КАФЕ ПАУЗА

Хороскопот открива: Какви се Биковите на професионално поле?

Хороскопот открива: Какви се Биковите на професионално поле?

Познато е дека Биковите се одговорни организатори кои сакаат тимска работа. Нивните амбиции најчесто ги остваруваат благодарение на посветеноста и прецизноста во работата. Припадниците на овој знак се добри работници и имаат големи шанси да станат раководители на големи компании и бизниси. Секогаш навремено ги извршуваат нивните обврски, сакаат да соработуваат и да бидат дел од тимот. Вообичаено постигнуваат успех затоа што се амбициозни и упорни.rnrnХороскопот открива: Какви се Биковите на професионално поле?rnrnНа Биковите најтешко им е да почнат, но откако ќе ги направат првите чекори, земаат замав и не застануваат додека не ја завршат задачата. Упорноста и силната волја истовремено им се и доблести и маани, бидејќи не се откажуваат дури ни кога ќе сфатат дека залудно се трудат.rnrnКога се на повисока позиција сакаат да бидат почитувани од страна на подредените, но не го злоупотребуваат нивниот труд и најчесто се подготвени да послушаат нечиј совет под услов тој да биде изложен дипломатски и ненаметливо. Која улога и да ја имаат во работата, понекогаш знаат да експлодираат од гнев, но оваа состојба не им трае долго.rn

Заработката им е поважна од славата

rnПри одбирањето на професијата, важно им е да имаат долгорочен и стабилен приход на пари, додека, пак, на јавното признание му даваат споредно значење. Со оглед на тоа дека Биковите се многу практични, најмногу им лежат професии кои бараат трпение, одлучност и пресметливост. Рутините не им пречат, напротив ги обожаваат.rnrnХороскопот открива: Какви се Биковите на професионално поле?rnrnНајмногу им одговараат професии од областа на трговијата, економијата и банкарството, но Бикот одлично би се снашол и во улогата на сметководител, архитект, ботаничар, дизајнер, стилист, готвач, пејач, сликар и книжевник.rnrnЖивотната цел на Бикот е да собере што е можно повеќе материјални добра и да живее сигурен и удобен живот. Најсреќен е оној Бик кој може рано да отиде во пензија и да биде финансиски обезбеден благодарение на големата заштеда или недвижности. Најдобро се чувствува кога безделничари и кога единствените „обврски“ му се добро да се најаде, убаво да се облече и долго да отспие.