КАФЕ ПАУЗА

4 хороскопски знаци кои ќе имаат најубав љубовен живот овој мај

4 хороскопски знаци кои ќе имаат најубав љубовен живот овој мај

Пролетното расположение започна, а кај некои од хороскопските знаци најавува големи и пријатни промени во поглед на љубовниот живот. На 15. мај планетата Уран влегува во знакот Бик, а тоа ќе донесе напредок во љубовта кај неколку хороскопски знаци. Според астролозите, Уран се движи бавно и за првпат е во знакот Бик од периодот меѓу 1934 и 1942 година.rnrn4 хороскопски знаци кои ќе имаат најубав љубовен живот овој мајrnrnВлијанието на Уран ќе биде најповолно за претставниците на четири хороскопски знаци и ќе им даде големи прилики за средување на животот на љубовен план. Но, ова не значи дека останатите знаци се занемарени, туку дека тие имаат други проблеми и задачи за решавање, пред да почнат да размислуваат за љубовта. Исто така, мај не е само месец на романтичните врски, туку и на љубовта која ја имате кон семејството и пријателите, милениците и најважно, кон себе.rnrnОва се знаците кои ќе уживаат во љубовта во текот на мај:rn

Бик

rnБиковите се дефинитивно најсреќниот хороскопски знак овој месец. Претставниците на овој знак ќе имаат прилика да запознаат некого кој целосно ќе ги размрда и ќе ги извлече надвор од комфорната зона. Ако Бикот се одлучи да го направи чекорот со доволно верба, тогаш лесно ќе може да застане цврсто и да не се колеба да го зграпчи она што означува почеток на нова романса. Клучно за овој знак во текот на мај е да не се плаши да им каже „да“ на новите шанси.rn

Лав

rnМај може да биде доста интензивен месец за Лавовите на љубовен план, но тоа ќе има добри резултати на подолг рок. Голем бој Лавови ќе искусат неочекуван пресврт во животот во текот на мај. Старите врски од кои се дел може наеднаш да „пукнат“ и да започнат нови кои ќе им отворат пат кон нови можности. Можеби едно пријателство ќе помогне Лавот да се мотивира и да се впушти во потрага по вистинската љубов.rnrn4 хороскопски знаци кои ќе имаат најубав љубовен живот овој мајrn

Скорпија

rnНа Скорпиите освен добар и интересен месец, мај им носи и шанса да ја подобрат, па дури и официјализираат врската (доколку се во врска). Тие имаат прилика во текот на овој месец да донесат одлуки со кои ќе зацртаат среќна иднина. Скорпиите кои не се во врска, исто така имаат поволен период за започнување на романса која лесно може да прерасне во долга и сериозна врска исполнета со многу љубов и страст. Бидете внимателни со целите поставени за подолг период и не дозволувајте некоја опсесија да ви ја „замагли“ иднината.rn

Водолија

rnНа Водолиите може да им се случи неочекуван пресвртен момент во кој ќе се освестат дека всушност имаат романтични чувства кон некој кого веќе го познаваат. Тоа е одлична појдовна точка за да започне градење на однос врз основа на заеднички интереси и веќе воспоставено пријателство.rnrnПретставниците на останатите знаци не треба да се разочаруваат доколку ги нема на оваа листа, бидејќи за нив мај може да донесе успех во други полиња од животот. Исто така, јуни ќе дојде за помалку од еден месец и ќе донесе поволен љубовен период и за другите хороскопски знаци.rnrnПрочитајте ги и овие три нешта што секој Бик треба да ги направи во мај.