КАФЕ ПАУЗА

Ве чека лудо возење: 10 нешта кои треба да ги знаете пред да се заљубите во Девица

Перфекционистите Девици не се секогаш најлесниот знак за љубење, но доколку ги надминете првите впечатоци за нив ќе откриете дека станува збор за екстремно лојален знак со многу љубов во себе. Доколку ги имате на ум следниве 10 нешта за Девиците, тогаш многу полесно ќе се адаптирате на нив и ќе можете да допрете до нивното нежно срце…rnrnВе чека лудо возење: 10 нешта кои треба да ги знаете пред да се заљубите во Девицаrn

1. Девиците се чувствителни, па затоа треба да бидете внимателни за нивните чувства

rnДевиците ги чуваат своите емоции под контрола бидејќи знаат дека понекогаш се пречувствителни, но исто така и затоа што не сакаат да имаат претерана реакција. Често треба да помине многу време за да откриете што ги мачи и најчесто тоа ќе дојде во вид на експлозија бидејќи долго време ги чувале нештата во себе. Дозволете им безбедно место каде што можат да ги искажат своите чувства и не се истурајте врз нив кога тие ќе експлодираат.rn

2. Кажувајте го тоа што мислите и мислете го тоа што го кажувате

rnДевиците мразат игри со умот и не сакаат да погодуваат како се чувствувате или пак, да прават претпоставки. Тоа ги полудува. Тие гледаат на овие игри и задржување на емоциите како на незрело однесување и бесцелно трошење на нивната енергија. Отворената комуникација е клучна за Девицата, но правете го тоа со доза внимателност. Едно нешто е да бидете искрени, а сосема друго е да навредувате и бидете без почит. Не заборавајте дека тие се чувствителни суштества, па бидете отворени кон нив на нежен начин, исполнет со љубов.rn

3. Кога сте со нив, редот и чистотата владеат со денот

rnДевиците тежнеат кон совршен ред и неизмерна чистота. Па, доколку сакате да живеете со нив, вие нема да можете да ги фрлате алиштата по подот, да ги оставате чиниите во лавабото или да заборавате документи низ целиот дом. Тие се опсесивно педантни и во никој случај не можат да функционираат во хаос. Вие не треба целосно да потклекнете кон нивните ирационални стандарди за чистота, но обидете се да барем да бидете емпатични кон нивната потреба за ред.rn

4. Грижете се за нив, бидејќи тие не се грижат за себе

rnДевиците се грижат толку многу за другите и сакаат да се чувствуваат потребно, што многу често се ставаат себеси на последно место. Бидејќи тие прават сè за другите, имаат потреба и другите да прават нешта за нив.rn

5. Девиците се интуитивни и забележуваат многу детали, па затоа секогаш кажувајте им ја вистината

rnТие можат да забележат лага од километар, па затоа и обидете се да бидете целосно искрени со нив. Тие исто така ја ценат вистината и искреноста повеќе од сè останато. Добрата страна е што ова е еден начин на кој тие постојано ќе знаат како се чувствувате, па токму затоа и ќе ви го отворат патот кон нивното срце. Лошата страна е што ќе ви биде многу тешко да скриете нешто од нив, дури и кога се обидувате да ги заштитите.rn

6. Никогаш не ги земајте здраво за готово

rnДевиците се неверојатно лојални и им даваат 100% на своите љубени, но никогаш нема да дозволат да бидат земени здраво за готово. Откако тие ќе сфатат дека не го добиваат она кое го даваат, големи се шансите дека ќе ви ја покажат вратата драматично. Дури и барем малку да се посомневаат дека постои еднонасочна врска или пријателство, тие веднаш ќе си заминат од вашиот живот.rn

7. Тие работат многу, така да навикнете се на тоа

rnЕдна од карактеристиките која ги издвојува Девиците е нивната работна етика. Тие се горди на својот начин на живеење и секогаш се водат според мотото: „Без болка, нема добивка“. Тие многу работат за сè, за кариерата, врската, родителството и хобито. Токму затоа и немаат толеранција за оние кои не вложуваат 100% во својот живот, особено во врската со нив.rn

8. Тие обожаваат слобода, па токму затоа овозможете им ја

rnДевиците се многу социјални и обожаваат да бидат со други луѓе, но тие исто така се и неверојатно независни и сакаат да ги прават нештата сами. Тие имаат потреба од еднаков баланс помеѓу времето поминато со вас и со себе. Оние личности кои се претерано зависни од својот партнер, нема да издржат долго во врска со Девица, бидејќи таа ќе избега во истиот момент кога ќе почувствува дека ѝ снемува воздух.rn

9. Девиците се исклучително самокритични, па затоа треба да бидете нивни навивачи

rnНе постои знак кој е поголем критичар кон себе од Девиците. Тие живеат според ирационално високи стандарди и имаат потреба другите да ги сакаат и потсетуваат дека никој не е совршен и дека треба да се фокусираат на своите позитивни квалитети. Тоа со тек на време може да стане тешка работа, но некој мора да ја прави.rn

10. Девиците дефинитивно не се невини

rnНе му дозволувајте на овој знак да ве залаже. Тие можеби се преставуваат како невини девици, но вистината е дека се едни од најсексуалните и најстрасните луѓе кои некогаш сте ги запознале. Нивната сексуалност им е многу важна, па затоа доколку се поврзете со нив тогаш ве чека лудо возење.