Овните, од една страна, се многу амбициозни, решителни и црсти, но од друга страна, спонтани личности. Независни се и иницијативни, а нивната харизма им обезбедува успех на сите полиња. Нив им е потребен предизвик за да останат заинтересирани за што и да се работи, дали е тоа проектот на работа или љубовниот партнер. За оние кои се во врска со овој знак, најважно е да запомнат дека постојано треба да се трудат да му бидат интересни. Во спротивно, тој ќе тргне во потрага по нов љубовник. Во видеото подолу погледнете ги и останатите клучни карактеристики кои го опишуваат Овенот.rnrnhttps://youtu.be/MkWJiO3OB14
Category: Овен
-

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Риби
Рибите се чувствителни, театрални и сензуални. Овенот во нив гледа забава и фантазија. Помеѓу овие два знака постои хемија и сексуална привлечност, која може да се развие додека тие се сѐ уште само пријатели. Но, со тек на време ваквата врска може да прерасне во голема романса, доколку и двајцата останат слободни.rnrn
rnrnОвие два знака изгледаат како многу моќен пар во јавноста – како да се создадени еден за друг. Иницијативата на Овенот во комбинација со талентот на Рибите, прави останатите да им се воодушевуваат и да им завидуваат. Сепак, поради нивните различни ставови, во оваа врска може да се појават проблеми. Овенот може многу да се разлути поради пасивниот став што го поседуваат Рибите, особено кога се работи за пари и љубов.rnrnРибите и Овенот имаат различни ставови и кога е во прашање сексот. Додека Овенот има потреба од брзо задоволување, Рибите се тие кои што стрпливо чекаат да се појави вистинската личност за да се препуштат. За разлика од Рибите, Овенот може да се сплетка и да западне во тешка емоционална криза, од која ќе гледа да избега по најкусиот можен пат.rnrnСо тек на време, врската помеѓу овие два знака може да стане комплицирана, особено за работи поврзани со домот, фамилијата и парите. Затоа, најдобро решение би било секој од нив да има свое посебно хоби на кое ќе му се посвети, со цел да не поминуваат премногу време заедно. Рибите најдобро е да си ја сочуваат својата мистериозност. На тој начин, Овенот секогаш би се навраќал на неа, за да ја осознае таа нејзина мистериозност.rnМаж Овен и жена Риби
rnВаквата љубовна комбинација може да биде нејасна и по малку чудна, но со сигурност ќе биде многу секси и жешка. Во оваа врска, Овенот е тој кој што ќе доминира, нагласувајќи ја својата агресивност и продуктивност, додека Рибите со својата пасивност, слепо ќе го следат секој негов чекор. Жената Риби воопшто нема да размислува за себе, туку целосно ќе му се предаде на својот Овен. Со тек на време, Овенот може да заклучи дека неговата партнерка Риби е премногу чувствителна и ќе проба да ја зајакне. Од друга страна, таа ќе осознае дека Овенот не е прекрасниот принц од нејзините бајки, кој толку многу го чекала. Сепак, сексот помеѓу нив ќе биде толку романтичен и кавалерски, што ниеден од нив нема да може да му одолее.rn
Жена Овен и маж Риби
rnОваа љубовна комбинација или ќе биде прекрасна и неодолива или ќе биде тотална катастрофа. Сепак, сексот помеѓу нив со сигурност ќе биде неодолив. Мажот Риби ќе ѝ се воодушевува на неговата партнерка Овен како на божица, имајќи го предвид неговиот пасивен и сочувствителен карактер. Од друга страна, женскиот Овен сака секогаш да биде во центарот на вниманието. Може да се случи оваа жена да го искористи својот партнер Риби до тој степен што тој нема ни да забележи. Доколку овие два знака ги надминат недоразбирањата и мажот Риби не биде „проголтан“ од својата партнерка, ваквата љубовна комбинација може да прерасне во вистинска духовна романса.
