Млада Месечина во Рак: Симбол на новиот почеток!

Сподели

Кога за последен пат си дозволивте да се опуштите и да уживате без грижа на совест? Дали некогаш сте се обиделе да се грижите за себе како што родител се грижи за своето дете? Младата Месечина во знакот Рак во следниот период ќе ни помогне да кажеме „не“ на сè што не е добро за нас.

Младата Месечина е симбол на крајот на старите нешта, но и на новиот почеток. Под влијание на нејзината енергија ќе почувствуваме силни емоции. Затоа, слободно изразете ги вашите чувства. Смејте се до солзи ако сакате да се смеете. Бидете лути ако се чувствувате така. Плачете доколку сте тажни. Имате право на тоа.

Реклама

Што е најважно од сè, бидете нежни со себе. Покажете разбирање за себеси и прифатете се онакви какви што сте.

Енергијата на оваа Месечина ќе ви даде можност да обратите повеќе внимание на домот, родителството, но и можност да се ослободите од некои стари ставови како и да залечите стари рани.

Реклама

За време на оваа Месечина обидете се да се ослободите од туѓиот товар. Исклучете го умот и запрашајте се што ви е најмногу потребно во моментот? Посакајте нешто за себе и живејте го животот најдобро што умеете.

Откако прочитавте што ќе ни донесе младата Месечина во Рак, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ги очекува вистинска летна авантура.

Извор: sensa.mondo.rs

Најново

Може ќе ве интересира