rnВаквите Овни се многу самоуверени. Тие се природни лидери кои знаат како да преземат контрола. Тие се многу тврдоглави и никогаш не бараат помош, затоа што многу сакаат да се натпреваруваат. Освен тоа, ваквите Овни се нетрпеливи и избувливи. Сите овие „алфа“ карактеристики можат да бидат многу привлечни на почеток, но подоцна можат да станат претерани, особено ако постојано се чувствувате како да сте во заден план.rnrnДепресијата обично се јавува кога се чувствувате помало и понемоќно од партнерот. Во здравите врски, партнерите ја споделуваат моќта и обврските. Доколку сакате да ја вратите рамнотежата во врската, мора да останете смирени за време на конфликтите. Кога си имате работа со личност со тежок карактер, најважно е да ја задржите вашата смиреност. Колку помалку реагирате на провокациите, толку полесно ќе се справите со Овните.rn
Што да правите доколку сте во врска со силен и тивок Овен?
rnВаквите Овни се пристојни, лојални и чувствителни. Но, ако вашиот партнер реши дека сака да ги „закопа“ своите емоции, ќе ви треба диплома по археологија за да ги ископате. Добрите вести се дека овие Овни даваат сѐ за љубовта, само треба да ги откриете нивните емоции. Како да го сторите тоа? Останете позитивни, отворени и доследни. Можеби ќе се обидат да ве излажат дека сѐ е во ред со нив и дека не им треба вашата помош, но продолжете да настојувате.rnrnТоа не значи дека треба да бидете напорни и да им создавате притисок, но мора да им дадете знаење дека сте тука за нив. Треба да ги уверите дека можат да ви веруваат и целосно да ви се отворат. Покажете им дека ги сакате и покрај тоа што ги знаете сите нивни силни и слаби страни.rnrnrn
Што да правите доколку сте во врска со бестрашен Овен?
rnГо обожавате фактот што се бестрашни, екстровертни, добродушни и спонтани. Ваквите Овни секогаш гледаат на светлата страна на работите. Тие ве инспирираат да излезете од удобната зона и да пробувате нови работи, како што се параглајдерство, скокање со банџи, нуркање и слично. Секако дека постои тенка граница помеѓу здравото преземање ризици и немарноста. Кога вашата финансиска, професионална и семејна иднина зависи од човек кој игра опасни игри, вам ви останува да водите сметка за безбедноста.rnrnИли, пак, можете да се обидете да бидете како нив. Ако сакате да имате повеќе љубов, мора да го победите стравот. Мора да преземате ризици доколку копнеете по големи романси. Не ја тестирајте врската и не барајте партнер кој ќе биде целосно сличен на вас. Љубовта треба да биде по малку страшна, бидејќи е неизвесна. Нормално е тоа што се плашите од одбивање и неуспех, но ќе можете да доживеете голема љубов само доколку соберете храброст да се соочите со стравот и да тргнете во потрага по љубовта.rnrnПрочитајте ги и следниве 9 причини зошто жените родени во знакот Овен се неверојатни.
Страсни, импулсивни, бунтовни, слободоумни, храбри, самоуверени, забавни, тврдоглави и темпераментни. Сите овие придавки совршено ги опишуваат жените родени во знакот Овен. Тие се бестрашни и родени се да бидат лидери, поради што и станува збор за првиот знак во зодијакот. Со нивната енергија, харизма и динамичност тие се во состојба да ги покренат сите останати 11 знаци.rnrnЛејди Гага е Овен во хороскопrnrnОвните обожаваат нови предизвици, па затоа најчесто се ранобудници кои одвај чекаат да го почнат новиот ден и да видат што ќе им се случи. Сепак, поради нивната нетрпеливост, понекогаш знаат да прејдат на нов предизвик уште пред да го завршат претходниот до крај.rnrnТие се и непоколебливи оптимисти, поради што многу често се борат за правата на другите, но и за подобра иднина. Знаат да бидат големи авантуристи кои секогаш гледаат напред, а многу ретко назад во минатото. Имаат мани, како и сите останати знаци, а тоа се егоцентризмот, преголемата тврдоглавост и љубомората. Во продолжение, дознајте сѐ за жените Овни…rn
Секс и љубов
rnОвенот спаѓа во огнените знаци, што значи дека припадничките на овој знак се многу страсни. Тие сакаат да преземаат иницијатива во љубовните игри. Сакаат да заведуваат, но и да доминираат, па затоа кавгите и несогласувањата ги доживуваат како сексуална предигра. Ги привлекуваа мажите како магнети, бидејќи оставаат впечаток на интензивни и интересни личност, а освојувањето на жената Овен неретко претставува голем предизвик.rnrnНајживо се чувствуваат кога се вљубени и тогаш сиот нивен живот станува екстремен. Не сакаат кога некој мисли дека ги поседува, но повремените изливи на љубомора и посесивност им ласкаат, бидејќи за жените Овни тоа е знак дека нивниот партнер знае колку вредат.rnrnНе им треба романтика, но им треба внимание. Тие се едни од ретките жени кои можат да ги одвојат љубовта и сексот. Понекогаш им е полесно да се изразат сексуално, одошто интимно, па затоа сакаат работите да одат бавно кога се работи за љубов. Во сексот се забележува нивниот авантуристички дух. Тие обожаваат да пробуваат нови пози и нови места за секс.rn