-

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Водолија
Ова може да биде многу предизвикувачка и возбудлива љубовна врска. Овенот и Водолијата претставуваат интересна комбинација од страст, пријателство и сексуална енергија. Нив двајца никогаш нема да им биде здодевно и тие ќе искусат многу убави моменти за паметење, заедно со нивните блиски пријатели и семејството.rnrn
rnrnДружбите со разни типови луѓе и посетувањето интересни социјални настани ќе го стимулираат развојот на нивната врска. Претставниците на двата хороскопски знака имаат потреба од независност, како и слични креативни способности.rnrnОвенот и Водолијата ќе имаат интересна љубовна врска и забавен сексуален живот, а едниот од нив сигурно и брзо ќе се вљуби во новиот партнер. Овенот треба да остане релаксиран, за да види каде ќе го одведе оваа врска. Водолијата пак, треба да му биде благодарна на Овенот за вниманието и трудот кој го вложува во врската и за начинот на кој секогаш умее да ја насмее. Колку побрзо започнат сериозна врска, толку подобра таа ќе биде.rnМаж Овен и жена Водолија
rnКога жена родена во знакот Водолија започнува романса со маж Овен, тогаш со сигурност нивната врска ќе биде безгрижна, едноставна и возбудлива. На жената Водолија ѝ се допаѓа тоа што Овенот знае како да го живее моментот, а тој пак ужива во темпераментноста и избувливоста на Водолијата, бидејќи тоа го осигурува дека нивната врска никогаш нема да стане досадна.rnrnВо сексуална смисла на зборот, тие преставуваат комбинација од електрицитет и динамит! Женската Водолија се возбудува од инстинктивниот начин на водење љубов на Овенот, а него го „пали“ нејзината желба за експериментирање под чаршафите.rnrn
Жена Овен и маж Водолија
rnОва е успешен љубовен пар. И жената Овен и мажот Водолија обожаваат да искусуваат нови работи и ниеден од нив не може да мирува и да гледа како животот им поминува пред очи. Овенот сака да си создава живот според свои мерки, а Водолијата ако треба ќе го сруши целиот живот кој дотогаш го живеела, за да создаде комплетно нов, кој ќе одговара на нејзините потреби.rnrnНа жената Овен ѝ се допаѓа револуционерната природа која ја има Водолијата, додека пак, тој ја цени независноста на Овенот, која е во согласност со неговата потреба од индивидуалност. Двата знака ја ценат слободата, а во сексот ќе прават многу разни експерименти.
-

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Јарец
Јарецот лесно ќе се фасцинира од страсниот и жесток Овен, а тоа ќе отвори пат за љубов која може да потрае, но на која ќе ѝ треба многу заеднички труд и дисциплина од двајцата.rnrn
rnrnОвенот мора да биде свесен дека не смее да му пристапи на Јарецот со некакви скриени намери и обиди за манипулација. Љубомората и разните игри се сигурен начин за Јарецот да го изгуби интересот. Како што созрева, Јарецот станува сѐ подобар партнер и сѐ повеќе го привлекува престижниот стил на живот, што значи дека ќе биде засегнат да заработува многу пари.rnrnЗа да имаат успешна врска, Овенот мора да разбере колку на Јарецот му е важно да успее во животот, а Јарецот пак ќе мора малку поретко да го анализира Овенот. Во целина земено, на сексуален план ова е ветувачка комбинација, во која Овенот ќе треба повеќе да се прилагодува на Јарецот и да сфати дека тој станува сѐ подобар љубовен партнер со текот на времето.rnМаж Овен и жена Јарец
rnКога жена Јарец и маж Овен ќе почнат да излегуваат заедно, секој од нив ќе се соочи со определени предизвици со кои ќе мора да се справи. Но, ако вложат доволно труд и се трпеливи, можат да имаат големи придобивки од оваа врска. Нив веројатно ќе им треба време дури и да го договорат првиот состанок. Односот помеѓу женски Јарец и машки Овен може да постане малку напнат и фрустрирачки за двајцата, затоа што таа е резервирана, а тој е наметлив. Иако сексуалната привлечност меѓу нив двајца може да биде голема, ќе мораат да научат како да го скротат својот темперамент, бидејќи во спротивно можат многу да ѝ наштетат на врската.rnrnНа сексуален план, тие сакаат да се провоцираат и да се задеваат еден со друг. На почетокот таа ќе настојува да изгледа како недостапна за да ја одржи сексуалната тензија меѓу неа и машкиот Овен, но нема да помине многу време, пред целосно да му се препушти.rn
Жена Овен и маж Јарец
rnМажот Јарец и жената Овен изгледаат како спој на два различни светови. Тој е конзервативен, додека таа не се плаши да биде првата што ќе проба нешто ново. Таа бара алтернативни начини за задоволство, а тој се држи до веќе испробаните рецепти. Сепак, храброста на женскиот Овен е магнет за машкиот Јарец, а тој неа ја привлекува со неговиот стратешки пристап кон животот.rnrnСексуалниот живот ќе им варира од ден на ден, некогаш може да е жежок, друг ден студен, но ако таа го научи како да се релаксира, двајцата ќе доживеат многу поквалитетни сексуални искуства.
