КАФЕ ПАУЗА

Каква девојка бараат машките родени во знакот Девица?

Доколку се прашувате како да ја освоите љубовта на маж роден во знакот Девица, правило број еден е да му оставите добар впечаток со вашата физичка појава.rn

Облечете се за успех

rn1-kakva-devojka-baraat-mashkite-rodeni-vo-znakot-na-devica-kafepauza.mkrnrnДоколку се прашувате како да ја освоите љубовта на маж роден во знакот на девица, правило број еден е да му оставите добар впечаток со вашата физичка појава. Дефинитивно нема да му го привлечете вниманието ако ја зачешлате косата со прсти и ако сте облечени во вашите најудобни тренерки кога ќе го сретнете. Машките девици се во потрага по партнерка со стил, која посветува доста време за разубавување и нега. Тоа значи дека за да го освоите неговиот поглед, треба секогаш да изгледате уредно и чисто и да носите облека во која ќе изгледате привлечно како него. Мажите родени во овој знак бараат сопатничка која совршено ќе им прилега.rn

Имајте добри манири

rn2-kakva-devojka-baraat-mashkite-rodeni-vo-znakot-na-devica-kafepauza.mkrnrnМомците родени во овој знак не сакаат жени кои сакаат да прават спектакл од себеси во јавност. Ако учтивоста и пристојноста не е ваш стил на однесување, не се ни обидувајте да освоите некоја девица. Тој сака партнерка со која ќе може да се гордее во секој момент. Ако сте премногу гласни, кажувате безобразни шеги и звучно ја сркате супата, дефинитивно ќе ги надминете неговите граници на толеранција.rn

Искреноста е одлучувачка

rn3-kakva-devojka-baraat-mashkite-rodeni-vo-znakot-na-devica-kafepauza.mkrnrnСтвар која машката девица нема да ја толерира е лага или прикривање на вистината. Тој сака да се чувствува сосема безбедно во врската пред да реши целосно да се предаде на чувствата. Ако дознае дека му кажувате ситни лаги или прескокнувате да му кажете значајни работи, најверојатно ќе си отиде од вашиот живот уште пред да сфатите дека сте го разочарале. Девојки, има само уште една работа на која треба да внимавате ако сакате да изградите убав однос со момче родено во знакот на девица – ако искрено му кажувате што мислите или чувствувате за него, внимателно одберете ги зборовите. Девиците се прилично критични спрема другите луѓе, но кога станува збор за нив, тешко прифаќаат критика од кој било вид.rn

Покажете му дека сте заинтересирани

rn4-kakva-devojka-baraat-mashkite-rodeni-vo-znakot-na-devica-kafepauza.mkrnrnИако машките девици во принцип знаат какви се нивните очекувања од својата партнерка, сепак тие сакаат да одат пополека. Ова е резултат на нивниот страв од одбивање. Затоа, ако тој дискретно се обидува да започне разговор со вас, сфатете го како знак дека е заинтересиран. Нема да згрешите ако го поканите на вечера, но немојте да се противите ако тој инсистира да плати за истата.rn

Покажете му дека ви е потребен

rn5-kakva-devojka-baraat-mashkite-rodeni-vo-znakot-na-devica-kafepauza.mkrnrnМашките девици прекрасно се грижат за своите љубени и тие уживаат во таа улога. Немојте да создавате вештачки ситуации во кои ќе очекувате дека тој ќе биде вашиот супермен кој ќе дојде да ве спаси, но слободно побарајте од него совет кога ви е потребен и искажете ја вашата благодарност за работите кои тој ги прави за вас. Охрабрувањето и позитивната критика се како балсам за неговата душа и неговата затскриена потреба да се чувствува прифатено.rn

 Заведувајте го постепено

rn6-kakva-devojka-baraat-mashkite-rodeni-vo-znakot-na-devica-kafepauza.mkrnrnДа ја претворите вашата кратка романса со машка девица во сериозна љубовна врска е навистина тешка задача. Тој ќе се колеба дали да го направи првиот чекор или не, бидејќи не сака да избрзува. Ако тој навистина ви значи и сакате да го задржите, пронајдете начин да му покажете дека го посакувате, без да бидете премногу директни. Ако успешно сте му покажале дека ви е навистина битен во животот и ако се чувствува сигурно покрај вас, сте на половина пат до освојување на неговото срце. Милувајте го и бидете покрај него извесен период и бидете сигурни дека тој ќе ви ги возврати чувствата.rn

Како да го задржите во вашите прегратки засекогаш?

rn"VFMLID=36914125"rnrnНема да натерате машка девица да ве запроси ако го убедувате и притискате да го стори тоа. Најдоброто нешто што можете да го направите е  постојано да му покажувате дека ви значи, дека секогаш ќе се грижите за него и безрезервно го почитувате. Машките девици се вистински кавалери, така што ако му докажете дека вие навистина вредите и сте вистинската жена за него, тој ќе сака да го помине остатокот од животот со вас во брачна заедница.