Пријателство
rnИсто како и во љубовта, така и во пријателството жената Овен може во еден момент да донесе возбуда и хаос и веднаш потоа да ја снема. Пријателствата со жените Овни честопати се многу интензивни дури и тогаш кога не траат долго, но тие секогаш имаат пријатели за цел живот. Имаат широк круг на пријатели, бидејќи постојано менуваат интересни и не можат сите да го следат нивното темпо.rnrnТие ги привлекуваат луѓето поради дозата опасност и непредвидливост што ја носат под својата кожа. Сепак, на пријателите понекогаш им е тешко да ја разберат нивната изразена независност, а другарките знаат и да им љубоморат поради таа нивна особина. Кога излегуваат навечер, не им требаат група пријатели, туку 2-3 блиски луѓе кои размислуваат слично како нив и кои се подготвени на луди авантури. Друштвото на жените Овни гарантира добра забава!rnrnВикторија Бекам е исто така претставничка на овој знакrn
Физички изглед
rnОдликите по кои ќе ја препознаете жената Овен се фокусираниот поглед, нескротливата коса, високото и изразено чело, по малку агресивниот став и немирните движења. Нивен главен дел од телото е главата, која најчесто е издолжена и прилично широка во пределот на очите, а тесна кај брадата.rnrnВпечаток на високо и големо чело дава и фактот што косата им почнува на почетокот од челото кое е повисоко од просечното. Нивен заштитен знак се истакнатите, густи веѓи. Имаат издолжен врат и силни и широки рамена. Жените Овни се со средна висина и прилично слабо тело. Очите им се кафеави или сиви, а кожата чиста и мека.rn
Стил
rnПрипадничките на овој знак обожаваат да привлекуваат внимание, а црвената боја е идеална за тоа! Црвената боја ја одразува нивната чиста енергија и живиот дух. Тие изгледаат совршено во кожни парчиња облека, сакаат светкави и сјајни работи, а нивен заштитен камен е дијамантот кој е синоним на силата, невиноста и чистотата, што се главните карактеристики на Овните.rnrnЖените Овни носат дијаманти најчесто во форма на обетки, бидејќи главата е делот од телото кое им помага да владеат. Многу им е важно да бидат во форма, поради што многу жени родени во овој знак посветено вежбаат, а со оглед на тоа што се спортски типови, одлично им стои и спортскиот начин на облекување. Тие носат едноставни фризури кои не им одземаат многу време и претпочитаат практична и повеќенаменска козметика, како на пример, шампон и регенератор во едно, крема за лице која истовремено ја влажни кожата и ја штити од сонце и други слични производи.rn
Начин на купување
rnКако ќе ја препознаете жената Овен на шопинг? Таа е најгласна во продавницата. Без воздржување коментира што ѝ се допаѓа, а што не и нетрпеливо чека да дојде на ред на каса. За жените Овни, шопингот претставува освојувачки поход во кој ќе се борат да го купат најдобриот производ по најповолна цена. Кога ќе го чујат зборот „намалување“, веднаш им блеснуваат очите, а многу често купуваат импулсивно.rnrnСара Џесика Паркер е една од бестрашните жени Овниrn
Модни икони
rnПрипаднички на овој хороскопски знак се 2-те господарки на автентичниот моден израз: Поп иконата Лејди Гага и Сара Џесика Паркер. Првата е екстравагантна, провокативна и редовно шокира со нејзините модни избори. Не е случајност тоа што Лејди Гага обожава да носи шешири со најнеобични облици. Шеширите се моден императив за жените Овни, а што се поголеми, тоа се подобри!rnrnСара Џесика Паркер, пак, е попрефинета, но и во нејзиниот стил се забележува храброста и шармантната дрскост кои се типични за жените Овни. И Гага и Сара обожаваат да привлекуваат внимание со нивната раскошна облека. Модна икона е и Викторија Бекам, која ја негува елеганцијата, а омилена боја ѝ е црна, која покрај црвената и белата одлично им стои на жените родени во овој знак. Викторија знае дека на жените Овни многу добро им стои и тесна облека, па затоа таквите модни парчиња се нејзиниот најчест избор. Актерките Кира Најтли, Џенифер Гарнер и Рис Витерспун се исто така познати жени Овни кои се истакнуваат со својот стил.rnrnМирисот на жената Овен треба да биде силен, моќен, пикантен и кокетен, а најдобри се аромите на бибер, сандалово дрво и цимет. Идеални парфеми за нив се „Mistero di Roma“ на Лаура Бјаџоти, „Belle d’Opium“ на Ив Сен Лорен, „Dolce Vita“ на Диор, „Guilty“ на Гучи и „Si Lolita“ на Лолита Лемпика.rnrnВо продолжение прочитајте зошто жените родени во знакот Овен се неверојатни.
