Духовит приказ на подемот и падот на првата мултинационална адвертајзинг-компанија во Југославија
rnВо своето дело „Основи на какодалогијата“, што денеска го промовира во Младинскиот културен центар во Скопје, авторот Иван Станковиќ зборува за издигнувањето и пропаѓањето на „Сачи и Сачи“, првата мултинационална адвертајзинг-компанија во поранешна Југославија. Поучна, духовита, горко искрена и на моменти потресна, оваа книга, што од српски сега е преведена и на македонски, раскажува за агенцијата што прераснала во општествен феномен. Таа била центар на целосно нова парадигма на мислење, а текстот на Станковиќ е и паралела за подлабока животна порака за истрајноста, вербата во сопствената сила и способноста да се учи од туѓите грешки.rnrn
rnrn„Основи на какодалогијата“ ја карактеризираат автентичен книжевен простор и анегдоти во кои се нашле дел од познатите личности од нашето време заедно со авторот. Со својата непосредност, но и стручност, Иван Станковиќ му дава сила на читателот да тргне кон саканата цел, да не се вивне поради успехот, да не падне поради неуспехот. На тој начин оваа книга, како навистина автентично сведоштво за законите, квалитетот и стилот на адвертајзингот од агол на еден од пионерите на оваа професија на Балканот, се претвора во мудар учител на животните вистини.rnrnИван Станковиќ е роден на 24 јануари во 1955 година. Дипломирал на Економскиот факултет во Белград во 1978 година, а постдипломските студии ги завршил во 2006 година на Факултетот за драмски уметности. Во рекламниот бизнис е од 1979 година. Во 1990, заедно со Драган Сакан ја основа првата мултинационална агенција за Југоисточна Европа, „Сачи и Сачи“, најпрво во Србија, а потоа во Словенија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија. Се смета за зачетник на новиот пристап во работењето со клиентите во овие земји и на воведувањето на модерното светско искуство во планирањето и употребата на медиумите.rnrnНеколку години бил предавач на Глобалната школа за топ-менаџери во рекламните агенции (АМП) и учесник на бројни конференции во светот. Сопствената комуникациска група, која ја сочинуваат медиумската агенција („Медија С“) и рекламната агенција („Комунис“), ја основал во 2002 година. Од 2010 година – по склучувањето на партнерството со една од најголемите комуникациски групи ДДБ – агенцијата работи како „Комунис ДДБ “.rnrnНеговите агенции се добитници на бројни домашни и странски награди за креативна работа, а доделена му е и награда за животно дело во 2010 година (УЕПС). Доцент е на Факултетот за драмски уметности и професор на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.