Сите имаме добри и лоши страни. Истото важи за луѓето родени во знакот Овен. Никој не сака да си ги признае своите недостатоци, но тоа е многу важно за личниот развој. Многу е важно да бидеме свесни за нашите предности и недостатоци за да можеме да го извлечеме најдоброто од себе. Сите хороскопски знаци се различни, но денес ќе им обрнеме посебно внимание на Овните. Во продолжение дознајте кои се нивните карактеристики почнувајќи од најдобрата па до најлошата, а на крајот прочитајте и кој хороскопски знак е нивниот идеален партнер…rnrn
rn
1. Тие се упорни
rnОвните никогаш не се откажуваат без разлика дали станува збор за вежбање, ослободување од лоша навика или постигнување успех. Овните се решени да стануваат сѐ подобри и подобри. Секако дека и тие имаат свои пороци, но многу брзо го поправаат однесувањето и се обидуваат да го извлечат најдоброто од себе.rn
2. Тие се брутално искрени
rnОвните не сакаат да ја ублажуваат вистината, бидејќи не гледаат поента во тоа. Тие го гледаат светот таков каков што е и одбиваат да го претставуваат на поинаков начин. Иако понекогаш се толку брутално искрени што можат да повредат нечии чувства, барем секогаш ќе знаете на што сте и ќе бидете сигурни дека никогаш нема да ве излажат.rn
3. Знаат како да бидат самоуверени без да бидат арогантни
rnДали ви е смачено од луѓето кои постојано се самосожалуваат со надеж дека ќе добијат комплименти? Нема да имате таков проблем со Овните, бидејќи тие се полни со самодоверба. Овните успеале да најдат совршен баланс помеѓу самодовербата и ароганцијата.rn
4. Многу се среќни и позитивни (дури и во тешките моменти)
rnОвните речиси никогаш не тагуваат. Припадниците на овој знак се големи оптимисти и тие се постојано среќни. Ништо не може да ја избрише насмевката од нивното лице!rn
5. Имаат интензивни чувства и многу се страсни
rnБез разлика дали станува збор за градење кариера, ново хоби или љубовна врска, Овните се многу страсни за работите што ги прават и секогаш се обидуваат да го извлечат максимумот од секоја можна ситуација. Благодарение на нивните интензивни чувства, тие многу често добиваат унапредување на работа и одлично се снаоѓаат во сериозните љубовни врски.rn
6. Тие се храбри во секој можен аспект
rnОвните се бестрашни кога се работи за соочување со нивните стравови и преземање нови предизвици. Тие уживаат во возбудливите аспекти од животот. Овните многу често се занимаваат со екстремни предизвици, необични физички активности и уживаат во хорор филмовите.rnrn
rn
7. Многу лесно се лутат за ситници
rnОвните многу лесно избувнуваат. Нивната смиреност и опуштеност многу лесно може да се претвори во гнев и лутина. Дури и најобичните разговори со Овните можат да ескалираат и да се претворат во жестоки караници, така што внимавајте на вашите зборови.rn
8. Агресивни се по природа
rnИскреноста на Овните оди рака под рака со нивната агресија. Тие ќе ви кажат точно како се чувствуваат без да се воздржуваат и без да внимаваат на нивните зборови. Кога ќе се карате со Овните, подгответе се да ја чуете сета брутална вистина за себе. Доколку сте чувствителни, вашите чувства најверојатно ќе бидат повредени.rn
9. Многу трошат и јадат
rnОвните секогаш избрзуваат со донесувањето одлуки. Нивната импулсивност е најизразена во најлошите можни ситуации. Тие никогаш не внимаваат колку трошат и колку јадат, а честопати им се случува да претераат со јадење ако се изложени на голем стрес.rn
10. Имаат преголем натпреварувачки дух
rnОвните сакаат да бидат најдобри во сѐ што прават што може да почне да им пречи на другите. Припадниците на овој знак не знаат да губат и многу се напорни кога ќе победат, бидејќи не престануваат да зборуваат за тоа.rn
Кој е совршениот партнер за Овните?
rnСовршениот партнер за Овните е некој кој е трудољубив и одлучен, но ќе им дозволува да доминираат. Овните сакаат спонтани партнери кои никогаш не доцнат и не се плашат од нивниот успех. Нивните сродни души знаат да прифатат критика и не им пречи да се наоѓаат на второ место.rnrnХороскопски знаци што најмногу им одговараат: Близнаци и ОвниrnrnКога Овните ќе започнат врска со припадник на истиот знак, нештата може да станат комплицирани поради нивниот натпреварувачки дух и избувлива природа. Меѓутоа, нивната упорност и потреба да бидат најдобри ќе им овозможат да уживаат во предизвикот и да истраат во врската со некој кој е исто толку силен и одлучен како и тие самите.rnrnПрочитајте ги и следниве 10 знаци дека сте апсолутен Овен во хороскоп.