КАФЕ ПАУЗА

Фотографијата којашто најмногу ве привлекува ќе ви открие порака од вашиот ангел

Фотографијата којашто најмногу ве привлекува ќе ви открие порака од вашиот ангел

Одвојте една минута и погледнете ги овие три слики. Изберете ја онаа којашто најмногу ве привлекува и откријте ја вашата ангелска порака.rnrnФотографијата којашто најмногу ве привлекува ќе ви открие порака од вашиот ангелrn

А

rnОва е добар период. Можеби веќе чувствувате олеснување во животот или пак наскоро ќе го почувствувате. Енергетските услови се погодни за успех на секој проект во кој сте вклучени. Тоа е затоа што имате направено добар избор и вашиот сон сега ќе се оствари. Време е да ги почувствувате позитивните ефекти од проектите, потфатите и идеите кои сте ги засадиле во минатото.rnrnНе ви било лесно да дојдете до местото на коешто сте сега. На моменти сте се сомневале во вашиот успех, но сепак дојде време да добиете награда за вашиот труд и напорна работа. Сега можете да ги градите своите успеси и да поставувате цели за нови проекти.rnrnКога ќе започнете со нешто ново, бидете трпеливи. Обмислете ја одлуката и добро размислете за целите и чекорите што треба да ги преземете за да видите повторно успех.rn

Б

rnВреме е да седнете и добро да се погледнете себеси. Во другите луѓе лежат прекрасни особини на кои се воодушевувате. Иако е ова убаво, немојте да заборавите дека она што го препознавате кај другите е присутно и во вас.rnrnНачинот на кој ги гледате другите е само ваш одраз – ви го покажува она што сте вие. Затоа, немојте да се чувствувате лошо. Кога ќе препознаете нешто добро кај некој друг, потсетете се дека тоа се случило бидејќи имате некоја многу слична особина во себе.rnrnЧесто мислите дека другите се подобри од вас. Време е да ја препознаете сопствената убавина, талентите и креативноста. Кога ќе почнете да си ја подобрувате сопствената перцепција, ќе станете голема сила за позитивни промени во овој свет. И кога ќе си дозволите себеси да сјаете како вашето вистинско јас, ќе ви се отвори вратата кон изобилство, успех и бескрајни благодати.rn

В

rnАко периодов добро сте се опуштиле, сте уживале малку повеќе во храната, односите и материјалните добра и потајно сте биле малку загрижени за тоа… престанете. Сѐ додека не претерувате, малку задоволства не се на одмет. Животот не е само работа, сериозност и одговорност.rnВо животот треба да се ужива. Да, вишокот од сѐ доведува до нерамнотежа во животот и енергијата. Без разлика дали е тој вишок во уживање или во прекумерна работа. За сѐ е потребен урамнотежен пристап.rnrnПобарајте рамнотежа во вашиот живот и работете на балансирање на вашите енергии. Истовремено, немојте да се прекорувате. Тоа нема да ви помогне. Не морате да се откажете од уживањето во животот. Тоа е дозволено!rnrnНаправете го и овој психолошки тест: Колку навистина се познавате себеси?