Алпските мрмоти не сакаат многу да се дружат со луѓе. Кога ќе сретнат човек тие најпрво даваат знаци на предупредување, но ако човекот не се повлече тогаш им даваат знаци на другите мрмоти од својата група да се оддалечат оттаму. Пријателство со луѓе – никако. Но, приказната на малиот Матео Валх е спротивна на тоа.rnrn
rnrnШтом го здогледаат него како се шета по ливадите, малите симпатични суштества веднаш се стрчуваат кон него. Неговото семејство било на прошетка во Грослокер на Австриските Алпи и оттогаш тој има некоја посебна врска со нив. Затоа се враќаат таму секоја година.rnrn
„Тој ги сака овие животни, а тие не се плашат од него затоа што тој има чувства кон нив и тие го разбираат тоа. Одиме таму секоја година и се задржуваме по две недели. Неверојатно е да се гледа врската помеѓу него и неговите пријатели од животинскиот свет,“ вели неговата мајка.
rn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.