Сите имаме добри и лоши страни. Истото важи за луѓето родени во знакот Овен. Никој не сака да си ги признае своите недостатоци, но тоа е многу важно за личниот развој. Многу е важно да бидеме свесни за нашите предности и недостатоци за да можеме да го извлечеме најдоброто од себе. Сите хороскопски знаци се различни, но денес ќе им обрнеме посебно внимание на Овните. Во продолжение дознајте кои се нивните карактеристики почнувајќи од најдобрата па до најлошата, а на крајот прочитајте и кој хороскопски знак е нивниот идеален партнер…rnrnrn
1. Тие се упорни
rnОвните никогаш не се откажуваат без разлика дали станува збор за вежбање, ослободување од лоша навика или постигнување успех. Овните се решени да стануваат сѐ подобри и подобри. Секако дека и тие имаат свои пороци, но многу брзо го поправаат однесувањето и се обидуваат да го извлечат најдоброто од себе.rn
2. Тие се брутално искрени
rnОвните не сакаат да ја ублажуваат вистината, бидејќи не гледаат поента во тоа. Тие го гледаат светот таков каков што е и одбиваат да го претставуваат на поинаков начин. Иако понекогаш се толку брутално искрени што можат да повредат нечии чувства, барем секогаш ќе знаете на што сте и ќе бидете сигурни дека никогаш нема да ве излажат.rn
3. Знаат како да бидат самоуверени без да бидат арогантни
rnДали ви е смачено од луѓето кои постојано се самосожалуваат со надеж дека ќе добијат комплименти? Нема да имате таков проблем со Овните, бидејќи тие се полни со самодоверба. Овните успеале да најдат совршен баланс помеѓу самодовербата и ароганцијата.rn
4. Многу се среќни и позитивни (дури и во тешките моменти)
rnОвните речиси никогаш не тагуваат. Припадниците на овој знак се големи оптимисти и тие се постојано среќни. Ништо не може да ја избрише насмевката од нивното лице!rn
5. Имаат интензивни чувства и многу се страсни
rnБез разлика дали станува збор за градење кариера, ново хоби или љубовна врска, Овните се многу страсни за работите што ги прават и секогаш се обидуваат да го извлечат максимумот од секоја можна ситуација. Благодарение на нивните интензивни чувства, тие многу често добиваат унапредување на работа и одлично се снаоѓаат во сериозните љубовни врски.rn
6. Тие се храбри во секој можен аспект
rnОвните се бестрашни кога се работи за соочување со нивните стравови и преземање нови предизвици. Тие уживаат во возбудливите аспекти од животот. Овните многу често се занимаваат со екстремни предизвици, необични физички активности и уживаат во хорор филмовите.rnrnrn
7. Многу лесно се лутат за ситници
rnОвните многу лесно избувнуваат. Нивната смиреност и опуштеност многу лесно може да се претвори во гнев и лутина. Дури и најобичните разговори со Овните можат да ескалираат и да се претворат во жестоки караници, така што внимавајте на вашите зборови.rn
8. Агресивни се по природа
rnИскреноста на Овните оди рака под рака со нивната агресија. Тие ќе ви кажат точно како се чувствуваат без да се воздржуваат и без да внимаваат на нивните зборови. Кога ќе се карате со Овните, подгответе се да ја чуете сета брутална вистина за себе. Доколку сте чувствителни, вашите чувства најверојатно ќе бидат повредени.rn
9. Многу трошат и јадат
rnОвните секогаш избрзуваат со донесувањето одлуки. Нивната импулсивност е најизразена во најлошите можни ситуации. Тие никогаш не внимаваат колку трошат и колку јадат, а честопати им се случува да претераат со јадење ако се изложени на голем стрес.rn
10. Имаат преголем натпреварувачки дух
rnОвните сакаат да бидат најдобри во сѐ што прават што може да почне да им пречи на другите. Припадниците на овој знак не знаат да губат и многу се напорни кога ќе победат, бидејќи не престануваат да зборуваат за тоа.rn
Кој е совршениот партнер за Овните?