-

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Стрелец
Ова е интензивна комбинација во која страста дефинитивно не изостанува. Стрелецот е привлечен од енергичноста и дивата страна на Овенот. И двата знака сакаат да си играат со оган, па нема да се воздржуваат ласкајќи му на партнерот, за да стигнат побрзо до креветот. Одлично се сложуваат и како пријатели и како партнери, а обостраната силна привлечност, во најчест случај, се развива во долга врска.rnrn
rnrnБидејќи и двајцата знаат како да уживаат во животот, атмосферата е секогаш позитивна кога се заедно, особено затоа што многу добро знаат како да се насмеат и да се забавуваат. И Стрелецот и Овенот обожаваат деца и миленици. Свесни се дека конечно пронашле партнер којшто може да ги следи во чекор и кој дели слична енергија во кревет, но и во која било друга активност. Сексот е експлозивен и е секогаш причина за да си се вратат назад еден на друг.rnrnОна што уште повеќе ги поврзува, е желбата за истражување, за нови предизвици како и широкиот круг на пријатели со кои и двајцата се постојано опкружени. Многу е веројатно луѓето околу нив да забележат дека се многу компатибилни и да заклучат дека се љубовен пар на место. Едноставно, меѓу овие двајца постои тоа нешто што е наречено љубов.rnМаж Овен и жена Стрелец
rnОва е една неверојатно динамична и страсна двојка. Тие се ентузијасти полни со живот и помеѓу нив постојано летаат искри. Жените родени во знакот Стрелец имаат цврсти ставови, а многу често и силна потреба да го наметнат своето мислење, но на машкиот Овен тоа нема да му пречи, туку напротив, тој ќе се воодушевува на нејзината ментална цврстина. Машките Овни пак, обожуваат да бидат во позиција на лидери. Заедно, и двајцата имаат способност да се одведат меѓусебно кон духовна и физичка екстаза. Кога станува збор за сексот, таа е разиграна и сака да се забавува, а тој е секогаш спремен за акција.rn
Жена Овен и маж Стрелец
rnОваа комбинација е вистински погодок. Жените родени во знакот Овен автоматски се привлечени од авантуристичката страна на мажот Стрелец. А тој, особено е воодушевен од самостојноста и независноста на жената Овен, знаејќи дека врската никогаш нема да го задушува. Помеѓу овие двајца никогаш нема да биде здодевно, особено не во кревет. Жената Овен можеби нема секогаш да се согласува со нејзиниот филозофски настроен маж и неговите верувања, но сепак ќе се труди максимално да го толерира. Тој можеби понекогаш ќе се однесува ладно кон неа, но во секој случај зборуваме за жена која тоа може лесно да го поднесе.
-

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Скорпија
Кога овие два страсни знаци ќе се сретнат за првпат, обајцата се заслепуваат и изненадуваат од сексуалната хемија и компатибилност која се јавува меѓу нив. Помеѓу овие два знака секогаш ќе постои интензивна сексуална атракција, предизвици, па дури и љубов. Скорпијата сака приватност со својот љубовник, додека Овенот сака да ја покаже во јавност својата љубов. Ова е единствената област во која можеби овие двајца би имале проблем. Доколку Скорпијата ги подобри своите социјални вештини, Овенот може длабоко да се заљуби.rnrn
rnrnОвенот од друга страна, треба да намали со својата агресивност, затоа што Скорпијата може да избега заради конфронтациите. Со двата знака управува Марс, планетата на страста и сексуалната привлечност, па доколку некој од овие двајца има потреба од неверојатен секс, неговата потрага тука завршува, но доколку сакаат да ја пронајдат вистинската љубов, тогаш ќе треба подобро да анализираат. Прогнозата за оваа врска е добра, а сексот секогаш ќе биде главен дел од неа. Овие два знака секогаш ќе се предизвикуваат еден со друг.rnМаж Овен и жена Скорпија
rnЉубовните состаноци помеѓу жената Скорпија и мажот Овен многу брзо можат да станат физички. Овој љубовен спој е многу жежок, бидејќи жената Скорпија е страсна и магнетна. Таа има силна волја и потреба да ги контролира сите работи. Мажот Овен ќе ѝ пружи пристоен отпор, бидејќи и тој сака да биде газда во врската. Доколку ниту едниот од нив не попушти, може да се појави застој во врската. Без разлика на сѐ, сексот ќе се исплати и покрај сите тешкотии. За повеќето парови можеби важи правилото дека љубовта може да ги турне сите бариери, но за овие двајца тоа го прави сексот.rn
Жена Овен и маж Скорпија
rnОвој љубовен спој се состои од огромна моќ и сила, но ова може да ѝ наштети на врската доколку обајцата не се внимателни. Жената родена во знакот Овен ќе ја сака страста на својот партнер Скорпија, но нема да ја сака неговата потреба да ги контролира сите нешта. Нејзиното его едноставно нема да ѝ дозволи да прифати дека тој доминира во врската уште од самиот старт. Мажот Скорпија ќе биде заведен од страна на храброста на жената Овен и ќе ужива во предизвиците кои таа ќе ги поставува. Таа е секогаш полна со аргументи и желна за жестока расправија, а тоа ќе ја засили сексуалната тензија помеѓу нив двајца. Во оваа врска жената Овен ќе научи како да балансира со внатрешната сила на нејзиниот љубовник и со својата надворешна сила. На крајот, љубовта сепак може да победи сѐ.
-

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Вага
Вагата е исклучително привлечна за Овенот. Тој не може да остане рамнодушен на нејзината природна убавина, шарм и добар статус во друштвото. Овие два спротивни знаци можат да поминат многу часови во бесконечно смеење и присуствувајќи на најдобрите забави во градот. Целото време поминато заедно ќе им изгледа како забава. Ако Овенот успее да ѝ пренесе на Вагата од својата цврстина и страст за животот, нивната врската може да заврши и со брак.rnrn
rnrnВагата може да се почувствува загрозено од природната агресивност на Овенот. Сепак, доколку двајцата научат да си даваат малку простор еден на друг, лесно ќе ги надминат проблемите. Нивната врска може само да се подобрува со тек на време, а потенцијалот за добар сексуален живот кој ќе го зацврсти евентуалниот брак, е многу ветувачки.rnМаж Овен и жена Вага
rnКога жената Вага и мажот Овен ќе отидат на прв состанок, меѓу нив ќе почувствуваат силна сексуална привлечност, која нема да можат да ја игнорираат. Овие спротивни знаци, можат да се надополнат еден со друг во секоја смисла на зборот. Таа е вистински пример за шарм, префинетост, интелигенција и чесен однос. Тој е смел, одважен, дрзок и импулсивен. Меѓу нив постои очигледна возбуда. Штом таа заводнички ќе му затрепка со очите, тој веднаш ќе тргне во освојување на нејзиното тело и душа.rn
Жена Овен и маж Вага
rnСо оглед на тоа што спротивностите се надополнуваат, овој спој може да биде вистински погодок. Со неа владее Марс, додека тој трпи силно влијание од Венера, па брзото појавување на силна сексуална привлечност меѓу нив е неизбежно. Тие имаат многу да научат еден од друг. Таа ќе сфати дека треба да ги почитува потребите на другите и да прави компромиси, а тој ќе научи да се идентификува себеси како посебна индивидуа, надвор од врската. Таа ќе се воодушеви од неговиот шарм и трпение, а тој ќе биде маѓепсан од нејзината способност секогаш да го добива она што го сака.