rnСовршениот партнер за Овните е некој кој е трудољубив и одлучен, но ќе им дозволува да доминираат. Овните сакаат спонтани партнери кои никогаш не доцнат и не се плашат од нивниот успех. Нивните сродни души знаат да прифатат критика и не им пречи да се наоѓаат на второ место.rnrnХороскопски знаци што најмногу им одговараат: Близнаци и ОвниrnrnКога Овните ќе започнат врска со припадник на истиот знак, нештата може да станат комплицирани поради нивниот натпреварувачки дух и избувлива природа. Меѓутоа, нивната упорност и потреба да бидат најдобри ќе им овозможат да уживаат во предизвикот и да истраат во врската со некој кој е исто толку силен и одлучен како и тие самите.rnrnПрочитајте ги и следниве 10 знаци дека сте апсолутен Овен во хороскоп.
Овните се навистина жестоки луѓе, и не се тие виновни за тоа. Тие секогаш имаат нешто за коешто можат да се расправаат. Понекогаш причината не им е ни важна бидејќи самото расправање ги прави живи. Па ако сте Овен кој сака помош со справувањето со љубовта кон гневот, овие совети ќе ви помогнат во тоа. Се разбира, не е во ред да ги потиснувате вашите емоции, но има неколку „здрави“ начини на кои ќе можете да се ослободите од нив.rnrnrn
Слушајте метал
rnrnrnАко треба да одберете еден жанр кој е во ритамот на срцето на Овните, тоа е металот. Слободно истражувајте и пронајдете си ја вашата химна. Оваа музика навистина ќе ви помогне да го извадите гневот од себе.rn
Одете на „гневна“ прошетка
rnrnrnМногу Овни се постојано анксиозни. Ним им е потребна многу физичка активност, бидејќи во спротивно стануваат нетрпеливи и почнуваат расправии со другите. Ако сте Овен, следниот пат пред да почнете да војувате со некого, застанете за момент, облечете го палтото, и направете неколку кругови околу соседството. По оваа прошетка можно е да сфатите дека всушност и немало потреба да се расправате.rn
Направете планови со енергичен пријател
rnrnrnНе секој може да држи чекор со Овните, па важно е пријателот да има многу енергија. Кога чувствувате желба да му пишете на некој бивш партнер и да се расправате затоа што ве оставил, подобро напишете му порака на пријател кој знаете дека секогаш прифаќа покани за сегде. Насочете ја вашата енергија во некој план за викендот кој ќе ве возбуди. За многу Овни, гневот не мора да е поврзан со разочарување. Понекогаш причината е недостаток од работи за правење, односно здодевност. Па наместо да ѝ дозволете на здодевноста да ве надвладее, испланирајте незаборавен викенд кој едвај ќе го чекате да дојде.rn
Правете нешто смешно
rnrnrnПонекогаш гневот ќе ви покаже дека сте разочарани, а понекогаш ќе ви покаже дека ситуацијата во која се наоѓате едноставно мора да се промени. Овните размислуваат брзо и секогаш се подготвени за следниот предизвик во животот. Па важно е секогаш да си го поставувате прашањето: Дали сум гневен/на затоа што сум разочаран/а, дали затоа што треба да променам нешто во мојот живот или и двете? Штом ќе ја најдете причината за вашиот гнев, најдете нешто смешно за гледање или слушање, па речиси сигурно ќе го направите искуството подобро. Можете да пишувате и дневник кој ќе ви помогне да најдете решение на проблемот, наместо да бидете гневни и инстинктивно да реагирате на сите ваши чувства.rnrnДали знаете кој е најекстремниот хороскопски знак?