-

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Девица
Тие одлично ќе комуницираат и меѓусебно инстантно ќе се разбираат. Овенот ќе ја обожава интелигенцијата на Девицата, а таа пак веднаш ќе посака да го заведе Овенот. Привлечноста помеѓу нив брзо ќе ескалира што може да доведе до формирање романтична врска.rnrn
rnrnДевицата многу го привлекува сексуалниот и страстен Овен. Нивната романтична и сексуална компатибилност може да биде задоволувачка и за двата знака. Обостраната лојалност и сличните ставови кон семејните работи кои ги имаат, ќе ги одржат заедно. Овенот не смее да игра умствени игри со Девицата, бидејќи потоа ќе треба да плати за своите постапки. Девицата пак, мора да го држи Овенот приземен, доколку сака и двајцата да бидат среќни. Привлечноста помеѓу нив ќе биде доволно цврста за да преживее каква било емоционална бура.rnМаж Овен и жена Девица
rnОва е многу необичен љубовен пар, но откако ќе започнат со состанување, нивната хемија веднаш ќе почне да се забележува. Жената Девица ќе биде воодушевена од подготвеноста на Овенот секогаш да го добива она што го сака. Тој пак, ќе биде привлечен од нејзиното чувство за одговорност и способноста да ја сработи секоја задача, без ниеднаш да се пожали.rnrnНивната врска може да го изнесе на површина најдоброто од нив, сѐ додека таа ја контролира својата тенденција да критикува, а тој се обидува да не биде толку себичен. Сексуално, овие два знака се надополнуваат еден со друг. Таа ќе ужива во неговата смелост, страст и желбата да ѝ „служи“ во кревет, додека пак тој ќе ужива во нејзината совршена прецизност, во секој момент од нивните сексуални односи.rn
Жена Овен и маж Девица
rnНа прв поглед овој пар изгледа како многу чудна комбинација, и покрај нивната очигледна сексуална привлечност. Жената Овен е привлечена од чувството за дисциплина кое го има машката Девица, а тој ќе биде маѓепсан од нејзината нескротлива сексуална природа. Таа има тенденција да делува без да размислува во одредени ситуации, додека пак тој внимателно ќе размисли пред да го спроведе својот план во акција. Во оваа врска, тие можат да си ги тестираат нивните крајни граници на однесување, при што жената Овен со тек на време ќе научи да биде поскромна, а машката Девица ќе научи како повеќе да им верува на своите инстинкти и помалку да анализира.
-

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Лав
Нивната заедничка иднина ќе вклучува интензивна сексуална привлечност и интересни здрави предизвици, кои ќе ги одржуваат физички и ментално стимулирани. Голема е веројатноста нивната врска да биде долготрајна. Со заеднички сили, тие ќе оформат престижно дуо, кое е многу можно да создаде богатство.rnrn
rnrnИ Овенот и Лавот ќе треба да ја контролираат нивната агресивност, бидејќи во спротивно ќе имаат интензивни емоционални конфронтации секојпат кога ќе се почувствуваат занемарено од партнерот. Овенот треба да се потруди да му даде на Лавот „кралски“ третман каков што тој посакува, и обратно. Доколку Овенот и Лавот се во потрага по секс кој ќе ги задоволува нивните мечти, тие треба да завршат со потрагата, бидејќи оваа врска ќе им го овозможи тоа. Двата знака се интензивни и страсни и се многу компатибилни во спалната соба, но и надвор од неа. Исто така, прогнозата за иден брак е доста возможна.rnМаж Овен и жена Лав
rnКога претставници на овие два знака се во врска, нивното срце чука многу силно и искри летаат наоколу. Тие се многу страсна и возбудлива љубовна комбинација. Горделивата Лавица ужива кога некој ја обожава, а кога Овенот ќе реши да ја освои нејзината љубов, таа ќе се чувствува како вистинска ѕвезда. Тој е херојот, а таа е дамата во неволја. Ваквото сценарио е проследено со жешки љубовни сцени и среќен крај како од бајките. Жената Лав ќе го опсипува нејзиниот Овен со романтични гестови, а тој нема никогаш да ја разочара во сексуалниот живот. Тие се многу креативен и компатибилен љубовен пар.rn
Жена Овен и маж Лав
rnЗабава и страст ја водат врската помеѓу мажот со хороскопски знак Лав и жената Овен. Оваа комбинација има победнички карактер. Ниеден од нив не ги прикрива емоциите и тие се многу независни и креативни.rnrnНивниот сексуален стил наложува многу акција и играње секс-улоги. Жената Овен мора да биде број еден во врската, а и мажот Лав сака вниманието да биде свртено кон него, па поради ова може да се јави проблем во оваа врска. И Овенот и Лавот се многу зафатени негувајќи го нивното сопствено его, што забораваат да го негуваат односот со својот партнер. Доколку женскиот Овен научи како да ја цени дарежливоста на Лавот, тој ќе ја разбере нејзината потреба да биде главна, а тие два фактори се најзначајни за развојот на нивната врска.
-

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Рак
Ова е интересна комбинација која функционира многу подобро одошто повеќето луѓе мислат. Кога грижливиот Рак ќе го сретне ултрасамоуверениот и сексапилен Овен, не постои сомнеж дека за кусо време тие ќе оформат љубовна и сексуална врска. Искри ќе летаат на сите страни кога Ракот ќе му даде кураж и восхит на Овенот, кои нему навистина му се потребни. Овенот во врската со Ракот гледа иднина и личност со која сака да создаде фамилија. Воедно, тој не може, а да не му се восхитува на сензуалноста и лојалноста на Ракот кон другите.rnrn
rnrnЗа возврат Ракот на Овенот му дава домашен мир и чувство на безбедност во финансиските и фамилијарните односи. Овенот пак, на Ракот му пружа романса, страст и секс, за кој тој отсекогаш мечтаел. Овенот исто така, може да му помогне на срамежливиот и повлечен Рак повеќе да се социјализира и да биде во центарот на вниманието, каде што и обајцата ќе можат да уживаат. Пријателите и поранешните љубовници ќе бидат фасцинирани и љубоморни од тоа како овие двајца се надополнуваат и балансираат.rnrnРакот и Овенот можат да создадат прекрасен дом заедно. Овенот ќе му го разведри животот на Ракот, додека тој ќе му обезбеди сексуална стимулација, по која Овенот отсекогаш трагал. Ракот секогаш ќе биде во тек со чувствата на другите, вклучувајќи ги и оние на Овенот. Овенот може да го научи Ракот дека самодовербата може да ги одведе секаде каде што сакаат да бидат.rnМаж Овен и жена Рак
rnЖената Рак е инстинктивна и се раководи од енергија базирана на безбедност, додека мажот Овен е бестрашен и живее за моментот. Кога овие двајца се во врска, можат да имаат пречки на патот кон успехот. Таа може да има проблем да се справи со неговиот директен карактер бидејќи Овенот може да почне да се кара од ситница, додека таа е мирна и пасивна. Овенот треба да биде внимателен со нејзината сензитивност, доколку сака оваа врска да успее.rnrnСексуално овие двајца се жешки и нежни. Таа е внимателна за секоја физичка желба на нејзиниот маж и ќе го милува неговото тело, додека тој не почувствува неизмерно задоволство. За возврат, тој ќе биде страстен и директен, па честопати ќе ја грабне в раце и ќе ја натера, инаку пасивната жена Рак, веднаш да се активира и да премине на „главното“.rn
Жена Овен и маж Рак
rnВрската помеѓу жена Овен и маж Рак може да биде вистински предизвик. Таа е директна и груба, додека тој е сензитивен и има променливо расположение. Оваа врска може да се претвори во лов на чувства и его. Тие можат да бидат среќни, само доколку се спремни да учат еден од друг. Таа ќе мора да научи да се грижи за емоциите на нејзиниот маж Рак, а тој ќе треба да научи како да се спротивстави на неговите најдлабоки стравови поврзани со неговата жена Овен.rnrnПомеѓу нив двајца постои моќно интуитивно поврзување, кое ја засилува нивната привлечност еден кон друг. Воопшто нема да биде изненадување доколку нивните први состаноци родат убава, долготрајна романса.
